Финансии
Нагоре Финансии Мир Ефикасност Реформа на ОН

 


 

Обединети нации

Финансиската криза на Обединетите нации

Финансиите на светската организација се „хранат“ од три извора:
 
bulletОбврзувачки членарини на државите-членки во рeдовниот буџет,
bulletОбврзувачки членарини за мировните мисии и двата казнени трибунали (Југославија, Руанда),
bulletДоброволни прилози за специјалните органи и програми.

Финансирање на редовниот буџет

Повелбата на ОН не содржи клуч на распределба за членарините, во член 17 е само пропишано: „Трошоците на Обединетите нации ќе се сносат од членовите според клуч за распределба, којшто ќе биде утврден од Генералното собрание.“ Во пракса „комисјата за членарини со помош на еден комплексен клуч ја утврдува висината на членарината на секоја држава во регуларниот буџет на Обединетите нации за три години.

Основа за мерење е, во прв ред, бруто социјалниот производ од последните шест години. На земјите со потпросечна заработувачка по глава на жител и на оние со висок степен на задолженост им се дава попуст во плаќањата. Од пресметаните стапки на чланарина се составува редовниот буџет на Обединетите нации, којшто, пак, покрива само 40% од сите трошоци. Редовниот буџет за 2000/01 изнесува 2,535 милијарди УСД“.

[од: Министерство за надворешни работи, ABC der Vereinten Nationen, Berlin 2000, S. 33 (АБВ на Обединетите нации, Берлин 2000, стр. 33)]

Членарини во редовниот буџет на ОН (во проценти)

 

1998

2000

САД

25,00

25,00

Јапонија

17,98

20,57

Германија

9,63

9,86

Франција

6,49

6,55

Италија

5,39

5,44

Велика Британија

5,08

5,09

Русија

2,87

1,08

Канада

2,83

2,73

Шпанија

2,57

2,59

Холандија

1,62

1,63

Бразил

1,51

1,47

Австралија

1,47

1,48

Шведска

1,10

1,08

Белгија

1,10

1,10

Останати држави

15,36

14,33

Редовниот буџет, во суштина, ги опфаќа трошоците за инфраструктура на Обединетите нации и персоналните трошоци. Оперативните трошоци, како активностите во развојната соработка или хуманитарната помош, се финансираат со доброволни прилози на државите-членки (види подолу).

Финансирање на мировни операции и меѓународни кривични судови

„Операциите на Обединетите нации за одржување на мирот се финансираат со посебно преместување на трошоците. И овде во основа имаме обврзувачки придонеси на сите држави-членки, при што постојаните членови на Советот за безбедност, со оглед на својата посебна одговорност за мирот и безбедноста, плаќаат дополнителни средства (...).

Меѓународните кривични судови за Руанда и поранешна Југославија си имаат сопствени буџети и се финансираат преку посебен клуч за придонеси. Тој се ориентира со 50% кон регуларниот буџет и со 50% кон буџетот на операциите за зачувување на мирот. Вкупниот буџет на меѓународните трибунали ... во 2000 изнесуваше безмалку 176 мил. УСД.“

[од: Министерство за надворешни работи, ABC der Vereinten Nationen, Berlin 2000, S. 34 (АБВ на Обединетите нации, Берлин 2000, стр. 34)]

Финансирање на оперативните трошоци

Придонесите за специјалните органи, програмите и фондовите на Обединетите нации, коишто се значително повисоки од редовниот буџет, се на доброволна основа и се оставени на судот на државите-членки.

Преглед на трошоците на системот на Обединетите нации (во милиони УСД)

Година

Буџет на ОН

Peace-keeping

Специјални органи

Специјални организации

Доброволни прилози

Вкупни

трошоци

1986

725

242

1.142

3.075

951

6.135

1987

725

240

1.178

3.266

931

6.340

1988

752

266

1.349

3.868

1.129

7.364

1989

765

635

1.359

4.078

1.182

8.019

1990

838

379

1.495

4.436

1.346

8.494

1991

999

449

1.509

5.401

1.360

9.718

1992

1.008

1.697

1.731

5.888

1.271

11.595

1993

1.031

3.005

1.713

6.091

1.216

13.056

1994

1.087

3.357

1.826

5.967

1.126

13.363

1995

1.181

3.281

1.847

5.778

1.159

13.246

1996

1.112

1.522

2.057

5.009

1.045

10.745

1997

1.112

1.226

2.033

4.936

1.057

10.364

1998

1.265

907

1.866

--

--

--

1999

1.265

1.110

1.792

--

--

--

2000

1.267

1.800

1.766

--

--

--

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 66 (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 66)]

Причини за финансиската криза

Откако постојат доброволните прилози и обврзувачките членарини, човек би претпоставил дека причините за трајните финансиски проблеми на Обединетите нации треба да се бараат во тоа што државите-членки даваат доброволни придонеси само во мал обем. Ова не е случај. Проблемите се појавуваат кај обврзувачките членарини и тоа како кај придонесите за редовниот буџет така и кај мировните мисии. Финансиската криза на светската организација е предизвикана од меѓусебното влијание на повеќе фактори:

bullet„Недостаток на платежен морал кај некои држави-членки на Обединетите нации, меѓу другото и мошне важните должници по однос на членарините како на пр. САД,
bulletСпособноста за плаќање на држави, коишто се несоодветно оптеретени со застарениот систем на придонеси, што пред сé се однесува на државите-наследнички на Советскиот сојуз,
bulletНеправедно повластување на држави што со досегашниот систем на придонеси не беа третирани соодветно на нивната економска моќ,
bulletНезадоволително управување со ресурси во Секретаријатот на Обединетите нации,
bulletМакотрпни административни постапки.“

[од: Министерство за надворешни работи, ABC der Vereinten Nationen, Berlin 2000, S. 34 (АБВ на Обединетите нации, Берлин 2000, стр. 34)]

Тука станува воочлива тесната зависност меѓу различните проблеми на Обединетите наци, коишто ќе бидат тематизирани во рамките на овој основен курс 5: недостатокот на ефикасност во работата двојно ја заострува финансиската криза, од една страна директно со повеќе трошоци, а од друга страна индиректно со тоа што тука може да се види причината зошто на пр. САД не се подготвени целосно да ги исполнат своите обврски по однос на придонесите.

„За одржливо и трајно решавање на оваа криза потребно е намалување на огромниот долг од, во меѓувреме, 2,6 милиони УСД и пологично и поправедно обликување на скалата за придонеси, според која се проценуваат плаќањата на државите кон Обединетите нации (...).

Долгорочното решение не успева, особено заради ставот на САД, кои се најголемиот должник на Обединетите нации. Покривањето на своите долгови САД го доведуваат во зависност од намалување на стапката на нивната членарина, што би било во спротивност на принципот на учинокот (...).

Најголем дел од земјите во развој го застапуваат ставот дека промена на скалата на придонеси како централен елемент за една телемна финансиска реформа не е потребна, бидејќи финансиската криза на Обединетите нации се сведува на недостатокот на платежен морал на некои од големите обврзници за плаќање придонеси“.

[од: Министерство за надворешни работаи, ABC der Vereinten Nationen, Berlin 2000, S. 34-35 (АБВ на Обединетите нации, Берлин 2000, стр. 34-35)]

Останува констатацијата дека финансиските кризи ја попречуваат работата на Обединетите нации од 1960-тите како постојана придружна појава. „Претстои темелна финансиска реформа на Обединетите нации; предлозите што ги даде генералниот секретар во рамките на својата реформска програма во 1997, досега не беа спроведени. Со прилагодувањето на скалата за придонеси од декември 2000 ... привремено се стави крај на еден долгогодишен спор со САД, но основниот проблем на зависност на организацијата од своите потентни обврзници за придонеси и нивната подготвеност за плаќање не беше решена“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 65-66 (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 65-66)]

Стапка на членарина во редовниот буџет на ОН од 2002 (во проценти)

САД

22,00

Јапонија

19,67

Германија

9,85

Франција

6,52

Велика Британија

5,58

Италија

5,10

Канада

2,58

Шпанија

2,54

Бразил

2,09

Република Кореја

1,87

Холандија

1,75

Австралија

1,64

Кина

1,55

Русија

1,20

Аргентина

1,16

Белгија

1,14

Мексико

1,10

Шведска

1,04

Останати држави

12,66

Други страни за проблемите на Обединетите нации

bulletФИНАНСИИ: Финансиска криза на Обединетите нации
 
bullet МИР: Криза на обезбедување на мирот од страна на Обединетите нации
bullet ЕФИКАНОСТ: Проблеми на координирање и ефикасност на работата
 
bullet РЕФОРМА: Темелни реформски проекти и проблеми во реализацијата

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.