Реформа на ОН
Нагоре Финансии Мир Ефикасност Реформа на ОН

 


 

Обединети нации

Проблеми во спроведувањето на реформски проекти

„Кога меѓународната заедница би ги основала Обединетите нации одново, тие сигурно би изгледале поинаку отколку нашата денешна организација“.
[Милениумскиот извештај на Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, до Генералното собрание]

Во реформскиот извештај за Милениумската средба на ОН, од 2000, донесен од шефовите на државите и шефовите на владите, генералнот секретар Кофи Анан именува три стратешки цели, коишто оттогаш претставуваат важна референтна точка за реформската дебата:

Развојна агенда: Слобода од сиромаштија

Агенда за обезбедување: Слобода од страв

Агенда за животната средина: Еколошка перспективност

Иако на Обединетите нации може да им се припише значителна способност за прилагодување [види основен курс 2], најдоцна од епохалните пресврти во годините 1989/90 реформата на светската организација се наоѓа на проминентно место на меѓународната агенда. Следниов извадок од еден текст од Варвик и Кнеланген ги резимираат најважните реформски потреби:

„Иако постојат бројни принципиелни разлики за идното обликување и функцијата на Обединетите нации, всушност не постои несогласување за неопходноста од опширни реформи. Како Повелбата, така и самата организација, има потреба од темелна „поправка“:

bulletголем број регулативи од Повелбата се покажаа како неспроведливи, како што се деловите од глава VII, или станаа обсолентни;
bulletнаспроти ова, новите полиња на задачи на Обединетите нации како заштита од кризи, еколошка заштита, прашања во врска со популацијата итн. или воопшто не се репрезентирани или се недоволно репрезентирани;
bulletсоставот на Советот за безбедност по однос на своите постојани членки ја олицетворува состојбата од крајот на Втората светска војна, а по однос на бројот на непостојаните членки, структурата на Обединетите нации на почетокот на 60-тите;
bulletправото на вето на петте постојани членки сé повеќе се чувствува како дискриминирачко, а не како оправдано по својата функција;
bulletеден главен орган - Доверителскиот совет - ја суспендира својата работа заради недостаток на области за управуање односно надзор;
bulletработата на Генералното собрание е макотрпна и бара многу време, улогата на Економскиот и социјален совет губи сé повеќе на тежина, и конечно
bulletречиси и да не е повеќе можна делотворна координација на целиот систем со своите разни испреплетувања и редунданси“.

[од: Јоханес Варвик/Вилхелн Кнеланген, Die Rolle der Vereinten Nationen in der internationalen Politik; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 27-28/2002, Bundeszentrale für politische Bildung Bonn, S. 8-9 (Улогата на Обединетите нации во меѓународната политика; во: Од политиката и историјата на времето 27-28/2002, Сојузна централа за политичко образование, Бон, стр. 8-9)]

Голем број од наведените реформски потреби би барале промена на Повелбата на ОН. Но, за ова предвидената постапка од членовите 108 и 109 бара:

bulletдвотретинско мнозинство во Генералното собрание,
bulletратификација од две третини од државите-членки,
bulletмеѓу кои во нив мораат да бидат сите пет постојани членки на Советот за безбедност.

На тој начин поставени се високи препреки. Реформите можат да бидат спречени од само една од петте постојани членки на Советот за безбедност. Но, не само што моќта за спречување е голема, значителни се и препреките за креирање мнозинство, ако се помисли дека за измена на Повелбата мораат да се придобијат 127 држави од Генералното собрание.

Типологија на реформските предлози

Зголемување на ефикасноста

Институционални реформи

Принципиелно реобликување

Реформите имаат за цел поголема способност и подобрени можности за дејствување во централните полиња на задачи на досегашната ООН

Реформите имаат за цел институционално реобликување односно прилагодување кон новите предизвици

Реформите имаат за цел принципиелно реобликување на досегашните принципи на ООН

Пример:

Пример:

Пример:

Рационализација во административниот и финансискиот домен

Реформа на Советот за безбедност, создавање нови гремиуми (на пр. светска организација за животна средина)

Укинување на забраната за мешање во внатрешните работи, супранационализација на ООН

Можности за реализација:

Можности за реализација:

Можности за реализација:

преку интерните реформи на Кофи Анан делумно е веќе реализирано
[види дел „Ефикасност“]

Реализацијата бара промена на Повелбата и затоа е тешко

Реализацијата е нереална

[со мали промени од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 259 (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 259)]

50-годишниот јубилеј на Обединетите нации во 1995 и дискусиите за Global Governance како одговор на предизвиците на глобализацијата ń дадоа дополнителен поттик на реформската дебата. Во 1997 генералниот секретар, Кофи Анан, достави една реформска програма и започна со реализација на мерките, коишто го засегаа неговиот Секретаријат. Притоа се работи за реформи од првиот тип на типологијата, мерки за зголемување на ефикасноста [види дел „Ефикасност“]. Во најважните реформски теми од вториот тип („институционални реформи“) спаѓа реформата на Советот за безбедност:

„Модернизацијата на најважниот главен орган на Обединетите нации претставува еден од најважните предизвици за светската организација и истовремено одлучувачки тест за нејзината реформска способност воопшто, бидејќи во овој проект сите потешкотии и пречки на институционалното реобликување на организацијата се јавуваат како врзани во една „собирна леќа“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 270 (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 270)]

Досега не се покажа ниедна успешна реформска иницијатива. Ниту е на повидок согласување на државите-членки за нови постојани членки ниту, пак, се чини дека ќе се успее да се отстранат застарените привилегии на досегашните пет постојани членки. Ако се согласиме со Гарајс и Варвик дека тука во целина станува збор за тест на реформската способност, тогаш мораме да дојдеме до скептична пресуда по однос на неопходното итно прилагодување на Обединетите нации кон предизвиците на 21 век.

Други страни за проблемите на Обединетите нации

bullet ФИНАНСИИ: Финансиска криза на Обединетите нации
 
bulletМИР: Криза во обезбедувањето на мирот од страна на Обединетите нации
bulletЕФИКАСНОСТ: Проблеми со координирањето и ефикасноста во работата
 
bulletРЕФОРМА: Темелни реформски проекти и проблемите при реализацијата

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.