
Сојузот на народите како претходник на Обединетите нации
Во еден краток воведен текст кон една публикација на Повелбата
на Обединетите нации Хартмут Кригер пишува:
Основањето на Обединетите нации не беше првиот обид за
создавање целосветска мировна организација.
Под впечатокот на огромните загуби на луѓе и материјал во текот на
Првата светска војна политичарите врбуваа...за
спојување на нациите заради спречување на војни. Американскиот претседател
Вудроу Вилсон во своите познати 14 точки од 8 јануари 1918 повика, меѓу другото,
на една 'општа асоцијација на нациите со меѓусебна гаранција за политичка
независност и територијален интегритет на
еднаков начин како за големите така и за малите држави'.
Колку идејата за колективна одговорност за мирот и
безбедноста
беше револуционерна станува особено јасно ако се размисли дека според науката за
меѓународно право до
Првата светска војна, водењето војна, и како во вид на агресија, а доколку била
формално објавена, не важела за неморал и
злосторство, туку последно легитимно срество на политиката.
Статутот на Сојузот на народите од 1919/20 ги обврза членовите да ја почитуваат
неповредливоста на територијата и постојната политичка независност на сите
членови. При повреди на овие обврски
Сојузот на народите требаше да преземе 'соодветни
мерки'. Членовите требаше да решаваат спорни прашања преку меѓународните судови.
Тие се согласија да преземат воени мерки најрано по истекот на три месеци од
судската одлука. Пактот Брианд-Пелог од 1928 год., којшто го потпираа сите
важни држави, донесе со себе комплетен бојкот на војната.
[од: Хартмут Кригер, вовед; во:
Повелба на Обединетите нации, Реклам Штутгарт 1982, стр. 3]
Со поглед кон Обединетите нации, на
Сојузот на народите му се припишува големо
значење, бидејќи тој со себе донесе многу новини на кои можеа да се повикаат
архитектите на Обединтите нации. Ова важи, како за
органите така и за основниот приод на еден систем на колективна безбедност, како
што може да се види од следниве извадоци од еден текст на Свен Гарајс и Јоханес
Ворвик:
Органи на Сојузот на народите
Разбирањето на интенциите и нормите, коишто се наоѓаат во основата на
колективниот безбедносен систем на Обединетите нации, останува некомплетен без
барем скицирана претстава на
Сојузот на народите. Двете организации честопати се ставаат во меѓусебна поврзаност
на што Обединетите нации сакаа да ги отклонат
нормативните и структурните слабости и дефицити на својот претходник.
Колку и да е точно ова од една страна, од друга страна се заборава дека уште со
Сојузот на народите беше започнат еден развој од широко значење и се
воспоставија организациски претпоставки, на кои можеа да се надоврзат Обединетите
нации. Ова особено важи за основниот приод на сојузот на народите: создавање на
режим за заштита од војни што ќе се заснова на меѓународни правни норми и
пренесување на одговорноста за мирот на една меѓународна организација (...).

Главни органи на
Сојузот на народите беа...
Сојузното собрание,
Советот и
постојаниот секретатијат. (...) Во
Собранието беа застапени сите земји-членки
преку делегации, коишто располагаа со по еден глас (...). На
Сојузното собрание
му беа припишани опширни надлежности по однос на сите полиња на работа на
Сојузот на народите или по прашања по однос на светскиот мир, така што можеше да
се зафати со секоја состојба и да искаже препораки.
Сојузот се состоеше од постојани и непостојани членки (...). Во годината на
влегување во сила на
Статутот во 1920 год. предвидени беа 'претставниците на
сојузничките и асоцијативните главни сили' на договорите за мир пет постојани
членки (Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, САД) и четири
непостојани членки на
Советот, коишто се утврдувале од
Советот на Сојузот по
слободно судење. Со непристапувањето на САД во
Сојузот на народите нивното
постојано место остана слободно (...).
Своите одлуки и препораки
Советот по правило ги донесуваше едногласно
(...).
Ако членките во
Советот биле инволвирани во некој
спор, тогаш биле исклучени од давањето глас, така што не било можно да стават
вето.
Советот ...
располагаше со истите опширни надлежности како и
Советот на Сојузот (...).
Постојаниот секретаријат, под своите двајца
Генерални секретари,
сер Џејмс
Ерик Друмонд (до 1933)
и Франсоа Џосеф Авенол ја формираа управната служба на сојузот на
народите.
Под Генералниот секретар ...
се наоѓаше една меѓународна служба поделена на
стручни одделенија, чиј персонал беше регрутиран од стручните службеници на
земјите-членки.
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
92-95 (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа
за политичко образование, Списи во томови, Том 403, Бон 2003, стр.
92-95 )]
Колективниот безбедносен систем на
Сојузот на народите
За обезбедување на светскиот мир и меѓународната безбедност преку
статутот на Сојузот на народите се создаде
двоен систем на колективна
безбедност, којшто од една страна беше насочен кон заштита од војни преку
постапка на мирно регулирање на спорот, а од друга страна предвидуваше и
санкциски механизми за завршување на веќе започнатите војни.
Парцијалната забрана за војни од статутот на
Сојузот на народите ги
обврза сите земји-членки кон учество во т.н. cooling-off-постпака
кај оние спорови
штоби можеле да доведат до војна.
Целта на оваа постпака беше да му се пренесе таквиот спор или на арбитражен суд,
на постојниот меѓународен суд или на
Советот.
Во рок од шест месеци
Советот требаше да го испита спорот и да изготви
извештај (...). За време на оваа фаза како и периодот од три месеци
што следеше ниедна од страните не смееше да влезе во војна. Во
случај кога една од страните во спорот ја прифатила одлуката
или одлуката на арбитражниот суд или, пак, едногласно донесената препорака на
Советот, стапуваше забраната за војна..
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
95-96 (Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа
за политичко образование, Списи во томови, Том 403, Бон 2003, стр.
95-96]
Слабости на системот
Во јасните слабости на овие регулативи спаѓаше и тоа што сите форми
на примена на сила под прагот на војната не беа дел од овие рамки на забрана.
Оттаму мораше да остане отворено прашањето:
кога дозволената примена на сила
преминува во забранета војна?
Оваа непрецизност
беше од големо значење за ефективноста на мерките на
колективна безбедност. Статутот му ја отвори можноста на
Сојузот на народи да изрекува санкции против една држава, ако таа почнала војна
спротивно на договореното. Овие колективни мерки, чиј
спектар се протегаше од економски и политички бојкот па до милитарна принуда,
требаше да се изведуваат од
страна на сите членови на
Сојузот (...).
Сепак, со оглед на недостатокот на јасна дефиниција на агресијата ...
владееше несигурност по однос на претпоставките за изрекување принудни
мерки генерално и за опсегот на обврските за милитарен придонес конкретно
(...). Практиката на санкционирање, на
Сојузот на народите остана ограничена на еден случај: во
војната во Абесинија
во 1937
Советот изрече ембарго против Италија, а целта на таквото ембарго -
ставање крај на италијанската агресија,
не беше постигната.
Уште во случајот на јапонската инвазија во Северна Кина на почетокот на
30-тите години, Сојузот на народите остана неактивен и не можеше, по истапувањето
на Јапонија од организацијата во 1933 год., да го спречи избивањето на
јапонско-кинеската војна од 1935 год. Советската агресија против Финска во декември 1939
доведе до исклучување на СССР од организацијата, а со оглед на
започнувањето на
Втората светска војна
во 1939 Сојузот на народите во тоа време
веќе дефинитивно пропадна како систем за колективна безбедност.
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
96-97
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко
образование, Списи во томови, Том 403, Бон 2003, стр.
96-97)]
Хартмут Кригер ја билансира работата на
Сојузот на народи во
централниот домен на обезбедување на мирот на следниов начин:
Неговата главна задача, спречување војни,
Сојузот на народите не можеше да ја
реши. Сите напори за ограничување на оружувањето или воопшто за разоружување
останаа неуспешни. Неделотворни останаа
и регулативите од статутот на
Сојузот на
народите, со коишто се сакаше да се спречи тајната дипломатија, во којашто
се гледаше една од причините за избивањето на
Првата светска војна: требаше
јавно да се отворат меѓународните договори, а при повреди на статутот на
Сојузот
на народите истите автоматски беа неважечки.
[од: Хартмут Кригер, вовед; во:
Повелба на Обединетите нации, Реклам Штутгарт 1982, стр. 4]
Причини за неуспехот на
Сојузот на народите
За неуспехот на овој прв обид за етаблирање систем на глобална
безбедност,
одговорноста во целина се става на дефицитите и непрецизноста во
нормирањето на статутот како ... на пр. ненаменското ограничување на парцијална
забрана за војни. Но како причини мора да се наведат и структурните слабости во
самата организација (...). Но пред сé
на Сојузот на народи во ниеден момент не му успеа да ги поврзе сите во тоа време
постоечки големи сили (...).
Сојузот на народите никогаш не можеше да стане универзална организација. На 18 април 1946 дојде до негово укинување на 21-ото
Собрание на Сојузот."
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
96-97
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко
образование, Списи во томови, Том 403, Бон 2003, стр.
97)]
Значење на
Сојузот на народи
И покрај неуспехот, билансот на овој вид нова организација воопшто не
беше само негативен во меѓународната политика, како што може да се види преку
примерот од следниот извадок од еден текст од Свен Гарајс и Јоханес Варвик:
Сојузот на народи е синоним за
една идејно-историска пресвртница во меѓународните односи иако државите во тоа
време сé уште
не беа подготвени да дадат вистинска можност за реализација на ваквиот
револуционерен нов принципелен приод на заштита од војни и обезбедувањето мир
преку еден глобален систем и не беа подготвени, од него направат барем една
Clearing House за прашања по глобалната безбедност.
Неговиот конечен неуспех во катастрофата на Втората
светска војна во
принцип не доведе до убедување дека идеите и нормите, коишто се во основата на
Сојузот на народи биле утописки или излишни.
Со почетокот и текот на Втората светска војна на
драматичен начин се нагласила токму нужноста од ефективен
систем на колективна безбедност. Со Повелбата на
Обединетите нации светот направи втор обид за етаблирање на една глобална
организација за обезбедување на мирот.
[од:
Свен Гарајс/Јоханес Варвик, Die Vereinten Nationen. Aufgaben, Instrumente und Reformen;
Bundeszentrale für politische Bildung Schriftenreihe Band 403, Bonn 2003, S.
96-97
(Обединетите нации. Задачи, инструменти и реформи; Сојузна централа за политичко
образование, Списи во томови, Том 403, Бон 2003, стр.
97-98)]