Основен курс 4
Nach oben Основен курс 2 Основен курс 3 Основен курс 4 Основен курс 5

 

Гасови на стаклена градина
Климатска заштита
Климатска политика
Хронологија
Голфска струја

 

Одржливост

„Во секој случај ќе стане потопло, прашањето е само, кога и колку многу.“
[Петер Ушер, метеоролог во Обединетите нации, 1986]


Основен курс 4: Како може да се заштити климата?

За жал, имаме мноштво еколошки проблеми што се меѓусебно поврзани. Далеку најважниот проблем, според една експертска анкета од 2000, се климатските промени. Оттаму, како следно, преку примери ќе ги обработиме климатските промени.




The Day After Tomorrow - само една хорор-визија?

Во својот филм „The Day After Tomorrow“ продуцентот и режисер Роланд Емерих ја раскажува приказната на еден истражувач на климата, кој - како и остатокот од светот - ќе биде изненаден од создавањето на неочекувана климатска промена. Доаѓа до огромни бури, Лос Анџелес е опустошен од торнада, Њујорк пропаѓа под гигантски бран, и избувнува ледено доба над целата северна полутопка на земјата. Во филмот, раскинувањето на голфската струја предизвикува неочекувано создавање на ледено доба во Европа и САД.

Основни поими

Нашето време е состојбата на атмосферата околу нас, што се обележува преку промени на температурата, воздушниот притисок, влажноста, ветерот, наоблачувањето и врнежите во кратки периоди (часови, денови).

Под клима се подразбира средниот тек на времето и фреквентноста на екстремни временски случувања во долги временски периоди (години, векови, милениуми).

Би можела ли нашата иднина да изгледа така?

Како типична холивудска продукција, филмот, се разбира, ни ги посочува случувањата претерано и, од драматуршки причини, со брзо движење. Но, во него има вистинска суштина. Ние навистина се движиме кон климатска катастрофа. Таа, според мислењето на повеќето научници, нема да настапи во следните децении и во никој случај нема да биде толку драстична. Истражувачите поаѓаат од тоа дека ние можеме да го сопреме глобалното затоплување, а со тоа и да ги спречиме катастрофите.

Добар пример

При правењето на филмот The Day After Tomorrow особено беше обрнато внимание на тоа да се предизвикува што е можно помалку испуштање на јаглероден диоксид. За неизбежните емисии доброволно се плаќале такси за на тој начин да се финансираат мерки за намалување на јаглеродниот диоксид на други места. 

Нашата клима се менува


 

Во текот на историјата на земјата, климата секогаш се менувала, понекогаш и драматично. Имало промена од топли до ледени времиња. Сепак, во последните 10.000 години климата беше особено стабилна. Во овој период се разви човечката цивилизација. Во последните 100 години, од почетокот на индустријализацијата, глобалната просечна температура се зголеми за околу 0,6°, побрзо од кога било во последните 1000 години. Горниот графикон на IPCC (Intergovernmental Panel on Climate Change) го прикажува таквиот развој. 

Суштината на климатската промена, во која никој не се сомнева, е затоплувањето на земјата, зголемувањето на глобалната температура на површината на земјата. Тоа со себе ги повлекува другите набљудувани промени во глобалниот климатски систем: се топат планински глечери и поларни ледени маси, се зајакнува нивото на морето, се зајакнува кружниот тек на водата, атмосферските талози стануваат поекстремни и се зачестуваат таканаречените природни катастрофи. 

Од еден извештај од IPCC (2001) 

1990-тите години ја одбележаа најтоплата деценија, а 1998 беше најтоплата година во изминатиот век.

Новите анализи на прстените на дрвјата, ледени ќелии, коралите и историските записи покажаа дека затоплувањето во последниот век е најверојатно најголемо во изминатите 1000 години.

Глобалното зголемување на нивото на морето во минатиот век изнесуваше околу 10-20 см.

Снежната покривка во средните и високите северни широчини од крајот на 60-тите години се намали за околу 10%, истовремено широко е распространето намалувањето на планинските глечери.

[Извор: www.bmu.de/klimaschutz/doc/2914.php]

Што е последицата од затоплувањето на земјата?



[Слика: Hurricane Lilly, Liam Gumley, Space Science and Engineering Center, University of Wisconsin-Madison]


bulletСе топат глечерите во земјата и поларниот мраз
 
bulletТоплинско ширење на океанот и зголемување на нивото на морето (губење на површини, малите острови се егзистенцијално загрозени)
 
bulletЗајакнува на глобалниот кружен тек на водата: во тропските предели испарува повеќе вода, која паѓа во северните широчини; изменета мостра на врнежите
 
bulletНамалување на содржината на сол во северниот Атлантик; Голфската струја, а со тоа ослабнува и транспортот на топлина кон Европа и би можело да дојде до пореметување; не се исклучени и неочекувани климатски промени 
 
bulletСе акумулираат екстремни временски случувања: торнада, јаки дождови, поплави, суша
 
bulletСе шират пустините (загуба на површини, лица што од еколошки причини мораат да ги напуштат своите живеалишта)
 
bulletПромена на вегетацијата: би можеле да изумрат огромни шумски области. На тој начин би се ослободиле големи количини на јаглерод диоксид, кои уште повеќе би го зајакнале ефектот на стаклена градина (види подолу) и би довеле до побрзо затоплување на земјата („галопирачки ефект на стаклена градина“)
 
bulletМожно оштетување на озонскиот слој: се претпоставува дека затоплувањето на земјата со себе повлекува ладење на стратосферата (дел од атмосферата на висина од 15-25 км), која го забрзува намалувањето на озонот.

Зошто се затоплува земјата? - Ефектот на стаклена градина

Зголемените температури во една стаклена градина се должат на тоа што стаклената градина не дозволува влез на сончевата светлина што е богата со енергија, но не ја испушта ниту топлината што зрачи од земјата. Така се однесува и нашата атмосфера. Тука гасовите што апсорбираат инфрацрвени зраци, таканаречените „гасови на стаклена градина“, дејствуваат како „стаклена градина“ (повеќе информации за „гасовите на стаклена градина“ можете да најдете на одделна страна).

Водената пареа, содржана во атмосферата и природните микро гасови како јаглерод диоксид, диазот оксид, метан и озон ја остава краткобрановата, богата со енергија, соларна радијација непречено да дојде до земјата, но ја апсорбира долгобрановата соларна радијација дадена од земјата. Гасовите на стаклената градина ја емитираат оваа енергија од една страна во вселената, а од друга страна ја враќаат во насока кон земјината површина. На тој начин земјата се затоплува на просечна температура од околу 15°C (наместо околу –18°C) и на тој начин се овозможува животот на нашата планета. Ова се нарекува „природен ефект на стаклена градина“.


 

Преку човечките активности, од почетокот на индустријализацијата значително се зголеми концентрацијата на природните „гасови на стаклената градина“ во атмосферата, пред сι на јаглерод диоксид. Покрај тоа дополнително се ослободија синтетички гасови што влијаат врз климата, особено халогенизирани јаглеводородни материи. На тој начин се зајакна „ефектот на стаклена градина“ и се зголемува глобалната средна температура. Тука станува збор за антропоген (предизвикан од човекот) „ефект на стаклена градина“ 

Важно е да се види дека еколошките проблеми што се специфицирани на почетокот, се тесно испреплетени и можат меѓусебно да се зајакнуваат.Така, сечењето на дождовните шуми, меѓу другото, доведува до тоа да не можат повеќе да апсорбираат јаглерод диоксид, со што се зајакнува „ефектот на стаклена градина“.

Зошто човекот од пред 100 години испушта повеќе гасови на стаклена градина од кога било?

Во текот на индустријализацијата и на, на тој начин, брзо растечкото светско население како и зголемувањето на сообраќајниот интензитет се зголеми потребата од енергија. Тоа доведе до зголемено затоплување на фосилните горива. Освен тоа, се зголеми потребата од прехранбени производи и на трошоците за обезбедување зголемен животен стандард. Така дојде до интензивирање на земјоделството и сι поголема површина под природа се промени во културна површина. Овој тренд се одржува до денес.

Друг пример би била интеракцијата на ефектот на стаклена градина и разградувањето на озонскиот слој: преку ефектот на стаклена градина се затоплува атмосферата блиска до почвата. Тоа предизвикува паѓање на температурата во стратосферата, со што се потпомага разградувањето на озонот. Ултравиолетовото зрачење на земјата се зголемува. Тоа е штетно не само за луѓето, туку води и до зголемено изумирање на морските планктони. На тој начин се ослободува дополнителен јаглерод диоксид, кој, пак, го зајакнува ефектот на стаклената градина. Атмосферата блиска до почвата и понатаму се затоплува, со што се затвора „маѓепсаниот“ круг.

Како може да се спречи климатска катастрофа?


Концентрацијата на гасовите од стаклена градина во атмосферата не смее да продолжи да се зголемува. Тоа може да се постигне само преку драстично намалување на емисиите. Согорувањето на фосилните горива (нафта, природен гас, јаглен) мора значително да се намали преку:

bulletНамалување на потрошувачката на енергија
bulletПремин во снабдувањето енергија од обновливи енергии (сонце, ветер, вода, биолошка маса, земјина топлина)

Освен тоа, од атмосферата може да се одземе јаглерод диоксидот, на пр. преку пошумување. Мора да се одржуваат големите шумски области, кои делуваат како намалувачи, тоа значи мора да се сопре сечењето дрвја во просторот. 

Но, според извештајот за климатски промени на IPCC од 2001 година, дури и при моментално сопирање на сите емисии, затоплувањето на атмосферата и зголемувањето на нивото на морето би се продолжило со децении, можеби дури и со векови.

Други делови во рамките на Основен курс 4

bulletГасови од стаклена градина: за кои поединечни материи станува збор, откаде доаѓаат тие и на кој начин се разградуваат ... [... повеќе]
 
bulletКлиматска заштита: од одлучувачко значење е тоа што треба да помага секој поединец, да влијае врз промената на климата. Како да се однесуваме заштитнички кон климата ... [... повеќе]
 
bulletКлиматска политика: што презема политиката на глобално, национално и регионално ниво, за да ги намали емисиите на „гасови од стаклена градина“ ... [... повеќе]
 
bullet Хронологија: патокази на меѓународната еколошка политика во хронолошки преглед ... [... повеќе]
 
bulletГолфска струја: Може ли Голфската струја , „затоплувањето на Европа со топла вода“ да пропадне и да доведе до ново ледено доба, како што е прикажано во филмот The Day After Tomorrow ... [... повеќе

 
... понатаму кон Основен курс 5: Какви проблеми постојат на патот кон одржливиот развој?

[Авторка: Дипл.Биол. Мариета Енс, редакција: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.