Основен курс 5
Nach oben Основен курс 2 Основен курс 3 Основен курс 4 Основен курс 5

 

Глобализација
Развој
Правда

 

Основен курс

Основен курс 5: Кои проблеми постојат на патот кон одржливиот развој?

Во Основен курс 1 стана јасно дека одржливоста е еден комплексен концепт, бидејќи бара темелни промени во сите политички, општествени и економски сфери. Основниот курс 2 укажа на тоа, како секој поединец може да придонесе кон воведување на пресвртница кон одржливоста. Во Основен курс 3 беше претставен досега најуспешниот модел за реализација на концептот на одржливоста, Агендата 21 односно локалната Агенда 21. Основен курс 4 се занимаваше во вид на пример, со еден од најгорливите глобални проблеми - климатската промена.

Во завршниот Основен курс 5 станува збор за тоа поврзано да се претстават неколку проблеми на патот кон одржливиот развој, коишто постојано беа наведувани во досегашните основни курсеви. Овие проблеми се од принципиелна природа. Не е доволно, во принцип, да се продолжи како досега и само поинаку да се постави оваа или онаа скретница. Многу повеќе: мора да се замени целокупната шинска мрежа, возниот ред и локомотивата.

Појдовната состојба не е сосем поволна: додека во 1980-тите години дискусијата за еколошките проблеми (да потсетиме на катастрофите од Севесо, Бопал, Чернобил, Базел) се наоѓаше мошне високо на меѓународната агенда и во 1992, на патоказниот „Светски самит“ од Рио де Жанеиро го достигна својот врв (види Хронологија), дебатата за глобализацијата најдоцна од средината на 1990-тите се стекна со предност:

„Деилузионираниот биланс мора да констатира дека дискурсот на одржливост беше надгласен многу брзо по Рио од ветувањата и успешните стории на глобализацијата. Тие до денес во целиот свет владеат со мислата, во претпријатијата и во владите (...).

Од пред кратко време тие паднаа во жарот на бесната критика. Идејата за социјална и глобална правда повторно добива основа. Во истовреме, во средиштето на општеството 'затврднатото мислење' стана популарно и политички дејствувачко.

Бариери за еколошки совесно однесување
 

bullet

Потешкотии во восприемањето: еколошките проблеми не можат да се искусат директно

bullet

Потешкотии на информациите: тешко можат да се замислат каузални вмрежувања

bullet

Бариери на емотивно ниво: стравови, потиснувања, изговори

bullet

Потешкотии во пренесувањето: недостасувват информации и слики

bullet

Антрополошки бариери: еколошката цивилизација им противречи на елементарните мостри на однесување

bullet

Социо-културни бариери: еколошкото однесување ретко е компатибилно со важечките вредности

bullet

Потешкотии преку „тркалање“ на товарите: еколошко-социјалната дилема (стегата на заедничната земја)

bullet

Потешкотии на временската перспектива: поединецот честопати не може да ги доживее последиците од свесното однесување
 

[од: Хорст Нојман, Агенда 21. Аспекти на еден одржлив развој; во: Политика и настава 4/1999, стр. 21 (Horst Neumann, Agenda 21. Aspekte einer nachhaltigen Entwicklung; in: Politik & Unterricht)]

Се засили по шокантните бранови на терористичките напади во САД и се артикулираше со гласен повик за безбедност преку стегање и зачувување на сопственоста: сакам, барем тука и денес, а можеби и утре, да остане така, како што е, па и ако сι околу мене пропадне во беда и насилство. Кога тропските шуми ќе бидат исечени, Голфската струја ќе падне, напливите на бегалци ќе станат несовладливи, е тогаш е предоцна за сознанието дека 'sustainable development' бил веројатно подобриот пат кон глобалната - и индивидуалната - безбедност.“

[од: Улрих Гробер, Конструктивноста бара време. За бавното откривање на одржливоста; во: Од политиката и историјата на времето 31-32/2002, стр. 6, онлајн верзија (Ulrich Grober, Konstruktives braucht Zeit. άber die langsame Entdeckung der Nachhaltigkeit; in: Aus Politik und Zeitgeschichte)]

Пазарната економија и одржливоста

Неколку работи зборуваат за тоа дека одржливоста и капитализмот, барем во својата актуелна состојба, се некомпатибилни по однос на целите и мотивите. Во својот славен, светски бестселер „Уметностa на љубовта“ од 1956 год. психоаналитичарот и социјал-психолог, Ерих Фром, дијагностицира:



[Ерих Фром, 1900-1980]

„Модерниот капитализам има потреба од луѓе што функционираат беспрекорно во голем број, што сакаат да конзумираат сι повеќе и повеќе (...). Потребни му се луѓе што се појавуваат слободно и независно и мислат дека за нив не постои авторитет, принципи и совест, и што и покрај тоа се подготвени да бидат командувани, да го прават она што се очекува од нив и беспрекорно да се придодадат во општествената машинерија (...). Што произлегува од тоа? Модерниот човек е отуѓен од самиот себе си, од своите луѓе и од природата (...)“. Тој „го надминува ... својот несвесен очај преку рутината на задоволувањето (...), освен тоа и преку задоволувањето во постојаното купување нови работи и нивното скоро заменување со други (...). Нашиот карактер е подесен на начин да менуваме и примаме работи, да тргуваме и конзумираме. Сι, како духовните така и материјалните работи, стануваат објект на замена и конзум.“

[од: Ерих Фром, Уметноста на љубовта, Минхен, 2000, стр. 100-102 (Erich Fromm, Die Kunst des Liebens)]

Со поглед кон пресвртот кон одржлив развој ваквата анализа важи со рефлексија. Точно е дека нашето економско мислење и понатаму се заснова на „побрзо, повисоко, понатаму, повеќе“, на довербата за тоа дека проблемите можат да се решат со повеќе пораст. Наспроти ова, новите модели на благосостојба како „побавно, помалку, подобро, поубаво“ речиси и не наидуваат на прифаќање (види „Визијата за соларната ера“).

Промена на свеста: Од механистичката слика за светот ...

Според славниот физичар и предвесникот на сеопфатен поглед кон светот, Фритјоф Капра, неопходна е темелна промена на сликите за светот и претставите за вредностите. Оваа промена беше започната, но с
ι уште не можеше да се пробие. Во сферата на науката беше започната пионерските откритија во физиката на почетокот на 20 век. Во општествениот домен тој ја гледа улогата на предвесник во светското еколошко движење и движењето на жените.

Главниот проблем на патот кон одржливиот развој, според Капра се состои во тоа што цврсто се држиме една застарена слика за светот, механистичка слика за животот што почива на физиката на Њутон. Ваквата застарена парадигма тој ја карактеризира во својата влијателна книга „The Turning Point“ (1982) на следниов начин:



[Фритјов Капра,
www.fritjofcapra.net]

„Сликата за светот или парадигмата што сега полека се повлекува, владееше со нашата култура повеќе стотици години и за тоа време значително влијаеше врз целиот свет. Таа содржи извесен број идеи и претстави за вредности: меѓу другото и ставот дека универзумот е механички систем што се состои од материјални основни модули; сликата за човековото тело како машина, претставата за животот во општеството како постојана конкурентска борба за егзистенција, верувањето во неограничен материјален напредок преку економски и технички пораст и важно, но не и последно, верувањето дека едно општество, во коешто женското насекаде му е потчинето на машкото, се води според основен природен закон. Сите овие претпоставки во текот на последните децении се покажаа како мошне ограничувачки и имаат потреба од радикално реформулирање.“

[од: Фритјоф Капра, Време на пресврт. Модули за една нова слика за светот, Предговор кон германското издание на Ташенбух, Минхен 1991, стр. IX (Fritjof Capra, Wendezeit. Bausteine fόr ein neues Weltbild, Vorwort zur deutschen Taschenbuchausgabe)]

... кон сιопфатна слика за светот

Оваа реформулација следи една нова парадигма, едно сеопфатно или еколошко гледиште кон светот. Капра го употребува и поимот „системско размислување“: „Имено во природните науки, теоријата за живите системи која што се разви во последните децении, ја нуди идеалната научна рамка за формулирање на новата еколошка мисла (...).

Живите системи претставуваат интегрирани целини, чии карактеристики не можат да сведат на помалите единици. Наместо на основни модули, системската теорија се концентрира на принципи на темелна организација. Примери за системи во природата има многу. Секој организам, од најмалата бактерија преку широкиот обем на растенија и животни па до човекот, претставува една интегрирана целина, а со тоа и жив систем. Истите аспекти на живот се покажуваат и во социјалните системи, на пр. во едно семејство или една заедница, и во екосистемите што се состојат од голем број организми во постојана интеракција со нежива материја.“

[од: Фритјоф Капра, Време на пресврт. Модули за една нова слика за светот, Предговор кон германското издание на Ташенбух, Минхен 1991, стр. X (, Fritjof Capra, Wendezeit. Bausteine fόr ein neues Weltbild, Vorwort zur deutschen Taschenbuchausgabe)]


За системското гледиште централно е сознанието дека целото е секогаш нешто поинакво отколку простата сума на неговите делови. Во ова гледиште прифатливи се само оние мерки што можат да се носат и долгорочно, значи што не им штетат на живите системи. На тој начин оваа нова еколошка парадигма претставува идеална основа за еден одржлив развој. Нацрти од промената на вредностите како последица на тоа, можат да се видат на следната слика.




Други делови од Основен курс 5

bulletГлобализација и The Tragedy of the Commons: само пазарот не е доволен како управувачки инструмент. Тој  не води грижа за еколошката заштита. Тоа е задачата на регулирачката политика. Но, многу проблеми достигнаа глобални димензии, додека политиката и понатаму во основа, се прави на национално ниво ... [... повеќе]
 
bulletРазвојот како тежок концепт: голем број заговорници на концептот на одржливост се жалат од фактот што сега се говори за „глобален развој“ како лајтмотив, бидејќи го сметаат поимот „развој“ за проблематичен ... [... повеќе]
 
bulletПравдата и одржливоста се во тесна меѓузависност. Конфликтот Север-Југ претставува значителна пречка на патот кон одржливиот развој. Тука во игра влегува и улогата на последната останата супер сила ... [... повеќе]

 

„Неопходна е една холистичка етика, која го опфаќа целото создавање, а не само антропоцентричната етика. За таа цел, мораме да ги доведеме во прашање ... основите на денешната економска мисла.“

[Хозе Луценбергер, „трасирач“ на Конференцијата во Рио]

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.