Основен курс 3
Nach oben Основен курс 2 Основен курс 3 Основен курс 4 Основен курс 5

 

 

Одржливост



Основен курс 3: Како функционира локална Агенда 21?

Агендата 21 беше создадена на Светската конференција за животна средина и развој во Рио (1992). Таа е глобална акциона програма за одржлив развој, во којашто се вклучени и меѓусебно поврзани сите нивоа: од „глобалната Агенда 21“ до безбројните проекти насекаде во светот во рамките на „локалната Агенда 21“.

Во овој дел е претставена акционата програма со своите главни карактеристики. Притоа тежиштето се наоѓа на прашањето, како изгледа една локална агенда 21 и каков вид успешна иницијатива треба да се земе предвид.

Да мислиме глобално - да дејствуваме локално

Малку документи стануваат толку познати. Агендата 21 ... успеа во тоа што секој друг документ би си го посакал. Наместо во архива таа, тој прошета низ многу раце, стигна до многу глави и на многу места влијаеше во дејствувањето.

Со неа, исто така, беше испратен апел до сите градови и општини во целиот свет, за иницирање дијалог со граѓанките и граѓаните и заедничка подготовка на соодветни стратегии за постојан иден развој.  

Водечката идеја позади тоа: одржливиот развој мора да се одржи таму, каде што живеат луѓе, каде што се пазарува, каде што се создаваат работни места, се градат училишта и се планираат градежни области; значи во градовите и општините. И на тој начин се роди визијата и налогот за локална Агенда 21.“

[од: Сојузното министерство за животна средина, заштита на природата и нуклеарна сигурност (Изд.), Локална Агенда 21 и одржлив развој во германските општини. 10 години по Рио: биланс и перспективи, Берлин 2002, стр. 24 (Bundesministerium für Umwelt, Naturschutz und Reaktorsicherheit (Hg.), Lokale Agenda 21 und nachhaltige Entwicklung in deutschen Kommunen. 10 Jahre nach Rio: Bilanz und Perspektiven)]



Патот е целта

Не постои идеален процес на Локална агенда 21 во смисла на готов концепт што би требало само да се примени. Секој град, секоја општина е поинаква и мора да си најде сопствен пат во еден широк процес на дискусија.



И покрај тоа, можат да се покажат неколку темелни елементи и процедури. Како типични особини на еден (идеален) процес на Локална агенда 21 можат да важат следниве:
 

bulletучество на локалната управа;
bulletучество на населението, особено на жените и младинците, на НВО и на економијата;
bulletдолгорочен процес на планирање и дискутирање, којшто го следи интегративниот приод, тоа значи опфаќа еколошки, економски и социјални аспекти;
bulletцелта е програма на дејствување со која се согласуваат сите учесници (консензус) и која е ориентирана кон моделот на одржлив развој;
bulletсе работи за процес на меѓусебно учење за сите учесници;
bulletдо израз доаѓа ново разбирање на политиката (соработка и консензус);
bulletостварувањето на целта мора да биде континуирано контролирано со што е можно добивање појасни индикатори.

Еден таков процес не значи само продолжување на општинската еколошка политика со други средства. Во случај на успех тој оди подалеку, како што најавува следниов извадок од текст:

„Главните разлики се наоѓаат во нагласувањето на долгорочниот приод и во интегративниот третман на сите политички полиња. Се разбира, притоа како одржливи можат да се докажат елементи на досегашната општинска политика, без оваа цел да била експлицитно следена во минатото.

Учеството на народот е од големо значење. На граѓаните се гледа како на рамноправни преговарачки партнери во дијалогот во општината, што бара вистинска подготвеност за дијалог и соработка од локалната политика и управа.“

[од: Ајк фон Рушковски, Локална Агенда 21 во Германија - биланс; во: Од политиката и историјата на времето 31-32/2002, стр. 19, онлајн-верзија (Eick von Ruschkowski, Lokale Agenda 21 in Deutschland - eine Bilanz; in: Aus Politik und Zeitgeschichte)]

 

Во преамбулата на Агендата 21 стои:

„Човештвото стои на една одлучувачка точка во својата историја. Доживуваме зголемена нееднаквост помеѓу народите и во народите, сé поголема сиромаштија, сé повеќе глад, болест и неписменост како и континуирано оштетување на еколошките системи, од кои зависи нашата добросостојба.

Преку соединување на еколошките и развојните интереси и нивното посилно почитување, сепак, можеме да успееме во тоа да обезбедиме покривање на основните потреби, подобрување на животниот стандард на сите луѓе, поголема заштита и подобро стопанисување на еколошките системи и една сигурна и успешна иднина.

Тоа не може ниедна нација да го постигне сама, но заеднички може да ни успее; во едно глобално партнерство што е насочено кон одржлив развој.“

 

[Целосниот текст на повеќе јазици можете да го најдете во онлајн понудата на Обединетите нации: АГЕНДА 21]

 

Поглавјето 28 од Агендата 21 се занимава со улогата на општините:
„Бидејќи многу од проблемите и решенијата, споменати во Агенда 21 се сведуваат на активности на локално ниво, учеството и соработката на општините е одлучувачки фактор при остварувањето на целите содржани во Агендата.

Општините формираат, управуваат и ја одржуваат економската, социјалната и еколошката инфраструктура, го надгледуваат текот на планирањето, одлучуваат за комуналната еколошка политика и комуналните еколошки прописи, а освен тоа влијаат врз спроведувањето на националната и регионалната еколошка политика. Како политичко и управно ниво што им е најблиско на граѓаните, тие играат одлучувачка улога при информирањето и мобилизирањето на јазвноста и нивната свест за одржлив еколошки развој (...).

Секоја локална управа треба да стапи во дијалог со своите граѓани, локалните организации и приватната економија и да донесе една ’локална Агенда 21‘. Преку консултација и создавање консензус, општините би учеле од своите граѓани и од локалните организации, од граѓанските, општинските, економските и трговските организаци и би ги добиле потребните информации за формулирање на најсоодветните стратегии. Преку процесот на консултација би се изострила свеста на поединечните домаќинства за прашања по однос на одржливиот развој.“ 

 

Критика на Агендата 21:
Само „тигар од хартија“?

„Поимот што образложува сé 'Sustainable Development' ... опфаќа компромисна формула помеѓу (легитимните) барања на земјите од Третиот свет за повеќе техничко-инфраструктурен развој и за поголема благосостојба наспроти барањата на повеќе, најчесто северно доминанирачки, групи за заштита на природата за ... заштита на видовите и долгорочна зачувување на ресурсите.

Оваа конфликтна линија, која што се однесува на потрошувачката на ресурси и социјалното изедначување, има блиско теоретско решение: високо индустријализираниот свет мора брзо да ја намали нивната потрошувачката на ресурси, а малку односно подоцна индустријализираниот дел смее уште да се зголемува, така што с
éвкупно ... може да се воведе намалување на потрошувачката на ресурси.

На Светската конференција во Рио не беше склучен договор што ги дава во перспектива идните права на ресурсите во преглед и што утврдува оленувачки трговски одредби за економски слабите нации, туку со Агендата 21 е отворена една нова сцена: се вложува во планирањето преку процеси на преговарање, тоа значи се вложува во доброволен консензус за одржлив (еколошки) развој, при што дифузно се наведени содржински работи и многу административни предлози по однос на техниката на постапување за управувањето со процеси, но нема никакви конкретни ограничувачки податоци (...).

Владините делегации на многуте присутни земји со подготвеност го потпишана тоа, бидејќи не беше утврдено ништо што би можело да биде обжалено. Невладините организациии што учествуваа, беа задоволни, бидејќи за првпат беа признаени и имаа право на соодлучување на една таква конференција (...).

„Секој познавач на меѓународната сцена можеше да предвиди дека таквите меѓународни прокламирања на и онака слабите Обединети нации ќе изгорат без последици.“
[од: Хајно Апел, Локална Агенда 21 и партиципација; во: Вонучилишно образование 2/1999, стр. 137 (Heino Apel, Lokale Agenda 21 und Partizipation; in: Ausserschulische Bildung)]

Понуда за граѓански ангажман

„Основа за еден агенда-процес што ветува успех, е широкото и ангажирано учество на што е можно повеќе актери од политиката, администрацијата, економијата, синдикатите, црквите, сојузите, еколошките групи и групите Север-Југ како и пред с
é од ‘не-организирани’ граѓани. На тој начин локалната Агенда 21 претставува интересна понуда за граѓанскиот ангажман. Токму активирањето на граѓанскиот ангажман, на доброволната работа и на граѓанското учество во проектите за планирање на градот можат да донесат значајни импулси за процесот на локална Агенда 21.“

0-11/2000, S. 3, Online-Version]

[од: Клаус Херманс, Локалната Агенда 21. Предизвик за општинската политика; во: Од политиката и историјата на времето 10-11/2000, стр. 3, онлајн-верзија (Klaus Hermanns, Die Lokale Agenda 21. Herausforderung für die Kommunalpolitik; in: Aus Politik und Zeitgeschichte)]

Фази во процесот на локална Агенда 21


Следниот графикон ги покажува четирите фази на еден идеален агенда-процес. Важно е да се види дека процесот не завршува по фазата на евалуација. Се работи за еден континуиран процес на учење, барање и дискусија, во кој стекнатите сознанија и искуства се применуваат во следниот циклус.



Што беше постигнато досега?

Следниот извадок од текст дава биланс на состојбата, 10 години по Рио и на предвечерието на продолжението на Конференцијата од Рио во 2002 во Јоханесбург:  

„Споредено со мерилата што ги постави Агендата 21 во 1992 година, билансот опаѓа разочарувачки ... за широко распространетиот процес на локална Агенда 21. Не беше постигната ниту атмосфера на орасположување, на мобилизација на масите ниту, пак, на донекаде адекватна временска цел. Сепак, налогот за дејствување од поглавјето 28 од Агенда 21 не може да се употреби како реалистично мерило. Во периодот на донесувањето локалната агенда 21 не беше повеќе од теоретски концепт на хартија, за кој немаше искуства. Никој не можеше да предвиди колку долго би траело, концептот на одржливоста, да се донесе во општеството.

Како заклучок може да се советува едно диференцирано набљудување што го признава досега постигнатото, но истовремено ќе констатира дека има уште многу што да се стори. Иако локалната Агенда 21 с
éвкупно по однос на целта и успесите јасно заостанува зад првобитните очекувања, во меѓувреме движењето на Агендата наиде на одзив низ целиот свет. Досега сé уште не е достигната критичната маса. Сé уште процесите од локалната Агенда 21 се повеќе лек отколку обврска, на многу места вистинските конфликтни теми (на пр. општински финансии, долгорочен развој на градот, интеграција односно зајакнување на малцинствата итн.) не се обработуваат во процесите на Агендата. 

Приодот, концептот на одржлив развој да се имплементира на општинско ниво, во себе крие енормен потенцијал што мора соодветно да биде повикан и спроведен од страна на општините. Како и претходно во политиката доминираат краткорочни, секторски програми за дејствување.

[од: Ајк фон Рушковски, Локална Агенда 21 во Германија - Биланс; во: Од политиката и историјата на времето 31-32/2002, S. 24, онлајн-верзија (Eick von Ruschkowski, Lokale Agenda 21 in Deutschland - eine Bilanz; in: Aus Politik und Zeitgeschichte)]

Други информации на оваа тема на интернет

ICLEI стои за International Council for Local Environmental Initiatives. Организацијата со седиште во Торонто беше основана во 1990 од страна на локалните власти во централата на ОН во Њујорк.

Организацијата следи цели што се тесно поврзани со локалната Агенда 21: "ICLEI's mission is to build and serve a worldwide movement of local governments to achieve tangible improvements in global sustainability with special focus on environmental conditions through cumulative local actions" (Mission Statement; http://www.iclei.org/about.htm).

Онлајн понудата од ICLEI нуди мноштво примери, извештаи и информации за создавањето и за состојбата со реализацијата на локалната Агенда 21 во целиот свет. Информациите можете да ги најдете најдобро, ако тргнете од следнава страна: http://www.iclei.org/ICLEI/la21.htm

... понатаму кон Основен курс 4: Како може да се заштити климата?

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.