Меѓународен трибунал
Нагоре Генерално собрание Совет за безбедност Секретаријат Меѓународен трибунал ЕKОСОЦ Доверителски совет

 


 

Обединети нации

Меѓународниот суд на Обединетите нации

Меѓународниот суд на Обединетите нации е единствениот главен орган без седиште во Њујорк, туку со седиште во Хаг. Тој е правосудниот орган на Обединетите нации, којшто се состои од 15 независни судии.

Овластувањата на судот се тематизирани во глава XIV од Повелбата на ОН, а исто така тие се наоѓаат во еден посебен статут, којшто формира интегрален дел на повелбата. Тоа значи дека секоја држава што пристапува кон Обединетите нации, истовремено станува договорна страна на Меѓународниот суд. Меѓународниот суд значително се разликува од „нормалните“ судови. Ова станува јасно со самото тоа што само држави се дозволени како страни пред Меѓународниот суд. Уште поважен е фактот што државите мораат да му се потчинат на судството на Меѓународниот суд:

„... Карактерот на зедништво на меѓународното право (бара), пред потчинувањето на еден меѓународен суд да дојде до соодветен договор меѓу страните. Ако ваквата подготвеност недостасува макар и кај само една држава, тогаш меѓународниот суд не може да стане активен по некој спорен случај и одлуките на меѓународниот суд ги обврзуваат само затегнатите страни во спорниот случај и неговото правосудство не е е од општ карактер.“

[од: Свен Гарајс /Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 56] (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа на политичкото образование издание во томови том 403, Бон 2003, стр. 56)

Овие тешки работни услови влијаеја врз тоа Меѓународниот суд да не може да одигра значајна улога по однос на главната задача на Обединетите нации, обезбедување на мирот и меѓународната безбедност. Традиционалната идеја, којашто се наоѓа во основата, дека конфликтите меѓу државите треба да се одлучуваат пред еден меѓународен суд наместо на бојното поле, а Меѓународниот суд не можеше да ја спроведе, исто како што не можеше и неговиот директен претходник постојаниот меѓународен суд на Сојузот на народите.
Така Гарајс и Варвик билансираат: „Со 65 одлуки во повеќе од пет децении Меѓународниот суд не одигра активна улога во меѓународната политика, но со своите решенија и 23-те правни мислења во областите обработени од него, изврши значајна работа во натамошниот развој на меѓународното право.“

[од: Свен Гарајс /Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 56] (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа на политичкото образование издание во томови том 403, Бон 2003, стр. 56)

Други страни за главните органи на ОН:

bullet

Генерално собрание на ОН
 

bullet

Совет за безбедност на ОН
 

bullet

Секретаријат и генерален секретар на ОН
 

bullet

Економски и социјален совет (ЕКОСОЦ)
 

bullet

Доверителски совет
 

bullet

Меѓународен трибунал

[Авотр: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.