Мир
Нагоре Финансии Мир Ефикасност Реформа на ОН

 


 

Обединети нации

Проблеми при обезбедување на мирот

Претставувањето на развојот на Обединетите нации во основниот курс 2 му придаде големо значење на обезбедувањето на мирот, централната задача на организацијата. Тука стана јасно дека светската организација во ова поле постигна значителни работи, како што се потврдува со доделувањето на Нобеловата награда за мир на сините шлемови на ОН во 1988 и на Кофи Анан за 2001. Но беа забележани и тешки кризи и удари.

Најпрво треба да се констатира дека инструментариумот предвиден за обезбедување на мирот од Повелбата на ОН, системот на колективна безбедност се покажа како неефикасен. Честопати се укажува на тоа дека такви системи воопшто не би можеле да функционираат, бидејќи таквите системи укажуваат на структурни дефицити (види го текстот од десна страна). Сигурно е дека органот меродавен за обезбедување на мирот, Советот за безбедност, беше блокиран во првите четири децении од конфликтот Исток-Запад.

„Откривањето“ на плавите шлемови беше иновативен одговор на конструкциските недостатоци на Повелбата и блокадата на Советот за безбедност. Сепак, уште рано, во кризата во Конго на почетокот на 1960-тите , се покажаа границите на овој инструмент, а катастрофата од Сребреница го даде тажниот врв на кризата во обезбедувањето на мирот [основниот курс 2 подетално го скицира развојот на обезбедување на мирот на ОН].

Јоханес Варвик ја резимира дискусијата за реформите: „Првичната и сосем успешна насока кон спречување меѓудржавни војни радикално се промени со промената на сликата за војните во насока на внатрешно-државни судири. „Спектакуларните“ грешки како Руанда, Сребреница или Сиера Леоне го зголемија притисокот за реформи во овој домен. Според глава VII од Повелбата на Обединетите нации им стои на располагање доволен инструментариум со мерки при закана или кршење на мирот, но во пракса ваквите регулативи речиси и да не беа применети.

Според предлозите на една експертска група, под раководство на поранешниот алжирски министер за надворешни работи, Лакдар Брахими, од август 2000 трупите на ОН ... во иднина треба да добиваат во принцип широк мандат и да бидат ангажирани само ако правилата за тој ангажман се еднозначни, ако можат да бидат доволно добро водени и ако се добро наоружени (...). Во целина на тој начин системот за обезбедување на мирот треба да стане поефективен како и да се обрне повеќе внимание на превентивната дипломатија и на консолидирањето на мирот.

Отворено останува прашањето дали Советот за безбедност всушност има монопол во областа на обезбедувањето на мирот или еден ангажман е прифатлив и без јасен мандат од Советот за безбедност во исклучителни случаи, како во случајот со ангажманот на НАТО во Југославија во 1999“.

[од: Јоханес Варвик, Vereinte Nationen; in: Wichard Woyke (Hg.), Handwörterbuch Internationale Politik, Bundeszentrale für politische Bildung, Schriftenreihe Band 404, 8. Auflage, Bonn 2000, S. 503 (Обединети нации; во: Вихард Војке (изд.), Мал речник меѓународна политика, Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 404, 8-мо издание, Бон 2000, стр. 503)]

Грешки во конструирањето на концептот за колективна безбедност

„Постојано беше укажувано на тоа дека двата предуслова, на коишто беше врзан системот за колективна безбедност: согласување и принудување, се противречни еден на друг и затоа се исклучуваат. Ако големите сили се согласни, тогаш не е потребно изнудување. Ако изнудувањето се применува од големите сили против помали држави, тогаш ова нема никаква врска со колективна безбедност, туку со диктат од страна на големите сили. Или големите сили не се 'in concert', тогаш мерките на сила се сосем невозможни и системот е нефункционален.

Конечно може да се аргументира дека зголемената биполаризација на системот на држави по 1946 го остави да старее системот за колективна безбедност, којшто може да функционира само ако постои доволно голем број на, што е можно, подеднакво силни актери, пред воопшто да стапи во акција (...).

Двете остварувања на концептот на колективна безбедност, Сојузот на народи и Обединетите нации, уште еднаш ставаат јасно до знаење дека на овој приод на глобално ниво не му е пишано да има успех. Неговото поимање сокрива во себе дека има за претпоставка консензус, којшто во светски размери не е даден во догледно време.

Регионално може да се забележи, како на пр. во Европската заедница. Таа, на пр., не содржи систем на колективна безбедност, таков не
ñ е ни потребен, бидејќи безбедноста е одамна обезбедена и изменета со повисоки форми на соработка (...).

Ако принципите на постапка на колективна безбедност се покажаа како некорисни, бидејќи беа прерани, истото не мора да значи и за целиот концепт на меѓународната организација (...). Обединетите нации, коишто со резолуцијата 'uniting for peace' од 1950 го поставија принципот на колективна безбедност на една поширока основа, во која е вклучено и Генералното собрание, во 1956 се откажаа од него во полза на еден друг принцип 'peace-keeping'.

Значењето на овој процес не може да биде оценет доволно високо. Тој за првпат покажува дека мировно-стратешката функција на меѓународната организација не е поврзана само со примената на колективна сила, туку е толку појака колку што е оддалечена од тоа (...).

Даг Хамарскјелд во 1956 ја ребазираше функцијата на обезбедување мир врз принципот на консензус, согласување. Трупата за обезбедување мир на Обединетите нации можеше да биде ангажирана само тогаш и само онаму, каде страните во некој конфликт се согласуваат на таков ангажман. Трупите и не беа одредени за тоа да спроведат конкретно решение на конфликтот, туку само за да спречат негово изведување со сила.

Оваа задача повеќе не беше во перспективата на она што колективната безбедност сакаше да го оствари, а и беше опремена со сосем поинакви средства. Тие се откажуваа од припишување вина и казнување. Тие го врзуваа својот ангажман за согласноста на конфликтните страни (...).

Хамарскјелд на тој начин им ги создаде на Обединетите нации не само нивните први вистински и трајни успеси на полето на обезбедување мир (колку и да беа тие мали); тој ја доведе меѓународната организација до едно ново, соодветно разбирање за нејзините можности и способности на полето на безбедноста“."

[од: Ернст-Ото Чемпил, Friedensstrategien. Systemwandel durch Internationale Organisationen, Demokratisierung und Wirtschaft, Paderborn u.a. 1986, S. 96-98 (Мировни стратегии. Системска промена преку меѓународни организации, демократизација и економија, Падерборн и др., 1986 стр. 96-98)]

Други страни за проблемите на Обединетите нации

bulletФИНАНСИИ: Финансиска криза на Обединетите нации
 
bullet МИР: Криза во обезбедувањето на мирот од страна на Обединетите нации
bullet ЕФИКАСНОСТ: Проблеми со координирањето и ефикасноста во работата
 
bulletРЕФОРМА: Темелни реформски проекти и проблемите при реализацијата

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.