Обединети нации

 

Основен курс 1
Листа на линкови
Содржина
Преглед

 

 Обединети нации



Ние, народите на Обединетите нации - цврсто одлучени да ги заштитимe идните родови од бичот на војната, која двапати во нашето време нa живеење му донесе неискажливo страдање на човештвото, одново да ги зацврстиме нашите верувања во темелните права на човекот, во достоинството и во вредноста на човечката личност, во рамноправноста меѓу мажот и жената како и на сите нации, големи или мали (...), да го поддржиме социјалниот напредок и подобриот животен стандард во поголема слобода, и за овие цели (...) да ги обединиме нашите сили, за да го чуваме светскиот мир и меѓународната безбедност, да прифаќаме начела и да воведуваме постапки, коишто гарантираат дека оружената сила ќе биде наменета само во заеднички интерес, и дека ќе ги користиме меѓународните институции за да го поддржиме економскиот и социјалниот напредок на сите народи - одлучивме заеднички да влијаеме во нашиот напор за постигнување на овие цели...

[...целиот текст на Повелбата на ОН можете да го најдете на посебна страна].

Вака започнува Повелбата на светската организација, основачкиот документ, со којшто во 1945 во Сан Франциско, 51 држава се здружи во организацијата на Обединетите нации. Во меѓувреме оваа организација со 191 членка ги опфаќа безмалку сите држави во светот [...Информации за предисторијата и развојот на Обединетите нации можете да најдете во Основен курс 2]



[Скулптура пред зградата на ОН во Њујорк]

Веќе воведните реченици на Повелбата упатуваат на поставувањето на централната цел-спречувањето војни. На оваа цел, во смисла на опширно разбирање на мирот, се подредени други цели: спомнувањето на темелните права на човекот упатува на човековите права, експлицитно се споменува поддржувањето на економскиот и социјалниот напредок [... со задачите и целите на Обединетите нации се занимава Основен курс 1].

За таа цел Повелбата воспостави шест главни органи: Генерално собрание, Совет за безбедност, Секретаријат, Економски и социјален совет, Доверителски совет и Меѓународен суд, коишто постојат до денес [... Информации за структурата на Обединетите нации можете да најдете во Основен курс 3].

Од основањето организацијата се раздели во речиси непрегледна мрежа од програми, комисии, специјални органи и специјални организации [...информации за системот на Обединетите нации можете да најдете во Основен курс 4 ].

Координирањето на ова мноштво активности и обезбедување ефикасна работа претставува еден од проблемите, со коишто се соочува Светската организација. Освен тоа, се појавува критиката дека организацијата ги олицетворувала односите (на моќ) во времето на нејзиното основање на крајот од Втората светска војна и дека повеќе не била современа [... со избрани проблеми на Обединетите нации се занимава Основен курс 5].

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми> Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.