|


| |
Основен курс 4:
Како изгледа системот на Обединетите нации
Обединетите нации беа основани
во 1945 за да ги заштитат
„идните поколенија од ужасите на војната“,
како што е опишана
во централната задача на новата организација во познатата
прва реченица на Повелбата на ОН.
Притоа под мир се подразбирало не само отсуство на војна, туку во тоа
се вклучени и, во смисла на позитивно поимање на мирот, прашања
за светскиот развој и правдата.
Така, унапредувањето на економскиот и социјален развој уште од почетокот
спаѓаше во задачите на светската организација [за
задачите и целите види
Основен курс 1].
За да може да се покрие ваквиот широк спектар Повелбата предвидува
главните органи на Обединетите нации
да формираат
дополнителни и специјални органи и да можат да соработуваат со други
организации во следењето на тие цели. Шесте главни
органи што го претставуваат јадрото на Организацијата на
обединетите
нации, активно го употребуваа тоа.
Така со текот на времето околу ова јадро се создаде една
диференцирана мрежа на органи и соработки, за која во праксата се
устали поимот
систем на Обединетите нации. Гарајс и Варвик ги
делат елементите од овој систем во две категории:
 | Прво, тоа
се специјалните програми, програмите и регионалните институции, коишто се
создадени и подредени на самата ООН,
Генералното собрание,
Економскиот и социјален совет односно
Секретаријатот, |
 | Второ,
тоа се специјалните организации, самостојни корпоративни субјекти и
корпоративни субјекти поврзани со ОН преку спогодби,
а се со сопствена правна природа и се спојуваат во една
family of organizations - слика што често
се користи“.
[од: Свен Гарајс/Јоханес
Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 34
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи;
Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон
2003, стр. 34)]
|
|

|
Кон ова, како што се обидува да се
појасни низ сликата, се придодаваат разноликите релации кон економијата
(пред сé,
се разбира, со Global Players,
како на пр. во рамките на „Global
Compact“), кон науката и меѓународното
граѓанско општество: во
Економскиот и социјален совет се
регистрирани повеќе од 1.500
НВО-и
(невладини организации)! „Така создадениот систем
на Обединетите нации претставува динамичка креација, за која е тешко да се
повлечат строги граници, а да се направи целосен преглед на широко разгранетите
активности речиси
- тоа речиси да не можат да го сторат ниту експертите“.
[од: Свен Гарајс/Јоханес
Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 35
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи;
Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003,
стр. 35)]
 |
Обединетите нации
на страната www.unsystem.org
нудат бесценета помош во вид на алфабетска листа на специјалните органи и
специјалните организации. Таа листа истовремено служи и како листа на
линкови, што ја прави
страната добра појдовна точка за пребарувања низ
интернет во широко разгранетиот систем на Обединетите нации. |
Други делови во рамките на
основниот курс 4:
[Автор: Рагнар Милер]
[Почеток
на страна]
|