1989-2004
Нагоре 1941-1945 1946-1988 1989-2004 Хронологија

 


 

Обединети нации

Развојот на Обединетите нации (III):

Обединетите нации по крајот на Студената војна (1989-2004)

Епохалните преврати од годините 1989/90 „ги ставија Обединетите нации, после децении на продлабочена парализа, речиси наеднаш повторно во центарот на меѓународните политички случувања. Советот за безбедност ... стекна способност за одлучување и дејствување, којашто дотогаш не беше позната“ (Гарајс/Варвик). Притоа иницијативата потекна од Советскиот сојуз, како што е опишано во следниов извадок од еден текст од Хелмут Фолгер:

„До крајот на 80-тите години можностите на Обединетите нации беа реалитвно ограничени, пред с
é во обезбедувањето на мирот и медијацијата при конфликти, бидејќи одлучувачкиот орган на ОН, Советот за безбедност, одвај и да беше способен за работа заради недостатокот на соработка на двете супер-сили САД и СССР. Во фазата на политиката на релаксирање по кризата во Куба дојде до ограничена соработка на големи сили, но истата беше постојано прекинувана со кризи.

Така на пример Советот за безбедност не беше во состојба да дејствува успешно во конфликтот во Авганистан и во Заливската војна меѓу Ирак и Иран, бидејќи во двете војни беа вклучени двете големи сили: во конфликтот во Авганистан, СССР како агресор, а САД како добавувач на оружје за авганистанските трупи на отпорот, а во иранско-ирачката војна двете големи сили како добавувачи на оружје.

Дури една радикална промена на курсот на политиката на ОН на СССР во новиот концепт за надворешна политика на Горбачов, на којшто по извесно колебање беше одговорено со слични политички чекори од САД во Обединетите нации, овозможи темелна промена на работата на Обединетите нации (...). новиот курс на СССР го најде својот најсилен израз во еден говор, којшто го одржа Горбачов на 7 декември 1988 пред Генералното собрание на ОН (...). Тој се изјасни за јакнење на Обединетите нации и ги нагласи предизвиците и можностите“.

[од: Хелмут Фолгер, Zur Geschichte der Vereinten Nationen; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 42/1995, Bundeszentrale für politische Bildung Bonn, S. 9 (За историјата на Обединетите нации; во: Од политиката и историјата на времето 42/1995, Сојузна централа за политичко образование, стр. 9)]

По почетното колебање на САД по Реган дојде до жива соработка, пред с
é под неговиот следбеник Џорџ Буш: „Бројот на ветата се спушти на нула и дојде до експлозивно зголемување во наоѓањето консензус за донесените резолуции и мерки“ (Гарајс/Варвик). Првата Заливска војна меѓу Иран и Ирак заврши исто како и конфликтот во Афганистан.

Во двете конфликтни зони беа испратени мировни мисии, чиј број се зголеми енормно: сините шлемови преминаа од ретка појава во меѓународната политика во централен инструмент во 1988 тие ја добија Нобеловата награда за мир. Освен тоа беше извршена успешна медијација на конфликтите во Ангола, Намибија, Камбоџа и во Западна Сахара. Како уште во фазата на основање на Обединетите нации се ширеше голем оптимизам. Џорџ Буш говореше за еден "new world order", во којшто на Обединетите нации им се припишуваше важна улога.

„Нападот на Ирак врз Кувајт ги уништи надежите за еден свет без војни меѓу државите и распадот на државите во Африка (Сомалија) и Европа (Југославија) ја стави светската организација пред сосема нови предизвици. Обединетите нации понатаму беа с
é повеќе соочени со внатрешно-државни судири.

Постепеното проширување на овластувањата на Советот за безбедност на процеси, коишто неколку години претходно би потпаѓале под наредбата за немешање од Повелбата, беше последицата и истовремено претпоставката за една нова генерација на мировни мисии на ОН (...). Меѓу 1988 и 1992 ... беа формирани 14 нови мисии, повеќе отколку во четирите претходни децении заедно (...). Само во 1993 кон ова се приклучија шест нови мировни ангажмани и покрај времениот мораториум во средината во 90-тите години, бројот на мировните мисии на ОН се зголеми на вкупно 54 до 2001 година“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 125 (Обединетите нации, Инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 125)]

Светски конференции во 90-тите

„Ако Обединетите нации во 70-тите и 80-тите години, пред сé од отпорот на индустриските земји против скапите мултилатерални програми за помош и против барањето за реструктурирање на светскиот економски систем [види го претходниот дел] мораа да претрпуваат порази во своите напори за ублажување на зголемените социјални, економски, еколошки и хуманитрани проблеми во голем број од државите-членки, во 90-тите години тие се обидуваа, преку интензивно подготвени конференции, да изнајдат концепти за решавање на сé поакутните глобални проблеми (...) [преглед на важните светски конференции стои на располагање во тематскиот комплекс „Глобалиација“].

Како резултат од сите конференции можат да се забележат, како успеси, така и порази. Како успех треба да се оцени големата вклученост на НВО-ата, силното присуство на врвни политичари од државите-членки и широкото ехо на конференциите во мас-медиумите. Само делумни успеси беа забележани по однос на меѓународно-правно обврзувачки спогодби, по правилото тие останаа како изјави на намери и акциони програми; само на светската конференција во Рио беа донесени две рамковни конвенции за заштита на видовите и климатска заштита, за чие што остварување, пак, беа потребни содржински утврдувања преку други конференции“.

[од: Хелмут Фолгер, Zur Geschichte der Vereinten Nationen; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 42/1995, Bundeszentrale für politische Bildung Bonn, S. 11 (За историјата на Обединетите нации; во: Од политиката и историјата на времето 42/1995, Сојузна централа за политичко образование, стр. 11)]

И покрај недостатокот на обврзување кај многуте декларации за светските проблеми, Обединетите нации се етаблираа како форум за континуирана обработка на глобални проблеми. Во сите концепти на Global Governance тие, како и досега како единствена глобална организација, играа централна улога. Одлучувачката потешкотија за политички форми што ќе бидат соодветни за глобализацијата на проблемите, се состои во тоа, ефективно и истовремено демократски да се организира владеењето над националната држава. Во горливите проблеми на политичката наука и понатаму спаѓа развивањето на иновативни модели во оваа смисла.

Биланс во доменот на обезбедување на мирот

И за оваа фаза во развојот на Обединетите нации билансот по однос на главната задача, обезбедување на мирот и меѓународната безбедност, е мешан. Наспроти горенаведените почетни успеси, пред с
é операцијата во Намибија при преминот на земјата во независност, стојат тешките неуспеси, меѓу другото, во Сомалија и Босна, коишто нанесоа трајни штети по угледот на светската организација.

Како уште кај мисијата во Конго во 1960 [види претходен дел] сините шлемови беа преоптоварени со с
é повеќе задачи, коишто не беа создадени за нив и коишто тие не можеа да ги исполнат: „ако класичните мировни мисии ... се карактеризираа со својата функција како тампон меѓу воените сили на, по правило, конфликтните страни репрезентирани преку држави, мандатите во 'втората генерација' се карактеризираа со сé поширок спектар на задачи.

Помошта од државите во преодните процеси и процесите на национално помирување, поддршка на демократските процеси на консолидација, разоружување и реинтеграција на армии од граѓанските војни, репатријација на бегалци и конечно времено преземање на квазидржавни овластувања за цела една земја спаѓаа во новите задачи на мировните мисии“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 127 (Обединетите нации, Инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 127)]

Таквите мисии на втората генерација беа спроведувани не само во Намибија, туку релативно успешно, и во Никарагва, Ел Салвадор, Камбоџа и ослободувањето на Кувајт на тамошната граница кон Ирак, за којашто Советот за безбедност даде мандат, каде во дотогаш најголемата и најскапа мисија беше воспоставена преодна влада. Заедничко за овие ангажмани беше тоа што беа во традицијата на класичното Peacekeeping, тие не се реализираа во, туку по воени конфликти, како што е нагласено во следниов извадок од еден текст:

„Натамошниот развој на доктрината за Peacekeeping во 'втората генерација' беше од градуелна природа дотаму што мисиите беа реализирани во Post-Conflict ситуации, значи во значително мирно опкружување и се надградуваа на претходно договорените мировни договори односно на консензусот меѓу конфликтните страни. Сепак, некои од мировните ангажмани по 1992 беа во конфликт со одржаните принципи на концепцијата на сините шлемови (...).

Со УНОСОМ II во Сомалија, за првпат по ангажманот во Конго, беше даден мандат за мировна трупа според регулативите од глава VII од Повелбата со примена на воена принуда. Сепак, ваквата прва хуманитарна интервенција на Обединетите нации ја промаши ... својата цел, да ги разоружа кланските оружени сили што се бореа едни против други и трајно да обезбеди хуманитарна помош за населението. По смртта на 24 пакистански војници сините шлемови се откажаа од својата неутралност и самите станаа страна во конфликтот (...). УНОСОМ II не успеа и заради ваквата принципиелна противречност: наместо да се обезбеди договорениот мир меѓу страните, сините шлемови требаше да го изнудат мирот и со значителни загуби станаа страна во конфликтот.

Ангажманите на УНПРОФОР во поранешна Југославија, пак, во своите почетоци се карактеризираше со тоа што практикуваше класичен Peacekeeping. Сепак, брзо се констатираше колку недоволно влијае еден одржан инструмент во еден контекст за којшто тој не беше создаден. Сините шлемови беа дислоцирани без да постоеше еден сигурен договор меѓу страните како основа. Мисијата што започна во 1992 во Хрватска, се прошири од 1993 преку „прикрадено“ проширување на мандатот ... во интервенција за заштита на цивилното население пред масивните повреди на човековите права кон Босна и Херцеговина.

[Бутрос Бутрос-Гали,
Генерален секретар на ОН
1991-1996]

Генералниот секретар повеќепати убедливо предупреди, дека на мировната трупа не треба да ñ се пренесуваат задачи, за коишто таа не е соодветна. Сукцесивното проширување на мандатот на УНПРОФОР, кој што дојде под притисок на случувањата, не соодветствуваше во воената опрема и правното и политичкото разјаснување на правилата на игра во тој ангажман ... Сините шлемови во повеќе слуаи беа земени како заложници ... и се наоѓаа меѓу фронтовите, за кои честопати не беше јасно дали беа формирани од регуларни воени сили или од т.н. warlords (...).

Неуспешните мисии во Сомалија и поранешна Југославија го симболизираат почетокот на кризата на Peacekeeping на ОН и на обезбедувањето на мирот во целина од страна на Обединетите нации. Искуствата со повеќепати т.н. Peacekeeping од 'третата генерација', во чиј тек спроведувањето на мандатите на сините шлемови беше проширени со средства за принуда и воена сила, произлегоа дека се двосмислени. Така сликите на убиени војници на ОН во Сомалија или киднапирањето на мировни трупи на ОН во Босна и Херцеговина, што се проширија низ целиот свет, предизвикаа драматично опаѓање на подготвеноста на многу држави, да ги стават своите војници во опасност во тешки мисии.
 

Преземањето на заштитната зона на ОН, Сребреница, од страна на босанските Срби во јули 1995 (при што беа убиени најмалку 7.000 Босанци, кои залудно веруваа во заштитата од Обединетите нации) стана симбол за неуспехот на ООН во конкретни конфликтни состојби“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 128-130 (Обединетите нации, Инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 128-130)]

Во Руанда, покрај присутноста на мировна мисија на ОН, беа убиени преку 800.000 луѓе пред да се договори  воена акција. „Со ваквите неуспешни удари ООН во голем дел од јавноста западна во лошо светло и се појавуваше како неспособен тигар на хартија“ (Гарајс/Варвик). Стана јасно дека мировните мисии од нов тип бараа нова концепција. Гарајс и Варвик во своето резиме констатираат: „Иако билансот на обезбедувањето на мирот од ОН не е само негативен, светската организација во текот на 90-тите години беше западната во длабока криза во својот исконски домен на надлежности“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 131 (Обединетите нации, Инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 131)]

И покрај интензивните реформски напори и иновативни концепти (особено „Агендата за мирот“ на Бутрос-Гали) оваа криза доведе до тоа, фокусот кај обезбедувањето на мирот да премине од Обединетите нации и нивниот Совет за безбедност на регионални сојузи и групи на држави. Оваа тенденција стана јасна во војната во Косово и се заостри во „војната против теророт“. На тој начин во опасност западнаа не само светската организација, туку и темелната идеја за заедничка одговорност на сите држави за мирот, како што е нагласено во следниов биланс на Гарајс и Варвик:

„Барањето на Обединетите нации, да го формираат системот на глобална безбедност со опширна надлежност и легитимно право за меѓународно почитување на нормите и правилата од темелите на Повелбата, беше видливо ставено под знак прашалник. Критиката... стана гласна за тоа дека индустриските нации ги инструментализирале Обединетите нации на селективен начин за спроведување на сопствените интереси. На тој начин на Обединетите нации им се заканува опасноста од маргинализација во доменот на централните задачи, за чие исполнување тие беа формирани 1945 год.

Со ваквиот развој не е поврзана само грижата за можниот пад на една меѓународна организација. Всушност, се работи за принципиелна проблематика, дали прашањата на светскиот мир и меѓународната безбедност и во иднина ќе останат одговорност на еден систем за колективна безбедност или ќе бидат вратени на ниво на државите односно системи на регионални сојузи (...).

Ако оваа опција остане де факто на државите на ад-хок основа, ваквиот пат, независно дали краток или долг, ќе доведе до свртување од еден меѓународно-правен поредок, којшто се разви по Втората светска војна преку многу повратни удари, а за чија нужност, пак, и покрај сета кршливост постои широк консензус меѓу државите“.

[од: Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen; Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S. 132 (Обединетите нации, Инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко образование, издание во томови, том 403, Бон 2003, стр. 132)]

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.