|
|
|
|
Основи на политичкото образование Политичкото образование претставува широко поле. Тука ќе мораме да се ограничиме на неколку забелешки. Посебни делови ги обработуваат поимите политика и образование. Следниов извадок го обработува проблемот на ориентација кон вредностите и врзување кон вредности на политичкото образование: Политиката и образованието, а соодветно на тоа и политичкото образование, се форми на меѓународно дејствување; тие се ориентираат на цели т.е. вредности. Во едно плуралистичко општество се поставува прашањето дали и како може да се дојде до консензус за вредностите. За слободното образование на младите и возрасните можеби може да се верува во формирање на консензус преку јавна дискусија; политичкото образование во јавна одговорност, сепак, има потреба од легитимирање на своите односни вредности. Модерната држава не може да одговори на прашањето: што е најголемото добро во еден ансамбл на плуралистички вредности. Можеме да се согласиме со тоа дека таа треба да спречи лоши работи, а како културна и социјална држава таа мора позитивно да ги ориентира своите активности кон вредности. Но, политиката не можеме да ја разбереме како 'остварување' на највисоки вредности, туку како регулирање на конфликти и борба за подобар ред во поглед на општо прифатени цели, кои остануваат постојана задача како ориентациони вредности. Политиката не е спроведување на некој историски или морален закон, туку условено од ситуацијата дејствување во конфликти на интереси и целите. 'Темелните вредности' за политиката не се реализирачки програмски точки, туку регулативни идеи. Ориентацијата кон вредностите и процесот на одлучување, придружен со караници, припаѓаат заедно. Политичкото образование мора да го задоволи ова. [Бернхард Сутор, Theoretische Grundlagen; in: Wolfgang W. Mickel (Hrsg.), Handbuch zur politischen Bildung; Bundeszentrale für politische Bildung, Schriftenreihe Band 358, Bonn 1999, S. 66-67 (Теоретски основи; во: Волфганг В. Микел (издавач), Прирачник за политичкото образование; Сојузна централа за политичко образование, списи во томови, том 358, Бон 1999, стр. 66-67)] Прашањето: Кои се всушност задачите на политичкото образование останува спорно по однос на деталите и е подложно на измени. Сепак, следниот извадок наведува неколку полиња на задачи што можат да служат како основа за консензус: 1. едуцирање и зацврстување на
слободна демократска свест за вредности, [Klaus Rothe, Aufgabenfelder; in: Wolfgang W. Mickel (Hrsg.), Handbuch zur politischen Bildung; Bundeszentrale für politische Bildung, Schriftenreihe Band 358, Bonn 1999, S. 97 (Клаус Роте, Полиња на задачи; во: Волфганг В. Микел (издавач), Прирачник за политичкото образование; Сојузна централа за политичко образование, списи во томови, том 358, Бон 1999, стр. 97)] Други текстови се занимаваат со следниве теми:
[Автор: Рагнар Милер] |
|
Теми: Човекови
права I Примери I Демократиија I Партии I Европа
I Глобализација I Обединети
нации I
Одржливост
|