|
| |
Развојот на
Обединетите нации (II):
Обединетите нации во Студената
војна (1946-1988)
Високите очекувања при формирањето на светската организација беа
брзо разочарани. Конфликтот Исток-Запад што се
манифестираше
во 1947 многу го отежна конструктивното
работење во телата на ОН во првите децении:
Единството на големите сојузнички сили во
Втората светска војна
се скрши уште при поделбата на воениот улов, а со тоа надежта за тој
'еден свет', којшто ООН требаше
институционално да го олицетворува и штити.
Ако Обединетите нации до 1947 можеа да забележат редица успеси,
меѓу другото и повлекувањето на Советскиот сојуз од Иран, регулирањето на
прашањето за Трст и повлекувањето на британско-француските трупи од Либан и
Сирија, поранешното братство по оружје меѓу западните сили и Советскиот сојуз
во
1947 премина во конфликт, кој, како што е познато, ги карактеризираше
меѓународните односи и работата на Обединетите нации цели 40 години.
Судирите на политичка моќ и идеологии меѓу двата блока...
оттогаш доминираа во дебатата и преговорите во сите гремиуми на ОН, но по
природата на нештата најмногу во
Советот за безбедност. Функцијата на организацијата
за обезбедување мир беше прекината, дури и повеќе: 'мирољубивите
големи сили', коишто согласно статутот ја носеа главната
одговорност за мирот, во борбата за сферите на влијание во Третиот свет ги
направија најопасните
кршења на мирот.
[од:
Гинтер Унзер/Михаела Вимер, Die Vereinten Nationen. Zwischen Anspruch und Wirklichkeit, Bundeszentrale für
politische Bildung, Bonn 1995, S. 37 (Обединети нации. Меѓу
барањето и реалноста, Сојузна централа за политичко образование, Бон 1995, стр.
37)]
Но, блокадата на Советот за безбедност предизвикана од
Студената војна не треба да доведе до заклучок дека првите четири децении биле
загубено време за ООН и дека нејзината историја започнува со епохалните
превирања од 1989/90. Една таква проценка би ги
занемарила успесите на светската организација во доменот на заштита на
човековите права,
натамошниот развој на меѓународното право или деколонизацијата.
Главата VII од
Повелбата на ОН
не може да се употреби како јадро на системот за колективна
безбедност, сепак организацијата имаше други тежишта во својата работа.
И покрај, или токму поради, блокадата се успеа во задавање насока, којашто го карактеризира ликот на ООН како форум за глобални проблеми.
 |
Полето на акција на ООН во првата фаза се ограничи на областите, во коишто
не беа погодени директните интереси на големите сили.
Првиот генерален секретар, Tригве Лие
од Норвешка во најголем дел од својот мандат (1946-1952)
работеше на надградба на
Секретаријатот и воспоставување функционални
Обединети нации во својата централа во Њујорк. Покрај
тоа... беа формирани и цела редица специјални и помошни организации за да се
олесни обновата на уништените области, пред сé
во Европа. Врвната
точка од тие години се состоеше конечно во 'Универзалната
декларација на човековите права', којашто беше
изработена од
Комисијата за човекови права на ОН -
стручен орган на
Економскиот и социјален совет - и којашто
едногласно беше прифатена на 10
декември 1948 од
Генералното собрание. [...повеќе
информации на тема човекови права како и сите важни информации можете да
ги најдете во тематскиот
комплекс
Човекови права на
Д@далос]
[од:
Гинтер Унзер/Михаела Вимер,
Die Vereinten Nationen. Zwischen Anspruch und Wirklichkeit, Bundeszentrale
für politische Bildung, Bonn 1995, S. 41 (Обединети нации.
Меѓу барањето и реалноста, Сојузна централа за политичко образование, Бон
1995, стр. 41)] |
По смртта на
Сталин во 1953 малата релаксираност меѓу блоковите (мирна
коегзистенција) и кај Обединетите нации придонесе до
олеснување на условите за работа. По долгогодишна забрана
за прием, во 1955 кон ООН пристапија 16 нови држави-членки.
Државите од Источниот блок започнаа по своја волја финансиски да
учествувааат во неколку програми за помош на ОН и на специјални организации, а
коишто ги бојкотираа во првите години. Освен тоа,
во 1953
Швеѓанецот Даг
Хамарскјелд беше избран за нов генерален секретар на
ОН, кој до денес важи за најмаркантен мандатар.
 |
Даг Хамарскјелд се гледаше не 'само'
како репрезентат и администраторски шеф на Обединетите
нации. Свесен за целите и со голема снаодливост во следните години тој ги
користеше дупките во Повелбата на ОН за континурано да ги проширува задачите
и просторот за маневрирање на генералниот секретар. Без посебно барање или
овластување од
Советот за безбедност или
Генералното собрание тој се обиде,
во смисла на 'превентивна демократија'
да посредува уште кај конфликти во почетна фаза, пред спорот
да стигне до акутен стадиум.
Врз основа на резолуцијата Uniting-for Peace
од 1950 ...
Обединетите нации, по ангажман на својот нов генерален
секретар, кон средината на 50-тите години развија
сосем нов инструмент, кој што не беше предвиден во Повелбата:
т.н. 'операции за обезбедување мир и
одржување мир' (Peacekeeping мисии).
За разлика од мерките за 'изнудување
мир' од глава VII,
овие операции не почиваат на примена на сила, туку служат за
стабилизација на неупотребата на сила со инсталирање на 'тампон
зона'
меѓу конфликтните страни. |
Бидејќи таквите
ангажмани на Обединетите нации за одржување на мирот во принцип се можни само во
согласност со засегнатите конфликтни страни и војниците на ОН, освен за
самоодбрана, не смеат да користат оружје, ваквите операции овозможија вклучување
на мнозинството, во споредба со воените акции на ОН.
[од:
Гинтер Унзер/Михаела Вимер, Die Vereinten
Nationen. Zwischen Anspruch und Wirklichkeit, Bundeszentrale für politische
Bildung, Bonn 1995, S. 45 (Обединети нации. Меѓу барањето и
реалноста, Сојузна централа за политичко образование, Бон 1995, стр. 45)]
Повод за првиот ангажман на
сините шлемови беше
Суецката
криза од 1956. Таму трупите на ОН дејствуваа како тампон
меѓу конфликтните страни. Следеа други ангажмани, при што
задачите на сините шлемови беа проширени. Преглед на
досегашните мировни мисии, чиј број значително се зголеми по крајот на
Студената војна [види
го следниот дел од овој основен курс],
стои на располагање во делот
Хронологија.
Од средината на 50-тите години прашањата на деколонизацијата
претставуваат тежиште во работата. Откако
патот во независноста за колониите на почетокот се карактеризираше со крвави
(ослободителни) војни,
благодарение на
ангажманот на Обединтите нации
се успеа да се насочи процесот на уредна и мирна патека.
Процесот на деколонизација имаше маркантни влијанија врз
Обединетите нации: државите што тукушто станаа
независни пристапуваа во ОН, така што организацијата од 1955
до 1962 порасна за 50
нови членки.
Во 1965 веќе 118 држави беа дел
од Обединетите нации, а и географската распределба се измени темелно. Ако ООН во
1945 се состоеше речиси само од северно- и јужноамерикански
и европски држави, така за време на бранот на деколонизација
тука се приклучија пред сé
земји од Азија и Африка, а подоцна и земји од Океанија и Карибите.
На тој начин ООН се разви од еден гремиум, којшто примарно се
состоеше од сојузниците од
Втората светска војна, во една вистинска светска
организација.
[од:
Гинтер Унзер/Михаела Вимер, Die Vereinten
Nationen. Zwischen Anspruch und Wirklichkeit, Bundeszentrale für politische
Bildung, Bonn 1995, S. 51-53 (Обединети нации. Меѓу барањето и
реалноста, Сојузна централа за политичко образование, Бон 1995, стр.
51-53)]
Така потполно се промени лицето на Обединетите нации.
Од трите полиња на задачи [види
основен курс
1]
во позадина се повлече првичната централна задача - обезбедување
на мирот - со тоа што и самиот
Совет за безбедност преку ветото на
контра-играчите во Студената војна и онака беше мошне ограничена во
функционирањето, а задачата економски и социјален развој прејде на центарот.
 |
Со
поранешните колонии речиси сите земји во развој без исклучок
пристапија кон ООН.
Државите од Третиот свет располагаа со мнозинство гласови во генералното собрание. Развојната
политика и понатаму беше во центарот на работата
на Обединетите нации.
1961 Ситу
У Тант од
Бирма беше избран за генерален секретар на ОН и
Генералното собрание ја
повика првата развојна декада.
Во 1963 преку две
измени на Повелбата на ОН бројот на непостојаните членови во
Советот за
безбедност беше зголемен од шест на десет, а бројот на членови во
економскиот и социјален совет беше зголемен од 18 на 27
(во 1971 уште еднаш на 54). |
|
Географска распределба
на 127 членки на ОН (1970) |
|
Африка |
42 |
|
Азија |
29 |
|
Европа |
27 |
|
Америка |
26 |
|
Океанија |
3 |
|
Вкупно |
127 |
|
Со своето
мнозинство во
Генералното
собрание земјите во развој успејаа да го формираат
УНЦТАД (Конференција
на Обединетите нации за трговија и развој)
како контратежа на Bretton Woods-организациите
Светска банка
или
Меѓународниот монетарен фонд, во коишто бројот на
гласови се мери според влогот на капитал, а со тоа на посиромашните држави едвај
и да им се дава можност за обликување.
Во 1966 две постоечки
институции, Програмата за техничка развојна помош, ЕПТА и
Специјалниот фонд
СФ, формиран 1959, беа припоени во една развојна развојна програма на ОН,
УНДП. Конфликтот
Исток-Запад продолжи и понатаму ја отежнуваше работата на ООН, но беше поместен
од конфликтот Север-Југ.
Западните држави секогаш со одбивност
беа поставени
кон автоматското двотретинско
мнозинство на земјите од Третиот свет. Земјите во развој се жалеа за 'игнорантноста
на малцинството'
кон проблемите на големата маса на човештвото.
Индустриските земји, а пред сите
нив САД, како далеку најголем
плаќач
на чланарина, се жалеа 'тиранијата
на мнозинството'
на Третиот свет во органите на ОН ...
Бидејќи земјите во развој придонесуваа со помалку од три
проценти во буџетскиот план,
Американците беа сé
помалку подготвени да ги прифатат нивните препораки и
одлуки по важни прашања, вклучувајќи го тука и буџетот на ОН.
[од:
Гинтер Унзер/Михаела Вимер,
Die Vereinten Nationen. Zwischen Anspruch und Wirklichkeit, Bundeszentrale für
politische Bildung, Bonn 1995, S. 67-69 (Обединети нации. Меѓу барањето и
реалноста, Сојузна централа за политичко образование, Бон 1995, стр.
67-69)]

[Курт Валдхајм,
Генерален секретар на ОН
1972-1981] |
Хелмут Фолгер го резимира развојот на оваа фаза: Седумдесетите години во
Обединетите нации беа деценијата на големите надежи на државите од Третиот
свет. Особено
откако во октомври 1971 по одлука на Генералното собрание на ОН, Народна
Република Кина ја замени Република Кина (Тајван) во својата позиција, многу
држави од Третиот свет се чувствуваа појаки во својата позиција,
бидејќи Народна
Република Кина стапуваше како постојана членка на Советот за
безбедност на ОН и како говорник и застапник на интересите на Третиот свет.
Во средиштето на работата на Обединетите нации во овој
период се наоѓаа напорите за реформи во светската економија (...).
Така, во консензуална постапка
во 1974 год. од Генералното
собрание на ОН беше прифатена една Декларација за нов светски економски
поредок. Истата беше заменета со Повелба за
економските права и обврски на државите, којашто
Генералното собрание на ОН ја донесе во декември 1974 како резолуција.
Кон програмските точки на новиот светски економски поредок ...
спаѓаат, меѓу другото, лојални релации на цените за Третиот
свет, постапното отстранување на тарифните и нетарифните препреки во
трговијата за да им се олесни на државите од Третиот свет пристапот до
пазарите на индустриските земји како и зголемените јавни услуги за земјите во
развој (...). |
Бидејќи
декларацијата за реформи во светскиот економски поредок беше прифатена од сите
земји-членки, и од индустриските земји на Западот, државите од Третиот свет беа
со оптимизам дека брзата реализација на одделните реформски чекори
ќе успее.
Но, во пракса во следните години ним не им успеа, заради дипломатски снаодливиот
и во основа тешкиот отпор на индустриските земји, на
конференциите за светска трговија на УНЦТАД и на преговорите во Светската банка,
во Меѓународниот монетарен фонд
Генералната царинска и трговска спогодба
(GATT) освен мали признанија, да постигнат одлучувачка
структурна промена во системот на светската трговија. УНЦТАД-конференцијата
во 1983
во Белград конечно го сигнализираше ... неуспехот на
напорите на Третиот свет за еден 'нов светски економски
поредок', којшто имаше огромни последици по животните
услови на мнозинството на човештвото во најголем број држави од Третиот свет.
[од:
Хелмут Фолгер, Zur Geschichte der
Vereinten Nationen; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 42/1995, Bundeszentrale
für politische Bildung Bonn, S. 7-8 (За историјата на
Обединетите нации: во: Од политиката и историјата на времето 42/1995,
Сојузна централа за политичко образование Бон, стр. 7-8)]
Овие проблеми на светска поделба и неправедноста што резултираше
од тоа, до денес
останаа нерешени. Тие, преку процесите што се резимирани под
етикетата глобализација, дури и се заострени во
последните децении [други информации на оваа тема можете
да најдете во рамките на
тематскиот
комплекс Глобализација на Д@далос].
Биланс во доменот на обезбедување на мирот
Билансот по однос на главната задача на Обединетите нации,
обезбедување на мирот и меѓународната безбедност, во првите децении отпаѓа
амбивалентно. Ако во Берлинската, Суецката и Кубанската криза може да се зборува
за тоа дека светската организација опстоја, при мисијата во Конго може да се
забележи пренапрегнатост, која подоцна резултираше со проблеми во мировните
мисии [хронолошки преглед на сите мировни мисии можете да
најдете на страната
Хронолигија].
Берлинска криза: Обединетите нации
како форум за преговори
Во случајот на Берлинската блокада, којашто беше ставена на
дневниот ред на Советот за безбедност од крајот на
септември 1948
по барање на западните сили, СССР го спречи донесувањето на
резолуциите на
Советот, но во периодот што следуваше дојде до дипломатски
активности на Обединетите нации. Во октомври 1948
генералниот секретар на ОН, Ли, по молба на американскиот пратеник
Џесап преку својот соработник Соболев (СССР)
и Фелер (САД)
посредуваше
за воспоставување контакт со заменик-министерот за
надворешни работи Вишинскиј; сепак, иницијативата за преговори остана безуспешна.
Откако претседателот на САД, Труман, на 31 јануари одлучи да
одговори со сигнал за
подготвеност за разговор на индиректната понуда за
преговори, којашто Сталин ја даде во едно интервју со една американска
информативна агенција, САД свесно ги избраа Обединетите нации за воспоставување
тајни контакти: американскиот пратеник во ОН, Џесап,
континуирано се среќаваше со советскиот пратеник во ОН, Малик, и со него го
договори крајот на блокадата. И покрај блокираниот
Совет
за безбедност преку вето, Обединетите нации во Берлинскиот конфликт се одржаа
како инструмент за медијација при конфликти.
[од:
Хелмут Фолгер, Zur Geschichte der Vereinten Nationen; in: Aus Politik und
Zeitgeschichte 42/1995, Bundeszentrale für politische Bildung Bonn, S. 4
(За историјата на Обединетите нации: во: Од политиката и историјата на времето
42/1995, Сојузна централа за политичко образование Бон,
стр. 4)]
Систем за колективна безбедност:
Основна идеја и
основен проблем
Берлинската криза покажа дека важните функции на Обединетите
нации се наоѓаат под прагот на спектакуларните мировни
мисии. Тие нудат форум за разговори, и токму во кризни
времиња, кога недостатокот од канали за водење разговори можат да доведат до
ескалација на конфликтите. Сигурно дека ова не ги
задоволува барањата на еден функционирачки систем за колективна одбрана, чија
едноставна основна идеја се состои во тоа дека еден потенцијален агресор од еден
затворен фронт се гледа во спротивна позиција од сите членови, поради што (во
идеален случај) тој однапред се откажува од напад. Ако сепак нападне,
нападнатата држава се брани од сите членови во системот.
Еден таков систем (досега)
не функционираше, а критичарите
префрлуваат дека таков систем и не може да функционира од структурни причини,
како што тоа го покажала досегашната историја на Обединетите нации.
Бидејќи или тој не е потребен (ако
важните членови се согласуваат) или истиот не функционира
(ако не се согласуваат).
Сепак, во 1950 по нападот на Северна Кореја врз Јужна Кореја дојде
до воена акција под водство на САД, којашто беше јасно овластена од страна на
Советот за безбедност. Ова претставуваше посебен случај во смисла на тоа што
резолуцијата на Советот за безбедност можеше да биде донесена, бидејќи Советскиот
сојуз во тоа време остана оддалечен од заседанијата на Советот (во
знак на протест за тоа дека Народна
Република Кина не беше примена во
Обединетите нации на местото на Тајван).
Суецка криза:
Откривање на мировните
трупи
Важна проба за одржувањето на системот за одржување на мирот во
Обединетите нации претставуваше Суецкиот конфликт од 1956:
од една страна Обединетите нации успејаа во тоа, и покрај
директното учество од страна на две постојани членки на Советот за безбедност,
Велика Британија и Франција, да останат функционални, бидејќи САД вршеше силен
политички притисок врз двете за да се согласат на решение за посредување како и,
откако Велика Бритјанија и Франција преку своето вето го блокираа Советот за
безбедност, бидејќи
Советот со гласовите на САД и СССР по постапката на
'Uniting-for-Peace-Resolution' донесоа одлука за повикување на
вонредна седница Генералното собрание, за итна состојба.
Генералното собрание, по предлог на генералниот секретар
Хамарскјелд, одлучи да се постават трупите на ОН за контрола на одржувањето на
претходно договореното примирје. Ова беа првите мировни трупи на ОН и значеше
натамошен развој на Повелбата, во која не беа предвидени такви трупи на ОН, коишто согласно глава VII
по кршење на мирот не можеа
да спроведуваат воени санкции, туку само со согласност од конфликтните страни да
обезбедат примирје на оружјето. Денес тие несомнено се најважниот инструмент на
Обединетите нации.
[од:
Хелмут Фолгер, Zur Geschichte der Vereinten Nationen; in: Aus Politik und
Zeitgeschichte 42/1995, Bundeszentrale für politische Bildung Bonn, S. 6
(За историјата на Обединетите нации: во: Од политиката и историјата на времето
42/1995, Сојузна централа за политичко образование Бон,
стр. 6)]
Конфликтот во Конго:
Преоптеретување на мировните трупи
Мировната мисија во конфликтот во Конго
1960 до 1964 јасно
ги постави границите на новиот инструмент и го пригуши оптимизмот што се
поврзуваше со мировните трупи. Свен Гарајс и Јоханес Варвик го резимираат
неуспехот на оваа мисија:
Времените успеси на мисија на УНЕФ доведоа до тоа,
што до
почетокот на 1960-тите со обезбедување на мирот беа поврзани оптимистички
очекувања. Израз на ваквиот став, меѓу другото, беше
амбициозниот ангажман во Конго ... (ОНУЦ),
кој делумно не ги почитуваше принципите поставени од
Хамарскјелд. Започнувајчи со
Резолуцијата 143
од јули 1960 мандатот беше продолжен
со вкупни четири други резолуции на Советот за безбедност. |
|
Основните принципи на Хамарскјелд за
ангажманот на
сините шлемови:
 |
сите страни во конфликтот мораат да
дадат согласност за ангажманот. |
 |
Обединетите нации се одговорни за
ангажманот, тоа значи набљудувачките мисии се споредни органи на
Советот за безбедност. |
 |
Сините шлемови се неутрални. |
 |
Употреба& | | | |