Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Што е Веб 2.0?

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

 Елементи на Веб 2.0

 Тагирање: Мислење 2.0

У
чење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 


Што е Веб 2.0?

Иако се потпира на цела редица нови технологии, Веб 2.0 всушност не претставува нова технологија, туку еден вид надреден поим за вториот бран на Ворлд Вајд Веб.

Веб 2.0 се однесува пред с
θ на две темелни промени. Како прво се работи за преминот од веб за читање кон веб за пишување и читање со содржини генерирани од корисниците (веб за содејствување), а како второ за „клауд компјутинг“ (Cloud Computing).

Со ова не формулиравме некаква обврзува
чка, општо прифатена дефиниција, туку еден вид основен консензус за тоа, дека овие два елемента се од одлучувачко значење.

Предуслови за овие два елемента беа цела редица техни
чки напредоци, особено зголеменото проширување на брзите интернет-врски, помоќниот хардвер и новите технологии на веб-програмирање што овозможија поинтерактивно дизајнирање на веб-страните и нивна побрза реакција, што до тој момент беше можно само кај локални апликации.




 











Веб 1.0: конзумирање








Веб 2.0: веб за содејствување


Оттаму поставувањето содржини на веб, и тоа не само текст, туку и фотографии, видео-записи и аудио-датотеки од индивидуа, у
чилиште, институт, мала компанија итн., стана сосем едноставно.

На тој на
чин вебот, кој долги години претставуваше еднонасочен канал, го изгуби пасивното конзумирање информации што беа изработувани од страна на професионални веб-мастери и премина во еден навистина интерактивен медиум.

Оттогаш девизата гласи: не конзумирајте, туку самите изработувајте содржини и споделувајте ги со другите. И токму ваквиот нов развој се рашири во неверојатен обем, поради што со потполно право се употребува ознаката веб за содејствување.




Викија, блогови, социјални мрежи







Клауд компјутинг  (Cloud Computing)
















































А каде тоа содејствуваат корисниците? Многу илјади корисници се вклу
чуваат во работата на онлајн-енциклопедијата Википедиа, многу милиони пишуваат блогови, коишто преминаа во масовен феномен. Социјалните мрежи како Фејсбук или Ксинг одбележуваат распространетост како ништо друго досега. Безброј корисници разменуваат видео-записи, музика или фотографии, работат заедно, комуницираат, оценуваат итн. (види Елементи на Веб 2.0).

Да преминеме на вториот клу
чен елемент на Веб 2.0, „клауд компјутинг“. Што се крие зад овој термин? Клауд компјутинг значи дека на веб-сервери се наоѓаат не само податоци, туку и апликации и вие, како корисник, имате пристап до нив од секој компјутер со интернет врска и веб-пребарувач. Значи, повеќе не ви е потребен Мајкрософт Офис сјут, ниту локална мајндмапинг програма итн. Сθ се наоѓа на располагање на веб-серверите на понудувачите како што се Гугл, Зохо и многу други. Со други зборови вебот во сθ поголем обем преминува во десктоп. Основите се прикажани на следниот краток видео-запис на Common Craft:

Cloud Computing in Plain English


Сепак, овој втор елемент повеќе се наоѓа на заден план  во овој онлајн-у
чебник. Како што е изложено во Воведот, во центарот на интересот се наоѓаат новите форми на социјално општење што се овозможени од Веб 2.0 и нивните влијанија по Учењето, Политиката, Економијата и Општеството. Како што објаснува Мириам Мекел:

„за ваквиот феномен на нова форма на социјално општење, овозможено од технички иновации, со сите свои последици по комуникацијата во политиката, економијата и општеството [...] потребна е дефиниција, којашто ќе одговара не само на промените во техниката, туку и на промените во комуникацијата во различните области од општеството. Веб 2.0 ја овозможува самоорганизираната интеракција и комуникација на корисниците преку создавање, размена и натамошна обработка на содржини генерирани од корисниците преку веб-логови, викија и социјални мрежи. Преку комуникативното и социјално вмрежување корисниците ја променуваат комуникацијата во општеството, оддалечувајќи се од малкумината што произведуваат за многумината, а насочувајќи се кон многумината, од кои произлегува едно нешто: виртуелната мрежа на социјално и глобално поврзаните.“

[Мириам Мекел: Од многумината се наоѓа Едното - како Веб 2.0 ја променува нашата комуникација; во: Од политиката и историјата на времето 39/2008, стр. 17, онлајн-верзија]

И дефинициите во текстот десно нагласуваат аспекти на интеракцијата, соработката и партиципацијата. Така, во глосарот на Харвард Бизнис Менаџер, Веб 2.0 се означува како „Концепт на соработка“, додека Тим O'Рајли во својата дефиниција говори за „архитектура на партиципирањето“.

Сепак, поимите „концепт“ и  „архитектура“ би можеле да доведат до заблудата, дека кај Веб 2.0 се работи за еден планиран или управуван процес. Тоа не е слу
чај. Веб 2.0 нуди единствено платформа што добива на значење дури со масовното, самоорганизирано користење.

Во оваа смисла, Мириам Мекел говори за една „нова форма на комуникативна самоорганизација“ (ebda., стр. 18). Во тој контекст, зна
чајниот истражувач на комуникацијата Мануел Кастелс го употребува поимот „mass self-communication“.

Веќе кратко по преминот во новиот милениум, зна
чи далеку пред да стане збор за Веб 2.0, Кастелс го пишува следното за ерата на информациите во I. том од неговата епохална трилогија („Подемот на мрежното општество“):

 

 

 

Дефиниции за Веб 2.0

 

Под поимот „Веб 2.0“ не се подразбира некаков темелно нов вид на технологии или апликации. Овој поим го опишува променетото користење на интернетот во социо-технолошки поглед, кај кошто консеквентно се користат и усовршуваат неговите можности. Тоа претставува степен во еволуцијата по однос на понудата и користењето на Ворлд Вајд Веб, кадешто на преден план повеќе не стои простото ширење информации односно продажбата на производи преку оператори на веб-страни, туку вклученоста на корисниците на веб и генерирањето дополнителна корист.

[Издавачка куќа Габлер (изд.), Габлер Економски лексикон, клучен збор: Веб 2.0, на интернет]

 

Веб 2.0 претставува шлагворт што се употребува за една редица интерактивни и колаборативни елементи на интернетот, специјално на Ворлд Вајд Веб. Алудирајќи на броевите на верзиите на софтверските производи, овој поим постулира една нова генерација на веботи го разграничува од претходните видови на користење. Сепак, употребата на овој поим се намалува во полза на поимот „Социјални медиуми“ (Social Media).

[http://de.wikipedia.org/wiki/Web_2.0, 16.12.10]

 

Развојот на интернетот се покажува и на значително зголемените степени на податоци, што доведоа до нови веб-услуги. Паралелно со овој развој се формираа интерактивни заедници, на чии комуникациски платформи се разменуваат се разменуваат идеи и замисли, фотографии, видео-записи, податоци и софтвер. Овие нови веб-услуги, со коишто се воспоставуваат технички, социјални и пријателски  релации помеѓу корисниците што се базираат на знаење, доведоа до ознаката Веб 2.0, којашто беше креирана во 2004 од Тим O'Рајли на една конференција.

[http://www.itwissen.info/definition/lexikon/Web-2-0-web-2-0.html, 16.12.10]

 

Означува еден концепт на соработка, што е овозможен со нови технологии. Понудите спаѓаат во Веб 2.0, ако корисниците можат да ги коментираат, препорачуваат содржините или да ги поврзуваат со други понуди. Примери за ова се видео-страни како ЈуТјуб, чија популарност, пред сθ, почива на непроблематичното вреднување, коментирање и поврзување на филмовите во сопствени веб-страни. На тој начин особено омилени филмови се шират на интернет со брзина на епидемија.

[Глосар на веб-страната на Харвард Бизнис Менаџер, 16.12.10]

 

Web 2.0 is the network as platform, spanning all connected devices; Web 2.0 applications are those that make the most of the intrinsic advantages of that platform: delivering software as a continually-updated service that gets better the more people use it, consuming and remixing data from multiple sources, including individual users, while providing their own data and services in a form that allows remixing by others, creating network effects through an "architecture of participation," and going beyond the page metaphor of Web 1.0 to deliver rich user experiences.

[Tim O'Reilly, Web 2.0: Compact Definition?, http://radar.oreilly.com/2005/10/web-20-compact-definition.html, 16.12.10]

 

 






Мануел Кастелс: Мрежно општество



„Создавањето еден нов електронски систем за комуникација што се карактеризира со својот глобален досег, со својата интеграција на сите медиуми за комуникација и со својата потенцијална интерактивност, ќе ја промени нашата култура засекогаш.“ (стр. 377).

Ваквата „потенцијална интерактивност“ премина во реалност преку Веб 2.0, додека „масовната самокомуникација“ во најзабележително обележје. Во своето резиме на I. том тој сумира, зошто го смета терминот „Мрежно општество“ за соодветна ознака на нашите општества:

„Како историска тенденција може да се констатира, дека владејачките функции и процеси во ерата на информациите сθ повеќе се организирани во мрежи. Мрежите ја формираат новата социјална морфологија на нашите општества и ширењето на логиката на вмрежување значително го менува начинот на функционирање и резултатите од процесите на производство, искуство, моќ и култура. Всушност, и во други времиња постоеле мрежи како форма на социјална организација, но новата информациско-технолошка парадигма ја создава материјалната основа за тоа, таквата форма да ја опфати целокупната општествена структура и да продре во неа.“ (стр. 527)




Фото: uscpublicdiplomacy [Flickr.com, Creative Commons]

Со својата трилогија за ерата на информациите Мануел Кастел постави една опширна социолошка теорија на совеременото општество. Тој ги анализира социјалните трансформации на вмрежениот свет во глобален размер. Неговата трилогија означува една нова општествена форма - информациското и мрежно општество (веб-страна на Мануел Кастелс).



Несигурност како резултат на пресвртите


Како сите големи пресврти, при што многумина ги споредуваат актуелните промени со длабоката промена во сите сфери од живеењето што се појавија како последица на индустриската револуција, подемот на „мрежното општество“ доведе до една широко распространета несигурност:

„Новиот социјален поредок, мрежното општество на најмногу од луѓето им се чини како мета-социјално безредие, всушност како еден автоматизиран, случаен редослед на настани што произлегуваат од неконтролираната логика на пазарите, технологијата, геополитичкиот поредок или биолошката детерминација.“ (стр. 535)

[сите цитати од: Мануел Кастелс (2004): Подемот на мрежното општество. Дел I од трилогијата „Ерата на информациите“, Опладен: УТБ 8259]

Како што е изложено во Воведот на овој онлајн-учебник, ние сакаме да направиме една првична сондажа токму на тие длабоки промени. Во одделните поглавја се обидуваме да ги расветлиме влијанијата по Подучувањето и учењето, Политиката, Економијата и Општеството.

 

 

 

Елементи на Веб 2.0  ... повеќе

 

Не постои една општо прифатена дефиниција за Веб 2.0, но постои консензус за тоа, дека во Веб 2.0 спаѓаат (барем) следните апликации, услуги и активности:

блогови / микро-блогирање (Твитер)

викија (пред сθ Википедиа, проектот што служи за пример)

Тагирање и фолксономија

Социјален букмаркинг (Diigo, Delicio.us итн.)

Споделување преку медиуми (ЈуТјуб, Фликр итн.), подкастови и мешапс

Социјални мрежи (МајСпејс, Фејсбук итн.)

RSS Feeds и News Reader

Колаборативни онлајн-работни опкружувања (веб-апови како Зохо, Гугл Докс итн.)

... повеќе

 

 






засек во историјата на медиумите
 


Исто така и за историјата на медиумите, Веб (2.0) претставува еден своевиден засек, како што наведува Штефан Минкер во неговиот есеј кој вреди да се про
чита „Појавата на дигиталните јавности. Социјалните медиуми во Веб 2.0“. Неговата дефиниција на Веб 2.0 гласи:

„Под 'Веб 2.0' сосем општо се подразбира трендот на дизајнирање на интернет-настапи така што начинот на нивно појавување во суштинска смисла се (со)определува преку учеството на корисниците (...). Поимот 'Веб 2.0' е, фактички, повеќе од еден клучен збор, тој претставува шифра за една исто толку радикална колку што и незапирлива промена не само на нашите дигитални медиуми, туку и на нашиот свет.“ (стр. 15, 28)

„Во текот на последните години интернетот беше откриен одново, и тоа можеме да го кажеме без да претеруваме, и беше одново откриен во својата улога за унапредување на социјалната интеракција како Веб 2.0. Доколку интернетот претставува медиумска техника, којашто отсекогаш била потенцијално интерактивна, под насловот Веб 2.0 во рамките на интернет се реализираат медиуми, за коишто интерактивноста не е потенцијал, туку предуслов од типот „conditio sine qua non“, неопходен предуслов за неговото постоење. Понудите во Веб 2.0 се дигитални мрежни медиуми,
чија заедничка употреба воопшто ги генерира како употребливи медиуми.“ (стр. 70-71)

„Аспектот на засек во историјата на медиумите преку дигитализацијата (...) всушност се однесува на парадигматската промена, што е аналогна на појавата на техниката за генезата и развојот на медиумите. Компјутерот (...) е техни
чки апарат што е во состојба да ги симулира сите други медиуми по дигитален пат. Затоа, некои го нарекуваат компјутерот и 'универзален медиуми'. Јас претпочитам, компјутерот воопшто да не го означувам како медиум, туку како универзална техника што може да ги генерира сите медиуми. (...) Доколку сите ние не го разбираме компјутерот сосем погрешно, тогаш засекот во историјата на медиумите со неговото воведување се состои во тоа што тој отсекогаш ги надминувал секоја граница, којашто ја поставувала неговата дигитална техника за медијално користење и тоа токму врз основа на посебноста на оваа техника. (...) Но, доколку техниката повеќе не поставува граници за употребата на медиумите, туку сано нуди можности, во тој случај парадигматската промена е јасна: насекаде, каде имаме работа со дигитални медиуми, во принцип се работи само уште за испитувања, а не повеќе за ограничувања. (...) Доколку технички е можно сθ, тогаш на корисниците на медиумите им преостанува задачата да го туркаат напред натамошниот развој преку нивното корисничко однесување.“ (стр. 64-65)

[сите цитати од: Штефан Минкер (2009): Појавата на дигиталните јавности. Социјалните медиуми во Веб 2.0, Франкфурт/Мајна]









Веб 1.0 наспроти
Веб 2.0



Следната слика уште еднаш ги сумира елементите на Веб 2.0, правејќи притоа споредба на Веб 1.0 (ознака за почетните години на ворлд вајд веб што влезе во употреба ретроактивно) и Веб 2.0:




[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора