Ефикасност
Нагоре Финансии Мир Ефикасност Реформа на ОН

 


 

Обединети нации

Проблемите со координирањето и ефикасноста во работата

Поминувањето низ историјата на ООН во Основен курс 2 покажа дека светската организација била постојано присилувана да се прилагодува кон нови рамковни услови и предизвици. Овде во прв ред треба да се мисли на конфликтот Исток-Запад, којшто со Советот за безбедност го парализира најважниот главен орган, и на процесот на деколонизирање, во чиј тек значајно се зголеми бројот на членови. Во продолжение, земјите во развој беа мнозинство во Генералното собрание, оттогаш конфликтот Север-Југ ја карактеризираше работата на Обединетите нации.

Сé повеќе полиња на задачи ...


Оваа организација беше основана со цел да ги спречи меѓудржавните војни преку еден систем за колективна безбедност. Сепак, оваа задача не може да се исполни заради блокадата на Советот за безбедност и недостатоците на системот. Затоа во средиштето дојдоа нови полиња на задачи: „Кон ризиците и проблемите, кои биле осознати и антиципирани при основањето на Обединетите нации во 1945 година, се придодадени нови глобални прашања како недостаток на природни ресурси, уништување на животната околина и забрзаната климатска промена, рапидниот пораст на светската популација како и новите форми на закани по мирот и по с
éвкупното човештво преку оружјето за масовно уништување и конфликтите во земјите.“       

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 258-259 (Обединетите нации, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 258-259)]

Во целина, Обединетите нации се одржаа во поглед на овие предизвици. Еден пример ќе биде доволен: за надминување на недостатоците на системот за обезбедување мир во основите на Повелбата на ОН, со сините шлемови беше создаден еден нов инструмент, којшто с
éвкупно се покажа како успешен, иако постојано беа забележувани и макотрпни кризи [види дел „Проблеми во обезбедување на мирот“]. Сепак, способноста за прилагодување и флексибилноста, процесот на постојано учење произведе и негативни последици:

... с
é повеќе органи

Бидејќи Обединетите нации се ограничија „во својот процес на учење и реформи претежно на проширувањето на постојните гремиуми и создавањето нови специјални органи, програми и специјални организации, коишто му беа прикачени на системот на Обединетите нации. На тој начин, пак, надвор од контрола излезе механизам што од основачите на светската организација сосем свесно беше предвиден како принцип на поредок. Обединетите нации требаше да бидат конструирани како еден вид 'планетарен систем', чие јадро требаше да координира една, повеќе лабава поврзаност во односите меѓу институциите ... со цел за ефективна соработка. Притоа јадрото на организацијата требаше да се повикува на насобраното знаење на целокупниот систем, да формулира опширни стратегии и да може да ги реализира на усогласен начин“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 259 (Обединетите нации, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 259)]


Ваквиот принцип на поредок не функционираше: токму недостатокот на ефикасност во работата беше и е тоа што постојано носеше критика кон Обединетите нации. Во диво растечката мрежа на гремиуми во испарувачкиот систем на светската организација е речиси невозможно да се има преглед, а уште е потешко е нејзиното координирање. Во социо-економската и развојно-политичката сфера работата на Обединетите нации страда „особено од удвојување на надлежности и недостаток на координација. Особено Економскиот и социјален совет, вклучувајќи го тука и речиси непрегледниот број на подоргани и придружни органи се наоѓаат во центарот на критиката.

Така, се бара темелно преиспитување на целиот систем. Економскиот и социјален совет во својата актуелна структура не беше во состојба да ја врши својата координирачка функција и работеше премногу бирократски и неефикасно (...). Особено макотрпен проблем е ... недостатокот на усогласување меѓу гремиумите на ОН и организациите Bretton-Woods, коишто го зголемија своето влијание во изминативе години, а ова дејствува секако, само не во насока на решавањето на проблемите“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 288-289 (Обединетите нации, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 288-289)]


Притоа, не смее да се изуми дека самите држави беа носечки столбови на Обединетите нации и беа одговорни за постојаното формирање нови органи: „Системот на ОН во неговата денешна разноликост, во големиот број негови специјални и посебни организации, неговите фондови и програми и неговата високо сложена структура, го олицетворува формирањето на волјата на неговите држави-членки, коешто е ориентирано кон трендови и интересни групи. Поттикот за една принципиелна административна реформа сигурно е мотивирана од намерата за намалување на удвоените надлежности, удвоената работа, а со тоа и трошењето на ресурсите. Така, голем број поткласификации се занимаваат со прашања на животната средина, за хуманитарните активности во кризните подрачја, а истовремено надлежни се повеќе организации за помош“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 263 (Обединетите нации, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 263)]


Реформите на Кофи Анан

За принципиелните реформи Повелбата на ОН поставила високи пречки [види дел „Реформи]. Постоечкиот „простор за маневрирање“ под нивото на измена на Повелбата, се обидоа да го искористат генералните секретари на ОН, Бутрос Бутрос Гали и Кофи Анан, за да ја направат организацијата посилна. Така, бројот на водечки позиции во управата на ОН од 1992 е намален за 30 проценти. Во доменот на Секретаријатот беа избришани 2.500 работни места и буџетот понатаму не беше зголемуван.

Беа воведени методи на модерен менаџмент, што претставува значаен успех со оглед на мултинационалната и мултикултурната бирократија со службеници од 190 држави. Така, беше воведен Integrated Management Information System за вмрежено, компјутерски потпомогнато управување со персоналот, материјално и буџетско управување. Со нов систем за вреднување (Performance Appraisal System, PAS). За подобро почитување на индивидуалниот учинок  на службениците беше даден значаен поттик за долго занемаруваниот human resources management на организацијата, којашто на посебен начин зависи од квалитетот и мотивацијата на вработените. Малку транспарентиот дел за набавки на управата на ОН беше реорганизиран и обликуван посовесно по однос на трошоците“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 265 (Обединетите нации, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 265)]

Систематизација на содржинската работа

Веднаш по неговото назначување за генерален секретар Кофи Анан  започна и со содржинско пренасочување и „стегнување“ на работата на Секретаријатот, со тоа што дефинираше пет главни задачи на Обединетите нации. На овие пет области им придодаде различни оддели на Секретаријатот и еден дел од специјалните органи и програми.

„За полињата мир и безбедност, економија и социјала, хуманитарни работи и развој беа формирани т.н. егзекутивни комисии, човековите права беа дефинирани како задача во пресек, којашто ја засега секоја од другите четири области. Во реформската програма за обновување на Обединетите нации доставена јули 1997, генералниот секретар стави акцент на различни погледи еквивалентни на една 'тивка револуција' (...). Само реформата на советот за безбедност остана во оваа програма поштеден од реформи (...).

Реформските мерки, коишто беа спроведени кон крајот на 1990-тите години, а пред с
é оние што не беа спроведени, се покажуваат како доминантна мостра: Секретаријатот како и нему подредените области, се покажуваат подготвени и способни да преземат и радикални промени за да ги насочат своите надлежности и капацитети кон променливите предизвици. Наспроти ова, на државите-членки и понатаму им недостасува способноста за воспоставување консензус за областите на реформа, во коишто промените зависат од нивна согласност“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 266, 268 (Обединетите нации, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 266, 268)]

Други страни за проблемите на Обединетите нации

bullet ФИНАНСИИ: Финансиска криза на Обединетите нации
 
bulletМИР: Криза во обезбедувањето на мирот од страна на Обединетите нации
bulletЕФИКАСНОСТ: Проблеми со координирањето и ефикасноста во работата
 
bullet РЕФОРМА: Темелни реформски проекти и проблемите при реализацијата

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.