Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Економија 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

У
чење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0








Економија 2.0

За разлика од областите Политика 2.0 и Општество 2.0, богат фонд на студии е посветен на различни области од економскиот живот. Во контекст на овој онлајн-учебник ние ќе се фокусираме на оние области, кај коишто постојат голем број допирни точки со политичкото образование.

Значи, нема да стане збор за Маркетинг 2.0 или за некаков водич за компании за влез во светот на Веб 2.0. Такви публикации во меѓувреме постојат за, практично сите, области и денес едвај може да се најде некоја компанија што е затворена кон темата Веб 2.0. Овој процес се реализираше во најкратко можно време, откако уште во 2008 на обуки за компании го поставивме (реторичкото) прашање: сакате да го преспиете Веб 2.0?

Сепак, ангажманот на најголемиот број од компаниите во Веб 2.0 е површински: се конфигурира страна на Фејсбук, се врши мониторинг на блогови или се прават обиди за воспоставуваање еден корпоративен блог. Се прават неколку видео-записи што се поставуваат на ЈуТјуб во надеж, дека тие ќе се рашират во смисла на виралниот маркетинг.

ШТо значи да не се остане површен и навистина да се впуштите во новите можности на Веб 2.0 станува јасно кога ќе се позанимаваме со Викиномија (Wikinomics). Овој поим го врежаа Дон Тепскот и Ентони Вилиамс и се состои од „Вики“ (Wiki) и „Економија“ (Economics).

Зошто току на викијата - „вики“ е хавајски збор за „брз“ – им е доделена честа да означуваат една нова форма на економија? Гледано прозаично викијата се софтвер што им овозможува на корисниците не само да погледнат некоја веб-страна, туку и да ја менуваат (види Елементи на Веб 2.0). Во ова за авторите се наоѓа токму одлучувачката промена во парадигмата кон новиот економски систем:

„A wiki is more than just software for enabling multiple people to edit Web sites. It is a metaphor for a new era of collaboration and participation...“ (стр. 18)

На одлучувачкиот аспект на Викиномија упатува поднасловот на книгата „How Mass Collaboration Changes Everything“ во нејзиното прво издание од 2006. Што сè може да се случи, ако благодарение на новата платформа Веб 2.0 може да се соработува масовно во глобални размери?







[Geek and Poke, Creative Commons]---



сродни концепти


И овде станува јасно, дека „Викиномија“ упатува на тесни поврзаности со други концепти што се претставени во овој онлајн-учебник. Ова особено важи за „Crowdsourcing, Wisdom of Crowds“ и „Here Comes Everybody“ на Клеј Ширкис (види страни Социјални мрежи и Мудроста на многумината во поглавјето Општество 2.0). Заради конзистентност, во центарот на нашиот интерес во ова поглавје за Економија 2.0 се наоѓаат концептот и аргументацијата за Викиномија.





Пример:
Лего

заедница на прозументи       (prosumer community)





[Фото: Алан Киа, Википедиа]



Викиномија во пракса

Што зна
чи викиномија во пракса може да се забележи на примерот на Лего. Производителот на играчки успеа во тоа, клиентите повеќе да не бидат само клиенти, конзументи на Лего - клиентите на Лего се дел од една заедница. Заедно со овој производител на играчки тие развиваат нови Лего производи – тие се прозументи (prosumers) и формираат заедница на прозументи (prosumer community).

Зборот прозумент е составен од деловите производител и конзумент. Клиентите истовремено се производители. Тие у
чествуваат во развојот на нови производи. Тоа е основната идеа. Што значи тоа конкретно? Сè започна кај Лего во 1998 со Мајндсторм – Лего хај-тех играчка со софтвер и програмирани роботи. И додека Мајндсторм чекаше да излезе на пазарот, софтверот беше хакиран и клиентите пронајдоа безброј нови апликации.

Првата реакција на Лего беше заканата од казнено гонење, зна
чи класична реакција кај слични појави во најголемиот број индустрии, земете ја за пример музичката индустрија. Но, потоа Лего размисли, и тука е одлучувачката точка, дека со секоја нова карактеристика што ја развива некој корисник, Мајндсторм станува поатрактивен. По ваквото сознание стратегијата беше променета и Лего официјално дозволи, па дури и охрабруваше натамошен развој на софтверот.

Ваквата стратегија се докажа како толку успешна што Лего ја пренесе истата стратегија на оби
чните Лего коцки што ги знаеме сите. Од 2005 постои програмата „Лего Фактори Систем“ (Lego Factory System). Станува збор за рафинирана тродимензионална конструкциска програма, што може бесплатно да се спушти од веб-страната на Лего. Од сите достапни Лего коцки со програмата може да се направи сè што може да се замисли и да се стави на веб-страната на Лего. Таму автоматски се генерира комплет со упатство за составување што потоа може да го купат сите.

Што зна
чи ова за Лего? Лего има околу 100 дизајнери на производи и благодарение на Лего Фактори Системот, фирмата ја користи креативноста на, досега, 300.000 дополнителни дизајнери. Покрај иновацискиот стимул што во значајна мера придонесе за успехот на Лего во последните години, секако постојат и други предности од една таква заедница на прозументи: клучни поими би биле блискоста со клиентите и врзувањето на клиентите кон компанијата.



Пример:
ИБМ

Опен Сорс софтвер




 


Еден друг пример за новиот економски свет што го наведуваат авторите на Викиномија, е ИБМ. Тепскот и Вилиамс го озна
чуваат ИБМ како шампион и предводник во новиот, отворен свет на Викиномија. Токму „големите сини“ (Big Blue) преминаа од специфичен софтвер на еден производител кон Опен Сорс Софтвер. В0 1999 ИБМ овозможи слободен пристап до сопствените кодови и состави тимови за поддршка на Апачи и Линукс заедниците, тоа значи ИБМ им пристапи на заедниците! На тој начин компанијата го преврти наопаку својот бизнис-модел, бидејќи дотогаш таа заработувала пари од продажбата на софтверот, а истиот тој софтвер сега беше бесплатен.

Возбудливо е да се про
чита како се развиваше соработката помеѓу концернот и Линукс заедницата во пракса. Беше надмината меѓусебната недоверба, ИБМ се прилагоди на културата на заедницата и стекна доверба со текот на времето. Што беше последица? Огромни добивки и заштеди. Така, развојот на новиот серверски софтвер го чинеше концернот само 100 милиони долари наместо 500 милиони долари. Значи, трошоците беа намалени на 20%!

Освен тоа, ИБМ секако профитира од целиот натамошен развој на Линукс, вклу
чувајќи го и развојот што го програмирале другите ученици во Линукс заедницата, а не вработените во ИБМ. Но и Опен Сорс заедницата профитира, бидејќи новиот „сојузник“ ангажира многу ресурси и презема задачи, коишто во самоорганизираните заедници честопати остануваат недовршени, бидејќи значат вредно работење, а не ветуваат некоја репутација ниту, пак, претставуваат некаков интелектуален предизвик.



Пример:
Проктер и Гембл

Идеагорас




 


Еден друг пат за искористување на новите можности на Веб 2.0, покажува примерот со најголемиот концерн во светот за потрошува
чка стока, Проктер и Гембл. Во 2000 година, така пишуваат Тепскот и Вилиамс, овој концерн се наоѓал во големи проблеми, а денес остварува извонредни резултати. Што се променило? Делот за истражување и развој бил целосно реорганизиран и тоа во смисла на Викиномија, тоа значи во смисла на отворање на компанијата.

Оваа компанија вработува дури 9000 истражува
чи, но дури ни тоа повеќе не било доволно за да се остане во тек со иновациите. Новата стратегија се состои во тоа, концернот да зема идеи дополнително однадвор. Ова денес е можно благодарение на веб-платформите како што се InnoCentive.com или yet2.com. Да не дојде до недоразбирања: 9000 инженери беа задржани, а дополнително се допре до знаењето на многу други луѓе.

Ова претставува класи
чен пример за краудсорцинг, што се дискутира со примери во книгата на Џеф Хоу „Crowdsourcing. Why the Power of the Crowd is Driving the Future of Business“. Важно да се забележи тука е што краудсорцинг (за разлика од аутсорцинг) не значи дека се напуштаат сопствените работници, поради што овој поим со право се критикува како поим што доведува до заблуда.

Авторите на Викиномија ги нарекуваат таквите глобални пазари идеагори (Ideagoras), нешто како eBay за идеи и иновации. Проктер и Гембл ги продава таму своите идеи и патенти (се користат само 10 % од патентите!), при што концернот ги користи овие платформи, пред сè, за побрзо и поевтино решавање на проблемите во сферата на истражувањето и развојот.

Еден убав пример: концернот сакаше да понуди Фринглс
чипс со импринт. Наместо напорно да развива решение сам, концернот ја постави оваа задача на платформата InnoCentive.com, за да види дали некој веќе има готово решение. И навистина беше така: пекар од Болоња ја доби премијата за решавање на оваа задача. Притоа двете страни имаа корист: пекарот доби дополнителна заработувачка за веќе развиеното решение, а концернот го доби решението за проблемот побргу и поевтино.

Најважните резултати од промената на стратегијата на Проктер и Гембл се состоеја во намалувањето на трошоците и забрзување на иновациите. Истовремено степенот на успех на новите производи беше огромен, така што концернот, по кризата од 2000 година, денес се наоѓа повторно во извонредна состојба.









"perfect storm"




"collaborate or die"



Викиномија: причини и последици

Постојат голем број други стории за успехот во Викиномија, новиот свет на економијата. Според Тепскот и Вилиамс, сите тие го прикажуваат на
чинот, на којшто доаѓа до длабоки промени во економскиот систем. Одговорни за тоа се три фактора, коишто меѓусебно се јакнат:

прво фактот што појавите како масовна соработка се овозможени со Веб 2.0 како нова инфраструктура. Второ нет генерацијата што навлегува во професионалниот свет во голем број. За
членовите на таа нет генерација нештата како соработувањето, споделувањето и интеракцијата се нешта што се подразбираат (види страна Дигитални домородци). Како трето се придодава глобализацијата, тоа значи потенцијално глобалниот опсег на секого и на сè.

Заедно овие елементи ја формираат „перфектната бура“ (стр. 34 па натаму), како што велат Тепскот и Вилиамс. Фирмите мора да се пренасо
чат по однос на нивната стратегија и архитектура. Во ерата на соработката (стр. 11) едностраната мисла за конкуренцијата е изживеана, новата максима гласи „соработувај или пропадни“ (collaborate or perish) (стр. 33)!

„Thanks to Web 2.0, companies are beginning to conceive, design, develop, and distribute products and services in profoundly new ways. (...) The evidence continues to mount in support of our assertion that the corporation may be going through the biggest change in its short history.“ (стр. IX)



Крај на хиерархиите


Еден особено важен аспект од пресвртите со голем број последици (по сите области на
човечкиот соживот) се сости во тоа што во прашање е доведена хиерархијата како доминантен принцип на редот. Овој аспект се забележува во различните поглавја од овој онлајн-учебник како лајтмотив. Мрежните општества (види Општество 2.0) не почиваат на хиерархии, дури и нашето мислење и знаење се ослободува од системи за хиерархиска класификација (види Тагирање: Мислење 2.0).

„Throughout history corporations have organized themselves according to strict hierarchical lines of authority. (...) While hierarchies are not vanishing, profound changes in the nature of technology, demographics, and the global economy are giving rise to powerful new models of production based on community, collaboration, and self-organization rather than on hierarchy and control.“ (стр. 1)

Се разбира, ваквиот развој претставува предизвик за постоечките авторитети, започнувајќи од менаџментот па до чуварите на портите на културната индустрија. Соодветно голем е и отпорот во сите овие области. Хиерархиските структури се цврсто втемелени во начинот, на којшто сите ние сме научиле да го гледаме светот. Откажувањето од контролата и потпирањето на процеси на самоорганизација бара храброст и длабока промена во размислувањето.

„It takes a new kind of leader to have the confidence to give up control. (...) Networked models of collaboration and innovation can bring the prepared manager rich new possibilities to unlock human potential. But to succeed, one must challenge the conventional business wisdom that has companies and other institutions mired in twentieth-century thinking. (...) Leaders must think differently about how to compete and be profitable, and embrace a new art and science of collaboration we call wikinomics.“ (стр. XII, 3)





4 принципа:

being open

peering

sharing

acting globally



дополнителна литература на темите од Викиномија:





Викиномија: принципи и модели

„The new art and science of wikinomics is based on four powerful new ideas: openness, peering, sharing, and acting globally.“ (S. 20)

Отвореноста е првиот од четирите принципи на Викиномија: фирмите мора да се отворат за идеи, таленти, луѓе однадвор. Овој принцип може да значи дека Проктер и Гембл во развојот на нови производи вклучува луѓе од целиот свет, со кои соработува преку веб-платформи како InnoCentive.com. Тоа може да значи дека ИБМ дава отворен пристап до кодовите и соработува со Линукс заедницата. Тоа значи и дека транспарентноста игра далеку поголема улога:

„Yet another kind of openness is exploding: the communication of previously secrete corporate information to partners, employees, customers and shareholders, and other interested participants. Transparency - the disclosure of pertinent information - is a growing force in the networked economy. (...) Rather than something to be feared, transparency is a powerful new force for business success. Smart firms embrace transparency and are actively open.“ (стр. 22)

Со поимот „пиринг“ (peering) Тепскот и Вилиамс го означуваат вториот принцип. За разлика од традиционалните вертикални хиерархии, терминот „пиринг“ стои како синоним за нови форми на хоризонтална организација. Парадигматски случај е Опен Сорс софтверот на Линукс, што и други автори го карактеризираат како пример за нови форми на соработка (како што вели Џеф Хоу во својата книга „Crowdsourcing“ или Клеј Ширки во „Here Comes Everybody“, види Социјални мрежи односно Мудроста на многумината).

„Today the growing ease with which people can collaborate opens up the economy to new Linux-like projects everyday. People increasingly self-organize to design goods and services, create knowledge, or simply produce dynamic, shared experiences. A growing number of examples suggest that peer-to-peer models of organizing economic activity are making in-roads into areas that go well beyond creating software.“ (стр. 24)

Споделувањето е третиот принцип на Викиномија. Позади ова се крие (навидум парадоксната) идеа, дека за фирмите може да е подобро, ако отворено ја стават на располагање својата интелектулна сопственост (барем делумно). Очигледно е дека нашите нашите правни поими во работата со патенти и авторски права повеќе не се доволни во дигиталниот свет. Музичката индустрија е најчесто одбиран пример за ова, што се анализира и во Викиномија. Карактеристичен пример за споделување е Скајп:

„[The] company's software harnesses the collective computing power of peers, allowing them to speak with each other free of charge via the Internet. The result is a self-sustaining phone system that requires no central capital investment - just the willingness of its users to share.“ (стр. 27)

Глобално дејствување претставува четвртиот принцип на Викиномија. Токму тука станува јасно дека постои меѓусебна поврзаност помеѓу сите четири принципа. Скајп не би имал доволно корисници, доколку компанијата би се ограничила на корисниците во една земја. InnoCentive.com не би имал доволно луѓе што креираат за да решава проблеми и не би бил интересен за Проктер и Гембл. Сите тие бизнис-модели се можни само доколку предвид се земат глобалните ресурси. Тепскот и Вилијамс резимираат:

„These four principles (...) increasingly define how twenty-first-century corporations compete. This is very different from the hierarchical, closed, secretive, and insular multinational that dominated the previous century.“ (стр. 30)



7 модели

peer pioneers

ideagoras

prosumers

new alexandrians

platforms for participation

global plant floor

wiki workplace
 



Во својата книга „Wikinomics. How Mass Collaboration Changes Everything“ авторите нè водат на пат низ една нова „collaboration economy“ (стр. 32). Тие ги групираат своите примери во седум модели на „mass collaboration“ односно во седум форми на „peer production“:

„1. The journey begins with the 'Peer Pioneers' - the people who brought you open source software and Wikipedia while demonstrating that thousands of dispersed volunteers can create fast, fluid, and innovative projects that outperform those of the largest and best-financed enterprises.

2. 'Ideagoras' explains how an emerging marketplace for ideas, inventions, and uniquely qualified minds enables companies like P & G to tap global pools of highly skilled talent more than ten times the size of its own workforce.

3. The 'Prosumers' takes you through the increasingly dynamic world of customer innovation, where a new generation of producer consumers considers the 'right to hack' its birthright. This is good news.

4. The 'New Alexandrians' will bring you up to speed with a new science of sharing that will rapidly accelerate human health, turn the tide on environmental damage, advance human culture, develop breakthrough technologies, and even discover the universe - all the while helping companies grow wealth for their shareholders.

5. 'Platforms for Participation' explains how smart companies are opening up their products and technology infrastructures to create an open stage where large communities of partners can create value, and in many cases, create new businesses.

6. The 'Global Plant Floor' shows how even manufacturing-intensive industries are giving rise to planetary ecosystems for designing and building physical goods, marking a new phase in the evolution of mass collaboration.

7. The 'Wiki Workplace' wraps up the journey with a look at how mass collaboration is taking root in the workplace and creating a new corporate meritocracy that is sweeping away the hierarchical silos in its path and connecting internal teams to a wealth of external networks.“ (стр. 32-33)

[сите цитати од: Дон Тепскот/Ентони Вилиамс (2008), Викиномија. How Mass Collaboration Changes Everything, Лондон]

Следниот видео-запис прикажува интервју за клучните тези на „Викиномија“, што го води Ерик Шмит од Гугл со авторот на Викиномија, Дон Тепскот, во 2007 година:



Видео: Дон Тепскот на Authors@Google






Во меѓувреме авторите продолжија да го развиваат својот приод и го пренесоа на други области. Во својата книга „Macrowikinomics. Rebooting Business and the World“, издадена во 2010 година, тие ја проектираат сликата на едно општество во ерата на вмрежената интелигенција ("The Age of Networked Intelligence"). Притоа тие ги испитуваат влијанијата на Веб 2.0 по различните полиња како што се глобалната  so финансиска индустрија, борбата против климатските промени, иднината на образованието, здравствениот систем, (традиционалните) медиуми или политиката и владеењето. Тие нè гледаат на една „turning point in history“ (стр. 9 па натаму) и бараат „renewal and transformation, not tinkering“ (стр. 15 па натаму):

„...mass collaboration provides an attractive alternative to the hierarchical, command-and-control management systems that are failing many of our key institutions. (...) So let's use the opportunity that the digital revolution presents to rethink and rebuild all of the old approaches and institutions that are failing. Many promising solutions to issues ranging from the current health care crisis to climate change already exist at the fringes of established institutions and in the collaborative spaces of the Web.“ (стр. 19, 21)

Следниот видео-запис прикажува интервју со Дон Тепскот за книгата:




[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора