|




| |
Основен курс 5:
Пред какви проблеми се наоѓаат
Обединетите нации?
Откако во основниот курс 1 беа скицирани
задачите и целите на Обединетите нации,
во основниот курс 2 беше прикажан
развојот на светската организација
и во основните курсеви 3 и 4 беа прикажани инструментите што стојат
на располагање за реализација на целите - од една страна
главните органи,
а од друга специјалните органи и специјалните организации, во
овој основен курс 5 се работи за проблемски ориентиран биланс: можат ли
Обединетите нации да ги исполнат очекувањата? Во кои области тие остануваат зад
очекувањата?
Одделни проблеми
беа тематизирани во различните секвенци од основните курсеви:
претставувањето на историјата на ОН во основниот курс 2 покажа дека при
исполнувањето на централната задача, обезбедување на мирот, постојано
доаѓаше до тешки кризи. Исто така, се покажа дека
Обединетите нации уште од 1960-тите години претставуваат најважен форум за
обработка на конфликтот Север-Југ, но дека напредокот во смирувањето на
конфликтите меѓу индустриските земји и земјите во развој останува скромен.
Истовремено, на повеќе места беше нагласена една често наведувана критичка
точка по однос на широко разгранетиот систем на Обединетите нации, имено
недостатокот на координација на активностите и недостатокот на ефикасност во
работата како последица на ова. Затоа САД како членка со најголема членарина
постојано се обидуваше да изврши притисок со тоа што не ги исполнуваше своите
обврски за плаќање членарина, што пак посочува на еден друг тежок проблем на
Обединетите нации, недостатокот на финансии. |
|
Членарини во редовниот буџет на ОН (во
проценти) |
|
|
1998 |
2000 |
|
САД |
25,00 |
25,00 |
|
Јапонија |
17,98 |
20,57 |
|
Германија |
9,63 |
9,86 |
|
Франција |
6,49 |
6,55 |
|
Италија |
5,39 |
5,44 |
|
Велика Британија |
5,08 |
5,09 |
|
Русија |
2,87 |
1,08 |
|
Канада |
2,83 |
2,73 |
|
Шпанија |
2,57 |
2,59 |
|
Холандија |
1,62 |
1,63 |
|
Бразил |
1,51 |
1,47 |
|
Австралија |
1,47 |
1,48 |
|
Шведска |
1,10 |
1,08 |
|
Белгија |
1,10 |
1,10 |
|
Останати држави |
15,36 |
14,33 |
|
Севкупно постои една празнина меѓу целите и
принципите од Повелбата на ОН и политичката реалност,
како што покажува
поентата на Гарајс и Варвик за сопоставеноста од следната
табела. Но, би било нереално овие дефицити да
ñ
се префрлаат само на
Организацијата на
обединетите нации. Обединетите нации претставуваат една класична меѓународна
организација, нејзини членки се држави. Како и секоја меѓународна организација
Обединетите нации се само толку јаки, колку што тоа
ñ
го дозволуваат нејзините членки. Волјата за мултилатерално решавање
на проблемите од
страна на државите-членки, особено од најмоќните држави решава за успехот или
неуспехот во работата.
Ова треба да се
земе предвид со цел да се направи соодветна слика за Обединетите
нации. Дел од критиката за светската организација потекнува, всушност, од
државите што ја носат. Кон ова се придодава уште еден аспект, којшто исто
така може да послужи за
релативирање на претераната критика, имено нереалните
очекувања кон Обединетите нации. Некои од критиките кон работата на
организацијата се чини дека поаѓаат од претпоставката дека кај Обединетите нации
се работи за еден вид светска влада.
|
Цели и принципи на
Повелбата |
Политичка реалност |
|
суверена подеднаквост
на сите држави-членки |
изразена
нееднаквост на моќ
меѓу државите и регионите |
|
исполнување на
обврските преземени со Повелбата на ОН |
одбивање
за плаќање
членарина и учинок зависно од националниот интерес |
|
обврска за мирно
решавање на спорови |
насекаде присутна сила
во меѓународниот систем |
|
општа забрана за сила |
практикувано право на
одделни држави за унилатерална примена на сила |
|
светски мир и
меѓународна безбедност како колективна задача на сите држави-членки |
доминантност на
интереси на индустриските држави и заборавени конфликти во земјите во развој |
|
забрана за мешање во
внатрешните работи на државите-членки |
глобализирање на
принципиелните проблеми предизвикува ерозија на државниот суверенитет |
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
302
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи: Сојузна централа за
политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 302)]
По краткото тематизирање на историјата на светската организација, Фолгер
доаѓа до следниов заклучок: „Ако Обединетите нации имале и имаат проблеми во
обезбедувањето на мирот и решавањето на други глобални проблеми, тоа не било и
не е заради структурите во Обединетите нации, се покажаа како доволно
флексибилни и ефективни, туку во неединственоста на државите-членки и во
нивната недоволна подготвеност за спроведување на соодветни политички и
економски мерки“.
[од: Хелмут Фолгер, Zur Geschichte der
Vereinten Nationen; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 42/1995, Bundeszentrale
für politische Bildung Bonn, S. 12 (За историјата на Обединетите нации, во: Од
политиката и историјата на времето 42/1995, Сојузна централа за политичко
образование, Бон, стр. 12)]
И покрај тоа, а ова е еден друг проблем пред којшто се наоѓаат
Обединетите нации, мора да се констатира дека светската организација го зголеми
бројот на своите членки од формирањето за четири пати и значително ги прошири
своите задачи, без да бидат преземени темелни промени во
Повелбата. Таа и понатаму ја отсликува
(исклучителната) политичката состојба во светот кон крајот на
Втората светска
војна и влијае сé
повеќе анахронистички.
ООН „од една организација, којашто во прв ред ја презира војната како средство
на политиката, ... стана глобален форум, во којшто се дискутираат сите темелни
светски проблеми, кои делумно се приближуваат до решение. Во меѓународната
политика постои ... широк консензус за тоа дека Обединетите нации мораат да
бидат реформирани, бидејќи структурите и постапките повеќе не соодветствуваат на
светската политичка реалност на 21 век. Истовремено од Обединетите нации сé
повеќе се бара пополнување на една дупка во политичкиот поредок во
глобализираниот свет, а оваа противречност меѓу реалните можности и високо
поставените очекувања создава клима на
преоптовареност и честопати доведува до
неправедни оценки за важната работа на Обединетите нации“.
[од:
Јоханес Варвик, Vereinte Nationen;
in: Wichard Woyke (Hg.), Handwörterbuch Internationale Politik, 8. Auflage,
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 404,
Bonn 2000, S.
496
(Обединети нации, во: Вихард Војке (изд.), Мал речник за меѓународна
политика, 8-мо издание, Сојузна централа за политичко образование, издание во
томови, том 404, Бон 2000, стр. 496)]
Други делови во рамките на основниот курс 5
Секако дека не можеме да навлеземе подлабоко во сите проблеми и реформски
проекти наведени во овој текст. Сакаме да се ограничиме на забелешките за
следниве важни аспекти што се наоѓаат во тесна меѓузависност:
 |
ФИНАНСИИ:
Финансиска криза на
Обединетите нации
|
 | МИР:
Криза во обезбедувањето на мирот од страна на Обединетите нации
|
 |
ЕФИКАСНОСТ:
Проблеми со
координирањето и ефикасноста во работата
|
 |
РЕФОРМА: Темелни реформски проекти и
проблемите при реализацијата |
[Автор: Рагнар Милер]
[Почеток
на страна]
|