Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Општество 2.0 > Опасности од 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

Учење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 Опасности од Веб 2.0

 Социјални мрежи

 Мудроста на многумината

 Дигитални домородци
 


Опасности од Веб 2.0

Замислете си дека планирате да отворите ресторан. Размислувате за менито и доаѓате до заклу
чок, дека и покрај значителните сомнежи по однос на климатските промени, на гостите сакате да им понудите и стекови.

Следствено, потребни ви се остри ножеви. Тука постои опасност, вашите гости да можат да се нападнат со ножевите. За да го спре
чите тоа, предвидувате во ентериерот да биде направен кафез околу секоја маса...

Овој мал мисловен експеримент потекнува од основа
чот на Википедиа, Џими Вејлс, и Андреа Векерле и претставува извадок од предговорот на книгата на Метју Фрејзер и Сумитра Дута Throwing Sheep in the Boardroom. How Online Social Networking Will Transform Your Life, Work and World, книга што вреди да се прочита (Чичестер 2008).

Зошто сите (барем сите нам познати) ресторани го прифаќаат овој ризик и не прават кафези околу масите? При
чината е во тоа што ние сме одлучиле not to make the threat of bad behavior the central element in the design of our social institutions, како што стои понатаму во предговорот.

Кај сите наши активности (со право) поаѓаме од тоа, дека по правило имаме работа со луѓе кои се исто толку добронамерни како нас и кои исто како и ние се придржуваат кон правилата за заедни
чки живот, а не дека имаме работа со луди луѓе, злосторници или садисти. Без оваа основна претпоставка соживотот во едно општество би бил невозможен.






[оваа фотографија е прилагодена врз основа на фотографија од Кери Бас, Викимедиа, ЦЦ]



Опасностите од Веб 2.0 се (пре)нагласени


Зошто една ваква забелешка на самиот по
четок? Бидејќи известувањето за и дебатите во врска со Веб 2.0 ја занемаруваат токму оваа основна претпоставка. Тоа има за последица што еден просечен корисник на медиуми дознава многу повеќе за опасностите, но само малку за шансите што ги нуди Веб 2.0. За нашата презентација тоа значи дека ќе бидеме кратки по однос на опастите за Веб 2.0, бидејќи ниедна тема не е толку опширно обработувана.















Сигурност на интернет:
важни теми



ЕУ-Програма за посигурен интернет (EU Safer Internet Programme)

Покрај многуте други иницијативи за сигурноста на Веб (2.0) укажуваме на програмата на Европската унија за посигурен интернет (Safer Internet Programme) (веб-страна). Централна то
чка во вебот е Insafe (www.saferinternet.org), целоевропска мрежа на Awareness Centres, чија задача се состои во тоа, да им помогне на младите во сигурното и одговорно работење со интернетот и мобилните апарати. Покрај младите, како целна група се земаат воглавно родители и наставници.

Во најголем дел од европските земји проектот располага со центри за посигурен интернет. Тие се состојат од три компоненти. Како прво постојат Awareness Centres, како второ хотлајни, кадешто можат да бидат пријавени нелегални содржини и како трето линии за помош (Helplines), коишто ги советуваат младите, родителите и наставниците по однос на сите аспекти за сигурноста на интернет. По правило центрите нудат атрактивни информации за целните групи на сите теми во врска со сигурното сурфање (видео-записи, игри, прира
чници, чек-листи, бесплатни брошури итн.). Дополнително, на 8 фебруари секоја година Денот за посигурен интернет (Safer Internet Day) ги поврзува активностите за сигурноста на интернет.

Палетата на теми е мошне широка. Во германскиот Центар за посигурен интернет klicksafe.de можат да се најдат информации за следните аспекти од сигурноста во мрежата:

Комунуцирање: чет, спем, мобилен, инстант месенџер, социјални мрежи, сајбер-мобинг

Компјутерски игри: основни познавања, дејство на медиумите, медиска едукација

Заштита на податоци: основни познавања, досие за заштита на податоци

Пребарување и решерша: машини за пребарување, веродостојност

Проблематични содржини: порнографија, екстремна десница, насилство, величање на пречки во исхраната

Купување на интернет: пренаплаќање и крадење на интернет, реклама

Симнување: авторско право, берзи за размена

Мерки за техничка заштита: заштита на компјутерот, заштита за деца, филтер за заштита за млади

Следните линкови водат до националните центри за посигурен интернет:
Австрија / Белгија / Бугарија / Кипар /
Чешка Република / Данска / Естонија / Финска / Франција / Германија / Грција / Унгарија / Исланд / Ирска / Италија / Латвија / Литванија / Луксембург / Норвешка / Холандија / Полска / Португалија / Романија / Русија / Словачка / Словенија / Шпанија / Шведска / Обединето Кралство












Најважни препораки за младите



Најважни препораки

Австрискиот центар за посигурен интернет, saferinternet.at, го дава следното резиме на најважните препораки за младите во шест то
чки:

За да бидеш безбеден на веб и за да не доживееш непријатни изненадувања, еве ги најважните препораки ВАКА ЌЕ СУРФАШ СИГУРНО:

1. ЗАШТИТИ ЈА ТВОЈАТА ПРИВАТНОСТ
Размисли то
чно, кои информации за себе ги поставуваш на интернет. Не постирај слики или текстови, коишто би можеле да бидат искористени подоцна против тебе. Лични податоци како што се број, адреса, број на мобилен телефон, лозинки итн. зачувај ги за себе. Во твоите заедници (Communities) користи ги поставките за приватност, за непознати лица да не можат да дознаат ништо за тебе.

2. НЕ Е С ВИСТИНА
Биди недовер
чив кај тврдења што ќе ги најдеш на интернет. Честопати не се знае откаде потекнуваат информациите и никогаш не се знае, дали некој навистина е оној или онаа што се претставува. Затоа проверувај ги повеќепати информациите од интернет!

3. ПОЧИТУВАЈ ГИ АВТОРСКИТЕ ПРАВА
Понудувањето и натамошната употреба на музика, слики и софтвер (на пример во блогови, профили) е забрането без согласност од авторот. Казни од повеќе илјади евра можат да бидат една неубава последица. Исклу
чок претставуваат дела што се наоѓаат под лиценца на Creative Commons. Доколку употребуваш делови на текстови од други автори, секогаш наведувај го изворот на податоците.

4. ПРАВО НА СОПСТВЕНА СЛИКА
Ширењето фотографии или видео-записи што прикажуваат други лица на штетен на
чин, најчесто не е дозволено. Заради сигурност прашај ги лицата што се наоѓаат на записот, дали се согласуваат со објавувањето!

5. НИШТО НЕ Е БЕСПЛАТНО
И на интернет нештата ретко се бесплатни. Секогаш пристапувај им со недоверба на гратис понуди, особено доколку мораш да се регистрираш со име и адреса.

6. ДОКОЛКУ НЕКОИ РАБОТИ ТИ ИЗГЛЕДААТ ЧУДНО, КАЖИ ГО ТОА!
Доколку немаш добро
чувство при сурфањето, тогаш зборувај со возрасните, во кои имаш доверба. Едноставно не одговарај на чудни или, дури, заканувачки пораки! На www.rataufdraht.at можеш да добиеш бесплатна, анонимна и целодневна телефонска помош, доколку не знаеш што понатаму.

[Извор: http://www.saferinternet.at/staysafe/, 23.03.11]





Преглед на онлајн-ризиците



Типологија на онлајн-ризиците

Во својот текст Децата и младите во Веб Web 2.0 - наоди, шанси и ризици " (APuZ 3/2011, онлајн-верзија) Уве Хазенбринк и Клаудиа Ламперт оценуваат разли
чни студии за користењето на интернетот (ЈИМ-студија 2010 - www.mpfs.de; EU Kids Online - www.eukidsonline.net). Покрај забелешките за промената на улогите на корисниците преку социјалната мрежа како и за фасцинацијата од социјалните мрежи за младите, тие развиваат и една систематика на онлајн-ризици, коишто се прикажани на следната табела:
 

 

Димензии на ризиците

комерцијални
цели

агресија,
насилство

сексуалност

вредности

Детето како примач
(content)

реклама, спам, спонзорство

насилни содржини, содржини исполнети со омраза

порнографски или несакани сексуални содржини

расизам, изобличени информации што водат до заблуда (на пример во врска со дроги)

Детето како вклучена страна
(contact)

шпионирање и собирање лични податоци

додевање, шиканирање заплашување

добивање сексуални коментари, контакт со непознати лица, договарање средба со непознати

однесување што штети по самиот себе

Детето како лице што дејствува
(conduct)

илегални симнувања, хакирање и игра на среќа

додевање или заплашување на други

сексуално малтретирање, објавување порнографски материјал

нудење информации, на пример во чет за суициди или проанорексични четови

 

Извор: Уве Хазенбринк/Клаудиа Ламперт: Децата и младите во Веб 2.0 - наоди, шанси и ризици; во: APuZ 3/2011, стр. 8





Одмерено прикажување на темата

Лектира што може да им помогне на родителите и наставниците е книгата на Џон Палфреј и Урс Гасер издадена во 2008 Born Digital. Understanding the First Generation of Digital Natives (на германски јазик издадена под наслов: Генерација интернет. Дигиталните домородци: како тие живеат, што мислат, како работат). Притоа станува збор за тоа, да се разбере Веб 2.0 и дигиталните домородци, но исто така се работи и за опасностите од вебот (2.0) како и за тоа, како да се однесуваме кон нив.

Според Палфреј/Гасер, родителите и наставниците на дигиталните домородци (покрај понудува
чите на услуги и законодавецот) играат важна улога на тој начин што ги водат децата и младите при употребата на интернетот. Препрека притоа претставува фактот што тие, како дигитални имигранти (Digital Immigrants) не располагаат со потребните вештини. Во 12 поглавја од книгата, во следните наслови на поглавјата се отсликуваат опасностите и шансите што произлегуваат од користењето на интернетот од страна на дигиталните домородци:

Идентитети - (Дигитални) Досиеја - Приватност - Сигурност - Креативност - Пиратерија - Квалитет - Преоптоварување - АгресијаИновации - У
чење - Активизам. На придружната веб-страна кон книгата можат да се најдат видео-записи за сите поглавја шшто се изработени од студенти, а кои се погодни за употреба како вовед или резиме: http://youthandmedia.org/video/born-digital/.


[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора