Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Политика 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

У
чење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 


Политика 2.0

Кога во Воведот на овој онлајн-учебник формулиравме, дека со оглед на динамичниот развој можеме да дадеме само една првична сондажа на состојбата, дека расплинетите дебати за Веб 2.0 и неговите влијанија досега се непрегледни и основните категории се сθ уште недоволно прецизни и дека и понатаму доминираат технички перспективи, тогаш тоа важи особено за овој дел посветен на Политиката 2.0. Кои се причините за тоа?

Преовладувањето на техничките перспективи секако доаѓа и оттаму што Веб 2.0 фактички е во многу нешта поврзана со техника и нови видови на алатки, како што е прикажано во делот Елементи на Веб 2.0. Самата оваа констатација е доволна за фактот што голем број идеи за дискусии, вклучително и за Политика 2.0 и Владеење 2.0 доаѓаат од кругот на оние што се разбираат во техниката. Обратно, пак, експертите на полето на политиката немаат храброст да приближат на оваа материја, бидејќи не ги знаат тие алатки.

Секако, ваквата предност во техничкото знаење и специјалниот афинитет кон Веб 2.0 се забележува и во другите обработени области (Економија 2.0, У
чење 2.0 и Општество 2.0), но таму се компензира со барем полупрофесионална експертиза на многуте корисници.

Тоа значи дека таму се тематизираат аспекти на Веб 2.0 што се карактеристични за областа, она што може да се постигне за подучувањето и учењето, за подобрување на комуникацијата во компаниите итн. Тоа може да биде опфатено во научни дискусии, така што во овие области започна една систематска рефлексија за Веб 2.0 и за неговите влијанија по односните полиња.




 

 

 

Пребарување на Политика 2.0 (Politics 2.0)/Владеење 2.0 (Government 2.0)

 

Пребарувањето со Гугл Сколар на прилози за е-учење во периодот 2010-2011 на 08.03.2011 доведе до 37.000 резултати. Пребарувањето на поимот „politics 2.0" резултираше со само 23, додека "government 2.0" со 180 резултати.

Пребарувањето што беше направено за контролни цели со Сцисур, една од најдобрите машини за научно пребарување, дојде до 566 резултати за "politics 2.0", до безмалку 2.400.000 резултати за е-учење односно 45.500 резултати за "enterprise 2.0".

Други специјални инструменти за пребарување го потврдуваат ваквиот несооднос.

 

 



Недостатоци на дискусијата за Веб 2.0
и политиката


Токму ова е во непријатна спротивност со состојбата кај Политика 2.0 и Владеење 2.0 и со занимавањето на надлежните дисциплини, пред с
θ на политичките науки, со овие феномени. Бројките во краткиот текст погоре сведочат за тоа. Тоа доведе дотаму што до поимите Политика и Владеење без проблем се додава едно „2.0“, но поголемиот број на оние што постапуваат така би имале огромни потешкотии да објаснат, што всушност значат поимите „Политика“ или „Владеење“ (без 2.0).

Оттаму не е за изненадување што ова води до големи забуни како и дотаму, што не може да дојде до една разумна дискусија (бидејќи никој не знае, за што всушност станува збор). Ова дотолку повеќе што речиси редовно се заборава да се наведе референтното ниво на коешто се повикуваме. Дали се работи за демократски или авторитарни политички системи? Дали станува збор за претседателскиот систем на САД со специјално поимање на улогата на државата, што е врежано во политичката култура на земјата, или се мисли на парламентарните системи како во Германија или Велика Британија? Или, пак, се работи за форми на политиката и владеењето вон оние на една национална држава како што е случајот во ЕУ или глобално владеење (global governance)?

Еден добар впечаток за технолошки карактеризираната перспектива што имплицитно го пренесува американското поимање за една што е можно повеќе нехиерархиска држава пренесува поимањето на Тим О'Рајли за „Владеењето како платформа“ („Government as a Platform“) што е опишано во многи прилози, а што доживеа голема популарност во САД, меѓу другото и поради фактот што О'Рајли ужива голем имиџ како личноста што одлучувачки го оформи поимот „Веб 2.0“. Добро резиме на основата на аргументацијата можете да најдете во блог-прилогот на О'Рајли од септември 2009.




Структура на овој дел


Од оваа кратка сондажа на состојбата произлегува, дека најпрво мора да се разјасни, што всушност значат поимите „политика“ и „владеење“, нешто што претставува сθ, само не тривијална задача. Потоа накратко ќе скицираме што значи постоењето на Веб 2.0 како нова платформа за соработка и комуникациија за политиката и владеењето. Фактичкото користење на Веб 2.0 во политичката сфера е сθ уште во зародиш. Но, можат да се идентификувааат интересни обиди за употреба, коишто ќе ги тематизираме на крај врз основа на избрани примери. Други информации, семинарски материјали и презентации на тема „Веб 2.0 и политика“ можете да најдете во посебниот дел на веб-страната на Агора.














Поимот „политика“

 



Што е политика / владеење?

Одговорот на прашањето: „Што е политика?“ е прастаро и постојат и понатаму различни тежишта, како што може да се забележи од следната табела, на која се сумирани различните поими за политиката.
 

Примери за дефиниции на „политика“

 

Категорија

Дефиниција

 

Власт

„Политиката е збир на средствата што се потребни за да се дојде на власт и за да се задржи власта како и за да се употреби власта на најкорисен начин“
Макијавели, во 1515

„Политичките науки … можат да се дефинираат како онаа специјална гранка на социјалните науки што ги испитува државата од аспект на власта на материјално-критички начин како и сите останати феномени на власта земајќи ги предвид останатите цели во насока на тоа, како овие феномени на власта се во поголема или помала непосредна меѓузависност со државата.“
Осип K. Флехтхајм, 1958

„Политиката претставува стремеж за учество во власта или за влијаење врз поделбата на власта…“
Макс Вебер, 1919

 

Држава

„Политиката е наука за целите на државата и најдобрите средства (институции, форми, активности) за нејзина остварување.“
Брокхаус, 1903

„Политиката е комплекс од социјални процеси што служат специјално за да обезбедат прифаќање административни (материјални) одлуки. Политиката треба да одговара, легитимира и да ја даде неопходната основа за власт за спроведување на материјалните административни одлуки.“
Никлас Луман

 

Управување

„Под политика го подбразбираме поимот на уметност за подредување и разбирање на раководењето со групи на луѓе.“
Арнолд Бергштресер, 1961

„Политиката е водење на заедницата врз основа на поседување на власта.“
Вернер Вилкенс, 1975

 

Ред

„Политиката е борба за исправниот поредок.“
Ото Зур, 1950

 

Мир

„Предмет и цел на политиката е мирот … мирот е политичка категорија пар екселанс.“
Долф Штернбергер, 1961

 

Слобода

„Политичките науки се науки за слободата.“
Франц Неуман, 1950

 

Демократија

„Практично-критичките политички науки се насочени кон една политичка теорија што ги интегрира наодите од општествената критика. Во поимот за демократија таа се стекнува со водечки поим за анализата на политички релевантните владејачки структури на општеството.“
Јерг Камлер, 1968

 

Консензус

„Политиката е „сθвкупноста на сите активности за подготовка и воспоставување сθопштествено обврзувачки и/или кон општото добро ориентирани и во полза на целото општество насочени одлуки.“
Томас Мајер

 

Конфликт

„Политиката (е) општествено делување, … што е насочено кон обврзувачко регулирање на општествените конфликти преку вредности.“
Герхард Лембрух, 1968

„Политиката е авторитативно (на владејачите, на владетелите) достапната поделба на материјални и нематеријални вредности во општеството.“
Дејвид Истон, 1954/1964

 

Извор: Википедиа - http://de.wikipedia.org/wiki/Politik (29.03.11)




Политика = поставување општо обврзувачки правила






политички систем



Се разбира, овде не можеме да водиме темелна научно-политичка дискусија за поимот „политика“. Се одлучивме како основа да ја земеме една од денес најчесто употребуваните дефиниции на политиката, која е особено погодна за разработка на поврзаноста на политиката и на владеењето со Веб 2.0. Се работи за последната дефиниција во табелата, онаа на Дејвид Истон, којашто дава слична дефиниција на поимот како Герхард Лембрух. Јадрото на оваа дефиниција се состои во претставата за политиката како решение за конфликти преку утврдување правила што се подеднакво обврзувачки за сите членови на едно општество (стручен жаргон: „Авторитативно задавање вредности“).

Формалното утврдување на овие правила во форма на закони, значи владеењето, е работа на владејачкиот систем (односно на политичкиот систем во потесна смисла), што ги опфаќа пред с
θ владата, парламентот и администрацијата. Во демократските системи граѓаните и други актери содејствуваат во овој процес на различни начини, на пример со тоа што граѓаните ги избираат (одново) своите претставници во редовни временски интервали. Освен тоа тие, како членови на политички партии или сојузи, можат да ги внесат своите интереси во политичкиот процес. Сите заедно - граѓаните, владата, администрацијата, парламентот како и интермедијарниот систем (партии, сојузи, медиуми) - едноставно кажано го прават политичкиот систем (во поширока смисла), како што е прикажано на следната слика.




Модел на
полиси-
циклусот


Начинот на којшто еден таков политички систем донесува одлуки може да се прикаже на еден едноставен модел што наоѓа широка примена во политичките науки, полиси-циклусот. Секако, сите ние имаме некоја претстава за тоа, како изгледаат процесите на одлучување во политиката, значи накратко, кога се работи за донесување некој закон. Појдовната точка по правило е некој проблем, на пример дека расходите за здравство излегуваат од контрола. Притоа се даваат различни предлози за решенија, коишто најчесто се дискутираат контроверзно, по што како закон со мнозинство се донесува или еден од нив или некој компромис што содржи елементи од повеќе предлози. Сепак, ваквото разбирање сокрива голем број важни аспекти и не е доволно за една систематска разработка на обележјата на процесите за одлучување и за нивна споредба со други системи.

Затоа компаративното политичко истражување разви модели што помагаат токму во олеснувањето - со систематски приод и споредба. Еден таков модел е прикажан на следната слика, во кој постојат различни типични фази низ коишто минат процесите на политички одлуки, при што самиот поим „циклус“ укажува на тоа, дека овие процеси се повторуваат повеќепати во многу случаи. Но, тоа не е единствената предност на овој модел. Кон ова се придодава и фактот што овој модел не само што пренесува една поцелосна, туку и попрецизна слика за различните фази.



Фази на
полиси-
циклусот


Така, при дефиницијата на проблемот станува збор за тоа што одреден проблем се појавува како таков во јавната свест и со оглед на барањата на определени групи и доминантни општествени претстави за вредностите се дефинира како политички релевантно за дејствување. Во фазата на поставување на агендата мора да се одлучи, кој, кога и во која форма ќе се занимава со проблемот на политичката бина. Потоа придружувано од обиди за влијаење, а во рамките на правилата за игра во односниот систем, од страна на актерите се врши формулирање на политиката, што на крај (на пример) резултира со закон. Во фазата на имплементација (= спроведување) се реализира донесениот закон, по правило од страна на администрацијата. Конечно, политичките резултати и дејства што резултираат оттука предизвикуваат политички реакции на согласување или одбивање, што водат до продолжување, измена (реформулирање на политиката) или завршување на мерката.






Политика 2.0?



Како Веб 2.0 го менува политичкиот систем?

Доколку имајќи го предвид полиси-циклусот и нашата оскудна претстава за политичкиот систем се запрашаме, во која мера Веб 2.0 ја променува политиката и владеењето, станува јасно дека практично сите области во политиката се потенцијално засегнати. И токму тоа сознание прави потешкотии за да можеме кратко и конкретно до кажеме, што всушност значи Политика 2.0. Веб 2.0 ги променува и наталожува елементите од политичкиот систем и влијае врз сите нив.




Промена во пренесувањето на интересите





интермедијарен систем












виртуелна агора

Партиите и сојузите ја губат ексклузивната позиција





Вклученост на граѓаните


Да одиме по ред (без да бидеме с
θопфатни) и да започнеме со една централна промена што ја носи Веб 2.0 со себе. Додека во античка Атина, колевката на демократијата, било можно граѓаните да се собираат на плоштад (агора) за да дискутираат и да донесуваат важни одлуки за градот-држава (полис), во денешните територијални држави тоа повеќе не функционира. Наместо тоа постои систем на репрезентирање, тоа значи граѓаните ги избираат претставниците за определено време, кои застапувајќи ги другите во парламентот донесуваат одлуки за заедницата.

Значи на едната страна ги имаме граѓаните, а на другата страна системот на владеење (парламент, влада, администрација). Помеѓу нив се создава бездна што треба да се премости. Граѓаните сакаат и треба да ги внесат своите интереси, додека на оние што се на власт им се потребни информациите од општеството. За таа цел служат канцелариите на изборните окрузи на пратениците. Но, тоа не е доволно како механизам за повратна информација. И тука во игра се вклучува интермедијарниот систем (партии, сојузи, медиуми), значи организациите што се наоѓаат помеѓу граѓаните и системот на владеење и што посредуваат помеѓу нив.

Партиите и сојузите прибираат интереси и ги внесуваат во политичкиот процес, бидејќи граѓаните немаат можност да го сторат тоа индивидуално. Ваквиот процес на пренесување интереси во суштина се одвива преку мас-медиумите. Сите денешни демократии се медиумски демократии. Во тој процес на пренесување интереси се разгорува и најголемиот дел од критиката: клучни поими се „владеењето на сојузите“ (лобистите имаат премногу влијание и доминираат во политиката), „партиска држава“ (партиите имаат премногу влијание и ја делат државата меѓусебе како плен„“) или „медиократија“ (медиумите ја утврдуваат политиката).

Со Веб 2.0 сега се придодава една платформа, којашто за првпат во историјата овозможува воспоставувањето на агора во виртуелниот простор и употреба на Атинскиот модел за демократија и во модерните територијални држави. На тој начин интермедијарните организации ја губат својата ексклузивна положба во пренесувањето на интересите. Преку онлајн консултации или онлајн-брејнсторминг оние што се на власт имаат можност, директно да влезат во интеракција со (зинтересирани) граѓани. Секој граѓанин има можност за директно внесување на своето знаење и своите интереси.

Ова се фасцинантни можности, а нивната (одолговлекувачка) реализација тукушто започна. С
θ уште е рано за да се дадат оцени. Останува да се сочека, како новите инструменти за користење на колективната интелигенција (види страна Мудроста на многумината) ќе го променат политичкиот систем. Доколку се има предвид, дека влијанието на партиите, сојузите и мас-медиумите што честопати се смета за претерано,  се наоѓа во центарот на критиката, може да се очекуваат новини од новите алатки на Веб 2.0. Истото важи и за една друга важна точка од критиката, имено зголеменото осамостојување односно недостатокот од поврзаноста на политичкиот систем со граѓаните. Накратко: Веб 2.0 нуди можност за поголема вклученост на граѓаните.





култура на демократска комуникација


„Интернетот ги менува структурите на нашите јавности, ги менува начините за функционирање на процесите на политичка и општествена комуникација, му го поедноставува на поединецот навлегувањето во политички дебати, ги прави институционалните граници попропусни и процесите на одлучување потранспарентни, тој е поинаку интерактивен од другите мас-медиуми и се користи така: интернетот го поседува техничкиот потенцијал за демократско, партиципативно користење на медиумите (...). Начините на интеракција на корисниците во Веб 2.0 ,нивното континуирано проширување преку заедничкото учество во новите дигитални медиуми - ваквите начини се приближуваат како ништо досега до претставите што ги имале мислителите на модерната за една култура на демократска комуникација.“

[Штефан Минкер (2009), Појавата на дигиталните јавности. Социјалните медиуми во Веб 2.0, Франкфурт/Мајна, стр. 53-54, 76]








Дефиниција:
Владеење 2.0











Разграни
чување од
е-владеење                   (e-government)









За 10 годишниот јубилеј на "Cluetrain Manifesto" се појави една проширена верзија на оригиналот од оваа книга:


Ваквите можности за поинтензивно вклучување на граѓаните се протегаат низ сите фази на полиси-циклусот, така што терминот Владеење 2.0 би можел да се дефинира на следниот начин:

Владеење 2.0 значи дека политичкиот систем при авторитативното задавање вредности како и при односните задачи во сите фази од процесот на одлучување – од, дефинирањето на проблемот преку поставувањето на агендата, формулирањето на политиката па с
θ до спроведување на реформулирање на политиката – преку употребата на Веб 2.0 апликации се обезбедува максимално ниво на транспарентност, вклученост на граѓаните како и соработка и координација помеѓу државните и недржавните актери, но и помеѓу самите државни институции, а со тоа се подобрува и учинокот на политичкиот систем и квалитетот на демократијата.

Ова не е поврзано со е-владеењето (e-government), поим што постојано се појавува во различни контексти. Кај e-владеењето станува збор (само) за ефективирање на класичните административни функции преку нови дигитални инструменти. Типичен пример би била електронската даночна пријава. Тоа може да спречи, граѓаните да не мораат да чекаат во редици, но не може да промени ништо кога станува збор за поделбата на улогите и можностите за влијаење на различните актери во политичкиот систем.

Како што кажавме, она што е променето е улогата на интермедијарните организации, за коишто Веб 2.0 претставува предизвик. Во текстот на десната страна е наведен еден пример како инструкција од светот на мас-медиумите. Но, покрај улогата во политичкиот систем, за партиите и сојузите се менуваат и други аспекти. Веб 2.0 им нуди (исто како и на сите други организации и индивидуи) нови можности за комуникација - интерно со членовите како и екстерно со општеството. Партиите и политичарите, сојузите и функционерите започнуваат да твитуваат, креираат профили на Фејсбук, блогираат, креираат подкастови итн.

Притоа по правило не го наоѓаат вистинскиот тон. Независно дали кандидатите во изборната кампања блогираат или врвниот политички персонал се обраќа до народот преку видео-пораки на ЈуТјуб - комуникацијата ги следи старите мостри на мас-медиумите (емитување наместо конверзација). Оваа проблематика, која во иста мера се однесува и на компаниите, е еднозначно опишана, анализирана и карикирана во легендарниот и визионерски „Cluetrain Manifesto“ од 1999 (www.cluetrain.com). И тука се покажува дека се наоѓаме на почетокот од еден преоден период, за којшто се потребни уште многу прилагодувања.

Што се однесува до влијанијата на Веб 2.0 за пошироките делови и функции на политичкиот систем, ќе мораме да се ограничиме на неколку клучни збора. Да започнеме со граѓаните, главните добитници во новата ера на Веб 2.0. Тие преминаа од конзументи во прозументи (види Економија 2.0), од пасивни корисници на медиумите во градски новинари (citizen journalists)former audience“) во вебот за содејствување при што никогаш досега не било толку едноставно да се формира и одржи една група. Ваквата констатација претставува појдовна точка за Клеј Ширкис во неговата книга „Here Comes Everybody“:

 

 

 

Регистрирање на Твитер - необично барање за новинари?

 

Интермедијарните организации ја изгубија својата ексклузивна позиција. Токму мас-медиумите паѓаат под притисок. Под знак прашање е доведено преживувањето на весниците. Безмалку секојдневно можеме да слушнеме и да прочитаме за потешкотиите во прилагодувањето на поранешните „стари волци“ во интермедијацијата. Еден полемичен коментар на Штутгартер Цајтунг од 30.03.11 известува за еден убав пример:

од фебруари 2011 (значи не баш како дел од авангардата) и германскиот владин портпарол Штефен Зајберт ја користи услугата Твитер. Покрај твитирањето за несуштински нешта тој твитерува на пример и за термините на сојузниот канцелар Ангела Меркел. И тука започнува проблемот на новинарите од големиот град при една сојузна прес-конференција:

„... некои од новинарите во никој случај не сакаат да ги следат новите медиуми. На сојузната прес-конференција од 25 март помеѓу заменикот на Зајберт (...) и новинарите се разви една жива дискусија за активностите на Зајберт на Твитер. Дискусијата ја предизвика едно планирано патување на канцеларката за САД, коешто Зајберт го најави преку Твитер.

'(...) дали во иднина треба да се регистрирам на Твитер за да бидам информиран за релевантните термини на канцеларката?', праша еден новинар (...).

Всушност прашањето околу коешто се водеше оваа дебата, беше дали новинарите се запоставуваат со тоа што информациите најрпво не се објавуваат преку вообичаените канали, туку преку платформи како Твитер..."

[Кристиане Вилд: Зајберт цвркоти, другите си свиркаат на тоа; Штутгартер Цајтунг од 30.03.11]

Секој нека си одлучи за себе, дали за новинар, кој живее од информации, е нешто необично да се регистрира на Твитер.

Покарактеристична е ароганцијата што е во позадината на ова прашање на новинарот. Се чини дека тој го смета за подразбирлива привилегија, новинарите да бидат први услужени со информациите, како традиционални чувари на портата (gatekeeper). Се чини дека нему не му паѓа на памет, дека ова се должело на една констелација што повеќе не постои, дека светот се промени...

 

 




 


„Ridiculously easy group-forming matters because the desire to be part of a group that shares, cooperates, or acts in concert is a basic human instinct that has always been constrained by transaction costs. Now that group-forming has gone from hard to ridiculously easy, we are seeing an explosion of experiments with new groups and new kinds of groups.“ (стр. 54)

И навистина има нешто во овие експерименти со нови групи и групи од нов вид. Тие се причината за тоа што Барак Обама, еден политичар без моќ во Вашингтон,  беше избран за прв афро-американски претседател на САД (види подолу). Тие групи ги овозможија протестните движења насекаде низ светот, чии сведоци сме ние: од „Твитер-протести“ по изборите во Иран (2009) преку Туниси и Египет (2011) па сθ до целиот арапски простор. Луѓето можат да се поврзат, без да мораат да се потпираат на вообичаените организации. „Every webpage is a latent community“ (стр. 102). А следат уште многу експерименти со нови групи и групи од нов вид...

„The increase in the power of both individuals and groups, outside traditional organizational structures, is unprecedented.“ (стр. 107)

„The power to coordinate otherwise dispersed groups will continue to improve; new social tools are still being invented, and however minor they may seem, any tool that improves shared awareness or group coordination can be pressed into service for political means, because the freedom to act in a group is inherently political. The progression (...) to increasingly social and real-time uses of text messaging from Beijing to Cairo shows us that we adopt those tools that amplify our capabilities, and we modify our tools to improve that amplification.“ (стр. 186-187)

[сите цитати од: Клеј Ширки (2008), Here Comes Everybody. The Power of Organizing Without Organizations, Penguin]






Изборната кампања на Обама



Примери за Политика 2.0 и Владеење 2.0

Прв пример кога станува збор за Политика 2.0 е изборната кампања на Барак Обама во 2008, којашто го направи претседател (многумина велат: првиот претседател 2.0). И навистина, кампањата беше воодушевувачка (и оттогаш служи за пример и тоа токму во економските кругови). Во текот на кампањата беше употребено с
θ од Веб 2.0, по што свежо избраниот претседател на 4 ноември 2008 го одржа говорот за паметење - "Victory Speech" - во Чикаго, којшто е прикажан на видео-записот.




перфектно усогласено користење на социјалните медиуми


„Веб блиц-војната“ на Обама, како што честопати невкусно се означува оваа кампања, се карактеризираше со тоа што таа му беше пренесена на Крис Хјуз, еден од основачите на Фејсбук, тогаш 24 (!) години, заедно со концептот за изборната кампања на Веб 2.0.

Ова, секако, беше огромен ризик, да му се довери една таква задача на еден толку  млад човек. Но, тоа беше ризик што и тоа како се исплатеше, бидејќи во кампањата беше успешно употребено сето она што може да го понуди Веб 2.0: социјални мрежи, подкастинг, видео-страни, при што особено ЈуТјуб одигра голема улога, интензивно користени беа и мобилни апарати, беше основа една посебна заедница итн.

Бројките се легендарни: тимот на Обама имаше мејлинг листа со 13 милиони луѓе. На таа листа беа испратени 1 милијарда мејлови во 7000 варијации. Освен тоа, имаше уште 3 милиони СМС претплатници.



 



Факти за кампањата












Според Клеј Ширки во книгата „Here Comes Everybody“ (стр. 136), сите Веб 2.0 медиуми се “... a hybrid of tool and community".


Преку онлајн активностите Обама успеа да мобилизира 3 милиони онлајн донатори, кои донираа 6,5 милиони пати. Оттаму произлезе износ поголем од 500 милиони долари на донации, при што просечниот износ на една онлајн донација изнесуваше 80 долари. Коментаторите укажуваат на тоа, дека поради тоа изборната кампања на Обама не била зависна ниту од моќните лоби-групи ниту од неговата партија, што му овозможило една, досега непозната, мера на независност.

Тој беше застапен во 15 најважни социјални мрежи и имаше повеќе од пет милиони „пријатели“, од  кои три милиони на најважната мрежа, Фејсбук. На сопствениот ЈуТјуб канал тимот постави речиси 2000 видео-записи, коишто биле погледнати 80 милиони пати. Освен тоа, на ЈуТјуб беа поставени 442.000 видео-записи на Обама што беа направени од корисниците. Сите тие активности беа ставени во мрежа, при што центарот беше МајБО (MyBO), како своевидна дигитална централа.

Имено, тимот од изборната кампања изгради една посебна, огромна онлајн заедница: MyBarackObama.com – наречена МајБО (MyBO). Во најдобрите периоди оваа веб-страна регистрираше 8,5 милиони посетители месечно. 2 милиони луѓе имаа креирано сопствен профил и напишаа 400.000 блог-записи. Преку онлајн заедницата се споија 35.000 групи на доброволци и во реалниот свет беа организирани 200.000 настани во изборната кампања.

Ова укажува на една одлучувачка точка. Ниту најпрефинетата употреба на секоја техника не ги добива изборите. Сите наведени елементи несомнено беа важни за успехот на Обама. Сепак, одлучувачко беше тоа што граѓаните се идентификуваа со тоа (и во вебот со новите можности на Веб 2.0) и се ангажираа на досега невиден начин: Да Ние Можеме (Yes We Can). Овој слоган упатува на голема блискост што е обележје на вебот на содејствувањето. Ваквата содржинска конгруентност и временска коинциденција на „филозофиите“ можеби била одлучувачката „варијабла“, за победата на Обама (што на почетокот воопшто не беше веројатна) да станер логична и прифатлива.




Наравоученија од изборната кампања на Обама за Политика 2.0






„The ideal democratic process is participatory and the Web 2.0 phenomenon is about democratizing digital technology.“

[Џенифер Граник: Saving Democracy With Web 2.0, Wired]







Што значи ова за Политика 2.0? Како се објаснува контрастот помеѓу организираното содејствување што го видовме во изборната кампања на Обама, и делумно драматичниот пад на учеството во изборите и сознанијата како што се „скршеност“ од политиката, од што патат голем број демократии? Ова можеби е поврзано со фактот што во модерните демократии досега беше енормно тешко, можеби дури и невозможно, гласот на индивидуалниот граѓанин да наиде на слух. Барем тогаш. кога тој не сака да се задоволи со тоа, да го дава токму тој глас секои четири или пет години на денот на изборите.

Веб 2.0 ја создаде можноста за многу полесно замешување, содејствување и придвижување на нештата. И сθ што е потребно за да се оствари тоа е да се има интернет приклучок. Кои прашања се поврзуваат со овие нови околности? Доколку како основа се земе нашиот пример, изборната кампања на Обама, тогаш сознанието потврдува дека традиционалните мас-медиуми губат на значење за политичкиот процес. Ова станува особено јасно ако се спореди изборната кампања на Обама со оние на претходните претседатели, на пример Џон Ф. Кенеди. Во негово време, во изборната борба со Ричард Никсон во 1960, извонредна улога со одлучувачко значење за изборите имаше, пред с
θ, телевизорот - во едностраната информација на кандидатот/ите кон граѓаните.

Во споредба со ова, мас-медиумите во изборната кампања на Обама одиграа само една споредна улога. Социјалните медиуми му овозможија да ја пренесе својата порака на еден сосем поинаков, директен, изместен начин. Освен тоа, и ова претставува уште една гравирачка разлика, еднонасочниот канал од кандидатот кон граѓаните премина во двонасочен канал, дополнет со интензивна комуникација помеѓу самите граѓани.

Уште една последица од околностите се состои во тоа што, накратко кажано, можеше да се стигне до повеќе граѓани со помалку пари. Според извештаите, Обама дал помалку од 8 милиони долари за неговите онлајн активности, додека, пак, паралелната телевизиска кампања „изела“ грозни 236 милиони долари.

Значи, како што велат Американците, Веб 2.0 претставува медиум со ниски трошоци но високи достигнувања, поради што е идеален за кампањи и преку оваа карактеристика на многу повеќе групи отколку досега им овозможува да водат такви кампањи. Се чини дека ова е дотолку поатрактивно за да се пронајде потенцијален, особено активен, круг на луѓе. Оттаму овој медиум може да даде и платформа за граѓански движења во поширока смисла, да ја направи политичката сцена пошаренолика и, со сигурност, значително да го унапреди граѓанскиот ангажман, што претставува важен аспект особено за политичкото образование.

Резиме: искуствата од изборната кампања на Обама охрабруваат, дека во околности на Веб 2.0 партиципативната демократија со активни граѓани што учествуваат во политичкиот процес не мора да остане утопија. Авторите на „Throwing Sheep in the Boardroom“ го завршуваат своето поглавје за „Democracy 2.0: friends in low places“ со следната (оптимистичка) проценка:

„Given the power of Web 2.0 - socially, commercially and organizationally - there can be no doubt that it will, inevitably, produce an e-ruptive impact on our political institutions. And if the values of democracy prevail, we can be reassured that it will bring about a better world.“

[Метју Фрејзер / Сумитра Дута (2009), Throwing Sheep in the Boardroom. How Online Social Networking Will Transform Your Life, Work and World, Chichester, стр. 276]




Владеење 2.0 во праксата



Меморандум:
„Transparency and Open Government“




Цели




План




Онлајн-брејнсторминг




Онлајн
дискусија



Помалку познат, но во никој случај помалку интересен, е фактот што администрацијата на Обама се обиде да ги внесе принципите од изборната кампања и во владеењето. Ова ја прави САД најнапреден случај за употреба на Владеење 2.0. Оттаму сега сакаме да се позанимаваме со тоа, како Обама од своето стапување на функцијата на 20.01.2009 се обиде да ги преземе за него толку позитивните искуства со Политика 2.0 од времето на неговата кампања во неговото претседателствување и од Политика 2.0 да реализира Владеење 2.0.

Колку му било важно на Обама преземањето на употребуваните инструменти од неговата изборна кампања во владеењето се покажува во фактот што тој уште на првиот ден од стапувањето на функција за врвот на својата администрација објави меморандум со наслов „Транспарентност и отворено владеење“, во којшто формулира три централни цели за неговите замисли за Владеење 2.0 и чекорите за негова реализација. Кај целите станува збор за:

(1) транспарентно владеење што треба да се потпира на опширни информации за граѓаните. (2) Владеење со далекусежно вклучување на граѓаните, што може да помогне за радикално подобрување на ефективнноста и квалитетот на одлуките. (3) Владеење врз основа на интензивна соработка помеѓу министерствата како и помеѓу министерствата и граѓанското општество во поширока смисла (сојузи, НВО-а, економија итн.).

Предлозите за реализација требаше да бидат изработени од новоименуваниот директор за технологии во соработка со други служби. При нивната изработка граѓаните требаше да бидат вклучени во најголем можен обем преку соодветни алатки на Веб 2.0. Планот за реализација најпрво предвидуваше фаза на брејнсторминг од една недела (крај на мај 2009), по што требаше да следи фаза на дискусија и, конечно, формулирање предлози.

За време на фазата за онлајн-брејнсторминг, на веб-страната „Open Government Dialogue“ беше дискутирано прашањето како би можела да биде зајакната демократијата и како би можела да биде подобрена ефикасноста во владиното работење преку повеќе транспарентност, учество и соработка. За да се добие впечаток за квалитетот на прилозите, вреди да се посети веб-страната за да се погледне нешто од тоа како пример.

На почетокот од јули, еден постинг на Office of Science and Technology Policy Blog (OSTP) ја отвори втората етапа, фазата на дискусија. На преден план се наоѓаше стремежот за прецизирање на собраните идеи од првата фаза и нивно конкретизирање: „Now tell us your detailed suggestions“. И оваа фаза се карактеризираше со употреба на високоразвиени алатки на Веб 2.0. На тој начин на учесниците во онлајн-дебатата им се овозможи да ги гледаат дадените прилози во нивниот контекст како и да додаваат сопствени прилози, коментари и рејтинзи (пример можете да најдете овде).



Предлозите се агрегираат


Содржински се постапуваше така што авторите на OSTP блогот што го водеа целиот процес, ги резимираа безбројните придонеси од брејнсторминг-фазата во три, четири надредени блока за однапред да ја структурираат дискусијата. Во третата и последна фаза, изработката и формулирањето конкретни предлози за реализација на иницијавата отворено владеење (Open Government Initiative) таквите предлози беа агрегирани со рафиниран софтвер.



Open Government Directive




Пример за транспарентност: Recovery.gov


На 8 декември 2009 беше најавена „Директивата за отворено владеење“, Open Government Directive. Паралелно со овој процес беа стартувани многу други проекти, „ushering in a new era of open and accountable government meant to bridge the gap between the American people and their government“, како што се вели на веб-страната на Open Government Initiative. Пристап до проектите се добива практично континуирано преку оваа централна веб-страна. Цел на овие мерки е транспарентност, партиципација и соработка (collaboration).

Како пример за многу други мерки упатуваме на веб-страната Recovery.gov, којашто е типична во таа смисла што употребува нови технологии за да им овозможи на граѓаните да дојдат до сите информации бргу и на комфорен начин. Во овој случај, преку една интерактивна карта, за само неколку секунди може да се добијат информации за расходите на владата во рамките на Програма за помош од 800 милијарди долари по кризата со банките за проекти во сите делови од земјата: "See where the money is going", гласи мотото и тоа навистина може да се види до најмалиот детал, повеќе транспарентност од ова нема.




Политика 2.0:
ВикиЛикс




радикална транспарентност (radikal transparency)







 



Или сепак има? Вакво мислење има барем ВикиЛикс, пример за Политика 2.0 од сосем поинаков тип: мала група на луѓе околу Жулиан Асанж, со помош на една апликација од Веб 2.0, во овој случај на едно вики, ја ставаат светската политика во хаос. Во основа, во спорот помеѓу ВикиЛикс од една страна и воглавно САД од друга страна се работи за границите на транспарентноста. Во едно интервју со ЦНН Обама ја постави границата онаму, кадешто би можела да биде загрозена националната безбедност или безбедноста на граѓаните.

Наспроти ова, Жулиан Асанж го следи принципот на „радикална транспарентност“ ("radical transparency"). Со објавувањето документи на Министерството за надворешни работи и тајните депеши (меѓу другото за војната во Авганистан) ВикиЛикс ја доведува во прашање оправданоста на тајното владино дејствување во секаква форма. Клучниот аргумент гласи: вистинското објавување на владиното делување не може и не смее да биде контролирано од самите влади. Значи, ВикиЛикс се залага за целосно објавување на сите политички (воени, дипломатски итн.) процеси, додека Директивата за отворено владеење на Обама сака (само) да им овозможи на граѓаните повеќе увид и содејствување и за таа цел објавува определени информации, коишто претходно биле предмет на службена доверливост.

Исто така различни се и целите што ги следат двајцата: додека приодот на Open Government сака да го подобри политичкото дејствување и да го направи да биде посфатливо, целта на ВикиЛикс е откривање погрешно однесување во минатото на владите и нивните извршни органи. Заштитата на податоците, сочувувањето тајни или јавната безбедност играат само една подредена улога, доколку играат воопшто некаква (повеќе за ова можете да најдете во еден прилог на Крис Волвил на нашиот блог „Полити
чко образование и Веб 2.0“. На овој прилог се засноваат и нашите изложувања во вгрска со ВикиЛикс).

Следниот видео-запис претставува еден од четирите дела од 60 минутната документација „WikiRebels“ за ВикиЛикс, што навистина вреди да се погледне:




Политика 2.0 и Владеење 2.0 сθ уште се наоѓаат во зародиш. Соочувањата како она поврзано со ВикиЛикс ќе нθ придружуваат уште долго време, пред навистина да се дознаат шансите и границите на новите алатки. Значи останува да се надеваме, дека политичките науки наскоро ќе навлезат во оваа дебата, бидејќи научно-политичкиот инструментариум ќе биде неизбежен за да се подредат и систематски да се обработат многуте поединечни примери.

Првите чекори на администрацијата на Обама во насока на Владеење 2.0 нудат интересен материјал. Дон Тепскот и Антони Вилиамс во нивната книга „Macrowikinomics. Rebooting Business and the World“ (Пингвин 2010) даваат и други примери за политиката во ерата на Веб 2.0. За оние што сакаат да се продлабочат во оваа тематика, навистина им препорачуваме да ја прочитаат оваа книга. Останатите наши препораки од литературата на тема Политика 2.0 / Владеење 2.0 можете да го најдете овде, а за Веб 2.0 воопшто овде...

Во следниот видео-запис се резимирани важни аспекти на Политика 2.0 во 3 минути:




[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]
 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора