|
| |
Генерално собрание на Обединетите нации
Во Генералното собрание на Обединетите нации сите
држави-членки се рамноправно застапени со една делегација од владини
претставници: секоја земја располага со еден глас во овој орган -
организацискиот центар на системот на Обединетите нации.
Обединетите нации се една
меѓународна организација со класичен призвук, тоа значи дека светската
организација е формирана од држави и во нејзините органи се среќаваат
претставниците на националните влади. Ова важи и за Генералното собрание, коешто честопати погрешно се означува како светски парламент. Тоа воопшто не е
парламент туку форум на меѓудржавна соработка и консултации, иако работата во
пленум, како што ја знаеме од парламентите, се подготвува во комисии.
Покрај главните и
други комисии структурата на Генералното собрание ја дополнуваат и голем
број пропратни и помошни органи. Диференцирањето на безбројните гремиуми
спаѓа воопшто во одредувачките карактеристики на системот на ОН. Членот 7 од
Повелбата на ОН им овозможува на главните
органи на ОН по потреба да формираат пропратни и помошни органи, што активно
се користеше во историјата на оваа организација.
Годишната седница на Генералното собрание започнува во почетокот на
септември во нејзиното седиште во Њујорк. Најпрво се избираат водечките
гремиуми и се одржува генерална дебата, којашто по правило се води од
министрите за надворешни работи на државите-членки и кај кои може да се
забележи најголем интерес од медиумите. Ако седницата порано завршуваше во
декември, сега
Генералното собрание заседава речиси цела година. |
|
Главни комисии
 |
1-ва комисија:
разоружување и меѓународна безбедност |
 |
2-ра комисија:
економија и финансии |
 |
3-та комисија:
социјални, хуманитарни и културни прашања |
 |
4-та комисија:
специјални политички прашања и деколонизација |
 |
5-та комисија:
администрација и буџет (интерен) |
 |
6-та комисија:
право |
|
|
Одлуките по правило се донесуваат
со просто мнозинство, кај важни прашања потребно е двотретинско мнозинство како
на пример при прием или исклучување на нова членка или при избор на непостојани
членки на советот за безбедност. Сепак, во
последниве години пракса
е да се одлучува без формално гласање во консензуална
постапка.
Генералното собрание донесува обврзувачки одлуки (на пр. за буџетот на помошните
органи) интерно, тоа значи во системот на Обединетите нации, а
екстерно ги искажува препораките, коишто меѓународно-правно не се
обврзувачки за државите-членки. Но, тоа не значи дека овие препораки немаат
влијание, како што покажува историјатот на Универзалната
декларација на човековите права, која што
беше донесена во 1948 год. или како
што потенцира следниов извадок од еден текст:
Иако на Генералното собрание му недостасуваа тешки инструменти како санкции,
тоа не значи дека нивните одлуки и изјави остануваат без влијание. Јавниот
притисок заедно со политичкиот и моралниот авторитет на светската заедница
им придадоа на многуте делкарации и препораки на Генералното собрание
универзална прифатеност и го унапредија развивањето на политички и правни
стандарди низ целиот свет.
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
49
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за
политичко образование, издание во томови 403, Бон 2003,
стр. 49)]
Други страни за главните органи на ОН:
[Авотр: Рагнар Милер]
[Почеток
на страна]
|