Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Што е Веб 2.0? > Елементи на Веб 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

 Елементи на Веб 2.0

 Тагирање: Мислење 2.0

Учење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 


Елементи на Веб 2.0

Не постои една општо прифатена дефиниција за Веб 2.0 (види Што е Веб 2.0?), но постои консензус за тоа, дека во Веб 2.0 спаѓаат (најмалку) програмите, услугите и активностите што се наведени подолу. На оваат страна се објаснети следните елементи на Веб 2.0 (на пример социјален веб или социјални медиуми):


Блогови (односно Веблогови)

Микро-блогирање (Твитер)

Вики (пред сè проектот-пример Википедиа)

Социјален букмаркинг (Diigo, Delicious итн.)

Споделување преку медиуми (Мedia Sharing) (ЈуТјуб, Фликр итн.)

Социјални мрежи (МајСпејс, Фејсбук итн.)

RSS Feeds

Веб-апови (колаборативни онлајн-алатки како Гугл докс итн.)




 



При објаснувањето на различните елементи на Веб 2.0 ќе ги употребуваме извонредните (и истовремено забавни) видео-записи на Common Craft. Доколку кликнете на видео-симболот, а тоа не смеете да го пропуштите, ќе дојдете до соодветниот видео-запис на веб-страната на Common Craft, на која во период од 2-3 минути е објаснете апликацијата. Во принцип видео-записите се достапни на повеќе јазици (германски, англиски, француски, португалски и шпански). Првиот видео-запис ја објаснува основната идеа што стои зад социјалните медиуми врз основа на сладолед...



Тагирање



Посебна страница е посветена на тагирањето, основна функција во Веб 2.0, којашто игра улога кај сите елементи што се објаснети на оваа страна (кон страната Тагирање: Мислење 2.0). Без таговите и фолксономиите што произлегуваат оттаму не би можела да се замисли социјалната мрежа:

„Во смисла на Веб 2.0 како филозофија, којашто ја максимира како колективната интелигенција така и индивидуалната корист на одделните корисници преку процеси на динамична и формализирана размена (...), таговите и фолксономијата што се базира на нив го претставуваат  'рбетот на ова движење, бидејќи тие во голема мера го овозможуваат пронаоѓањето и споделувањето на содржини генерирани од корисници.“

[Матес Флек/Ларс Кирххоф: Фолксономија и тагови или зошто на веб нема регали, во: Мириам Мекел/Катарина Станоевска-Слабева (изд.) (2008), Веб 2.0. Следната генерација интернет, Баден-Баден: Номос, стр. 189-200]







Разновидност на блогови








Причини за широката распространетост




Блогови

Првичната ознака на веблоговите укажува на тоа, што всушност претставуваат тие: се работи за веб-дневници што можат да послужат за секакви можни цели. Едно семејство може со кратки текстови, слики и видео-записи да ги информира пријателите и роднините низ целиот свет за развојот на децата. Некој хоби-градинар може да ги опишува своите успеси и неуспеси во одгледувањето одредени растенија во неговата градина. Љубител на афоризми може да си зацрта за цел, секоја недела да постира по еден нов афоризам во својот блог. Ние одржуваме два блога за два од нашите области на специјализација: во едниот информираме за новиот развој што се однесува до користењето на компјутерите и интернетот во истражувањето, подучувањето и на училиште, додека вториот е посветен на темата „Политичкото образование и веб 2.0“.

За само неколку години блоговите преминаа во масовен феномен. Во основа, постојат две причини за тоа: првата причина едновремено го објаснува енормното проширување на сите елементи од Веб 2.0 и се поврзува со тријадата на поимите изрази - поврзи - сподели (express - connect - share). Очигледно постоело и постои голема потреба за самоизразување, за искажување на своите интереси и тежнеења, за поврзување со други, за стапување во мрежи како и за споделување на знаењето, мислењата, преференците, на содржини што се сметаат за интересни итн. (види Општество 2.0).

А токму тие функции ги исполнуваат различните услуги на Веб 2.0. Така на пример блоговите по правило располагаат со функција за коментар, блогосферата (= вкупниот број на блогови во моментов
[01/2011] преку 150 милиони) е поврзана во мрежа преку линкови, трек-бекови (Trackbacks) и блог-ролови (Blogrolls), додека информациите можат да се прошират исклучително брзо и со речиси неверојатни димензии.

Втората причина исто така важи за најголемиот број од апликациите на Веб 2.0: блоговите се едноставни за употреба и се по правило бесплатни. Доколку одлучите, во иднина сами да публикувате на веб и се одлучите за блог, вашата прва порака ќе се најде на интернет за помалку од десет минути. Се пријавувате во бесплатна услуга како што се Блогер (Blogger) или ВордПресс (WordPress), се водите според менито и можете да започнете. Следниот видео-запис на Common Craft ги објаснува блоговите на едноставен и приемчив начин:



Функции на блоговите


Додека на почетокот блоговите беа веб-дневници на поединци, нивниот потенцијал беше брзо препознат од страна на компаниите (корпоративни блогови), асоцијации, НВОа итн. Така на пример ние се грижиме за блогот на ДАРЕ, една европска мрежа на НВОа што работат во сферата на едукацијата за демократија и човекови права. За таквите мрежи блоговите претставуваат едноставен и за многу автори од различни земји заеднички корисен инструмент за размена на информации, реализација на и објавување заеднички проекти, лобирање и многу други нешта. И, помеѓу другото, се создава една хронолошка и преку тагови (види тагирање: Мислење 2.0) уредена архива.



Корпоративни блогови:
Комуникација со клиентите и менаџирање на знаењето








Следната книга подлабоко се занимава со блоговите, иако тоа не може баш да се заклучи од насловот:


Во основа компаниите користат блогови за комуникација со клиентите. Предностите се состојат во тоа што во блоговите може да се комуницира без присила како и што клиентите можат да дојдат до збор преку функцијата „Коментар“. Се разбира, постојат и опасности, поради што голем број компании одбиваат да тргнат по патот што води кон Компанија 2.0 (Enterprise 2.0) (види Економија 2.0).

Но, доколку не повеќе, безмалку секоја компанија се обидува да го следи она што се пишува за компанијата во блогосферата (блог-мониторинг). Пораките во блогосферата можат да развијат неверојатни последици, какво што е на пример болното искуство на фирмата ДЕЛЛ (види текст десно). Вирусоидното ширење, пак, од друга страна ги прави блоговите атрактивни за маркетиншки цели.

Освен тоа, многу компании ги користат блоговите интерно. Слично како и Вики, блоговите претставуваат ефикасен инструмент за интерна комуникација во една компанија или, пак, во една мрежа на вработени, добавувачи или понудувачи на услуги.

Притоа блоговите можат да дадат значаен придонес во менаџирање на знаењето во една компанија (т.е. нејзината мрежа), бидејќи со текот на времето од прилозите се создава архива со насобрано знаење од вработените. Доколку некој важен колега ја напушти компанијата, тогаш во неа останува барем еден дел од знаењето во форма на блог-прилози.

Исто така и при пребарувањето на интернетот блоговите играат с
è поважна улога. Честопати блог-записите се наоѓаат во предните редови од резултатите при пребарувања со машини за пребарување. Бидејќи честопати се работи за лични прилози и/или искажувања на субјективното мислење, секако дека на блоговите како извор на информации треба да им се приоѓа внимателно. Покрај бројните лични дневници постојат и голем број професионални блогови, коишто спаѓаат меѓу најдобрите извори на информации во нивната област.

 

 

 

"DELL Hell"

 

Во јуни 2005 професионалниот блогер од САД Џеф Џарвис во својот блог „баз-машин) (buzzmachine) се пожали за својот нов ДЕЛЛ компјутер. Тој при купувањето дополнително платил за некоја услуга, која требало да гарантира дека компјутерот во случај на проблем ќе бил поправен кај него дома од страна на техничар. Компанијата ДЕЛЛ очигледно не била во состојба да ја стави на располагање таквата услуга. По неколку соочувања со ДЕЛЛ, Џеф Џарвис започна да известува за проблемот во својот блог. При неговото второ постирање за недоволниот клиентски сервис на ДЕЛЛ, Џеф Џарвис го креираше поимот „ДЕЛЛ пекол“ (DELL Hell). Четири недели по почетокот на веблог-дебатата (...), Гугл покажа 3,5 милиони резултати. Во меѓувреме кон дискусијата во блогот на Џеф Џарвис, но и во други комуникациски платформи се вклучија безброј други незадоволни клиенти. Анализа за дифузијата на комуникациските врски во мрежната заедница за квалитетот на услугите на ДЕЛЛ покажува дека, како прво, веблоговите доминираат помеѓу комуникациските структури во врска со темата задоволство на клиенти кај производите и услугите на компанијата ДЕЛЛ и, како второ, дека 37 проценти од сите поврзувања на информациските струи (...) се сведуваат на блогерот Џеф Џарвис. Заклучок: опишаните специфичности (...) му овозможуваат на еден единствен комуникатор да стави некоја тема во мрежа или да стави одредена компанија под силен притисок  за одреден период.

[Мириам Мекел, Од многуте ќе се најде едното - како Веб 2.0 ја променува нашата комуникација; во: Од политиката и временската историја 39/2008; стр. 20, онлајн-верзија]

 

 



Кредото на блогерите:
"We don't break the news, we fix the news."



Актуелност и мрежа


Притоа голем број блогери се подразбираат како еден вид контра-јавност. Тие известуваат за теми и резултати, коишто остануваат неначнати во етаблираните медиуми. Мас-медиумите се предизвикуваат во нивата функција како „чувари на портата“ и „задавачи на дневниот ред“. Се зголемува бројот на политичките блогови што известуваат за актуелните временски случувања и што ги коментираат истите. Citizen Journalism станува с
è поважно, особено и токму во кризни региони (воени блогови (Warblogs), види Политика 2.0).

Независно од содржините, начелната предност на блоговите се состои во тоа што тие се актуелни. На тој начин тие претставуваат извонредно средство за да се биде во чекор со сопствените области на интерес, на пример така што ќе се претплатиме за соодветниот блог преку RSS-Feed. Освен тоа, како и кај сите Веб 2.0 апликации, се идентификуваат колегите кои се занимаваат со истата или со сродни теми.



Блогови во наставата










Од досега кажаното можат да се констатираат многубројните можности за употреба на блоговите во практично сите образовни контексти. Тие можат да бидат користени индивидуално, на пример како дневници за учење. На класови или семинарски групи тие им овозможуваат придружување и документација на проекти, семинари и наставни единици. Училиштата можат да водат блогови за целата училишна заедница итн.


Целите што се следат со употребата на блоговите, се на пример следните:

  • поттик за пишување во еден формат, нешто што во професионалниот живот станува сè поважно

  • документирање на напредокот во учењето

  • повторување на учебните содржини преку изработка на постови

  • рефлексија за учебните содржини

  • да се учи да се резимираат содржини

  • соработка во тим, колаборативно учење и пишување

  • учење да се пишува за одредена публика

  • да се пронајдат лица што имаат слични интереси

  • учество во дискусии на мрежа (функција „Коментар“)

  • зголемување на мотивацијата за стекнување знаење, за да може да се пишува компетентно за потенцијална глобална публика

  • соработка со други класови, групи, училишта, универзитети, НВОа...

  • итн.

Може да се поддржува компетентноста за медиуми, партиципативното, кооперативно и самоопределувачко учење, освен тоа автоматски се архивира сето она што се изработува. Значи, многу нешта говорат за употребата на блоговите. Вил Ричардсон, чија извонредна книга за можностите за употреба на алатките од Веб 2.0 беше објавена на германски јазик на почетокот од 2011, ги резимира предностите од употребата на блоговите во споредба со традиционалното пишување на следниот начин:

„writing stops; blogging continues.
writing is inside; blogging is outside.
writing is monologue; blogging is conversation.“

[Вил Ричардсон (2006), Blogs, Wikis, Podcasts, and Other Powerful Web Tools for Classrooms, Thousand Oaks, стр. 31]



Привлечноста на блоговите


Петер Глазер, кој го следи развојот на дигиталниот свет од почетокот и кој и самиот е активен блогер, во едно интервју за Штутгартер Цајтунг од 23 јули 2008 на прашањето, каква привлечност имаат блоговите за него, тој одговори:

„Низ блоговите можам да ја опфатам неверојатната разновидност на она што луѓето го доживуваат, што го мислат, гледаат, прават, што го читаат, фотографираат, составуваат и сметаат. Да напоменам: јас имам голема библиотека и со задоволство читам и печатени весници. Но, доколку извонредниот вишок на изненадувања и висококвалитетни чудесии, коишто ги нудат блоговите, би ги имало само на хартија, би ми требало багер. Блоговите претставуваат еден значаен нов приод кон модерната светска култура.“

[кон прегледот]







Твитер и Ко.


















Можности за употреба на микро-блогингот




Mикро-блогирање (Microblogging)

Микро-блогирањето претставува посебен начин на блогирање што се карактеризира со ригидно ограничување на обемот на една информација на, вообичаено, 140 знаци или помалку. Корените на и примерот за микро-блогирање претставуваат СМС-ите што често се користат кај мобилните телефони. Микро-блогирањето се практикува како јавно - најголема таква услуга во моментот претставува Твитер - така и во затворени групи како што е случајот во компании или кај некој конкретен проект.

Во приватната употреба тој се користи за да се биде во тек со настаните во кругот на пријателите, семејството или познаниците што е едноставно да се овозможи со оглед на фактот што ажурирања на статусот можат да се испраќаат и од мобилни телефони или од смартфони. Така на пример кон крајот на 2010 околу 40% од сите „твитови“ (така се нарекуваат кратките пораки на Твитер) се креирани на тој начин. Видео-записот на Common Craft покажува, како функционира тоа:



Можностите за употреба надвор од приватната употреба се зачудувачки разновидни и покрај тоа што пораките се кратки. Тие опфаќаат:

  • одржување на односи со клиентите за компании;

  • информирање на и комуникација со граѓаните за влади, администрации, пратеници итн. (увид во обемот на употреба, на пример за американската политика, може да се добие од govtwit);

  • комуникација во една компанија и/или на одреден проект (да се постави кратко прашање на колега, испраќање линк до некој документ и молба за преглед на документот и повратна информација, испраќање линк до некој извор на информации, којшто некој тукушто го нашол итн.);

  • комуникација со и информација на колеги или студенти во универзитетско опкружување

  • итн.



Пребарување со хаш-тагови (Hashtags)










Автоматизација на пребарувањата со сигнали (Alerts)




Целно следење лица на Твитер









Пример за активно користење

Пасивното користење се употребува за пребарување и прибирање информации како и за запознавање лице со експертиза во полињата на интерес. Покрај вообичаената функција на пребарување, кај Твитер постои поефикасна форма на пребарување со помош на хаш-тагови (Hashtags). Притоа не станува збор за  ништо друго освен за типични клучни зборови за Веб 2.0 (тагови) што се употребуваат од страна на други корисници за категоризација на содржини, во тој случај на твитови.

Тие ја имаат формата #gov20 (еден од најважните хаш-тагови за твитови на тема „Влада 2.0“) или #iranelections (познат хаш-таг, со коишто се означени прилозите во врска со последните избри во Иран и немирите во тој контекст). Пребарувањето со помош на тој хаш-таг значително ја подобрува релевантноста на резултатите од пребарувањето. За таа цел, секако, е неопходно да се знаат хаш-таговите. За таа цел се етаблират специјални услуги како што е случајот со Тагалус, еден вид речник за хаш-тагови.

Вреди да се наведе и тоа, дека ваквиот процес на пребарување може да се автоматизира. Услугите како Твилерт нудат можност за креирање сигнали (Alerts), со коишто на пример секојдневно можете да добивате е-пошта со листа на сите твитови што се испратени со хаш-тагот #gov20. Значи, Твитер претставува извонреден инструмент за да се биде во тек со настаните.

Твитер добива уште поголема ефикасност, доколку се концентрирате на лица, чии твитови се за вас најинтересни и најдобитни и доколку ги следите нив. Како функционира тоа? Ние постапивме така што во период од повеќе денови ја разгледавме навистина долгата листа со резултати за сигнали за #gov20 и потоа одлучивме, кои лица да ги следиме целно насочено. Ова го намали ангажманот, бидејќи не мораше да се прегледуваат повеќе стотици твитови, а тоа истовремено обезбедува оптимална добивка, бидејќи  кругот на избрани лица по правило дава информации што се од непосреден интерес.

Исто така преку директна порака со двајца корисници на Твитер, кои постираат на нашата специјална тема, воспоставивме личен контакт и поопширно разменуваме идеи и мислења по е-пошта за теми што заеднички н
è интересираат. На тој начин располагаме со две лица за контакт, кои се важни за нашите актуелни проекти, а до кои немаше никогаш да дојдеме без Твитер.

Што се однесува до активното користење, значи сопственото испраќање пораки на Твитер, на следниот видео-запис „Менаџмент на знаењето во 140 знаци“ како и на односната веб-страна можете да најдете пример на конкретен случај од областа на високото образование:




[кон прегледот]







парадигматски софтвер на Веб 2.0


Следната книга содржи глава за Вики на страните 39-60, којашто вреди да се прочита:




Вики

Замислете си дека пребарувате низ интернет и на некоја страна ја наоѓате листата со наслови на вашиот омилен автор. Не е наведена само најновата книга. На таа страна има тастер ‚обработи’. Вие кликнувате на него, се отвора прозорец за обработка (...). Го внесувате новиот наслов и го меморирате записот. Новиот наслов е веднаш онлајн. Доколку најдете една таква интернет-страна, на којашто може да се прави тоа, во тој случај најверојатно се работи за вики-страна. Секако, можеби некој друг интернет-корисник ќе сака да го прошири или промени вашиот прилог или, пак, да го врати во првобитната состојба. Тоа се правилата. Таквата способност на Вики-софтверот темелно го промени квалитетот на интернетот како медиум.“

[Ања Еберсбах/Маркус Глазер/Рихард Хајгл: Социјална мрежа, Констанца: Издавачка куќа УВК, 2 издание 2011, стр. 39 па натаму]

Како ниеден друг елемент на Веб 2.0, Вики-ата претставуваат синоним за преминот од мрежа за читање кон мрежа за читање/пишување. Содржините на Вики-ата се генерираат од страна на корнисници (user generated content) и можат во секое време да бидат променети од нив. Вики-ата овозможуваат колаборативно генерирање содржини. Доколку користењето на колективната интелигенција претставува централен принцип во светот на Веб 2.0, тогаш Вики-ата се парадигматскиот софтвер на тој свет. Во прилог на тоа говори и сторијата на успехот за најпознатиот Вики: онлајн-енциклопедијата Википедиа. Дон Тепскот и Ентони Д. Вилиамс, авторите на влијателната книга „Wikinomics. How Mass Collaboration Changes Everything“ го употребуваат поимот „викиномија“ (Wikinomics) (вики + економија) за карактеризирање на длабоките промени во економскиот систем (за Викиномија види Економија 2.0):

„A wiki is more than just software for enabling multiple people to edit Web sites. It is a metaphor for a new era of collaboration and participation.“

[Дон Тепскот / Ентони Д. Вилиамс: Wikinomics. How Mass Collaboration Changes Everything, Лондон 2008, стр. 18]

Основниот начин на функционирање на Вики е објаснето на следниот видео-запис на Common Craft:



Википедиа












„Замислете си еден свет, во кој целото знаење на човештвото му е слободно достапно секому. Тоа е нашата цел!“

[Џими Вејлс]


Еден друг видео-запис на Common Craft му е посветен на онлајн-енциклопедијата Википедиа, чија верзија на англиски јазик во овој момент
[01/2011] опфаќа лексиконски написи што се заеднички составени од преку 3,5 милиони корисници. Објавената цел на Википедиа е да се овозможи слободен пристап за сите луѓе до збирот на човечкото знаење. Иако високиот квалитет на лексиконот е докажан во повеќе студии, голем број луѓе и понатаму тешко прифаќаат, дека еден лексикон што не е составен од одделни експерти, туку од безброј доброволци, може да претставува извор на знаење во којшто можеме да имаме доверба (во врска со дискусијата за „Мудроста на многумината“ / "wisdom of crowds", којашто се потхранува пред сè преку Википедиа, види Мудроста на многумината во делот Општество 2.0). Механизмите со коишто се користи Википедиа за да го обезбеди квалитетот и балансот на написите, се делумно објаснети во следниот видео-запис:



Википедиа се финансира исклучително преку донации за да остане независна. На почетокот од 2011 основачот на Википедиа, Џими Вејлс, по донаторската кампања за финансирање на тековната година се обрати до поддржувачите со следните зборови:

„Неверојатно! Секоја година си задаваме амбициозна цел, за којашто знаеме дека претставува предизвик. Тоа мора да биде така, бидејќи Википедиа и заедницата позади неа постојано растат. Денес Википедиа претставува петтата најпосетена веб-страна на светот, додека нашите вработени, нашата инфраструктура и нашиот буџет претставуваат само незначителен дел од она што им стои на располагање на другите топ 10 веб-страни.

Секоја година илјадници луѓе од целиот свет ја поддржуваат Википедиа. Сепак, оваа година е малку поневообичаена од претходната: го славиме десеттиот роденден на Википедиа. Затоа е толку многу важно да ја започнеме новата година токму со обезбеден буџет што ќе ги поддржи финансиски Википедиа и сите нејзини проекти-ќерки и што ќе ни овозможи да започнеме со следните десет години наша заедничка работа.

12 милиони евра - никогаш не сме добиле толку многу поддршка и донаторската кампања никогаш не била толку кратка. Имам уште неколку податоци за вас:

преку 500.000 донации за фондацијата Викимедиа,
речиси 130.000 донации за националните асоцијации на Викимедиа низ целиот свет (...).

Овогодишната донациска кампања се карактеризираше со сето она што го сакаме кај проектите на Викимедиа: луѓето се собираат, даваат од она што го имаат и се создава нешто фантастично. Ангажманот на еден техничар во Мумбаи, Индија, стои покрај донација на берзантски посредник од Лондон, додека студент од Москва ја дава својата поддршка, а резултатот е: постоењето на овој извонреден заеднички проект е осигуран за уште една година.

И сега? Да прославиме заедно! Од длабочината на моето срце и од името на повеќе од 100.000 активни доброволци,

Благодарам!

Џими Вејлс
Основач на Википедиа

[Извор: Википедиа, 07.01.2011]

Под тој текст, веб-страната дава листа на актуелни донатори и износи на донациите и нивни коментари. На 7 јануари 2011, на пример, првите три записа гласеа вака (во следниот текст ги отстранивме имињата):

Им благодариме на нашите донатори:

на 07.01.2011: Ц. од Дипхолц 25.00 € „Википедиа е мојот секојдневен придружник. Не секогаш научна и опширна до последниот детал, а сепак незаменлива за да се има првичен преглед и вовед во некоја тема. Ви благодариме за вашата работа!“

на 07.01.2011: Ј. од Берлин 50.00 € „Википедиа ме придружуваше низ моите студии. Време е да се врати нешто!“

на 07.01.2011: У. од Дрезден 25.00 € „Информациите од Википедиа се материјални и не се карактеризираат со комерцијални интереси, значи се неутрални, и се генерираат од страна на ангажирани со-корисници. Продолжете и понатаму така,  без реклами!!“


 


Освен тоа, по повод 10 годишниот роденден изработен беше еден видео-запис, во којшто е опфатен развојот од првата декада и се наведени најважните предизвици за иднината:



формирање заедници (community building)





Менаџмент на знаењето со Вики




Вики како алатка за учење


Коментарите на донаторите како и видео-записот ставаат јасно до знаење, дека проектите на Википедиа се вистински проекти на една заедница (community). Само на тој начин може да се објасни успехот и фасцинацијата на овој проект. Во моментов интензивно се истражува, кои се факторите што играат одлучувачка улога при создавањето и негата на заедниците. Ова несомнено претставува една важна тема за сите области од економијата и општеството, бидејќи со Веб 2.0 за првпат на располагање стои една (потенцијално глобална) платформа за проекти на една заедница.

За крај важно е да се укаже на тоа, дека вики-ата наоѓаат разновидна примена во различни контексти. Со оглед на едноставноста во нивната употреба и флексибилноста, викија се употребуваат во голем број компании и организации за интерно менаџирање проекти и , пред сè, за менаџирање знаење. Ние честопати употребуваме Викија за придружување на документацијата поврзана со едукативни настани. Слично како и блоговите (види горе) викијата можат да се користат во различни образовни контексти. Со викијата како платформа за учење се овозможува заедничка изработка на содржини. Исто така и дополнувањето на некоја статија во Википедиа може да биде убав и мотивирачки елемент на некоја наставна единица. Потоа е потребно да се следи што се случува со сопствениот запис... (учењето како процес).

Освен тоа, Вил Ричардсон нагласува, дека викијата ("a website where anyone can edit anything anytime they want", стр. 59) даваат мотивација не само за (колаборативно) пишување, туку и за (критичко) читање, бидејќи еден текст што може да се обработува се восприема поинаку од еден „нормален“ текст:

„As students approach the wiki with writing ideas in mind, they first search to see if content about that topic has already been posted. So they need to read critically first, if they are to find the areas where information is missing or disorganized. Even though the writing is not their own, they must take it as their own because they have the ability to edit and make it better.“

[Вил Ричардсон (2006), Blogs, Wikis, Podcasts, and Other Powerful Web Tools for Classrooms, Thousand Oaks, стр. 67]


[кон прегледот]







индивидуални предности







споделувањето во корист на сите






пронаоѓање истомисленици




„Социјално пребарување“




Социјален букмаркинг

Основната идеа е едноставна: наместо да се сочуваат веб-страните локално во некој пребарувач како букмарк (односно фаворит), тоа се прави на веб-страната од некоја услуга на социјален букмаркинг како на пример Дииго (Diigo) или Делициоус (Delicious). Која е ползата од тоа? Може подобро да се менаџира листа со линкови до омилени веб-страни, да се подредува со тагови (види Тагирање: Мислење 2.0) и, пред сè, може да се пристапи до нив отсекаде. Додека букмарковите, коишто се меморираат дома, во сопствениот пребарувач (Firefox, Internet Explorer итн.), стојат на располагање само дома, на сопствениот компјутер, онлајн-збирката на букмаркови може да се користи и доколку се оди на интернет од некое интернет-кафе од местото каде што се наоѓате на одмор или од компјутерот што стои на располагање во хотелот, во којшто се одржува вашата конференција.

И „социјалното“  во сето тоа: овие збирки на букмаркови можат да бидат јавно достапни и во нив увид да имаат и други корисници. На тој начин од тоа профитираат сите од знаењето и трудот на оние интернет-корисници, кои се потрудиле да генерираат такви збирки. Ние самите имаме повеќе такви јавни збирки, една таква е на пример кај социјалната букмаркинг услуга Делициоус со извори на теми интернет-пребарување, менаџирање со знаењето, веб-поддржани апликации и е-учење. Таа збирка во моментов
[01/2011] содржи повеќе од 1.200 линкови со делумно обемни податоци.

Освен тоа, услугите на социјален букмаркинг нудат функции, коишто го олеснуваат пронаоѓањето други корисници (понекогаш и воспоставувањето контакт со нив), кои меморирале слични букмаркови односно употребуваат слични тагови. Можат да се основаат групи, да се креираат заеднички збирки на букмаркови или едноставно се гледаат букмарковите што ги собрале „истомислениците“ итн.

Ова укажува на уште една предност: социјалниот букмаркинг претставува моќно средство за пребарување на интернетот. Додека општите машини за пребарување по правило даваат премногу резултати со, делумно скромен, квалитет, пребарувањето во некоја услуга за социјален букмаркинг дава само веб-страни како резултати, коишто се проценети од страна на корисниците како толку драгоцени што тие ги додале нив во соодветната букмаркинг-збирка. И во овој случај може да се профитира од агрегираната „Мудрост на многумината“.

На следниот видео-запис е опишано како функционира социјалниот букмаркинг:




[кон прегледот]







YouTube & Co.
 




Споделување преку медиуми (Media Sharing)

Во најпознатите и најомилени веб-страни спаѓаат ЈуТјуб (видео-записи), Фликр(фотографии), last.fm (веб-радио) или СлајдШер (презентации). Сите тие нудат можност за прикачување медиуми, подредување со тагови и коментирање видео-записи или фотографии на други корисници. Споделувањето преку медиуми на примерот на „Online Photo Sharing“ е објаснето на следниот видео-запис на Common Craft:



Особено ЈуТјуб се карактеризира со извонредна историја проследена со успех и игра централна улога во Маркетинг 2.0 (види Економија 2.0). Фирмите се обидуваат да произведат атрактивни видео-записи во надеж, дека таквите записи ќе се прошират во ЈуТјуб како „жив оган“ (вирален маркетинг).

„Виралното проширување на содржини е (...) одлучувачки фактор за успехот на еден проект во времиња на Веб 2.0. Станува збор за тоа, дека корисници препорачуваат понатаму некоја веб-страна, кампања или, едноставно, некој видео-запис. Само на тој начин се проширува некоја апликација или порака со посакуваната брзина и наеднаш се стигнува до целни групи, кои се имуни на вообичаена реклама.“

[Торстен Алерс: Нови апликации и деловни полиња во Веб 2.0; во: Мириам Мекел/Катарина Станоевска-Слабева (изд.) (2008), Веб 2.0. Следната генерација интернет, Баден-Баден: Номос, стр. 93-107, тука: стр. 97 па натаму]




политички фактор










Проблеми:
авторски права, сајбер-мобинг


Покрај компании, сопствени ЈуТјуб канали одржуваат и партии, политичари, НВО-а и дурги организации. Во текот на претседателската изборна кампања на Барак Обама, неговиот тим постави речиси 2000 видео-записи на својот ЈуТјуб канал, коишто биле погледнати 80 милиони пати. Освен тоа, на ЈуТјуб се поставени 442.000 видео-записи на Обама, коишто се направени од корисници. Со други зборови: услугите за споделување преку медиумите станаа важен фактор во политичката комуникација (види Политика 2.0). Тоа важи и за под-кастовите, на коишто им е посветен видео-запис на Common Craft:



Покрај предностите - на пример пристапот до безмалку неограничени мултимедијални ресурси за наставата или семинари, постојат и значителни проблеми токму кај услугите за споделување преку медиуми (повеќе за проблемите можете да најдете на страната Опасности на Веб 2.0 во делот Општество 2.0):

„Очигледен проблем во поставувањето мултимедијални содржини се повредите на авторските права. Можеби како резултат на недоволна свест за авторските права, корисниците сè почесто поставуваат материјал на платформите, за коишто тие не поседуваат права за проширување. (...) Потешкотии задава и дифармирачкиот материјал што има за цел да „разголи“ некого во јавноста.“

[Ања Еберсбах/Маркус Глазер/Рихард Хајгл: Социјална мрежа, Констанца: Издавачка куќа УВК, 2 издание 2011, стр. 135]


[кон прегледот]







Facebook & Co.




Социјални мрежи

Во декември 2010 Тајм Магазин го круниса 26 годишниот основач на Фејсбук, Марк Цукерберг, со називот „Лице на годината“. Ваквиот факт како и образложението за изборот го појаснуваат значењето што го добија онлајн социјалните мрежи во последните години:

„For connecting more than half a billion people and mapping the social relations among them (something that has never been done before); for creating a new system of exchanging information that has become both indispensable and sometimes a little scary; and finally, for changing how we all live our lives in ways that are innovative and even optimistic, Mark Elliot Zuckerberg is TIME's 2010 Person of the Year.“

[Richard Stengel: Only Connect, Time Magazine online]

2010 Фејсбук порасна и брои преку 550 милиони членови. Секој ден (!) се придодаваат 700.000 нови корисници. За помалку од седум години Фејсбук успеа секој дванаесетти човек во светот да го направи дел од мрежата на Фејсбук. Според Лев Гросман ова е

„a permanent fact of our global social reality. We have entered the Facebook age.“

[Lev Grossman: Mark Zuckerberg, Time Magazine online]

Основната идеа на онлајн социјалните мрежи е објаснета на следниот видео-запис на Common Craft:



Очигледно социјалните мрежи како ЛинкедИн или Ксинг (професионална) или МајСпејс и Фејсбук (приватно, при што границите се претопуваат) погодија нерв. Тие ги исполнуваат функциите изрази - поврзи - сподели од Веб 2.0 (види страна Социјални мрежи во делот Општество 2.0) со особен израз и ги интегрираат на едно место. Така, Фејсбук, и покрај ненадмоќната технологија, во меѓувреме го надмина Фликр како најголема заедница за фотографии (со 15 милијарди фотографии, на која секој ден се придодаваат 100 милиони).



Проблеми:
заштита на податоци, сајбер-мобинг


Исто така и јавната дебата за Веб 2.0 с
è повеќе се дефинира преку Фејсбук и ко. (покрај Викиликс поради спектакуларните објавувања во 2010). Притоа на преден план честопати се наоѓаат опасности, во случајот на социјалните мрежи пред сè проблемите со заштита на податоците (однос со податоците за корисниците, мониторинг, дата-мајнинг, персонализирано рекламирање) и различни форми на напади (сталкер, мобинг). Дебатите ставаат до знаење, дека традиционалните концепти за приватна сфера, заштита на податоци, авторски права итн. не се повеќе доволни или не се практични. Но, сеуште владее збунетост за тоа, како би можеле да бидат прилагодени ваквите концепти и права. Сè додека владее нејасност по однос на тоа, ќе постојат граници за можностите за употребата на ваквите инструменти во училиштата. Следниот видео-запис се занимава со употребата на Фејсбук во високото образование:




[он прегледот]







Менаџирање информации




RSS Feeds

RSS (Really Simple Syndication) е важен инструмент за менаџирање на знаењето и причина за тоа, зошто информациите во Веб 2.0 можат да се прошируваат со огромна брзина. Основната идеа се состои во тоа што повеќе не мора да се бараат претпочитаните веб-страни (пораки, блогови, викија, пребарувања итн.) за да се види дали има нешто ново, туку таквите веб-страни (или делови од нив) се претплаќаат преку RSS. Како резултат, новините на тие веб-страни се добиваат автоматски. За таа цел се потребни читачи на вести (т.н. Feed-Reader), којшто ги собира и прикажува RSS-Feeds. Така на пример може да се состави сопствен „онлајн-весник“ според своите интереси и потреби, во кој секој ден автоматски се добиваат релевантни информаци. На следниот видео-запис на Common Craft е објаснето, како тоа функционира:




[кон прегледот]







Што се веб-апови?













Кои веб-апови постојат?





Предности на веб-аповите

 




Веб-апликации

Техничкиот развој што е овозможен со Веб 2.0 како на пример зголеменото проширување на брзите интернет-врски или новите програмерски технологии како АЈАКС, не само што ги ставија на преден план погоре дискутираните блогови или викија. Тие создадоа услови и за создавање една нова категорија на апликации: т.н. веб-апликации (скратено веб-апови). Споре Википедиа се работи за

„... компјутерска програма што се издава на некој веб-сервер, при што интеракција со корисникот може да се воспостави преку веб-пребарувач. Притоа се поврзуваат компјутерот на корисникот (клиентот) и на понудувачот на услугата (серверот) преку мрежа како што е интернетот или преку интранет, така што просторната оддалеченост помеѓу клиентот и серверот не игра улога.“

Зад оваа спектакуларна дефиниција се крие едно парче вистинска револуција што со себе ја донесе Веб 2.0. Нејзиното значење се распознава и препознава доколку се има предвид следното:

Прво: за практично секоја замислива апликација што досега била возможна само на локален компјутер денес по правило постојат истовремено повеќе алтернативи во форма на веб-апликации. Ова важи како за обработка на текстови, преку калкулација со табели па с
è до софтвер за презентации, проектен менаџмент, мајндмапинг, финансиска администрација, обработка на слики, менаџмент на односи со клиенти итн. За оние што сакаат да добијат преглед на енормното шаренило добра појдовна точка претставува листата Go2Web20 што содржи преку 3.000 апликации.

Второ: само по себе не би било особено возбудливо, доколку овие веб-апови не би нуделе повеќе темелни предности во споредба со нивните десктоп-пандани. На некои од нив упатува следниот видео-запис на Common Craft „Google Docs in Plain English“, што би требало најпрво да го погледнете.



Покрај таму обработената предност - можноста за работа на еден документ со други во реално време, незавнисно од тоа каде се наоѓаат другите (и независно од тоа, каков оперативен систем користат тие и без да мора да има инсталиран софтвер во каква било форма), се придодаваат голем број други јасни предности:

  • веб-аповите се практично во континуитет далеку ценовно поповолни од десктоп-решенијата. Многу од нив, како на пример Google Docs и цела редица апликации на Zoho, можат да се користат дури и бесплатно во основна верзија што е доволна за приватен корисник;

  • веб-аповите лесно се скалираат, тоа значи, кога некоја компанија се проширува, тогаш не мора да се преземаат скапи инвестиции во хардверски и софтверски лиценци. Неопходните капацитети што произлегуваат оттаму дополнително и едноставно се резервираат со еден клик на глувчето;

  • веднаш штом на располагање стојат нови функционалности од страна на понудувачот, тие се интегрираат и веднаш можат да се користат од страна на корисниците, без да мора да се чека со години на новата верзија на офис-пакетот или да се мора да се доплаќа за тоа;

  • не само апликациите, туку и сите датотеки стојат на располагање за секој компјутер со пристап на интернет, а делумно дури и на мобилни апарати. Значи без никаков проблем може да се започне со работа на некој документ на училиште или во канцеларија, а потоа да се продолжи со работата од дома;

  • ова истовремено упатува на уште една точка: податоците се автоматски сочувани во „облачето“ ("Cloud") на серверите на понудувачите на веб-апликации.


Проблеми

Најчесто дискутираниот проблем во врска со веб-аповите е безбедноста на податоците. Дали можеме да ги довериме нашите чувствителни податоци на некој понудувач на веб-апови? – ова прашање секако се поставува не само за компании, туку претставува далеку потемелно прашање за владите и администрациите.

Освен тоа, се поставуваат прашања во врска со преминот и компатибилноста на постоечките решенија. Како се одржуваат постоечките податоци во новата структура на веб-апови? Дали тие потоа можат да се заменат со, и понатаму потребните или саканите, десктоп-решенија или интранет-решенија за компании или за интерни административни цели?

Да резимираме: без клауд компјутинг (Cloud Computing) и веб-апови во иднина нема ништо да функционира, а корисниците притоа ќе можат сè повеќе да употребуваат два различни концепта. Едниот е развиен имајќи го за основа веб-от, како што е случајот со Гугл Докс или Зохо, додека другиот доаѓа од десктопот и е „проширен“ во веб-от, како што е случајот со Мајкрософт или Мајндџет. Основните предности на првиот се (токму за образовни институции) помалите трошоци како и, во моментов, с
è уште надмоќните можности за соработка. Во полза на вториот концепт говори фактот што и понатаму може да се работи со (десктоп) софтверските решенија што се етаблирале во многу случаи.


[кон прегледот]



[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора