|
1968 |
Се објавуваат фотографии
сликани од земјата како „син
мрамор“ во вселената, направени од мисијата
на Аполо 8. |
|
|
Генералното собрание на Обединетите нации за првпат се
занимава со глобалната еколошка проблематика. |
|
1970 |
Во САД, со
Clean Air Act се донесува првиот опширен закон за одржување на чистиот
воздух (во 1972 следи Clean Water Act). |
|
1971 |
Излегува "Границите на порастот" од Денис
и Донела Мидовс и предизвикува жива
дебата. Овој извештај е изготвен по налог на
Club of Rome,
основан во 1970 година, чија цел е
соочувањето со глобални прашања. Во испитувањето се поврзуваат 5 варијабили: бројот на население, индустриското
производство, намирниците, залихите на суровини и загадувањето на животната
средина. Се дијагностицира
катастрофално изострување на намалувањето на суровините и загадувањето на
околината. Освен тоа констатирано е дека
дополнителниот развој на земјите во развој на ниво на индустриските земји, би
ја преоптоварило еколошката
издржливост
на земјата. |
|
1972 |
Во Стокхолм,
по иницијатива на САД и
скандинавските земји, се одржува Конференцијата за човечката животна
средина (ECO I). Таа
препорачува воспоставување на една еколошка програма на ОН што беше основана на
15 декември од
страна на Генералното собрание на Обединетите нации: United Nations Environment Programme
(UNEP).
Државите
од „Групата 77“, соединување на земјите во развој во
Генералното собрание на
ОН, не учествуваа на конференцијата ECO I (исто како и државите
од Источниот блок), бидејќи ги интерпретирале еколошко-политичките барања
како „неоколонијалистички“ акт: како прво,
Северот се збогатил преку
развратниот пораст на сметка на
Југот и постигнал високо ниво на
добросостојба,
а сега индустриските држави ги
објавиле „границите на
порастот“ за
постигнати и го спречиле
Југот во дополнителниот развој. Овде
станува јасно дека конфликтот Север-Југ уште од почетокот играл одлучувачка улога во меѓународната
еколошка политика.
|
|
1973 |
Првата нафтена
криза |
|
1977 |
Конференција на Обединетите
нации за дезертификација (создавање пустини) |
|
1978 |
Нафтена
чума во Бретања (Франција), откако
заринка танкерот Амоко
Кадиз.
Други големи катастрофи со танкери беа:
1989 Бахиа Параисо (Кап Хорн,
Антарктик) - 1000 тони нафта
1989 Ексон Валдез (Аљаска) - 41.000 тони нафта
1992 Катина П (Мозамбик)
- 66.000 тони нафта
1992 Егејско море (Шпанија) - 81.000 нафта
1993 Браер (Шетландски острови)
- 98.000 тони нафта
1994 Косма А (јужно од
Хонгконг) - 23.000 тони нафта
1996 Sea Empress (Велс)
- 70.000 тони нафта
1997 Находка (Јапонија) - 20.000 тони
нафта
1999 Ерика (Бретања) - 26.000 тони
нафта
2001 Џесика (Сан Кристобал)
2002 Престиж (Шпанија)
2003 MT Taсман Сприти (Пакистан)
|
|
1979 |
Првата
светска конференција за клима во Женева: Донесена е
Светската
програма за клима (WCP)
. Се состои од повеќе
одделни програми:
World Climate Impact Programme (WCIP)
World Climate Research Programme (WCRP)
World Climate Data Programme (WCDP)
World Climate Applications Programme (WCAP)
Со
тоа е формирана една меѓународно
усогласена климатска политика. |
|
1980 |
Во овој извештај до поранешниот претседател на САД, Џими Картер, се испитува
еколошката издржливост на земјата и глобалното вмрежување на
поважните
еколошки одлучувачки
величини. |
|
1982 |
Генералното собрание на ОН го донесува
World Charter for Nature. |
|
1983 |
Светската комисија за животна средина
и развој (WCED), под раководство на норвешкиот
премиер Гро Х. Брунтланд ја презема својата работа. Таа
треба да изработи
снимање на еколошката состојба и да
ја испита делотворноста на
UNEP. |
|
1985 |
Откриена е озонската дупка
над Антарктикот. |
|
|
Виенска конвенција:
договорени се целите за намалување на
производството и на потрошувачката на „озонскиот убиец“,
FCKW, за заштита на озонскиот слој. |
|
1986 |
Реакторската
катастрофа во Чернобил. |
|
1987 |
Тој ја содржи
досега меродавната дефиниција за
sustainable development (одржлив развој), која оттогаш
претставува модел на меѓународната еколошка политика: "Sustainable
development is development that meets the needs of the present without
compromising the ability of future generations to meet their own needs." Како последица на извештајот,
Генералното собрание на ОН одлучува да
одржи
Конференција за животната средина и развој (UNED)
(види 1992, Конференција во Рио)
.
Комисијата во својот извештај утврдува дека еколошката развојна помош
сама по себе не е доволна
за да ги реши претстојните проблеми. Неопходна
е промена на уништувачкиот стил на живеење на индустриските држави
на Северот, на пример преку намалување на потрошувачката по жител на
енергија, вода, минерали и земјиште. Развојната сила не би смеела повеќе да биде применувана за
откривање извори на суровини. Еколошката технологија како модерните комбинации на јаглен и гас,
прочистителните станици и
техниката за рециклирање на ѓубрето мора да се распространат низ светот.
Понатаму, комисијата утврди дека од средината на 80-тите години, и покрај
развојната помош, годишно има трансфер на нето капитал од
Југ кон Север во висина од
околу 40 милијарди американски долари, при што овие средства
се добиени
претежно преку
„расипничко“
стопанисување со природата. Енергично се укажа на поврзаноста
меѓу заштитата на животната средина и
развојот. |
|
|
Донесување на
Протоколот
за материи од Монтреал
, кои водат кон
разградување на озонскиот слој.
Се конкретизираат правилата од Виенската конвенција со тоа што
се утврдуваат квантитативните обврзувања за
испуштање на FCKW и халони. На
следните конференции (Хелсинки
1989, Лондон 1990, Копенхаген
1992, Виена 1995, Монтреал
1997, Пекинг 1999)
овие одлуки сукцесивно
се изоструваа. Овој озонски режим важи за пример-мостра
за успешна меѓународна еколошка политика. Со ограничување мора да се додаде
и дека кај проблемот на заштитата на озонскиот
слој во споредба со проблемот на климатската промена, се работи за еден
проблем што може релативно едноставно да се изработи. Мал број на материи се јасно
идентификувани како предизвикувачи. Најголем дел од овие материи
можат релативно едноставно да бидат заменети. |
|
1988 |
UNEP и
WMO
(World Meteorological Organization) го основаат
Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC).
Експертите
што работат во
овој колегиум, се занимаваат со прашања
од еколошкото истражување и проценка
на последиците, пред сé
со прибирањето и оценувањето на научните
сознанија за климатските промени и
нивните влијанија како и со изготвувањето на политички стратегии. |
|
|
Во Торонто се
одржува Конференција за климата. Таа
претставува почеток за
следните
конференции во Хаг, Хамбург и Лондон (1989).
Најважниот резултат на
Конференцијата е повикот за намалување на емисиите на
јаглерод диоксид за 20% до 2005 и за ратификување на
Озонскиот протокол од
Монтреал. |
|
1989 |
Првата договорна конференција
за Протоколот од Монтреал се одржува во
Хелсинки. |
|
1990 |
Втората договорна конференција
за Протоколот од Монтреал се одржува во
Лондон. |
|
|
Втората светска конференција за клима во
Женева.
Веќе постои значителен научен консензус за тоа дека климатските
промени се предизвикаат од различни гасови на стаклена градина. Се дава
опомена за неопходноста од намалување на јаглениот диоксид, азотни оксиди,
метан и FCKW-а. Барањето на IPCC за намалување на испуштањето на овој гас на
стаклена градина, сепак не наиде на голема поддршка. |
|
|
Генералното собрание на
ОН го формира Intergovernmental Negotiating Committee
for a Framework Convention on Climate Change (INC).
Овој гремиум има за задача да изработи една глобална конвенција за
заштита на климата до Конференцијата во Рио од 1992. |
|
1991 |
Се случува најлошата
нафтена катастрофа во историјата,
кога во Заливската војна истекуваат 570 милиони литри
сурова нафта од станиците за претовар и од уништените танкери. |
|
1992 |
Конференција за
животна средина и развој во Рио де Жанеиро (United Nations Conference on Environment
and Development -
UNED,
"Earth Summit")
160 држави ја донесуваат
Рамковната конвенција за климата на Обединетите нации, со цел
за намалување на емисиите на гасови од стаклена градина до 2000 година на
нивото од 1990 година (текстот
на Конвенцијата; Конвенцијата влегува во сила во 1994, откако беше
ратификувана од 50 држави; следните конференции се одржаа 1995 во Берлин, 1996
во Женева,
1997 во Кјото, 1998 во Буенос Аирес, 1999 во Бон, 2000 во Хаг, 2001 во Бон и
Маракеш, 2002 во Њу Делхи и 2003 во Милано; 10
години по Рио во 2002 година,
во Јоханесбург се одржува
Светскиот самит за одржлив развој).
Со Декларацијата од Рио за првпат се доставува една обемна
декларација со цел за одржливост и се бараат национални стратегии за
одржливост (текстот
од Декларацијата).
Покрај Рамковната конвенција за клима беа донесени две други конвенции за
животна средина и развој, имено за биолошки диверзитет и за
сузбивање на дезертификацијата (=проширување на пустините).
Понатаму беа поставени водечките линии за заштита на шумите.
Од централно значење беше донесувањето на Агендата 21, една опширна
акциона програма за одржлив развој во 21 век (текстот
на Агенда 21).
Во неа се третирани речиси сите релевантни аспекти за развојот: сузбивање на
сиромаштијата, полова еднаквост, почитување на интересите на староседелците,
учество на општествените групи во политичкиот процес, заштита на климата,
заштита на видовите, заштита на резервите за вода за пиење итн. Поглавјето
28 е посветено на општинското ниво: „локална Агенда 21“ (види
Основен курс 3). |
|
|
Договорна конференција
за Протоколот од Монтреал во
Копенхаген. |
|
1993 |
Прва средба на
Комисијата на ОН за одржлив развој
(CSD) |
|
1995 |
Прва конференција
на договорните држави на
Рамковната конвенција за клима во
Берлин, со цел за пропишување на обврзувачки цели за намалување,
за индустриските земји, во рок од две години. |
|
|
Договорна конференција кон
Протоколот од Монтерал во Виена.
|
|
1996 |
Втора договорна конференција на
Рамковната конвенција за клима во
Виена. |
|
1997 |
На
Третата договорна конференција на
Рамковната конвенција за клима во
Кјото е донесен Протоколот од Кјото (текстот
од Протоколот).
Ова е дополнителен протокол за обликување на
Рамковната конвенција за клима,
со која, а тоа е одлучувачката новина, се пропишуваат обврзувачки
цели за намалување на испуштањата на следниве
гасови на стаклена градина:
јаглерод диоксид (CO2, служи и како референтна вредност), метан (CH4),
диазот оксид (гас за смеење, N2O), делумно халогенирани флуор-јаглеводороди (H-FKW/HFCs),
префлуорирани јаглеводороди (FKW/PFCs) и сулфур хекса флуорид (SF6).
Договорните држави се обврзаа до 2012 година да ги намалат своите емисии за
просечно 5,2 проценти под нивото од 1990 година. Притоа поединечните земји
имаа различни зададени цели, коишто пред сé
зависат од нивниот економски развој. За државите од ЕУ предвидено е
намалување на емисиите за 8 проценти, Русија и Украина се обврзаа дека нема
да го надминат нивото од 1990, а за Народна Република Кина, Индија и за
земјите во развој не се предвидени никакви ограничувања.
Протоколот стапи
на сила на 16 февруари 2005 година, откако 55 држави,
кои што
заедно предизвикуваат повеќе од 55 проценти од емисиите на јаглерод диоксид,
ја ратификуваа спогодбата.
Неколку држави како САД, Австралија, Хрватска и кнежеството Монако не го
ратификуваат Протоколот. Повеќе држави на ОПЕК, пак, се откажаа од своите
критики и го ратификуваа.
Прашањето дали можат да се остварат овие цели е спорно,
бидејќи од 1990 година многу од државите-членки го зголемиле испуштањето на
јаглерод диоксид. |
|
|
Конференција на договорните држави кон
Протоколот
од Монтерал во
Монтреал. |
|
1998 |
Четвртата конференција на договорните држави на
Рамковната конвенција за клима во
Буенос Аирес заклучува да развие детални правила за реализација
на Протоколот од Кјото. |
|
|
„Поплавите на
столетието“ во Кина и Бангладеш,
ураганот Мич: вкупно 54 земји таа година
се погодени од поплави, а 45 земји од суши. Во 1998
година владееше најголемата просечна годишна температура, што е измерена
кога било и да е.
Сéвкупно
во текот на 90-тите години се натрупуваат еколошките катастрофи. |
|
1999 |
Конференција на договорните држави кон
Протоколот од Монтреал во
Пекинг. |
|
|
Петтата конференција на договорните држави на
Рамковната конвенција за клима во
Бон ги конкретизира правилата за реализацијата на Протоколот од
Кјото. |
|
2000 |
На
Шестата
конференција на договорните држави на
Рамковната конвенција за клима во
Хаг не можеше да се постигне согласност за извозните одредби кон
Протоколот од Кјото. |
|
2001 |
Неопходна е
дополнителна конференција на
договорните држави на рамковната конвенција за клима во
Бон,
откако САД истапува. |
|
|
Седмата
конференција на договорните држави на
рамковната конвенција за клима во
Маракеш донесува еден опширен договор за реализација на
досегашните одлуки.
За целите на намалување на
одделните земји треба да се
пресметаат мерки што го врзуваат јаглерод диоксидот, на пример во
земјоделството и шумарството. Исто така можат да се пресметаат и проекти за
пошумување во земјите во развој. |
|
2002 |
На
Осмата
конференција на договорните држави во
Њу Делхи се појавуваат
меѓусебните конфликти на интереси на земјите. |
|
|
Светски самит за
одржлив развој во Јоханесбург („Рио+10“,
интернет)
Се донесуваат бројни одлуки, на пример на теми како вода за пиење, развојна
помош и Протоколот од Кјото. Но, се задаваат и цели, а одлуките не
поседуваат никакво правно обврзување. |
|
2003 |
Деветта
конференција на договорните држави на
Рамковната конвенција за клима во
Милано. |