Додека другите
главни органи на Обединетите нации, со исклучок на
Меѓународниот суд, беа формирани од делегации на влади од
државите-членки со право на донесување одлуки, во
Секретаријатот работат
лица вработени од страна на ОН.
Секретаријатот е главниот административен орган на светската организација.
Се состои од генерален секретар, којшто се избира по предлог на
Советот за безбедност од
Генералното собрание на пет години, и
еден хиерархиски структуриран административен апарат од branches
односно divisions (бироа) и
departments (главни одделенија).
Во 1998 беше воведена службата на
заменик-генерален секретар.
Седиштето е Њујорк, трите регионални седишта се наоѓаат во Женева, Виена и
Најроби. Во
Секретаријатот во 2000 беа вработени 8.900 лица од 170 држави. Овие лица
вработени во ОН се обврзани единствено кон светската организација и не смеат
да прифаќаат наредби од друга страна.
Задачи на Секретаријатот
Во задачите, коишто генералниот секретар треба да ги реализира заедно со
Секретаријатот спаѓаат задачи од класичен, административен и политички тип.
Тој ја координира работата и на другите главни органи, со исклучок на
меѓународниот суд, тој е одговорен за изготвувањето на буџетскиот план и ...
финансиското управување, тој ги регистрира и публикува
Меѓународно-правните
договори, коишто му се оставаат од членките на ОН ... и на меѓународно ниво
како и кон државите-членки ја репрезентира организацијата како целина.
Во неговите оригинални политички задачи
согласно на чл. 99 спаѓа: да се насочи вниманието на
Советот за безбедност кон
секоја работа, којашто по негово мислење може да ги загрози мирот.
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
57-58]
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи;
Сојузна централа за
политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 57-58)
На тој начин Секретаријатот се наоѓа во едно тешко
поле на затегнатости меѓу неговите различни улоги
како највисок административен службеник и како модератор односно катализатор
во меѓународната политика (Гарајс/Варвик).
Поранешниот генерален секретар, Курт Валдхајм ја врежа често цитираната
реченица: задачата на
генералниот секретар е најтешката работа на светот. Тригве Лие, првиот
генерален секретар на ОН, говореше дури и за
невозможна задача. |
|
Генерални секретари на ОН
|
 |
Тригве Лие
(Норвешка)
1946-1952
|
|
 |
Даг Хамарскјелд
(Шведска)
1953-1961
|
|
 |
Ситу У Тант
(Бирма)
1961-1971
|
|
 |
Курт Валдхајм
(Австрија)
1972-1981
|
|
 |
Хавиер Перез де Куелјар
(Перу)
1982-1991
|
|
 |
Бутрос Бутрос - Гали
(Египет)
1992-1996
|
|
 |
Кофи Анан
(Гана)
од1997
|
|
|