|



| |
Поимот „политика“
Оној што се занимава со политика мора да стави
јасно до знаење која е основата на неговото
разбирање на двата поима - политика и
образование. На оваа страна му се посветуваме на поимот „политика“, додека
поимањето на образованието е тема на страната
Образование.
| Нема
единствен поим „политика“... |
Во политичките
науки не постои општо прифатен, единствен поим „политка“. Тоа не е
воопшто лошо, бидејќи токму во суштината на социјалните и духовните
науки се наоѓа фактот дека никогаш не постои едно, ниту пак,
„вистинско“ решение. Затоа со право е откажана бесплодната потрага по
цврста дефиниција за политиката. Дали моќта, конфликтот, владеењето,
мирот или нешто друго се наоѓа во сржта на политиката, зависи од
задавањето на проблемот, засегнатите интереси и многу други нешта. |
| Нашиот поим
„политика“... |
Во основа на нашата работа се наоѓа теоријата за системи со своето
повеќедимензионално поимање на политиката. Притоа станува збор за еден
мошне раширен, но не и најважен или најдобар пристап. Неговата предност е
во тоа што ги интегрира мноштвото аспекти и елементи на политичкото и
дозволува да се структурира и систематизира комплексната политичка
реалност, со тоа што ваквиот пристап, во принцип, ја претставува политиката
повеќедимензионално [... повеќе за
теоријата на системи]. |
| Политика во
три димензии... |
Се разликуваат следниве три димензии
на политика: полити (Polity), политика
(Politics) и полиси (Policy). Притоа полити ја означува формалната
димензија на политиката, значи збирот од норми, регулативите за постапка и
институциите, во кои се води политика. Политика
ја означува
процесуалната димензија,
што подразбира процеси на одлучување, изнесување на
конфликти, реализирање на цели и интереси. Кон оваа димензија треба да се
класифицираат некои од класичните прашања на политичките науки
(кој може да се пробие со своите интереси; кои механизми на регулирање
на конфликти постојат; итн.). Полиси е насочена кон содржинската
димензија на политиката, разработката на проблемот и решавањето задачи, од
страна на политичко-административниот систем, за сите обрзувачки одлуки
(авторитативно задавање на вредности) [...
повеќе за политичките димензии]. |
| Политика во
временската димензија... |
Токму во
политичкото образование ваквиот поим „политика“ се покажа како мошне
корисен. Заедно со другите елементи на анализа на полиси, посебно на
полиси-циклусот, тој на учителите и учениците им дава мостра за
анализа со цел опфаќање на комплексната политичка реалност [...
повеќе за полиси-циклусот]. |
|
Продлабочени текстови за поимот „политика“:
|
[Автори: Рагнат Милер, проф. д-р Волфганг Шуман]
[Почеток
на страна]
|