Одржливост

 

Основен курс 1
Листа на линкови
Содржина
Преглед

 

Одржливост

„Секоја генерација мора да ги реши своите задачи и не смее да ρ ги наметне на следните генерации, тоа е основната идеја на одржливиот развој. Во ова јасно е вклучена и глобалната перспектива.“

[Герхард Шредер, Предговор за Извештајот за напредок 2004 на Сојузната германска влада: „Перспективи за Германија. Нашата стратегија за одржлив развој“ (Perspektiven fόr Deutschland. Unsere Strategie fόr eine nachhaltige Entwicklung)]

„На поголема оддалеченост стануваше сι помала и помала. На крајот се скрати на големина на мрамор, најубавиот мрамор што можете да си ја замислите“, вака Џејмс Ирвин, астронаут во мисијата Аполо 15, во 1971 год. го опишува погледот на нашата планета.

Овој поглед на вселенскиот брод „Земја“ од вселената не само што значајно го унапреди знаењето за убавината, туку пред сι
и свеста за ограниченоста и меѓусебната поврзаност. Двата аспекта, ограниченоста на земјата и нејзините ресурси како и меѓусебната поврзаност во глобалниот систем, меѓузависноста на сите системски делови, се одлучувачки за темата „одржливост“.


За поимот „одржливост“


Поимот „одржливост“ потекнува најпрво од шумарството и се однесува на еден вид стопанисување на шумите, при што производната сила на шумата и нејзината жетва на дрвја се наоѓаат во таква меѓусебна согласност што долгорочно овозможува најголем можен принос на дрвја, без притоа да се повлијае врз земјата и локацијата. Така, на пример, се сечат само толку дрвја, колку што можат подоцна да израснат со повторно пошумување. Како максима може да се формулира: да се живее од добивките, не од супстанцата! (види основен курс 1)


Дефиниција на  комисијата Брунтланд


Овој еколошки принцип може да се прошири и на најразличните ресурси и екосистеми до земјината атмосфера; секогаш се работи за постапување со ресурсите на тој начин што тие ќе постојат и во иднина. Мошне општ и до денес делотворен е основниот принцип на одржливост, кој во 1987 год. го дефинирала комисија на ОН под водство на поранешниот норвешки премиер Гро Харлем Брунтланд: „Да се одговори на потребите на денешната генерација, без да се загрозат можностите за идните генерации за задоволување на своите потреби“.

Врз оваа дефиниција почиваат сите следни напори на меѓународната еколошка политика, имено на процесот што започна во 1992 со Конференцијата во Рио и продолжи на конференциите што следуваа, од кои последна беше во 2002 год. во Јоханесбург (види хронологија).


Проширување на поимот


Во овој процес поимањето на одржливоста доживеа силно проширување во насока на еден „волшебен триаголник на одржливоста“, којшто покрај еколошката рамнотежа ги опфаќа и точките „економска сигурност“ и „социјална правда“. Кон еколошката заштита на различни нивоа, од локално до глобално, се појавија социјални и економски цели. Од ова многу страдаше јасноста на поимот, од што беше иницирана изјавата од актуелниот извршен директор на програмата за животна средина на ОН (УНЕП) и поранешниот германски министер за животна средина, Клаус Тепфер: „Ако некому не му текне ништо друго, тогаш се зборува за ,одржлив развој'“.


Декада на ОН „Образование за одржлив развој
“


Меѓу другото и за да можат да се соочат со овој проблем, за да го направат подофатлив апстрактниот поим на „одржлив развој“ и за да го преведат во конкретни образовни активности, Обединетите нации ја прогласија деценијата 2005-2014 за декадата „Образование за одржлив развој“. Приложениот онлајн учебник за одржливост се подразбира како мерка во рамките на и за поддршка на оваа светска декада.

Со неа се прави обид да се донесе во центарот на вниманието суштинската област  на одржливоста, тематиката на животната средина, за, поаѓајќи од избрани места, да се тематизираат шареноликите односи со екологијата и економијата како и со социјалната област. Притоа мора да се обрне внимание на тоа дека само тематиката животна средина е толку повеќеслојна што во рамките на еден онлајн учебник може да биде скицирана само со недостатоци. Од таа причина неизбежно е да се работи со примери.


Поврзаност со други теми на Д@далос


Многу други аспекти на „Образование за одржлив развој“ се наоѓаат во центарот на други онлајн учебници на Д@далос. Примери се тематските комплекси ...

bullet

... Човекови права и примери

bullet

... Демократија

bullet

... Образование за мир

bullet

... Глобализација

bullet

... Обединети нации


Водич на УНЕСКО


Збирот на онлајн учебници до некаде одговара на тематската широчина што е формулирана од УНЕСКО како водечка агенција при спроведувањето на декадата. Така, Германската комисија на УНЕСКО ги предложи следниве десет теми како теми на годината за декадата:

bullet

Потрошувачко однесување и одржливо стопанисување

bullet

Културна разновидност

bullet

Здравство и животен квалитет

bullet

Водоснабдување и снабдување со енергија

bullet

Биосферски резервати како места на учење

bullet

Светски наследства како места на учење

bullet

Учење одржливост во научното општество

bullet

Вклученост на граѓанинот и „good governance“

bullet

Сузбивање на сиромаштијата преку одржливи развојни проекти

bullet

Праведност меѓу генерациите: човекови права и етичка ориентација

[од: Хамбуршката декларација на германската комисија на УНЕСКО за декадата на Обединетите нации „Образование за одржлив развој“ од 11 јули 2003 (Hamburger Erklδrung der Deutschen UNESCO-Kommission zur Dekade der Vereinten Nationen "Bildung fόr nachhaltige Entwicklung" vom 11. Juli 2003) http://www.unesco.de/c_bibliothek/erkl_hv63.htm]
 


„Ако нашиот свет треба да се развива поодржливо, тогаш сите луѓе се засегнати и од сите луѓе се бара нешто во водењето и креирањето на нивниот живот. За да се вклучи во сите процеси на трагање, бидејќи тоа значи одржливост во конкретниот случај, потребно е висок степен на саморефлексија, социјална и политичка компетенција кај секој поединец и подготвеност и способност да се дејствува преку своите потесни лични граници“.

[Мартик К., Едукатори за возрасни; во: животна средина и образование 3/2004, стр. 5 (Erwachsenenbildner; in: umwelt & bildung 3/2004, S. 5)]
 

Структура на тематскиот комплекс „Одржливост“

bullet

Основен курс 1 се занимава со прашањето „Што значи одржливост?“. Станува јасно дека се работи за концепт што бара многу, бидејќи бара темелни промени во областите политика, општество и економија ... [... повеќе]
 

bullet

Основен курс 2 покажува како секој поединец може да придонесе во воведувањето на пресвртница во насока кон одржливост. Примери за ова се, меѓу другото, фер-трговија, одржлива потрошувачка и туризам. Главното прашање гласи: „Како да дејствувам одржливо?“ ... [... повеќе]
 

bullet

Основен курс 3 го претставува досега најуспеѓниот модел за реализацијата на концептот на одржливост, Агенда 21 т.е. Локалната Агенда 21: „Како функционира локалната Агенда 21?“ ... [... повеќе]
 

bullet

Основен курс 4 преку примери се занимава со еден од најгорливите глобални проблеми, промената на климата: Што е ефектот на стаклена градина, што го предизвикува, какви гасови на стаклена градина постојат, какви последици има затоплувањето на земјата итн. - Главното прашање гласи: „Како може да се заштити климата?“ ... [... повеќе]
 

bullet

Основен курс 5 е посветен на неколку централни проблеми на патот кон одржлив развој. Потребна е темелна промена на вредностите. Други клучни зборови се глобализација, развој и правда ... [... повеќе]
 

За ориентација на располагање Ви стои, како и кај другите Д@далос онлајн учебници, содржина и графички преглед.

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.