|
| |
Совет за безбедност на Обединетите нации
Советот за безбедност е најмоќниот главен орган на светската
организација. Според
Повелбата на ОН
(член 24), тој ја сноси главната одговорност за исполнување на централната задача
на организацијата [види
Основен курс 1],
обезбедувањето на светскиот мир и меѓународната безбедност. Надлежностите што му
се дадени со ова, го прават
Советот за безбедност единствен од таков вид во
меѓународната политика.
Како што покажува сликата,
Советот
за безбедност на ОН се состои од 15 држави-членки, од коишто пет членки : Кина,
Франција, Велика Британија, Русија и САД заземаат нагласена позиција како
постојани членки. Десетте непостојани членки се избираат од
Генералното собрание на две години. Притоа
се постапува така што секоја година се бираат пет непостојани членки, и на тој
начин составот на советот за безбедност се менува годишно.
При овие избори
се воспостави еден регионален клуч, кој што треба да гарантира дека во
советот за безбедност секогаш се застапени сите региони во светот (и
интереси) .
То може да се состане во секое време, членовите се постојано во седиштето во
Њујорк. Претседателството што се менува на месечна основа, може во секое
време да свика седница. Ова може
да се случи по барање на една членка на Советот
на Генералното собрание или по барање на генералниот секретар на ОН.
Пропишано е Советот за безбедност да се среќава на секои 14 дена, а во
пракса тој заседава речиси секој ден, а честопати дури и повеќепати во текот
на еден ден. |
|
Регионален клуч за поплнување на непостојаните места во советот за
безбедност:
 |
3 африкански
држави |
 |
2 азиски држави |
 |
2
латиноамерикански држави |
 |
2
западноевропски и други држави |
 |
1
источноевропска држава |
|
|
Одлука по однос на прашања на
постапката се донесуваат ако со тоа се согласни девет члена. За сите други
прашања постои дополнителната препрека што сите постојани членови мораат да
дадат согласност. На тој начин Кина, Франција, Велика Британија, Русија и САД
поседуваат право на вето. Ваквата нагласена позиција на петте постојани
члена претставува главна особеност на системот на ОН, којшто во себе обединува
различни темелни принципи: од една страна рамноправност на суверените држави во
Генералното собрание („една земја - еден глас“), а од друга страна пет држави
што формираат водечки директорат, кој беше извлечен од конценрнот на големите
европски сили во 19 век.
Како и другите главни органи Советот за безбедност може да формира дополнителни
органи.
Тука спаѓаат, покрај различните комисии, и бројни мировни мисии [види
хронолошки преглед во
Основен курс 2]
како и досега два казнени трибунали за Руанда и поранешна Југославија.
Широки надлежности
Во првиот став од член 24 од Повелбата на ОН се
вели: „За да се обезбеди брзо и делотворно дејствување на Обединетите нации,
нејзините членки на
Советот за безбедност му ја пренесуваат главната одговорност
за зачувување на светскиот мир и меѓународната безбедност и
признаваат дека
Советот за безбедност во извршувањето на своите обврски што
произлегуваат од ваквата одговорност, дејствува во нивно име“. Како можат да се
претстават овие широки надлежности покажува следниов извадок од еден текст:
Во рамките на мирното решавање на спорови (глава VI
од Повелбата)
Советот за безбедност „може ... да ја прегледа секоја состојба (чл. 34) и во секој стадиум од
некој спор да изрече препораки за негово мирно решавање (чл. 36, па натаму). Под
предзнакот на глава VI улогата на советот за безбедност останува советодавна
односно модерирачка. Главата VII од Повелбата, пак, ја регулира примената на
принуда од страна на
Советот за безбедност. Тука, според чл. 39, мора да се
констатира дали некоја состојба претставува закана или кршење на мирот односно
агресивно дејствување.
Ако Советот за безбедност дојде до таква констатација, може да препорача
соодветни мерки за таа состојба. Но, тој може да преземе и мерки за принудно
спроведување на неговите одлуки. Според чл. 41 може да се работи за нивелирана
постапка на невоени, пред сé
економски санкции, а според чл. 42
може да се наредат и воени мерки за изнудување на мир (...).
Согласно на чл. 25 сите држави-членки на Обединетите нации мораат да ги прифатат и
спроведат одлуките на
Советот за безбедност. Посебната позиција на
Советот за
безбедност доаѓа до израз преку неговите овластувања во организацијата, преку
кои цела редица важни одлуки, пред сé
на Генералното собрание, се врзани за
претходно гласање во
Советот. Ова се однесува пред сé
на приемот и исклучувањето на членови
како и на изборот на генерален секретар и на судиите на
Меѓународниот суд“.
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик: Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
51-52 (Обединетите нации: Задачи, инструменти и
реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403,
Бон 2003, стр. 51-52)]
Други страни за главните органи
на ОН:
[Автор: Рагнар Милер]
[Почеток
на страна]
|