ЕKОСОЦ
Нагоре Генерално собрание Совет за безбедност Секретаријат Меѓународен трибунал ЕKОСОЦ Доверителски совет

 


 

Обединети нации

Економскиот и социјален совет (ЕКОСОЦ) на Обединетите нации

Заедно со Генералното собрание ЕКОСОЦ е одговорен за задачите наведени во глава IX од Повелбата на ОН. Според член 63, тој може да биде активен во следниве области: економија, социјални работи, здравство, едукација, култура и сродни области. Може да биде означен како координативен орган за економски и социјални прашања. За неговиот состав се применува регионалниот клуч, којшто се карактеризира со натпропорционална застапеност на земјите во развој, како што покажува следнава слика.

Генералното собрание годишно избира една третина од членовите за три години. За разлика од Советот за безбедност, тука не е исклучена можноста од непосреден реизбор, така што некои држави можеа да се етаблираат како квазипостојани членови. ЕКОСОЦ го претставува спојот со специјалните организации со сопствено членство и со тоа исполнува важна функција во широко разгранетиот систем на Обединетите нации, којшто е тематизиран во Основниот курс 4. Освен тоа, тој одржува консултативни односи со повеќе од 1.500 НВО-и (невладини организации).

ЕКОСОЦ заседава еднаш годишно во времетраење од четири недели. Голем дел од работата се извршува во бројните дополнителни органи, чие диво раснење постојано предизвикува критика по однос на ефикасноста во работата [за проблемите и критичките точки види Основен курс 5]. Дополнителните органи можат да се поделат на шест категории:

bullet

1) Специјални органи: Контролна програма за дроги (ИНДЦБ), Институт за истражување на промоцијата на жените (ИНСТРАВ)
 

bullet

2) Постојани комисии: Комисија за домски и урбанистички работи, Комисија за недржавни организации, Комисија за преговори со меѓудржавни организации, Комисија за транснационални претпријатија
 

bullet

3) Специјални комисии: Комисија за програма и координација (ЦПЦ, заедно со Генералното собрание), Управна комисија за координација (АЦЦ)
 

bullet

4) Експертски гремиуми:
Гремиуми со независни експерти: Комисија за развојно планирање, Конференција за програмата за развој на Обединетите нации за јавната администрација и финансии, ад хок експертски групи за меѓународна соработка за даночни работи
Гремиуми со владини експерти: Комисија за нови и обновливи извори на енергија за развој, Комисија за природни ресурси, Комисија за транспорт на опасни супстанци, експертски групи на Обединетите нации за географски имиња, меѓудржавни работни групи за меѓународни норми во сметководството
 

bullet

5) Регионални комисии: Економска комисија за Африка (ЕЦА), Економска комисија за Европа (ЕЦЕ), Економска комисија за Латинска Америка и Карибите (ЕЦЛАЦ), Економска и социјална комисија за Азија и Пацификот (ЕСЦАП), Економска и социјална комисија за Западна Азија  (ЕСЦВА)
 

bullet

6) Стручни комисии: Комисија за одржлив развој, Комисија за население, Комисија за социјален развој, Комисија за статистика, Комисија за човекови права, Комисија за правно поставување на жената, Комисија за зависни материи, Комисија за чување од злосторства и одржување на кривичното право

И покрај оваа маса на дополнителни органи значењето на ЕКОСОЦ се намали. Гарајс и Варвик констатираат: „Според целите од чл. 1, бр. 3 на Обединетите нации и наведените работи во чл. 55, ЕКОСОЦ претежно се занимава со прашања на развојот во сиромашните земји (...). Неговите овластувања се притоа ограничени и подлежат на авторитетот на Генералното собрание, кому (...) ЕКОСОЦ сé повеќе и повеќе му станува 'помошен орган'.

Покрај тоа, Генералното собрание со создавањето на специјални органи како Програмата за развој (УНДП) или Конференцијата за трговија и развој (УНЦТАД) му одзеде на ЕКОСОЦ и други надлежности во сферата на развојот, така што нему, освен во доменот на човековите права речиси и не му преостануваат полиња за оперативна работа“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 54 (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 54)]

Други страни за главните органи на ОН:

bullet

Генерално собрание на ОН
 

bullet

Совет за безбедност на ОН
 

bullet

Секретаријат и генерален секретар на ОН
 

bullet

Економски и социјален совет (ЕКОСОЦ)
 

bullet

Доверителски совет
 

bullet

Меѓународен трибунал

[Авотр: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.