|
|
|
|
Поимот „образование“
- „Да се учи, за да се дејствува“ не се однесува само на професионалните квалификации, туку исто така и на компетенцијата на поставување себеси на нови ситуации и во тимското работење. Но, оваа точка ја опфаќа исто така и практичната примена на ученото во рамките на најразновидните искуства на младите во социјален и професионален контекст (...). - „Да се учи за да се живее заедно“ неопходно е да се развие разбирање за другите и да се разберат взаемните , глобални зависности, на пример преку заеднички проекти и стратегии за совладување на конфликти. Притоа треба да се почитуваат основните вредности како плурализам, меѓусебно разбирање и слобода. - „Да се учи за животот“ значи подобро развивање на личноста и да може да се дејствува со зголемена автономија, со поголема способност за расудување и со зголемена свест за одговорност. За да се постигне ова, не смее да се запостави ниту еден внатрешен потенцијал на која била индивидуа: способност за сеќавање, мисловна моќ, чувство за естетика, мануелни вештини и комуникативни способности. - " Додека формалните образовни системи, стекнувањето на знаење го подредуваат со таква предност и ги запоставуваат другите видови на учење, денес од огромно значење е воспитувањето целосно да се разбере. Поради тоа би требало образовните форми и образовната политика во иднина да се ориентираат како кон содржините, така и кон методите на оваа визија." [Lernfähigkeit: Unser verborgener Reichtum. UNESCO-Bericht zur Bildung für das 21. Jahrhundert. Hrsg. von der Deutschen UNESCO-Kommission. Neuwied; Kriftel; Berlin: Luchterhand, 1997, s.83 (Способност за учење: Нашето скриено богатство, UNESCO - Извештај за образованието на 21 век. издадено од германската комисија на UNESCO, Ноивид; Крифтел; Берлин: Лухтерханд, 1997, стр. 83)]
Други извадоци од извештајот "Способност за учење: Нашето скриено богатство": [Автор: Рагнар Милер] |
|
Теми: Човекови
права I Примери I Демократиија I Партии I Европа
I Глобализација I Обединети
нации I
Одржливост
|