Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

Учење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 


Веб 2.0

Од 1927 година Тајм Магазин во декември секоја година ја избира „личноста на годината“. Така на пример во 1927 година оваа чест му припадна на Чарлс Линдберг, во 1952 година на тукушто крунисаната англиска кралица Елизабета II, а во 1998 година на тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Секоја година со нетрпение се очекува информацијата за тоа, кој ќе го добие ова признание. А на 16 декември 2006 година Тајм Магазин успеа да изненади со нешто што предизвика сензација низ целиот свет. Имено, личност за годината 2006 беше

Ти

Вие, јас - сите ние бевме избрани за личност на годината. Како беше образложен ваквиот избор? Во следниот цитат на Тајм Магазин се наведени најважните делови од образложението (со наш релативно слободен превод), коишто пренесуваат прв впечаток за тоа, на што се мисли кога станува збор за Веб 2.0:




 







Пофалба на
Тајм Магазин


„Доколку ја погледнете 2006 година, ќе можете да ја забележите историјата на една заедница и на една соработка во обем што не постоел никогаш досега. Се работи за историјата на гигантската енциклопедија Википедиа, за мрежата ЈуТјуб што опфаќа милиони луѓе или за онлајн-метрополата МајСпејс.

Инструментот што го овозможи ова е ворлд вајд веб. Не она старото од пред 15 години. Новиот веб претставува едно сосем поинакво нешто. Се работи за инструмент што ги собира малите прилози на многу милиони луѓе на едно место и им придава значење.

Во Силиконската долина Веб 2.0 се спомнува како да се работи за некоја нова верзија на некој постар софтвер. Но, тоа е многу, многу повеќе. Се работи за револуција.



Веб 2.0 како „Револуција“



















 

Уште во 1999, во каменото доба на интернетот, авторите на легендарната и визионерска „Манифест за возот на мудроста“ („Cluetrain Manifesto“) ги опишаа клучните измени што преминаа во стварност преку Веб 2.0:

„Then the Web crept into our offices under false pretenses. We thought first it was a library of information. Then we thought it was a publishing medium. Then we thought it was a toy or a dangerous distraction. But in fact it is a conversation of a new type...“

[Дејвид Вајнбергер]

За 10 годишниот јубилеј на „Манифестот за возот на мудроста“ се појави проширена верзија на оригиналната книга:



Препораки за литература на тема 2.0 можете да најдете тука...


Но, кои се луѓето што ги даваат овие прилози? Што по долгиот работен ден седнуваат и соработуваат со Википедиа, пишуваат блог-прилози, се ангажираат како новинари и известуваат за случувања од нивното непосредно опкружување, што се покажува како важно дополнение кон професионалното новинарство. Кој дава толку време, енергија и страст?

Одговорот е – Вие! И Тајм Магазин ве избра Вас за личност на годината затоа што вие го презедовте функционирањето на еден глобален мас-медиум, затоа што работите за без пари, а сепак ги победувате професионалците во нивните полиња.“

Можеме да констатираме: според Тајм Магазин, Веб 2.0 претставува нешто сосем ново. Тоа ги собира прилозите на милиони луѓе на едно место и им придава значење. Според Тајм Магазин тоа е револуција! Тоа е доволно причина за нас, покрај темите како глобализација, одржливост или европска интеграција, посебен онлајн-учебник да посветиме на темата Веб 2.0 (или на социјалниот веб односно на социјалните медиуми).


Состав и структура

Со Веб 2.0 за првпат во историјата на располагање стојат алатки, со кои се овозможува соработка во глобални размери и искористување на колективната интелигенција. Прашањето, кои влијанија има тоа врз нашето општество, политиката, учењето и подучувањето се наоѓа во центарот на нашиот онлајн-учебник.

Со оглед на динамичкиот развој се разбира, дека можеме да направиме само една првична сондажа на состојбата. Расеаните дебати на оваа тема се непрегледни, основните категории се с
è уште непрецизни и понатаму доминираат технички перспективи. Спротивно на ова, ние се обидуваме да воведеме и една социјално-научна перспектива.

Мошне важно е и да се пренесат практични способности во работењето со инструментите на Веб 2.0. Ова важи практично за сите целни групи: ученици, студенти, наставници, доценти, НВО-а или административни работници, лекари или професори. Ние веќе неколку години и се посветуваме на оваа задача со обуки и семинари (повеќе).

 

 

 

Личност на годината 2010

 

Во декември 2010 Тајм Магазин за личност на годината го прогласи 26 годишниот основач на Фејсбук Марк Цукерберг:

„For connecting more than half a billion people and mapping the social relations among them, for creating a new system of exchanging information and for changing how we live our lives, Mark Elliot Zuckerberg is TIME's 2010 Person of the Year.“

(види Социјални мрежи во делот Општество 2.0)

[Фото: Рафаел Лабе, Wikimedia, Creative Commons]

 

 

Освен тоа развивме и туториуми (на германски јазик) што стојат на располагање бесплатно, како на пример онлајн-курсот „Интернет пребарување и менаџмент со знаењето за високообразовни институции“, или некои што се добиваат за одреден надомест како на пример наставниот пакет „Веб 2.0 во училиште“.

Во овој онлајн-учебник не е содржана димензијата туториум. Ние сакаме да навлеземе во густината на дискусиите поврзани со социјалниот веб, бидејќи ваквите дискусии се однесуваат на сите области од живеењето и, според нашето убедување, се од одлучувачко значење за прашањето, како ќе живееме заедно во иднина.

Што е Веб 2.0? Овој дел опфаќа неколку дефиниции на Веб 2.0 и се фокусира на преминот од Веб 1.0 (веб за читање) кон Веб 2.0 (веб за читање / пишување односно веб за соработка). Еден помал дел е посветен  на елементите на Веб 2.0 (блогови, викија, социјален букмаркинг, социјални мрежи како Фејсбук, споделување преку медиуми како ЈуТјуб итн.). Еден друг помал дел го опфаќа тагирањето, основна функција во Веб 2.0, што е значајно надвор од различните апликации ...повеќе

У
чење 2.0: во овој дел од онлајн-учебникот се опфаќа прашањето, какви влијанија по учењето и подучувањето се поврзани со Веб 2.0. Притоа се прикажува, дека со Веб (2.0) се надминати старите препреки во учењето како и достапноста на знаењето или географската оддалеченост, но дека образовниот систем мора се прилагоди на новите клучни квалификации како што се веб писменост за да може да се исцрпи потенцијалот. Колаборативното учење ќе добие на значење во новата култура на учењето ...повеќе

Политика 2.0: особено за темата на ова поглавје - политичките влијанија на Веб 2.0 - важно е да се каже дека дебатата тукушто започнува. Може да се увиди дека политичките науки имаат потешкотии со ова, поради што доминираат технички перспективи, на коишто им недостасува научно-политичка длабочина. Поаѓајќи од моделот на политичкиот систем и поимот за политика се обидуваме да прикажеме начини за систематски пристап кон политиката 2.0 и владеењето 2.0 ...повеќе

Економија 2.0: во економскиот систем се случува промена на парадигмата. Тоа го тврдат барем авторите на влијателната книга „Wikinomics. How Mass Collaboration Changes Everything“. Ние ги претставуваме клучните тези на Викиномијата, коишто упатуваат на голем број допирни точки со политиката и политичкото образование. Притоа се судираме со стари познати работи, но запознаваме и нови концепти како peer production или ideagoras ...повеќе

Општество 2.0: неспорно е дека нашите општества се менуваат преку Веб 2.0, преку новите можности за вмрежување, комуникација и соработка. Но, со оглед на динамичкиот развој премногу е рано за дефинитивни оцени. Се посветуваме на четири теми што во моментот стојат во центарот на дебатите: по еден помал дел се занимава со Опасностите на Веб 2.0, со дискусијата за Мудроста на многумината, со Дигиталните домородци како и со темата што се наоѓа сосем високо на агендата - Социјалните мрежи ...повеќе

Како и кај сите тематски комплекси на Д@далос, за полесна ориентација можете да најдете посебна страна со Содржина што содржи директни линкови до сите страни од онлајн-учебникот. Освен тоа, ви составивме препораки за литература на темата Веб 2.0 ...повеќе


[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора