Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Општество 2.0 > Мудроста на многумината

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

У
чење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 Опасности од Веб 2.0

 Социјални мрежи

 Мудроста на многумината

 Дигитални домородци
 


Мудроста на многумината

Книгата што премина во стандардна лектира „The Wisdom of Crowds“ на Џејмс Суровиецки запо
чнува со една сторија во Англија од 1906 година:

Нау
чникот Францис Галтон ја посетил во Плимаут Изложбата за крупна стока и живина во западна Англија. Таму секоја годија се одржувал натпревар што се состоел од проценување на тежината на еден вол. Да учествува можел секој: малкумината експерти како месари и трговци на стока, но исто така и многуте неискусни посетители на саемот.

Како највеќето луѓе пред и по него, Галтон мислел дека просе
чната проценка на една таква група што воглавно била составена од луѓе што немале поим, можела да претставува само едно нешто: глупоста на масата. Тој сакал да го докаже тоа и ги замолил организаторите да му ги предадат сите проценки што биле предадени на натпреварот. Притоа вреди да се спомене дека во 1906 учествувале 787 лица.

Од тие 787 проценки тој го дефинирал просекот како „колективното знаење“ на оваа група. На негово големо изненадување било констатирано, дека групата дала проценнка од 1197 фунти, со што дала подобар резултат од најдобриот меѓу индивидуалните проценители. Факти
чки измерената тежина на волот била 1198 фунти!

„Galton undoubtedly thought that the average guess of the group would be way off the mark. After all, mix a few very smart people with some mediocre people and a lot of dumb people, and it seems likely you’d end up with a dumb answer. But Galton was wrong.“ (стр. XIII)




[Господин Францис Галтон, 1822-1911]



Клу
чна теза на „The Wisdom of Crowds"



Ваквата сторија го довела Суровиецки до клу
чната теза во неговата книга: навидум интуитивно исправната проценка што ја делат филозофите од Аристотел па наваму, научниците како и здравото човечко расудување, дека масата е глупава, е барем еднострано или, просто, погрешна. Но би било наивно и неправедно кон авторот доколку оттаму се извлече заклучок, дека масата секогаш била во право, како што честопати се случува повикувајќи се на „Wisdom of Crowds“ на Суровиецки. Тој ја формулира својата теза на различни места во кмнигата нешто повнимателно:

„...under the right circumstances, groups are remarkably intelligent, and are often smarter than the smartest people in them. (…) Even if most of the people within a group are not especially well-informed or rational, it can still reach a collectively wise decision.“ (стр. XIIIf.)

„With most things, the average is mediocrity. With decision making, it’s often excellence.“ (стр. 11)

„The idea of the wisdom of crowds is not that a group will always give you the right answer but that on average it will consistently come up with a better answer than any individual could provide.“ (стр. 235)

„The Wisdom of Crowds is not an argument against experts, but against our excessive faith in the single individual decision maker.“ (стр. 277)

Одлучувачко според Суровиецки се „вистинските околности“ ("right circumstances"), тоа значи прашањето, за каков вид на одлуки станува збор како и прашањето за составот и карактеристиките на групите што треба да донесат одлуки. Книгата е посветена на истражувањето на овие два аспекта. Доколку се знае, под какви услови каков тип на групи донесуваат „мудри“ одлуки, тогаш „Мудроста на многумината“ може да се искористи, независно дали во областа на политиката или за научни и други цели. Како изгледаат таквите предуслови?



Предуслови за „Мудроста на многумината“

шаренолико

независно

децентрализирано


„... conditions that are necessary for the crowd to be wise: diversity, independence, and a particular kind of decentralization“ (стр. XVIII, сопствено нагласување)

„Diversity and independence are important because the best collective decisions are the product of disagreement and contest, not consensus or compromise.“ (стр. XIX)

„The smartest groups … are made up of people with diverse perspectives who are able to stay independent of each other.“ (стр. 41)

„The idea of the wisdom of crowds also takes decentralization as a given and a good, since it implies that if you set a crowd of self-interested, independent people to work in a decentralized way on the same problem, instead of trying to direct their efforts from the top down, their collective solution is likely to be better than any other solution you could come up with.“ (стр. 70)

„... a decentralized system can only produce genuinely intelligent results if there’s a means of aggregating the information of everyone in the system.“ (стр. 74)

„We know that the crowds that make the best collective judgments are crowds where there’s a wide range of opinions and diverse sources of information, where people’s biases can cancel themselves out, rather than reinforcing each other." (стр. 227)

„Groups are only smart when there is a balance between the information that everyone in the group shares and the information that each of the members of the group holds privately. It’s the combination of all those pieces of independent information, some of them right, some of them wrong, that keeps the group wise.“ (стр. 255/56)



Пример: Берза

колективна мудрост на у
чесниците на пазарот, но и „меурчиња“ и падови


Берзата претставува важен и интересен тест-слу
чај за колективно донесување одлуки. Суровиецки ја употребува реакцијата на берзата кај несреќата на „Челенџер“ од 1986 година како пример за колективна мудрост на овој посебен (пазарен) механизам. Иако причините за несреќата беа непознати, берзантскиот курс падна кај онаа фирма, кај којашто по макотрпни испитувања беше констатирано, дека таа ја сносела главната вина за несреќата. Тоа го потврдува тезата на авторот, дека определени услови мора да бидат исполнети, за една група да може да носи мудри одлуки:

„The market was smart that day because it satisfied the four conditions that characterize wise crowds: diversity of opinion (each person should have some private information, even if it’s just an eccentric interpretation of the known facts), independence (people’s opinions are not determined by the opinions of those around them), decentralization (people are able to specialize and draw on local knowledge), and aggregation (some mechanism exists for turning private judgments into a collective decision).“ (стр. 10)

Од друга страна, пак, од патологиите во берзантското тргување, спекулативни „меурчиња“ и падови на берзи, може да се отчита, што се случува кога наведените предуслови не се исполнети:

„Bubbles and crashes are textbook examples of collective decision making gone wrong. In a bubble, all of the conditions that make groups intelligent – independence, diversity, private judgment – disappear.“ (стр. 244)

„During a bubble, (…) a market (…) turns into a mob.“ (стр. 256)




Отпор


Бернард Барух: „Anyone taken as an individual is tolerably sensible and reasonable – as a member of a crowd, he at once becomes a blockhead.“


Хенри Дејвид Торо: „The mass never comes up to the standard of its best member, but on the contrary degrades itself to a level with the lowest.“


Томас Карлајл: „I do not believe in the collective wisdom of individual ignorance.“



Со Веб 2.0 на располагање стои една платформа што овозможува користење на „мудроста на многумината“ во сите замисливи сфери. Сепак, сè уште мора да биде надминат отпорот, како што покажуваат континуираните дискусии за Википедиа.

„In the popular imagination, groups tend to make people either dumb or crazy, or both.“ (стр. XV)

„One of the striking things about the wisdom of crowds is that even though its effects are all around us, it’s easy to miss, and, even when it’s seen, it can be hard to accept.“ (стр. XIV)

„... we feel the need to ‘chase the expert’ (...). We should stop hunting and ask the crowd.“ (стр. XV)

Нашето општество што верува во науката и, пред сè, експертите ја превидува повеќепати потврдената теза, дека (и) експертите прават грешки. Доколку одлуките ги донесуваат само тие сами, тоа може да има катастрофални последици. Оттаму резултира еден друг важен аргумент за користење на колективната мудрост секаде, кадешто е тоа можно и има смисла, како што нагласува Суровиецки:

„To me, that’s one of the (and maybe the) great virtues of collective decision making: it doesn’t matter when an individual makes a mistake. As long as the group is diverse and independent enough, the errors people make effectively cancel themselves out, leaving you with the knowledge that the group has.“ (стр. 278)

[сите цитати од: Џејмс Суровиецки (2005), The Wisdom of Crowds, Њујорк]



Во еден ТЕД разговор од 2005 Џејмс Суровиецки, поаѓајќи од блог-постинзи за цунамито во претходната година, а преку блогосферата, тој во неколку основни идеи дава резиме на неговата книга “The Wisdom of Crowds“.




сродни концепти




 



Тим O’Рајли се цитира честопати со реченицата: „Користењето на колективната интелигенција стои како централен принцип за ерата на Веб 2.0.“ Несомнено „Мудроста на многумината“ е една од основните идеи во светот на Веб 2.0. Поаѓајќи оттаму, различни автори развија различни концепти, коишто се тесно поврзани со неа и се истовремено меѓусебно тесно поврзани. Тие концепти се преклопуваат, при што досега не се разви еднозначна терминологија. Во најважните спаѓаат:

Crowdsourcing  (Џеф Хоу)

„Once upon a time there were producers and consumers. Their roles were static and well defined. But thanks to the Internet and the falling cost of the silicon chip, the line between producer and consumer has begun to blur. Amateurs provide the crowdsourcing engine with fuel, and the open source software movement provided it with a blueprint. But it's the widespread availability of the means of production that empower the crowd to take part in a process long dominated by companies. As a result, the 'consumer', as traditionally conceived, is becoming an antiquated concept. Media - publishing, filmmaking, photography, and music - comprise the vanguard in this movement (...). And these same dynamics are beginning to affect other fields as well.“

[Џеф Хоу (2009), Crowdsourcing. Why the Power of the Crowd is Driving the Future of Business, Њујорк, стр. 71 па натаму]


Social Production (Јокаи Бенклер)

 Во неговата книга „The Wealth of Networks: How Social Production Transforms Markets and Freedom“ (2006) Бенклер, поаѓајќи од студии на конкретни случаи (Гугл, Википедиа, Опен Сорс софтвер итн.) опишува еден нов економски модел што го нарекува „социјално производство“ („social production“) („collaborations among individuals that are organized without markets or managerial hierarchies“). Овој концепт во голема мера е синоним со „crowdsourcing“.


Wikinomics (Дон Тепскот / Ентони Д. Вилиамс)

Концептот „Викиномија“ се однесува на областа на економијата повеќе отколку кај Бенклер и Хоу и него го преставуваме поопширно во поглавјето Економија 2.0.


Cult of the Amateur (Ендрју Кин)

Шлагворт со сосем поинаква насока потекнува од книгата на Кин „The Cult of the Amateur: How Today's Internet is Killing Our Culture“ (2007). За оние што се интересираат за оваа фундаментална критика на Веб 2.0, му ја препорачуваме дебатата помеѓу Ендрју Кин и Дејвид Вајнбергер што е документирана во онлајн-изданието на Вол Стрит Журнал ...„The Good, the Bad, and the Web 2.0“. Други критички книги за Веб 2.0 се, на пример, манифестот на пионерот на интернетот, Џерон Лание, „You Are Not a Gadget. A Manifesto“ (Њујорк 2010) или книгата на Маркус Рајтерс „Глупав 3.0: Како Твитер, блоговите и мрежите ја загрозуваат нашата култура“ (Гитерсло 2010). Сите наши препораки за литература на тема Веб 2.0 можете да ги најдете овде...

На следното видео е дадено резиме на основните идеи на „Crowdsourcing“ односно „Mass Collaboration“ односно „Wisdom of Crowds“ во 3 минути:




[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора