Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Општество 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

Учење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0


 Опасности од Веб 2.0

 Социјални мрежи

 Мудроста на многумината

 Дигитални домородци
 


Општество 2.0

Неспорен е фактот дека компјутерите и дигитализацијата длабоко го променија општеството. Така, Дирк Бекер поаѓа од следниот редослед: воведувањето на јазикот доведе до конституирање на племенското општество, воведувањето на пишаниот збор до високата античка култура, воведувањето на печатењето книги доведе до модерното општество. А воведувањето на компјутерот доведе до конституирање на - што? Бекер е внимателен и, поаѓајќи од Петер Ф. Друкер, говори за „следното општество“.

[Дирк Бекер (2007), Студии за следното општество, Франкфурт/Мајна]


Мануел Кастелс во својата епохална трилогија за ерата на информациите го означува општеството што се наоѓа во фаза на создавање како мрежно општество:

„Како историска тенденција може да се констатира, дека владејачките функции и процеси во ерата на информациите сè повеќе се организирани во мрежи. Мрежите претставуваат нова социјална морфологија на нашите општества и проширувањето на логиката на вмрежување значително го промени начинот на функционирање и резултатите од процесите на производство, искуство, моќ и култура. Мрежите, како форма на социјално организирање, постоеле и во други времиња и на други простори, но новата парадигма на информациската технологија ја создава материјалната основа за опфаќањето на оваа форма во целокупната општествена структура и продирањето во неа.“

[Мануел Кастелс (2004): Подемот на мрежното општество. Дел I од трилогијата „Ерата на информациите“, Опладен: UTB 8259, стр. 527]









Фото: USFWS фото [taken from Wikimedia]-----



Изјава за независноста на Сајберспејс


Кога Кастелс ја изработи својата трилогија, терминот „Веб 2.0“ не постоеше ниту како поим, ниту пак во реалноста. Вебот (1.0) с
è уште го немаше надминато стадиумот на „подобра рекламен столб" (Штефан Минкер), иако неговиот развој од самиот почеток е придружуван од утописки нацрти за општеството. Како убав пример Штефан Минкер ја наведува „Декларацијата за независноста на сајберспејсот“ ("A Declaration of the Independence of Cyberspace") на Џон Пери Барлоу од 1996:

„Сајберспејсот не се наоѓа во рамките на вашите надлежности. Немојте да мислите, дека можете да го обликувате како да е некој јавен проект. Не го можете тоа. Сајберспејсот претставува една природна креација што расте низ нашите колективни дејства. (...) Ние создаваме свет, во којшто секој поединец на секое место смее да ги изрази своите убедувања, колку и да се тие индивидуални, без да се има страв дека ќе се западне во молкот на конформитетот. Вашите правни претстави за сопственоста, слободата на говорот, личноста, слободното движење и контекстот не одговараат за нас."

[Џон Пери Барлоу; цитирано според: Штефан Минкер (2009): Појавата на дигиталните јавности. Социјалните медиуми во Веб 2.0, Франкфурт/Мајна, стр. 52]





Фаза на пресврт и преоден период






„So if a new infrastructure comes along that allows us to connect with everyone else on the planet and to invent new types of connections, this is big news indeed.“

[David Weinberger (2002), Small Pieces Loosely Joined,  New York, S. XI]



Во ова поглавје на онлајн-учебникот за Веб 2.0 ниту можеме ниту сакаме да го продлабочиме овој аспект на алтернативни проекции на општеството, ниту пак областа на големите теории за општеството, особено зашто станува збор за теми што се повеќе поврзани со дигитализацијата како надреден процес отколку со Веб 2.0 во потесна смисла.

Нашите цели се скромни со оглед на фактот што се наоѓаме на почетокот од еден процес на пресврт, којшто според мислењето на многу набљудувачи ќе ги преврти наопаку сите општествени области.

Како што е изложено во Воведот на овој онлајн-учебник, нам ни е важно да направиме една првична сондажа на актуелната состојба. Истите потешкотии се појавуваат и во другите разработени области (помалку во Економија 2.0, особено изразено во Политика 2.0).
Што би можело да значи терминот „Општество 2.0“ не знае никој точно, освен Партијата на пиратите во Швајцарија, којашто ја реализираше својата национална изборна кампања 2011 под ова мото.



Овој видео-запис содржи 20-минутно интервју со Дејвид Вајнбергер за темелните прашања на интернетот од 2007 година (со германски превод).










Структура на овој дел

 


Со намигнување интернет-филозофот Дејвид Вајнбергер го „дефинира“ вебот како „small pieces loosely joined“, што ги издава како „A Unified Theory of the Web“ (алудирајќи на легендарната „unified theory of physics“, којашто исто така не постои). Една главна причина за тоа што Веб (2.0) не може да се дефинира, тој ја наведува во предговорот:

„We are the true 'small pieces' of the Web, and we are loosely joining ourselves in ways that we're still inventing.“

[Дејвид Вајнбергер (2002), Small Pieces Loosely Joined. A Unified Theory of the Web, New York, S. X, сопствени нагласувања]

Сè тече (или подобро кажано: со брзо струење) - во ерата на Веб 2.0 ова важи уште повеќе отколку во моментот на издавањето на книгата на Вајнбергер што вреди да се прочита. Секој ден се појавуваат нови деловни и други идеи во врска со Веб 2.0 како платформа, којашто за првпат во историјата овозможува масовна соработка од глобални размери. Речиси секојдневно се откриваат нови видови и варијанти на употреба. Доколку до пред краток период Мајспејс беше меродавното нешто за онлајн-мрежи, за само малку месеци Фејсбоок премина во неогранична доминација (види страна Социјални мрежи). Почетниците доаѓаат и заминуваат побргу од темпото со коешто ние можеме да ги ажурираме нашите документи за семинари. Што да сториме?

Во овој дел сакаме да се концентрираме на оние аспекти што играат важна улога во јавната дискусија. Дали тоа ќе бидат најважните теми (и во иднина) не може да се каже со оглед на динамичниот развој. Токму тука станува јасно, дека нашиот онлајн-учебник претставува само една привремена сондажа на актуелната состојба. На потстраните од овој дел ги обработуваме следните теми:

Опасности од Веб 2.0: сајбер-мобинг, дата-мајнинг, заштита на податоците, повреда на авторските права, опасни содржини и контакти - долга е листата на опасности на коишто се изложени младите во Веб (2.0). Овие аспекти стојат во центарот на известувањето за Веб 2.0 и ја карактеризираат сликата на просечниот корисник на медиумите за новниот мрежен свет. За да може да се возврати на опасностите, најпрво е потребна компетентност за медиумите - од страна на младите, но и од страна на родителите и наставниците. Пренесувањето на тие компетентности претставува целта на центрите за посигурен интернет (Safer Internet Centres) во различните европски држави. Тие се претставени на страната за опасностите од Веб 2.0 ...повеќе

Социјални мрежи: Фејсбук се наоѓа во голем број наслови - како позитивно, така и негативно: наспроти воодушевувачкиот број на корисници стои дискусијата за приватноста, којашто се фокусира на овој лидер на пазарот. Што се причините за успехот на Фејсбук и како Фејсбук може да го промени вебот? Освен тоа, во овој дел можете да ја најдете брилјантната анализа на Клеј Ширки „Here Comes Everybody“ ...повеќе

Мудроста на многумината: Во својата книга „The Wisdom of Crowds“ Џемјс Суровјецки се противставува на широко распространетото, навидум интуитивно исправното, гледиште, дека масата била глупава. Тој ги анализира условите, под кои (големите) групи колективно донесуваат подобри заклучоци од најдобрите индивидуи во групата. Со Веб 2.0 на располагање стои една платформа што овозможува донесување колективни одлуки. Значи, време е да ги отфрлиме нашите стари предрасуди ...повеќе

Дигитални домородци (Digital Natives): Марк Пренски ги воведе метафорите „дигитални домородци“ („Digital Natives“) и „дигитални имигранти“ („Digital Immigrants“) коишто се покажаа толку пристапни што најдоа широка примена. Спорно е прашањето, како да се оценат дигиталните домородци и дали тие врз основа на масовната употреба на мобилни телефони, компјутерски игри и интернет навистина размислуваат поинаку од генерациите пред нив ...
повеќе




 



Во нивната храбра книга „Макровикиномија“ ("Macrowikinomics") Дон Тепскот и Антони Д. Вилиамс даваат нацрт на едно општество во ерата на мрежната интелигенција („The Age of Networked Intelligence“). Притоа тие ги истражуваат влијанијата на Веб 2.0 по различни полиња како што претставува глобалната финансиска индустрија, борбата против климатските промени, иднината на образованието, здравството, (традиционалните) медиуми или политиката и владеењето. Тие гледаат една „turning point in history“ (стр. 9 па натаму) и бараат „renewal and transformation, not tinkering“ (стр. 15 па натаму):

„...mass collaboration provides an attractive alternative to the hierarchical, command-and-control management systems that are failing many of our key institutions. (...) So let's use the opportunity that the digital revolution presents to rethink and rebuild all of the old approaches and institutions that are failing. Many promising solutions to issues ranging from the current health care crisis to climate change already exist at the fringes of established institutions and in the collaborative spaces of the Web.“ (стр. 19, 21)

За секој што сака да се занимава со влијанијата од Веб 2.0 по општеството, тешко дека ќе може да ја одмине оваа возбудлива лектира. Погоре на оваа страна укажавме на редоследот на Дирк Бекер, според кој воведувањето на печатената книга го овозможило конституирањето на модерното општество, додека воведувањето на компјутерот - на „следното општество". Тепскот и Вилиамс ги разработуваат разликите:

„Printing gave humanity the written word. The Web makes everyone a publisher. Printing enabled the distribution of knowledge. The Web provides a platform for networking human minds. Printing allowed people to know. The Web enables people to collaborate and to learn collectively. Printing played a key role in the rise of the industrial revolution and the creation of capitalism. The Web is now enabling new models for creating wealth and prosperity on a global basis. However, the biggest difference between the printing press and the Internet is that what took four centuries to unfold then is occuring in as little as four decades today.“ (стр. 24-25)

[сите цитати од: Дон Тепскот/Ентони Д. Вилиамс (2010): Macrowikinomics. Rebooting Business and the World, New York]





 



Покрај книгата „Here Comes Everybody“ на Клеј Ширки (види Социјални мрежи), книгата „Smart Mobs“ издадена уште во 2002 година на Хауард Рајнголд претставува една од референците во дебатата околу влијанијата на Веб 2.0 врз општеството. Авторот ја резимира содржината во својот Smart Mobs блог на следниот начин:

„Smart mobs emerge when communication and computing technologies amplify human talents for cooperation. The impacts of smart mob technology already appear to be both beneficial and destructive, used by some of its earliest adopters to support democracy and by others to coordinate terrorist attacks (...).

Street demonstrators in the 1999 anti-WTO protests used dynamically updated websites, cell-phones, and 'swarming' tactics in the 'battle of Seattle.' A million Filipinos toppled President Estrada through public demonstrations organized through salvos of text messages.

The pieces of the puzzle are all around us now, but haven't joined together yet. The radio chips designed to replace barcodes on manufactured objects are part of it. Wireless Internet nodes in cafes, hotels, and neighborhoods are part of it. Millions of people who lend their computers to the search for extraterrestrial intelligence are part of it. The way buyers and sellers rate each other on Internet auction site eBay is part of it. Research by biologists, sociologists, and economists into the nature of cooperation offer explanatory frameworks (...).“

[http://www.smartmobs.com/book/book_summ.html, 17.03.11]


[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 



Во овој ТЕД разговор „Howard Rheingold on Collaboration“ авторот ја резимира историјата на човечката соработка, навлегува во класичните проблеми на секоја соработка (Дилемата на затворениците, tragedy of the commons) и, поаѓајки од сознанијата на играта со ултиматуми, укажува на тоа, дека е премногу кратковиден надвладувачкиот став за човекот како оптимирач на трошоците и ползата. Станува збор за сознание што со Веб 2.0 секојдневно се потврдува.

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора