Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Општество 2.0 > Дигитални домородци

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е Веб 2.0?

У
чење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 Опасности на Веб 2.0

 Социјални мрежи

 Мудроста на многумината

 Дигитални домородци
 


Дигитални домородци

Поимот „дигитални домородци“ (Digital Natives) произлегува од еден краток текст на Марк Пренски од 2001 година. Овој текст може да се најде со целосна содржина во pdf формат (Марк Пренски: Digital Natives, Digital Immigrants)
. Авторот поаѓа од следната теза:

„Our students have changed radically. Today's students are no longer the people our educational system was designed to teach.“ (стр. 1)

Колку темелно се измениле младите? Тие се првата генерација што е израсната со дигитална технологија: компјутерите, интернетот, мобилните телефони, МП3-плеерите, дигиталните камери, компјутерските игри итн. за нив претставуваат сосем вообичаен дел од секојдневнието.

„It is now clear that as a result of this ubiquitous environment and the sheer volume of their interaction with it, today's students think and process information fundamentally differently from their predecessors.“ (стр. 1)

Младите размислуваат поинаку - не полошо, туку поинаку: во мрежа, во игра, со скокови, интерактивно, вон воспоставените граници, значи интердисциплинарно, помалку систематски во традиционалната смисла на хиерархиската класификација (види Мислење 2.0), честопати покреативно, според проценката на Пренски, којшто ја образложува во втор текст што исто така стои на располагање со целосна содржина во pdf формат (Марк Пренски: Digital Natives, Digital Immigrants, Part II: Do They Really Think Differently?).









[Фото: Џ-Корнелиус, Викимедиа, Creative Commons]-



Дигитални домородци наспроти дигитални имигранти









Наставниците и учениците не го говорат повеќе истиот „јазик“


И тие млади Пренски ги именува како „дигитални домородци“, за да може да се разграничат од „дигиталните имигранти“. Дигиталните домородци се „родените говорители" на дигиталната ера, додека „дигиталните имигранти“ во дигиталниот свет секогаш имаат „акцент“ (Пренски дава примери во својот текст за ваков акцент - како што е печатењето мејлови).

Секако, притоа не станува збор за јасно поделени научни категории, поради што малку плодни се честопати водените дискусии за тоа, дали под поимот „дигитални домородци“ се подразбираат лицата родени по 1970 или, пак, оние по 1980. Секако, постојат дигитални имигранти кои се снаоѓаат солидно во дигиталниот свет - овде Дејвид Вајнбергер го предложува финиот поим „Digital Settlers“. Спротивно, постојат луѓе родени по 1980, а кои се с
č друго, само не дигитални родни говорители.

Всушност проблемот на којшто упатува Пренски се состои во фактот што дигитални имигранти (со своето поинакво мислење и нивниот поинаков приод) во нашите образовни системи подучуваат дигитални домородци. Тука тој ја гледа централната причина за различните проблеми во образовниот систем:

„... the single biggest problem facing education today is that our Digital Immigrant instructors, who speak an outdated language (that of the pre-digital age), are struggling to teach a population that speaks an entirely new language.“ (стр. 2)

Во што се состојат разликите? Во која мера се некомпатибилни концептите за учење на дигитални имигранти и концептите за учење на дигиталните домородци? Пренски го наведува следното:

„Digital Natives are used to receiving information really fast. They like to parallel process and multi-task. They prefer their graphics before their text rather than the opposite. They prefer random access (like hypertext). They function best when networked. They thrive on instant gratification and frequent reward. They prefer games to 'serious' work. (...) These skills are almost totally foreign to the Immigrants, who themselves learned - and so choose to teach - slowly, step-by-step, one thing at a time, individually, and above all, seriously.“ (стр. 2)

[сите цитати од: Марк Пренски: Digital Natives, Digital Immigrants; On the Horizon, Vol. 9, No. 5, October 2001]

Предлогот за решение на Пренски се состои во тоа, подучувањето да се реализира со помош на  (компјутерски) игри, значи методски да се поддржат дигиталните домородци онаму, кадешто се наоѓаат. Дигиталните домородци реагираат на компјутерските игри на својот „мајчин јазик“. Ваквиот предлог секако има свое оправдување, но е премногу површен со оглед на темелните разлики што произлегуваат од Веб (2.0) за подучувањето и учењето (види страна Учење 2.0).




Мрежна генерација   (Net Generation)







Поимот „дигитални домородци“ се прошири бргу. Заедно со антонимот „дигитални имигранти“ тие даваат јасна линија на поделба, а интуитивно се забележува и метафората. Сепак, постојат и конкурентни поими што се обидуваат да го означат истото, пред с
č поимот "Net Generation" на Дон Тепскот што е врежан уште во 1997 во неговата книга „Growing Up Digital“. Во 2008 Тепскот ги објави резултатите од еден голем истражувачки проект под наслов „Grown Up Digital. How the Net Generation is Changing Your World“. Следните видео-записи прикажуваат интервју со авторот за книгата како и едно излагање за клучните тези од „Grown Up Digital“:








Критика кон дигиталните домородци
 



Нашироко распространетата критика врз „Net Generation“, на којашто Тепскот во своето излагање (како и во својата книга) се обидува да и се противстави, самиот ја резимира (со свесно изострување) на следниот начин:

„They're dumber than we were at their age. (...) They're screenagers, Net addicted, losing their social skills, and they have no time for sports or healthy activities. (...) They have no shame. (...) Because their parents have coddled them, they are adrift in the world and afraid to choose a path. (...) They steal. They violate intellectual property rights. (...) They're bullying friends online. (...) They're violent. (...) They have no work ethic and will be bad employees. (...) This is the latest narcissistic 'me' generation. (...) They don't give a damn."

[Дон Тепскот (2008), Grown Up Digital. How the Net Generation is Changing Your World, New York u.a., стр. 4-5]

Во извештајот од своет истражување „Digital Natives With a Cause? A Knowledge Survey and Framework" авторите Нишат Шах и Сунил Абрахам даваат резиме на критиката врз и пофалбата на дигиталните домородци со следните наслови (pdf на интернет):
 

Digital Natives

 

The Criticism

The Applause

 

Ignorance and Dumbness

The Values of Freedom

Addiction and Poor Social Skills

Promoting Tolerance and Co-existence

Confessionals and Privacy

A Call for Diversity

Self-centredness and Self-importance

Finding Collaborators and Innovators

Digital Piracy

Mobilisation and Participation

Plagiarism and the Digital Classroom

Information Dissemination & Political Engagement

Consumers rather than Citizens

Cultural Production and Interventions



Дали постои „Мрежна генерација“?










 



Покрај жешките дебати за обележјата на дигиталните домородци некои автори наведуваат сомнежи за тоа, дали воопшто постои нешто како „Net Generation“. Особено со изострените тези на Пренски се разгорува голема критика. Во најзабележителните скептици спаѓа Ролф Шулмајстер:

„Фактот што денес се употребуваат други медиуми отколку порано не е доволно образложение за мистификацијата на цела една генерација како генерација од поинаков вид. Напротив, генерацијата што расте со тие нови медиуми, гледа на нив како на подразбирлив придружувач на нивното секојдневие како што бил случајот кај претходните генерации со телевизорите, телефоните или радиото.“

[Ролф Шулмајстер (2009), Дали постои една „Net Generation“? Проширена верзија 3.0, стр. 149, pdf на интернет]

Една одмерена претстава може да се најде во книгата на Џон Палфреј и Урс Гасер „Born Digital. Understanding the First Generation of Digital Natives“ објавена во 2008 година (објавена истата 2008 година на германски јазик под наслов: „Интернет генерација. Дигитални домородци: Како живеат, што мислат, како работат“). Во едно интервју во Штутгартер Цајтунг од 10.01.2009 Урс Гасер ги дефинира Digital Natives на следниот начин:

„Ние ги разграничуваме Digital Natives, значи „домородците“, од дигиталните имигранти, доселениците. Имигранти се оние, кои можат да се сетат на времето без интернет и мобилен телефон. Тие сč уште читаат весници и бараат информации во книги и библиотеки. Дигиталните домородци имаат поинаков однос кон медиумите. За да се биде дел од дигиталните домородци младите луѓе треба да исполнат три критериуми. Прво мора да бидат родени по 1980, значи во еден свет, во кој мобилните телефони, компјутерите и интернетот станаа нешта што се подразбираат. Второ, тие мора да имаат пристап до модерните средства за комуникација. Во многу земји и некои социјални слоеви тоа не е нешто што се подразбира само по себе. Третиот критериум честопати се потценува: дигиталните домородци мора да знаат како да постапуваат со таквите средства за комуникација.“

Оваа книга во основа е насочена кон родители и наставници на дигиталните домородци, кои според Палфри/Гасер играат важна улога за да ги упатат децата и младите во користењето на интернетот. Притоа како препрека се поставува фактот што тие, како дигитални имигранти, не располагаат со компетентноста што е неопходна за таа цел. Во 12 глави од книгата се расветлуваат опасностите и шансите од користењето на интернетот од страна на Digital Natives под следните поднаслови:

Идентитети - (Дигитални) досиеја - Приватност - Безбедност - Креативност - Пиратерија - Квалитет - Преоптовареност - Агресија -  Иновации - Учење - Активизам. На придружната веб-страна кон книгата можат да се најдат видео-записи за сите глави изработени од студенти, коишто се погодни да се земат за вовед или резиме: http://youthandmedia.org/video/born-digital/



„Educating the Net Generation“


За оние што сакаат да се занимаваат подлабоко со тематиката за дигиталните домородци и учењето, како појдовна точка им се препорачува е-книгата на Дијана и Џејмс Облинџер, издадена во 2005 „Educating the Net Generation“, којашто е целосно достапна онлајн: http://www.educause.edu/educatingthenetgen. Какви последици би можело да има настапувањето на мрежната генерација во економскиот и работниот свет - ова претставува важна тема на Викиномија (Wikinomics), на моќниот приказ на економски трендови, на коишто ќе се осврнеме во поглавјето Економија 2.0.


[Автори: Др. Рагнар Милер / Проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора