Основен курс 1
Нагоре Основен курс 1 Листа на линкови Содржина Преглед

 

Основен курс 2
Основен курс 3
Основен курс 4
Основен курс 5
UN-Charta


 

 Обединети нации

Преглед на секвенците на основниот курс

Основен курс 1: Кои се задачите и целите на Обединетите нации?

Основен курс 2: Како се развиле Обединетите нации?

Основен курс 3: Како се структурирани Обединетите нации?

Основен курс 4: Како изгледа системот на Обединетите нации?

Основен курс 5: Пред какви проблеми се наоѓаат Обединетите нации?

 

Основен курс 1: Кои се задачите и целите на Обединетите нации?

„Назависно од практичните задачи, за чија реализација се замолени Обединетите нации, организацијата ... има објавена цел да ги промени во својата суштина односите меѓу државите како видот и начинот, на којшто се управува со меѓународните работи.“

[Милениумски извештај на Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, до Генералното собрание]




Главните задачи на Обединетите нации можат да се класифицираат во три области, коишто се во тесна поврзаност и на кои би можеле да им се подредат специфични корени:

bullet

По две катастрофални светски војни обезбедувањето на мирот и меѓународната безбедност ја сочинува централната задача на Светската организација, при што се правеа обиди да се извлече поука од првиот неуспешен обид за основање на систем за колективна безбедност со сојузот на народите во периодот меѓу двете војни [за Сојузот на народите и предисторијата на Обединетите нации види Основен курс 2].

Ако при основањето на оваа организација, меѓународните војни биле најголемиот предизвик, тогаш оваа состојба во последните децении темелно се променила: наспроти намалувањето на меѓународните војни постои огромно зголемување на внатрешно-државните конфликти и на нови феномени, како на пример транснационалниот тероризам [идеи за тематизирање на поимите „војна“, „мит“, „насилство“ и „конфликт“ можете да најдете во рамките на тематскиот комплекс „Мировна педагогијана Д@далос].

Развојот во доменот на обезбедувањето на мирот, од блокадата на советот за безбедност во студената војна па с
é до актуелната дискусија за хуманитарните интервенции, е претставена во Основен курс 2.
 

bullet

Особено геноцидот и злосторствата против човештвото на хитлеровиот режим ја создадоа позадината за втората голема област на задачи на Обединетите нации: заштитата на човековите права и натамошниот развој на меѓународното право.

Веќе во 1948 Генералното собрание ја усвои Универзалната декларација за човековите права, централниот документ во историјата на човековите права. Конкретното правно спроведување на оваа декларација следеше по долгите и мачни дискусии со два меѓународни пакта, со пактот за граѓански и политички права и пактот за економските, социјалните и културните права, коишто беа потпишани во 1966 година и стапија на сила во 1976 [овие документи како и натамошни опширни информации по однос на темите човекови права, права на децата и права на жените можете да најдете во рамките на тематскиот комплекс „Човекови права“ на Д@далос].
 

bullet

Економскиот и социјален развој го претставува третото големо поле на задачи на Обединетите нации. Мирот не се разбира само како отсуство на војна, во смисла на негативниот поим за мир, туку во смисла на позитивниот поим за мир, опфаќа исто така прашања од светскиот развој и правдата [за поимот за мирот види во делот „Мир“ во рамките на тематскиот комплекс Мировна педагогија“]. Кон ова, со оглед на глобалните проблеми, во поново време кон задачите на заштитата на животната средина се придодаде и проблемот на ефектот на „стаклена градина“ или „озонска дупка“.

Веќе во 1945 година била осознаена неуништливата поврзаност на мирот и развојот. Како пример за тоа стојат зборовите на тогашниот американски министер за надворешни работи, Едвард Стетиниус: „Борбата за слобода мора да се води на два фронта. На едниот фронт се работи за безбедноста, а на другиот се работи за економијата и социјалната праведност. Само победа на двата фронта ќе му подари на светот траен мир.“

Всушност, на темите „развој“ и „животна средина“ им се посветени многубројни програми, комисии, специјални органи и посебни организации, коишто го сочинуваат далеку разгранетиот систем на Обединетите нации, со кој се занимава Основен курс 4.

Членот 1 од Повелбата на Обединетите нации ги резимира целите:

"1. Чување на светскиот мир и меѓународната безбедност и преземање делотворни колективни мерки со цел за зачувување од и отстранување на заканите по мирот, потиснување на напаѓачки дејства и други прекршувања на мирот како и чистење и смирување на меѓународни спорови или состојби, коишто би можеле да доведат до прекршување на мирот, со мировни средства и според принципите на праведност и меѓународното право;

2. Развивање пријателски односи меѓу нациите, коишто почиваат на почитување на принципот на рамноправност и самоопределба на народите и преземање други соодветни мерки за зацврстување на светскиот мир;

3. Воведување меѓународна соработка за решавање меѓународни проблеми од економски, социјален културен и хуманитарен карактер и промоција и зацврствуање на почитувањето на човековите права и темелните слободи за сите, без разлика на расата, полот, јазикот или религијата;

4. Да се биде во средиштето, во кое меѓусебно се усогласуваат напорите на нациите за остварување на овие  заеднички цели."

[комплетниот текст од Повелбата на Обединетите нации можете да го најдете на посебна страна]

Поранешниот Генерален секретар на ОН, Курт Валдхајм, во својот годишен извештај за 1978 формулираше, колку е тешко и макотрпно исполнувањето на овие задачи: „Кај проблемите што доаѓаат пред Обединетите нации, вообичаено се работи за огромни сложени прашања. Покрај тоа, голем дел од нив претставуваат закана по меѓународниот мир и безбедност. Обединетите нации даваат на располагање една политичка рамка, во која таквите проблеми можат да се амортизираат, ублажуваат и третираат. Тие ставаат на располагање и место, на кое се среќаваат сите за да работат за решавање или наоѓање договор.

Сепак, мошне често се случува еден таков договор да може да произлезе бавно, преку еден период на постапен развој, период во којшто проблемот мора да се третира и позитивните сили континуирано да бидат насочувани во вистинскиот правец. Ова претставува животно важна функција на Обединетите нации, којашто не смее да биде засенета од разочарувања што се создаваат од неуспехот при постигнувањето брзи и опширни решенија.“
 

... понатаму кон Основен курс 2: Како се развиле Обединетите нации?

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.