1941-1945
Нагоре 1941-1945 1946-1988 1989-2004 Хронологија

 


 

Обединети нации

Развојот на Обединетите нации (I):

Основање на Обединетите нации (1941-1945)

Гинтер Унзер и Михаела Вимер во следниот извадок од еден текст ја скицираат фазата на основање на Обединетите нации за време на Втората светска војна:

И „двете светски војни донесоа неописливо страдање на човештвото и чинеа за половина век повеќе од 100 милиони човечки животи. Основачите на Обединетите нации и авторите на Повелбата беа исполнети од длабоката желба за мир и од убедувањето дека со заедничка постапка можат да обезбедат траен, мирен светски ред по завршувањето на Втората светска војна (...).

Во август 1942 ... американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт и британскиот премиер Винстон Черчил се сретнаа на Бермудите за да ги утврдат повоените цели. Иако, по нападот на Германија врз Советскиот сојуз во јуни 1941 дојде до договор за алијанса меѓу Москва и Лондон, оваа средба се одржа без учество на Советскиот сојуз.

Резултатот од овие разговори се регулираше во една заедничка декларација -  Атлантската повелба. Во оваа декларација, покрај другото, обете држави се заложија и за правото на самоопределување на народите, за слободна светска трговија и за економска соработка, за отстапување од насилство и воспоставување на општ систем за безбедност.

На крајот тие нагласија дека „до подигнувањето на еден натамошен и траен систем на меѓународната безбедност“ би било неопходно разоружување на државите-напаѓачи, што го наговестува основањето на нова меѓународна организација. Сепак, како Рузвелт така и Черчил, не покажал голем интерес за тоа други држави да учествуваат во главната одговорност за меѓународниот мир. Ова се сменило дури по јапонскиот напад врз Перл Харбур и по влегувањето во војна на САД. Растеше сознанието дека за трајно уредување на мирот е потребна коалиција на држави на поширока основа и исто така вклучување на Советската унија.

На крајот тие потенцираа дека 'до воспоставувањето на поширок и траен систем на меѓународна безбедност' разоружувањето на државите-агресори било непходно, со што веќе се најави формирањето на една нова меѓународна организација. Како Рузвелт, така и Черчил најпрво покажаа малку интерес кон тоа, да вклучат други држави во главната одговорност за меѓународниот мир. Ова се промени дури по јапонскиот напад на Перл Харбур и влегувањето на САД во војна. Растеше сознанието дека траен мирен поредок бараше коалиција на држави на широка основа, а особено бараше вклучување на Советскиот сојуз.

На 1 јануари 1942, под водство на САД, СССР, Велика Британија и Кина, во една „декларација на Обединетите нации“, вкупно 26 сојузнички држави се обврзаа, со сите средства да ја продолжат борбата против силите на оската - особено Германскиот рајх, Италија и Јапонија - до целосна победа. Истовремено, по однос на начелата на британско-американската Атлантска повелба, тие се изјаснија за повоено уредување, а со тоа и за воспоставување на еден „траен систем на меѓународна безбедност“. Во текот на војната, кон оваа декларација се приклучија уште 21 држава.

По иницијатива, пред сé на Американците, веќе се формираа планирањата за меѓународна организација. Така, САД во 1943 година донесоа нацрт-статут. Во октомври 1943 година, министрите за надворешни работи на САД, СССР, Велика Британија и Кина, на една конференција во Москва, се согласија да создадат една општа меѓународна организација за мир и безбедност за  што е можно најкратко време.      

Во оваа организација, а во смисла на универзалност, сите суверени и мирољубиви држави требаше да можат да бидат членки (со исклучок, на почетокот на 'непријателските држави' од Втората светска војна). Сепак, четирите сили уште во концепцијата си го обезбедија своето одлучувачко влијание: тие сакаа како 'светски полицајци' со сопствени трупи да се грижат за одржување на мирот, додека сите други држави - надгледувани од една неутрална комисија - требаше да се разоружат. На конференцијата во Техеран од ноември 1943 овој концепт беше повторно зацврстен. Експерти од четирите големи сили преземаа изработка на принципите и структурата на светската организација, којашто требаше да се формира, при што требаше да се избегнат недостатоците на Сојузот на народи.

Чекори на патот кон ООН:

1941: Черчил и Рузвелт ја најавуваат Атлантската повелба, во која се наоѓаат првите приоди кон еден нов ред на мирот и соработката.

01.01.1942: името „Обединети нации“ за прв пат се појавува во Декларацијата на сојузничките страни во Втората светска војна, во која 26-те земји се обврзаа да ја продолжат војната против силите на оската. До крајот на војната во алијансата пристапија други 25 држави.

30.10.1943: првата конференција на министрите на надворешни работи во Москва. САД, Велика Британија, СССР и Кина објавија дека треба да се создаде една општа меѓународна организација на сите мирољубиви држави за одржување на светскиот мир и меѓународната безбедност.

01.12.1943: на конференцијата во Техеран, Рузвелт, Черчил и Сталин и Обединетите нации изјавија одговорност за воведување траен мир.

Септ. 1944: претставници на САД, Велика Британија, СССР и Кина во Думбартон Оукс, САД ги изработија начелата за Повелба на Обединетите нации.

Феб. 1945: Черчил, Рузвелт и Сталин на Јалта се согласија за специјален статус на големите сили во Советот за безбедност (право на вето).

Април–јуни 1945: на конференцијата во Сан Франциско претставниците на 50 држави-членки на алијансата ја изработија Повелбата на Обединетите нации.

26.06.1945: Повелбата е потпишана од 50-те држави-основачи (Полска подоцна е прогласена за 51-ва држава-основач).

24.10.1945: по ратификацијата од мнозинството членови-основачи во сила влегува Повелбата на Обединетите нации.

[од: Министерство за надворешни работи, ABC der Vereinten Nationen, Berlin 20004, S. 47 (АБВ на Обединетите нации, Берлин 20004, стр. 47)]

На конференцијата на Јалта во февруари 1945, Рузвелт, Черчил и Сталин се согласија за последните спорни точки. Тука особено се работеше за начинот на гласање во најмоќниот гремиум на идната организација Советот за безбедност. По инсистирање на СССР, на постојаните членови на Советот за безбедност: СССР, САД, Велика Британија, Франција и Кина, им се даде право на вето по сите важни прашања. Ова долго време се покажуваше како парализирачки за работата на организацијата. Но, без давањето вакво право, генерално, не ќе беше можно да се дојде до согласност.

Уште пред крајот на војната четирите главни сили ги поканија сите држави што дотогаш ја имаа потпишано декларацијата на Обединетите нации, во оперската куќа во Сан Франциско за да им го презентираат нацрт-статутот. На таа конференција, која ја што траеше од април до јуни 1945, 50-те држави-учеснички направија преку 1.000. Иако 'концептот на светски полицајци' од претходната верзија не се оствари, малите и средни држави не успејаа да ја укинат привилегираната позиција на големите сили.

Сепак, на 26 јуни 1945 учесниците на конференцијата едногласно ја прифатија Повелбата. Како 51-ва членка-основач потпиша Полска, којашто претходно не можеше да учествува. Организацијата го доби името „Обединети нации“ (United Nations Organization - UNO) и откако договорот беше ратификуван од потребниот број држави, тој влезе во сила на 24 октомври 1945.“

[Гинтер Унзер/Михаела Вимер, Die Vereinten Nationen. Zwischen Anspruch und Wirklichkeit, Bundeszentrale für politische Bildung, Bonn 1995, S. 25-31 (Обединети нации. Меѓу барањето и реалноста, Сојузна централа за политичко образование, Бон 1995, стр. 25-31)]

bullet

понатаму кон следниот дел во рамките на Основниот курс 2:
Обединетите нации во Студената војна (1946-1988)

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.