Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Учење 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

У
чење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0








Учење 2.0

Во овој дел од онлајн-учебникот се обработува прашањето: кои влијанија по учењето и подучувањето се поврзани со Веб 2.0. Што значи тоа за подучувањето, учењето и општо за оние што работат со информации и знаење (knowledge worker)?

Што би можело да значи Учење 2.0 во еден свет, во кој и покрај с
č подолгите формални периоди на образование стекнатите знаења и квалификации повеќе не се доволни за професионален живот од 30 или 40 години? Покрај тоа, Хартмут фон Хентих упатува на „проблемот на сите педагози од новата ера“, „дека тие подготвуваат за еден живот што самите тие не го знаат.“

[Хартмут фон Хентих, Ах, тие вредности! За едукацијата за 21 век, Белц: Вајнхајм/Базел 2007, 4. издание, стр. 22]

Најдоцна од Извештајот на УНЕСКО за образованието за 21 век, централен документ во меѓународната дебата за образованието, способноста за доживотно учење спаѓа во најважните клучни квалификации. Според проценката на авторите на студијата таа почива на четири столба, како што е прикажано на следната слика:


 



„Идејата за доживотно учење претставува еден од клучевите за 21 век (...). Не се работи за ново сознание, бидејќи претходните испитувања за прашања од областа на образованието укажаа на неопходноста од повторно посетување на училиштата од страна на возрасните. Така тие ќе научат да се соочат со новите ситуации како во приватниот така и во професионалниот живот. Ваквата потреба од образование постои и понатаму, да, дури и се зголемува. Единствениот пат за задоволување на оваа потреба е секој да учи, како се учи.“

[Способност за учење: Наше скриено богатство. Извештај на УНЕСКО за образованието за 21 век. Изд. од германската Комисија на УНЕСКО. Нојвид; Крифтел; Берлин: Лухтерханд, 1997, стр. 18]










Веб (2.0) ги надминува старите проблеми:

достапност на знаењето

географска оддалеченост

јазична бариера



Значи учењето за учењето претставуа централна задача на образованието. Што е она што е променето со Веб (2.0) станува јасно, кога ќе се потсетиме дека секојдневието во односот кон знаењето, истражувањето и учењето со векови се карактеризирало со три централни проблеми:

(1) недостатокот од достапност на знаењето, до коешто пристап имал само еден мал круг, додека знаењето било разделено низ целата земјина топка.

(2) фактот што експертите за различни тематски области биле распрскани низ целиот глобус, при што тука не спаѓаат само научници. Комуникацијата беше невозможна или барем извонредно тешка, додека за редовна интензивна размена на знаење воопшто не можело да стане збор.

(3) јазичната бариера.


Сега, споредете го тоа со денешната состојба.

(за 1) Вебот премина во централно место за
чување на човечкото знаење, што со еден клик на компјутерското глувче стои секому на располагање, 24 часа на ден. И во времето на Веб 2.0 интернетот повеќе не е само еден извонреден резервоар на човечкото знаење, туку сč повеќе и место, на коешто се генерира знаење. Што се однесува до учењето, Веб 2.0 направи од интернетот  уште позначаен инструмент.

(за 2) Глобалната комуникација и интензивната соработка меѓу луѓето, кои покажуваат интензивен интерес за некоја материја, па дури и доколку се работи за најмалата ниша и во некоја сосем егзотична стручна област, не се одвива без проблеми. Денес можете да соработувате со тим распрскан низ целиот свет така интензивно, како да седите со нив во ист објект.

(за 3) Ваквата тесна глобална соработка повеќе не е спречена во ист размер од јазична бариера. Постои можност да се пребарува во јазици, чиј ракопис воопшто не мора да го владеете. Можна е писмена комуникација со некој јапонски или руски колега, без притоа едниот да го разбира јазикот на другиот. Додека при реална средба мораме да употребуваме мимика и гестикулации, преку вебот можеме да комуницираме.


Значи, околностите се променија од темел. Се чини дека стариот сон на човештвото за достапност на знаењето насекаде и во секое време преминува во реалност. Вебот става на располагање соодветна платформа. Само овој аспект ги става оние што учат како и оние што подучуваат пред сосем нови предизвици. Но, во ерата на насекаде достапното знаење, Учење 2.0 е повеќе од учење.


 

 

 

Образование 2.0

 

Благодарение на информациско-технолошката и комуникациско-технолошката револуција на нашето време, знаењето може да се репродуцира безгранично (и прекугранично), но истовремено стана и посвоеволно,  понесредено и посомнително.

Од таквата состојба произлегува потребата од новоформираниот термин за образование, за којшто меродавна е способноста за оценување и за критичко прифаќање на информациите.

‚Вештината за рефлексија’ (Петер Штрошнајдер) - да се стигне од информации до знаење и од знаење до смисла - станува клучна техника на културата за поимањето на образованието, чиј развој и пренесување претставува предизвик за институциите од нашето општество што се занимаваат со образование, којшто не може повеќе да се одмине.

[Ханс Н. Вајлер, Образованието во ерата на нејзината техничка репродукција; во: Шлитер/Штрошнајдер (изд.), Образование? Образование! 26 тези за образованието како предизвик во 21 век, лиценцирано издание за Дојузната централа за политичко образование, Едиција на текстови, том. 790, Бон 2009, стр. 100]

 

(...)  ‘информациското општество’ ги зголемува можностите за пристап до податоци и факти - оттаму образованието треба да го стави секого во состојба, да може да собира и избира информации, да ги подредува, да работи со нив и да ги користи. Тоа значи, образованието треба постојано да се прилагодува на промените во општеството; тоа мора да ги пренесува понатаму придобивките, основите и богатството на човечкото искуство.

[Способност за учење: Нашето скриено богатство. Извештај на УНЕСКО за образованието за 21 век. Изд. од германската Комисија на УНЕСКО. Нојвид; Крифтел; Берлин: Лухтерханд, 1997, стр. 19]

 

Повеќе не е доволно да му обезбедуваме на детето определена количина на знаење уште во раната фаза, од којашто ќе може да откинува во иднина. Секој поединец треба да биде оспособен да може да учи во текот на целиот свој живот за да го зголемува своето знаење, за да стекнува вештини и квалификации и за да може да се прилагодува кон сложениот, меѓусебно поврзан, свет што постојано се менува.

[Способност за учење: Нашето скриено богатство. Извештај на УНЕСКО за образованието за 21 век. Изд. од германската Комисија на УНЕСКО. Нојвид; Крифтел; Берлин: Лухтерханд, 1997, стр. 73]

 

 



Тимска работа

Колаборација


Еден друг карактеристичен елемент на Веб 2.0 се состои во можноста за споделување информации со други. Тоа отвора опции за учењето и подучувањето, коишто не можевме да ги замислиме до пред неколку години. Кон ова се придодава и фактот што работата на текстови и презентации, планирањето на концепцијата за некој манускрипт со употреба на мајнд-мапинг софтвер и многу други нешта што порано се реализирале на домашниот компјутер, сега сč повеќе преминуваат на веб. Таму можат да се обработуваат документите и мајнд-мапите заеднички со колеги, студенти или ученици.

Што значи досега кажаното за учењето во 21 век? Не значи ништо друго, освен дека Веб 2.0 работи на тоа, темелно да го промени начинот на којшто учиме. Ние не учиме само на тој начин што посетуваме предавања и настава или читаме книги, чија содржина со појавувањето честопати е веќе застарена. Учењето повеќе не се ограничува на примање на знаењето и лицата што учат повеќе не се само конзументи на знаење.



Споделување знаење



веб писменост како централен елемент на учење за учењето


Учењето денес значи да се дојде до актуелните информации на интернет, да се споделува и дискутира знаење и идеи со други во веб-поддржаните социјални мрежи што се формираат и самите активно да придонесеме кон содржините што се достапни во тие мрежи. Овие аспекти се детално опишани и дискутирани во голем број публикации, меѓу другото во одличната книга на Вил Ричардсон, „Blogs, Wikis, Podcasts and Other Powerful Web Tools for Classrooms“ (Таузенд Оукс 2006), што се појави на германски јазик на почетокот од 2011 година. Упатства за можностите за употреба на различните апликации од Веб 2.0 можете да најдете на страната „Елементи на Веб 2.0“.

Какви заклучоци можат да се извлечат оттука? Одлучувачкото сознание е дека (доживотното) учење од една страна и компјутерите и интернетот, а тука пред с
č Веб 2.0, од друга страна се неразделно поврзани. Оттаму подучувањето за учењето денес мора да го вклучува пренесувањето на веб писменоста како централен елемент што е неопходен за целосно исцрпување и користење на различните можности на Веб (2.0). Тука, секако, се поставува проблемот што (токму) дигиталните имигранти треба да им ги пренесат овие квалификации на „дигиталните домородци“ (види страна Дигитални домородци).

Учењето во минатото, па и денес, се заснова пред с
č на учебници. Можеби понекогаш со извадок од некое списание или по некој филм - и толку. Освен тоа, надвор од образованите институции учениците имаа само ограничен пристап до информации за нив. Денес знаењето на човештвото е оддалечено само еден клик на глувчето и информациите на веб се далеку поактуелни и поопширни од она што би можело да стои во кој било учебник. Способноста за ефективна употреба на ваквиот резервоар премина во одлучувачка клучна квалификација што мора да биде пренесена во училиштето.

Веб (2.0) писменоста
како клучна квалификација станува уште позначајна доколку се има предвид, дека Веб 2.0 нуди нови и иновативни можности за совладување на огромниот и постојано растечки обем на информациите, на коишто сме изложени. Помислете само на RSS-Feeds што ги има насекаде - формат на електронска информација што му овозможува на корисникот да претплати содржини на некоја веб-страна, или на делови од неа (види Елементи на Веб 2.0).



У
чењето како процес


Уште еден аспект: од генерации на ученици и студенти се очекуваше, пред сč, способноста за самостојна работа и подготовка на својот реферат, својата презентација или семинарска работа за нивните наставници или нивните доценти. И кога работата беше завршена, таа беше баш конечно завршена. Тоа започнува да се менува со Веб 2.0. Така на пример учениците можат да изработат еден Вики за мала публика, па дури и доколку се тоа само другите ученици од одделението и/или родителите. Таму поставените содржини можат да бидат коментирани, променети и дополнети. Погледнете ја во Википедиа страната за дискусија кон прилогот наместо самиот прилог и ќе стекнете впечаток за што станува збор.

Ова значи промена на парадигмата. На учениците, студентите и генерално на сите оние што учат треба да им ставиме јасно до знаење, дека нивните прилози не треба да бидат (само) конечен производ, туку и појдовна точка за други, кои се занимаваат со таа тема и ги дополниуваат, уточнуваат или ажурираат содржините. Учењето под предзнак Веб 2.0 повеќе не претставува примарно меморирање на знаењето, туку процес во чии рамки се разменуваат и подобруваат идеи.



Способност за критичка проверка на информациите


Во времето на учебниците и дебелите, повеќетомни енциклопедии, коишто уште со својата значителна тежина сигнализираа сериозност, можеше да се биде сигурен дека таму понудените содржини биле внимателно проверувани од страна на експерти, иако тие честопати бргу застаруваа.

Ова денес повеќе не важи. Бидејќи секој може да публикува на веб, ние мора да бидеме критички конзументи повеќе отколку порано и сами да ја преземеме задачата за извршување проверки, како што тоа порано го правеле издавачите или редакторите. И во овој случај се работи за способност што може и мора да биде научена - токму од дигиталните домородци, на кои во овој контекст честопати им недостасува свеста за проблемот (за поимот и дебатата во врска со дигиталните домородци наспроти дигиталните имигранти види на страната Дигитални домородци).

Способноста за критичка проверка на информации што се достапни насекаде и во секое време, за што се чини постои едногласност, претставува клучна вештина во Учењето 2.0. Така, Ханс Н. Вајлер во својот есеј „Образованието во ерата на својата техничка репродуктивност“, кој вреди да се прочита, вели:

„Модерните технологии прават информациите да бидат достапни неограничено и насекаде, но неподредени, неоценети и со голем степен на амбигвитет. За да може од таквите безгранични информации да се дојде до целисходно знаење, потребно е да се пренесат аналитички, критички и нормативни способности, коишто, пак, во современото образовно милје играат повеќе една маргинална улога.“

[во: Шлитер/Штрошнајдер (изд.), Образование? Образование! 26 тези за образованието како предизвик во 21 век, Сојузна централа за политичко образование, Едиција на текстови, том 790, Бон 2009, стр. 93]

Затоа Вајлер бара прифаќање на еден нов облигаторен предмет во групата на предметите - „Наука за науките“. Во истиот том од збирката Винфрид Шулце (види текст на десната страна) покрај тоа укажува на една честопати запоставувана вештина: покрај општо признатите вештини за стекнување и проверка на знаењето тој дополнува уште една, трета, вештина, имено вештината за отстранување на знаењето што станало некорисно.

 

 

 

Образование 2.0

 

Со оглед на очигледната невозможност, за дефинирање на образованието само преку јасно дефинирани когнитивни јадра, коишто би се учеле на различни степени во образованието на учениците и студентите, една нова ориентација на образованието ќе може да се дефинира само преку еден комплет од вештини што ги пренесуваат младите во состојба да можат да стекнуваат стручно и општествено потребно знаење, истото критички да го проверуваат и, по потреба, непотребното знаење да го отстрануваат.

Вештината за стекнување на таквото знаење значи можност за стекнување на релевантното знаење со соодветен степен на специјализација.

Вештината на критичка проверка цели кон способноста за проверка на степенот на исправност на така стекнатото знаење и за препознавање  на аргументативните структури и основните правила за докажување на вистинити тврдена.

На крај, мора да биде развиена вештината за деактивирање на определено знаење што се чини особено потребно со оглед на (...) брзото размножување на знаењето.

Во целина, од сите овие барања може да се развие еден комплет од вештини што пред сč се однесуваат на развојот на една личност што аргументира и дејствува критички и рационално.

[Винфрид Шулце, Вештина наместо образование!; во: Шлитер/Штрошнајдер (изд.), Образование? Образование! 26 тези за образованието како предизвик во 21 век, Сојузна централа за политичко образование, Едиција на текстови, том 790, Бон 2009, стр. 26 па натаму]

 

 



не само текст


Друг пример за влијанијата на Веб 2.0 по учењето и подучувањето: „пишување“ во смисла на искажување на своите мисли, комуницирање со други за содржини и публицирање - сето ова повеќе не се ограничува чисто на текст. Кон ова с
č повеќе се придодаваат аудио-датотеки, дигитални фотографии и видео-записи и тоа со добра причина, бидејќи ваквите мултимедијални форми на изразување нудат фантастични можности во сите образовни контексти. Погледнете го како пример видео-записот од говорот на Северн Сузуки на „Планетарниот Самит“ (Earth Summit) во Рио де Жанеиро 1992 ("The girl who silenced the world for six minutes"):


 



Улога на наставникот


Со оглед на промените начнати на оваа страна не изненадува фактот што улогата на подучувачот се менува. Доколку порано на прв план во основа било пренесувањето информации, во ерата на насекаде и во секое време достапни информации од подучувачите се очекува да бидат првостепено модератори и придружувачи при учењето. Јасните граници од минатото помеѓу подучувачот и ученикот се претопуваат една во друга. Пренесувањето клучни квалификации како што се веб писменоста придобиваат уште поголемо значење, знаењето за ориентација го потиснува знаењето факти, коешто сč побргу застарува. Особено забележливо е ова кај класичниот образовен формат, универзитетските предавања, коишто во својата изворна форма - читањето на книгата на глас што била издадена во мал тираж и била многу скапа, секако претставувало анахронизам уште пред вебот.



Универзитет 2.0





колаборативно учење



Наспроти ова, како би можел да изгледа Универзитетот 2.0? На оваа тема размислувале авторите на влијателната книга “Wikinomics. How Mass Collaboration Changes Everything“, Дон Тепскот и Ентони Д. Вилиамс (за викиномија види Економија 2.0). Во статија за списанието ЕДУЦАУСЕ Ривју (EDUCAUSE Review) (изд. 45, бр. 1, јануари/фебруари 2010, 16-29) тие истакнуваат дека дискусијата за иднината на универзитетот досега ја промашувала суштината. Најголемиот дел предлог-решенија...

„...don't address the fundamental problems with the university or show a way forward. Rather, change is required in two vast and interwoven domains that permeate the deep structures and operating model of the university: (1) the value created for the main customers of the university (the students); and (2) the model of production for how that value is created. First we need to toss out the old industrial model of pedagogy (how learning is accomplished) and replace it with a new model called collaborative learning. Second we need an entirely new modus operandi for how the subject matter, course materials, texts, written and spoken word, and other media (the content of higher education) are created. We believe that if the university opens up and embraces collaborative learning and collaborative knowledge production, it has a chance of surviving and even thriving in the networked, global economy.“

[онлајн-верзија на статијата со интересна дискусија]

За оние што сакаат подлабоко да се запознаат со оваа, и тоа како, интересна и важна тематика, покрај читањето на цитираниот текст им ја препорачуваме и новата книга на Тепскот/Вилиамс: „Macrowikinomics. Rebooting Business and the World“ (Портфолио Пингвин, 2010). Дел IV од книгата - „Learning, Discovery, and Well-being“ се занимава, меѓу другото, со темите „Rethinking the University: Collaborative Learning“ и „Science 2.0: Igniting Knowledge Creation in a Networked World“. На следниот видео-запис е дадено интервју со Дон Тепскот за оваа книга:



Во дебатата за влијанијата на Веб 2.0, Тепскот/Вилиамс се вбројуваат во оние, кои очекуваат револуционерни промени во практично сите области. На другиот крај од спектарот се наоѓаат оние, кои признаваат дека во контекст на Веб 2.0 ќе дојде до измени и прилагодувања, но ним не им придаваат некој значителен квалитет. Колку за пример се упатува на еден прирачник на Конференцијата за високо образование во Германија. Во неа се доаѓа до следниот заклучок:

„Генерално може да се очекува, дека високообразовните институции ќе се менуваат сукцесивно, доколку не драматично, во текот на актуелниот и иден развој на интернетот и неговото користење. Ова особено важи во поглед на инфраструктурите, процесите и услугите во сферата на менаџментот со информации и контакти. Наспроти ова, промената во науката и истражувањето предизвикано од апликациите на Веб 2.0 ќе биде постепена и инкрементална.“

[Конференција на високото образование (изд.): Предизвик Веб 2.0, Прилози за високообразовната политика 11/2010, онлајн-верзија, pdf]



нова култура на учење


Значи, спорно е, колку ќе бидат далекусежни влијанијата на Веб 2.0 по подучувањето и учењето, но не и фактот дека нешто ќе се промени. Кон ова се придодава и тоа што дебатата за влијанијата на Веб 2.0 се совпаѓа со други дебати, особено со дискусијата за новата култура на учење, којашто се поврзува со поими како самодефинирано учење и конструктивистички теории за учењето. Иако не можеме да ги продлабочиме овие аспекти тука, би сакале да укажеме на тоа дека Веб 2.0 е предодреден да го поттикнува преодот од традиционалната парадигма кон една конструктивистичка парадигма, како што е прикажано на следната слика.


 



[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора