Основен курс 2
Nach oben Основен курс 2 Основен курс 3 Основен курс 4 Основен курс 5

 

Fair Trade
Иницијативи
Земјоделство
Потрошувачка
Туризам
Соларна енергија

 

Одржливост

Основен курс 2: Како да дејствувам одржливо?

„Што можам да сторам јас!“, честопати гласи резигнираната реакција на глобалните проблеми како климатските промени или сиромаштијата. „И тоа како можеш да сториш нешто!“, одговара концептот на одржливост, „Дури и мораш да сториш нешто, ако ме сметаш за сериозен“. Бидејќи одржливоста не ги опфаќа само, како што може често да се слушне, сите нивоа од глобално до локално, одржливоста го вклучува токму и индивидуалното ниво: без напорите на секој од нас не може да се успее во промена на насоката кон одржлив развој.

„Иднината е времето, во кое се каеш дека не си го сторил тоа што можеш да го сториш денес“.
[Леон Толстој]

Почетни точки за одржливото однесување постојат многу. Некои од нив сакаме преку пример одблиску да ги разгледаме во рамките на овој основен курс 2. Во основен курс 3 ја претставуваме досега најуспешната практична реализација на идејата за одржливост, локалната Агенда 21. Таа претставува извонредна почетна точка за да дејствуваме одржливо. Секој може да иницира еден таков агенда-процес или да соработува во некоја постоечка агенда.

Некои од можностите на дејствување споменати на сликата се објаснуваат сами по себе. Се разбира, подобро е (како за самиот себе така и за околината) кога се вози со велосипед, а не со автомобил. Некои се очигледни на прв поглед, но вреди да се погледне попрецизно. Тоа важи при штедењето енергија, како што покажува следниов пример.

Зголемената потрошувачка на струја помеѓу најдобрата (добар лонец со капак) и најлошата варијанта (лош лонец без капак) изнесува 350 проценти! А притоа се работи само за еден од многуте аспекти. Разумното однесување во секојдневието би можело да заштеди многу енергија. Овде би можело да се помисли на пример на сијалиците што штедат енергија, на исклучување на непотребното светло, на совесното затоплување итн. За кои димензии се работи, тоа ни го појаснува следниот пример од Германија:

„Stand-by-приклучоците на с
é поголемиот број електрични апарати овозможуваат удобност; го нема повеќе тешкото станување за вклучување или исклучување на телевизорот. Оваа потрошувачка на струја годишно голта 20,5 милијарди киловати струја. За споредба: градот Берлин во текот на една година троши 14 милијарди киловат часови“.

[од: Сабине Ференшилд /Томас Хакс-Шопенхорст, Книга за светскиот курс. глобални влијанија на „перспективна Германија“, Мизереор Базел и др. 1998, стр. 14 (Weltkursbuch. Globale Auswirkungen eines "zukunftsfähigen Deutschlands")]

„Средни брзини, коишто се насочени кон поедноставно општество, пократки оддалечености што ги зајакнуваат регионалните економии, интелигентни услужни дејности што заменуваат отпадоци и селективна потрошувачка, којашто излегува на крај со помали количини на производи, се ознаката на патот за преминот кон едно перспективно општество.“
[од: Волфганг Захс, По нас иднината. Глобалниот конфликт за праведност и екологија, Франкфурт/Мајна, 2 издание 2003, стр. 97 (Nach uns die Zukunft. Der globale Konflikt um Gerechtigkeit und Ökologie)]

Други делови во рамките на основен курс 2

bullet

Fairtrade: постои трговска марка за фер тргувани производи. Оној што ќе ги купи овие производи, нема да добие само добар квалитет, туку може да биде сигурен во тоа дека производителите не се експлоатирани ... [... повеќе]
 

bullet

Информирање, соработка, поддршка на иницијативи: Низ целиот свет постојат организации и иницијативи, кои се залагаат за одржлив развој. Се разбира ние не можеме овде да ги претставиме сите, но преку пример упатуваме на некои ... [... повеќе]
 

bullet

Одржливо замјоделство: Низ целиот свет сé повеќе земјоделци преминуваат кон биодинамичко одгледување. Токму од производството на храна многу зависи на патот кон перспективно светско општество [... повеќе]
 

bullet

Одржлива потрошувачка: Основната промена на потрошувачкото однесување се вбројува во најзначајните побарувања на патот кон одржливиот начин на живот. Но, притоа станува збор за еден особено продлабочен и тежок предизвик... [... повеќе]
 

bullet

Одржлив туризам: Туризмот, гранка во пораст, се развива во сегашноста во секаква друга насока, само не  во насока на одржливост. Проблематични трендови како далечни патувања со авион, All-inclusive-патувања и крстарења ги забележуваат највисоките степени на пораст... [... повеќе]
 

bullet

Визијата за соларна ера: Употребата на обновливите енергии се вбројува во најважните барања на патот кон одржливиот развој. Оваа визија го сместува преминот кон соларната енергија во еден нов модел на благосостојба ... [... повеќе]

 

Координати на новиот модел на благосостојба

„Побавно, помалку, подобро, поубаво“

[Ханс Глаубер, www.ecoistituto.it]

 

„Економијата на добриот живот се состои во природно поднослива комбинација на умерена потрошувачка и нематеријални добра“.

[Тоблахерови тези 1997]





... понатаму кон основен курс 3: Како функционира локалната Агенда 21?

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.