Меѓународен едукативен сервер на УНЕСКО за демократија, образование за мир и човекови права
 
  Д@далос почетна Почетна страна Графички преглед Контакт  
 

 

Теми:

 Човекови права / Примери / Демократија / Партии / ЕУ / ООН / Одржливост / Глобализација / Веб 2.0

     

 

Методи:

 Политичка дидактика / Методи на политичкото образование / Педагогија на мирот ///  критика, коментари?

 
 

 Вие сте овде:

Д@далос > Почетна > Веб 2.0 > Што е Веб 2.0? > Тагирање: Мислење 2.0

 



Содржина


Теми на онлајн-учебникот Веб 2.0:

Вовед

Што е тоа: Веб 2.0?

 Елементи на Веб 2.0

 Тагирање: мислење 2.0

Учење 2.0

Политика 2.0

Економија 2.0

Општество 2.0

 


Тагирање и фолксономии: мислење 2.0

Да започнеме со една приказна:

„Првите зоолози ги класифицираат цицачите во оние што ги дојат своите млади и во рептили, коишто снесуваат јајца. Потоа во Австралија беше откриено клунестото животно, коешто снесува јајца како рептил, а по пилењето на младите истите ги дои.

Ова откритие одекна како бомба. Каква загатка! -се зборуваше. Каква тајна. Какво природно чудо. Кога кон крајот на 18 век пристигнаа првите примероци од Австралија во Англија, ги сметаа за фалсификат и се веруваше дека делови од различни животни биле споени во едно. И денес понекогаш можат да се најдат статии во списанија за природата, во коишто стои прашањето: »Зошто постои ваквиот парадокс во природата?«

Одговорот гласи: ваквиот парадокс воопшто не постои. Клунестото животно воопшто не се однесува парадоксално. Тоа нема проблеми. Клунестите животни со милиони години снесувале јајца и ги доеле своите млади, долго пред пред да се појават некои зоолози и да го објават тоа како нелегитимно.

Загатката, всушност, вистинската тајна, е во тоа што возрасните, објективни, научно образовани набљудувачи му ја припишуваат вината на јадното, невино клунесто животно за нивниот сопствен неуспех.“

[од: Роберт М. Пирзих, Лила или обид за морал, Франкфурт/Мајна, стр. 118]









Фото: TwoWings, Wikimedia Commons, Creative Commons-



Хиерархиска класификација на клунестото животно:

Наука
       Ґ
 Природни науки
        Ґ
  Биологија
         Ґ
   Флора и фауна
          Ґ
    Анималиа
           Ґ
     Хордата
            Ґ
      Мамалиа
             Ґ
       Монотремата
              Ґ
        Клунесто животно



Вообичаените класификации претставуваат хиерархиски „или-или“ подредувања. Или животното снесува јајце, па затоа се подредува во категоријата „рептили“, или ги дои младите, па затоа се подредува во категоријата „цицачи“. При ваква класификација клунестото животно се наоѓа пред непремостливи проблеми, поради што мора да биде подредено во останатата категорија „Друго“ (англ. miscellaneous). Во 2007 интернет-филозофот Дејвид Вајнбергер објави книга под наслов: „Everything is Miscellaneous“, којашто е објавена на германски јазик во 2008 („Das Ende der Schublade“), а во чија содржина ќе навлеземе поподробно.

Но, најпрво да погледнеме, како би изгледало клунестото животно во еден поредок што се заснова на тагови. Тука тоа навистина би немало никакви проблеми. На клунестото животно би му бил припишан како тагот „снесува јајца“ така и тагот „дои младенчиња“. Проблемот што им задаваше главоболки на зоолозите, воопшто не би се појавил.


 

 

 

таг / тагирање (tag / tagging)

 

„Таг“ е англиски збор и означува мал знак, табличка, што се нанесува или лепи на нешто; така на пример поимот „price tag“ стои за ознака за цена.

Глаголот „to tag“ значи „да се прикачи знакче на нешто“ или едноставно да се „означи“ односно “етикетира“.

Блогови, викија, услуги за социјален бумаркинг итн. (види Елементи на Веб 2.0) нудат тагинг-системи за слободно, индивидуално индексирање на содржините (фотографии, видеа, блог-постови, линкови итн.), што ги генерира корисникот.

Кај голем број корисници од индивидуалните тагови се создава еден нехиерархиски систем од индекси. Таквите збирки што се создадени преку заеднички тагинг се нарекуваат фолксономија (folk + taxonomy).

 

 




Пример:
дигитални фотографии



Темелните предности на тагирањето како концепт на подредување што одговара на дигиталниот свет (наспроти физичкиот свет) може да се појасни на примерот на фотографиите. Порано примероци од фотографиите што биле направени во 1991 при 50 роденден на тетка Инге во Барселона, се чувале во фото-албум (или едноставно во картон за чевли). Сликите од 70 роденден во 2011 година, пак, се направени со дигитален фотоапарат, поставени на Фликр и содржат тагови.


 



Додека сликите од 1991 можат да се најдат само во контекст на 50 роденден и само на едно единствено место во фото-албумот, дигиталните фотографии од 2011 можат да се пронајдат во сите оние контексти што некој ги создал сам со таговите.

Секако, за време на престојот во Барселона биле правени не само фотографии од семејната прослава, туку се посетувале и знамености во градот. Таговите за оваа фотографија од Саграда Фамилиа, црквата осмислена од Антони Гауди, би можеле да изгледаат вака:

2011, роденден, Инге, Семејни прослави, Барселона, Шпанија, Каталонија, СаградаФамилиа, Гауди, Архитектура, Цркви

Доколку за неколку години на ќерката и бидат потребни архитектонски фотографии за нејзините студии, голема е веројатноста дека нема да постои сеќавања од роденденската прослава од 1991 година. Но, воопшто не претставува проблем да се кликне на тагот „Архитектура“ на Фликр, откаде ќе може да се добие таа фотографија, којашто е создадена во сосем поинаков контекст, а сепак го прикажува делото на еден значаен архитект.









физички наспроти дигитален свет


Сликовито прикажано фотографијата на Саграда Фамилиа истовремено се архивира во 11 фото-албуми: во албумот „Сите фотографии од 2011 година“, во албумот „Сите фотографии од родендени“, во албумот „Сите фотографии од Инге“ итн., како и во албумот „Сите фотографии од архитектонски интерес“. Секако, такво нешто може да се направи само со дигитална фотографија; кај аналогна фотографија би биле потребни 11 примероци и 11 фото-албуми.

Но, факти
чки, фотографијата на Саграда Фамилиа воопшто не се архивира. Таа се „фрла“ во дигиталниот куп кон сите други фотографии, а и покрај тоа може да се најде подоцна подобро, побрзо и во сите можни контексти. Дејвид Вајнбергер го карактеризира тоа како „Моќ на новото дигитално безредие“ (како што гласи поднасловот на неговата книга).

Темелната разлика помеѓу дигиталниот и физичкиот свет тој ја отсликува низ призмата на лабораторијата на американскиот ланец за канцелариски материјали Степлс. Таа лабораторија емитира еден комплетен пазар на Степлс. Вработените се обидуваат да го дизајнираат редоследот на производите и информациските системи што е можно попријателски насочено кон клиентите. Значи, тие се борат со ограничувањата на физичкиот свет, коишто

„толку многу [се дел од] од нашиот секојдневен свет, што ние повеќе не ги препознаваме. На пример:
во физичкиот простор некои нешта се поблизу од други. (...) Физичките објекти можат во секое време да бидат само на едно место. (...) Во физичкиот простор може да има само еден редослед. (...) Физичките способности на луѓето се ограничени. (...) Пазарот мора да биде организиран систематски и уредно. (...) Со оглед на ваквите ограничувања најголемиот дел од пазарот на Степлс ќе се наоѓа на патот на клиентите (...). Ако дојдам со листа од 15 нешта, останатите 7185 артикли од понудата на Степлс ќе бидат за мене толку неинтересни, дури и ми го поместуваат погледот од она што го барам.“ (стр. 5-6)

Наспроти тоа, дигиталниот свет ги надминува ваквите ограничувања, бидејќи тој не се состои од атоми што заземаат одреден простор, туку од битови:

„Во него не мораме да се шетаме по долгите редови на продажни полици, бидејќи сθ се наоѓа на оддалеченост од само неколку клика. Тој не мора да биде ист за сите луѓе, тој може да се реорганизира за секој од нас и за нашите актуелни задачи за само неколку секунди. Тој не е ограничен со просторот и императивот за едноставност, туку може да ги содржи сите артикли и сите варијации што клиентите би можеле да си го посакаат. Таму артиклите можат да бидат поставени не само во една или две области, туку можат да се класифицираат според очекувањата на клиентите во голем број категории. Наместо да се наоѓаат во уредни регали (...), артиклите можат да бидат „фрлени“ во голем куп и мора да бидат сортирани само кога некој корисник ги бара.“ (стр. 7)

Самиот Вајнбергеров пример - пазар за канцелариски материјал и неговите ограничувања во споредба со онлајн-продавница за канцелариски артикли - води до интересни сознанија, но истовремено претставува само појдовна точка за неговата книга, во која тој се обидува да го измери значењето на разликите во различни области:

„Имено тука станува збор за нешто многу поголемо од прашањето, како треба да ги обликуваме нашите пазари. Физичките разлики, на коишто е подложна организацијата на еден пазар за канцелариски материјали, исто така го дефинира и тоа, како ние ги организираме нашите компании, нашите администрации и нашите училишта, па и самото знаење. Од менаџмент-структури преку енциклопедии па сθ до образованието, што сакаме да им го пренесеме на нашите деца (...), ние ги имаме организирано нашите идеи според принципи, коишто се ориентираат според светот што е ограничен со законите на физиката. Сега, за првпат во нашата историја, се наоѓаме во состојба да ги подредиме нашите концепти без тие ограничувања. Тоа ќе доведе до фундаментални промени во нашите идеи и организации како и во нашето знаење. (...) Што ќе откриеме притоа? Доколку пронајдеме нови принципи на организација, што немаат смисла во свет без физички ограничувања, во тој случај информациите не само што сакат да бидат слободни, туку сакаат да бидат и неподредени." (стр. 7-8)



 



Што значи тоа, нашите системи на подредување „да се ориентираат кон свет што е ограничен од законите на физиката“, може да се појасни со клунестото животно. Библиотекарот мора да ја подреди новоиздадената книга за клунестото животно на одредено место од полицата.

Доколку ги има само категориите „Цица
чи“ и „Рептили“, тој нема да може да ја подреди книгата. Затоа е направена нова категорија на истиот хиерархиски степен, монотремати, во коишто, покрај клунестите животни, спаѓаат и ехидните (Вајнбергер наведува многу други, мошне забавни примери во изложувањето што е прикажано на видео-записот).

Ваквата категоризација се наоѓа во взаемна поврзаност со нашето поимање на светот, иако тоа нема никаква врска со знаењето, туку претставува реакција на ограни
чувањата на физичкиот свет.





Или-или                  системи на подредување
 


„Цената на подредувањето на знаењето во физи
чкиот свет е таа (...), што мора да се донесуваат решенија од типот „или-или“. (...) Книгата за воената музика ќе биде ставена или кај воените книги или кај книгите за музика, но не може да стои на двете места. Географијата на знаењето во една библиотека може да има само една форма, но не и друга. Тоа не е закон на знаењето, туку закон на просторната географија.“ (стр. 68)

Постојат уште многу фактори на влијаење врз начинот, на којшто ние го организираме нашето знаење за светот. Во контекст на дискусијата за категоријата „Планета“ (и прашањето, дали Плутон е планета) Вајнбергер доаѓа до заклучокот:

„Околу нашето сонце кружат милиони објекти. За нас интересни се деветте што се досега означени како планети, бидејќи за нив имаме знаење со илјадници години. Зачувувањето на категоријата 'планета' говори помалку за природата на нашиот универзум отколку за нашата потреба, да си претставиме дека се движиме преку други небесни тела освен само преку нашето. (...) Фактот што толку упорно се држиме за нашата категорија, иако за тоа не постои обврзувачка научна причина, открива едно подлабоко значење, што станува уште поважно кога сθ повеќе области би ги отфрлиле канџите на категоризацијата и би влегле во вртлогот на неподредената разновидност: начинот на кој го организираме нашиот свет не го рефлектира само светот, туку и нашите интереси, страсти, потреби и соништа.“ (стр. 47)



Крај на традиционалните авторитети


Еден важен аспект на преминот од физичкиот свет во дигиталниот свет претставува фактот што традиционалните авторитети - чуварите пред влезовите на знаењето - се оттргнуваат од својата функција. И токму тој аспект предизвикува интересни дискусии („Мудроста на многуте“ наспроти „Култ на аматерот“, види „The Good, the Bad, and the Web 2.0“), во коишто свој проминентен удел има исто така и Дејвид Вајнбергер.

„Фактот што „подредувањето на хартија“ јасно ги ограничува организациските можности доведе до создавање цели гранки и бројни институции. Музеи, наставни планови, весници, туристичката бранша и програмите на телевизиските куќи комплетно се потпираат на претпоставката, дека во светот на второ подредување ни се потребни специјалисти, коишто ги обработуваат информациите, идеите и знаењето и истите прегледно ги подредуваат за нас во подредена форма. Но, сега ние, клиентите, вработените, едноставно кажано секој, можеме да го одминеме ваквото второ подредување. Ние можеме директно да застанеме пред неподредениот куп. (...) Ние можеме сами, и што е уште поважно - заедно - да размислиме, кои подредувања имаат смисла за нас, а кои нови подредувања имаат смисла една минута подоцна. На тој начин можеме побрзо да го најдеме она што ни треба и едноставно да ги игнорираме традиционалните авторитети. Третото подредување на поредокот не претставува револуција само за економијата, туку ја менува и нашата претстава за тоа, како е организиран светот и (што би можело да биде од уште поголемо значење) кој го има авторитетот да ни го каже тоа.“ (стр. 26-27)



Недостатоци на хиерархиската класификација


Сите вообичаени обиди за класификација (на зоолозите, кои ги категоризираат животните или децималниот систем на Деви, според којшто сите библиотеки во светот го подредуваат својот асортиман на книги) се имплицитно хиерархиски. Обидот на Девиевиот систем за начинот, на којшто Амазон доаѓа до книгите кај онлајн-книжарниците и како може да бара книги, кај Вајнбергер води до следниот заклучок:

„(...) проблемот (...) се состои во тоа што секоја карта на нашето знаење поаѓа од претпоставката, дека постои една географија на знаењето, дека знаењето поседува еден лик, дека можеме да го гледаме од горе надолу. Кај првото и второто подредување на поредокот разумно е да се има ваква претпоставка. Но, таа го попречува корисното безредие на третиот поредок, без тоа да е неопходно.“ (стр. 75)

[сите цитати од: Давид Вајнбергер (2008), Крајот на фиоката: Моќта на новото дигитално безредие, Минхен]



Тагирање и фолксономии


Тагирањето претставува систем на подредување што одговара за „дигиталното безредие“. Не е потребна хиерархија, фиксни подредувања и класификации, а со тоа не се потребни ниту класификации од типот „или-или“. Системите што почиваат на тагирање се флексибилни и персонализирани. Не е потребна „карта на знаењето“, пред да се започне со подредувањето. Таквиот поредок се создава со тоа што многу корисници (како кај Фликр) употребуваат тагови. Постојаниот привремен резултат од напорите за подредување е фолксономијата, таксономијата на многумината што се создава спонтано. Индивидуалната и општата корист се слеваат една во друга - феномен што може да се најде кај сите елементи на Веб 2.0.

За да може прегледно да се прикажат можните подредувања што се доздаваат со таговите, во меѓувреме се прифати агрегирањето како таг-облак (tag cloud). „Облакот“ се состои од тагови (што се употребени на пример во овој блог или во блогот на букмаркови). Колку почесто е наведен некој таг, толку попроминентно тој се појавува во таг-облакот. Еден познат пример го прикажува следниот, повеќе технички ориентиран таг-облак за Веб 2.0:




таг-облак (tag cloud)




Извор: http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Web_2.0_Map.svg (By Original by Markus Angermeier Vectorised and linked version by Luca Cremonini [CC-BY-SA-2.5 (www.creativecommons.org/licenses/by-sa/2.5)], преку Wikimedia Commons)








нов поим за знаењето



„Знаењето повеќе не значи да се види едноставното, туку да се плива во сложеното.“

[Давид Вајнбергер (2008), Крајот на фиоката , Минхен, стр. 237]



Во тагирањето и во фолксономиите што произлегуваат оттаму Џеф Хоу гледа дополнителен, моќен пример на „Crowdsourcing“ (како што гласи насловот на неговата книга што вреди да се прочита):

„The advantage folksonomies offer is no different than that of many other crowdsourcing applications: it makes an overwhelming task manageable.“ (стр. 240)

Како и Вајнбергер и тој му придава големо значење на ваквиот развој кон мислењето 2.0:

„This all amounts to a sea change in how we experience the world around us. If ever there was a realm in which the expert once reigned uncontested, it was in the selection and organization of the world's knowledge. Yet in a few short years, this function has been largely democratized.“ (стр. 241)

[двата цитата од: Џеф Хоу Howe (2009), Crowdsourcing. Why the Power of the Crowd is Driving the Future of Business, New York]

Како пример за ваквата промена може да послужи онлајн-лексиконот Википедиа, којшто зазема голем простор во дискусиите на Вајнбергер, Хоу како и на сите други автори што се занимаваат со Веб 2.0. Штефан Минкер наведува:

„Поимот за знаење (...), којшто го претставува Википедиа, има малку заеднички нешта со поимот за знаење, којшто сме го научиле ние како деца на научната нова ера и на просветителството. Доколку се задржи трендот што е инициран како резултат на променетото користење на медиумите (...), во тој случај нашите прашања за знаењето во иднина ќе ги поставуваме сθ помалку насочени кон медиумите на енциклопедиската елита, туку ќе ги „преодговараме“ со интелигенцијата на културата на дигитални мрежи и нејзините ефекти. Сепак, нашиот поим за знаењето повеќе не се карактеризира со релацијата кон една релативно мала класа на легитимирани експерти. Далеку повеќе, знаењето се подразбира како резултат на соработката во мрежи на еден сθ поголем круг од ангажирани аматери, од чија анонимност не можат да се доведат заклучоци за нивната компетентност. (...) За секој што гледа јасна спротивност помеѓу колаборативното создавање знаење во мрежата и експертското знаење на книгите важи следното: Мудроста на многуте триумфира во Веб 2.0 над знаењето на елитите

[Штефан Минкер (2009), Појавата на дигиталните јавности. Социјалните медиуми во Веб 2.0, Франкфурт/Мајна, стр. 99-100]



Дебатата за мудроста на многумината, којашто меѓу другото ја истражува и Џејмс Суровиецки во една надалеку почитувана книга, ја резимираме на страната „Мудроста на многумината“ во поглавјето Општество 2.0. Последиците по економскиот систем, коишто се поврзуваат со поимот Викиномија (Wikinomics), ги претставуваме во поглавјето Економија 2.0. Страната Дигитални домородци му се посветува меѓу другото на проблемот што наставниците и учениците повеќе не го говорат истиот „јазик“.

Секој што сака да се занимава поинтензивно со последиците од Веб (2.0) по нашето мислење, покрај книгите на Дејвид Вајнбергер како појдовна точка му ја препорачуваме и книгата на Николас Кар со критика кон веб-от „The Shallows. What the Internet Is Doing to Our Brains“, којашто е објавена во 2010 (наслов на преводот на германски јазик: „Кој сум јас кога сум онлајн... И што прави мојот мозок во тој период? Како интернетот го промени нашето мислење“). Сите наши препораки за литература во врска со темата Веб 2.0 можете да ги најдете тука...


[Автори: др. Рагнар Милер / проф. др. Волфганг Шуман]

 

 

Нагоре

Д@далос почетна

Почетна страна

Графички преглед

Контакт

1998-2012 Д@далос - политичко образование, образование за демократија, образование за човекови права, педагогија на мирот (проект на Pharos e.V.)
веб: друштво Агора