Основен курс 1
Nach oben Основен курс 1 Листа на линкови Содржина Преглед

 

Основен курс 2
Основен курс 3
Основен курс 4
Основен курс 5

 

Одржливост

„Можеме ли да се потпреме на тоа дека една пресвртница со доволен број луѓе доволно брзо ќе успее да го спаси модерниот свет? Ова прашање се поставува често, но каков и да е одговорот, прашањето ќе води во заблуда. 'Да' како одговор би водело до самобендисаност, 'Не' како одговор до очај. Потребно е да се стремиме кон тоа да ги оставиме овие бунила зад себе и да се зафатиме за работа“.

[Фриц Шумахер, еко-филозоф и предводник на еколошкото движење, автор на книгата "Small is Beautiful" издадена 1975 год.]

Преглед на секвенците од основниот курс


Основен курс 1: Што значи одржливост?

Основен курс 2: Како да дејствувам одржливо?

Основен курс 3: Како функционира една локална Агенда 21?

Основен курс 4: Како може да се заштити климата?

Основен курс 5: Какви проблеми постојат на патот кон одржливиот развој?


Основен курс 1: Што значи одржливост?

Вселенскиот брод Земја

„Да си ја претставиме Земјата како еден огромен вселенски брод. Тој лета низ вселената со луѓе во него. Врските со својата планета му се прекинати. Нема повеќе враќање. Патниците мораат да преживеат со постојните залихи на храна, вода, кислород и енергија.

Додека бројот на луѓето на бродот се зголемува, залихите се намалуваат. Истовремено се зголемуваат количините на отпад и штетни материи. Животот станува сé
потежок, воздух за дишење има сé помалку.

Неколку жители на вселенскиот брод паѓаат во паника. Тие претскажуваат скора смрт од задушување, жед, глад или смрзнување. Други ги експлоатираат залихите, кои се при крај, а изразуваат предупредувања да се постапува со залихите со мерка. Тие веруваат дека некој во последната минута ќе се сети на нешто за заедничко спасување“.

[од: Ханс Георг Хернлебен/Јохен Хенрих, Тема во наставата 7/1997; Прашања на животната средина, Сојузна централа за политичко образование, Бон (Hans-Georg Herrnleben/Jochen Henrich, Thema im Unterricht 7/1997: Umweltfragen, Bundeszentrale für politische Bildung Bonn)]
 

„За да го... прочитате текстот за 'вселенскиот брод Земја' Ви беше потребно отприлика една минута. (...) Во една минута ...
 

bullet

... испуштањето на јаглен диоксид изнесува повеќе од 38.000 тони.

bullet

... луѓето уништуваат 3,5 квадратни километри шума.

bullet

... ние сите произведуваме повеќе од 15.000 тони ѓубре.

bullet

... повеќе од 90 нови автомобили дополнително ја оптоваруваат нашата животна средина.

bullet

... од вода се преплавуваат или носат 60.000 тони земја.

bullet

... населението на земјата се зголемува за 165 луѓе.

bullet

... се губи речиси еден квадратен километар природна површина преку градење или запечатување.

bullet

... околу 40 луѓе умираат од глад“.

[од: Ханс Георг Хернлебен/Јохен Хенрих, Тема во наставата 7/1997; Прашања на животната средина, Сојузна централа за политичко образование, Бон (Hans-Georg Herrnleben/Jochen Henrich, Thema im Unterricht 7/1997: Umweltfragen, Bundeszentrale für politische Bildung Bonn)]

Водечкиот поим „одржлив развој“ (sustainable development)

Ако одржливоста се земе сериозно, од неа произлегуваат драстични барања за измени во практичко сите сфери на животот. Не треба да се изменат само потрошувачките навики, што е сигурно доволно тешко, туку и преку тоа, се работи за темелна промена на свеста што значително ќе ги промени економијата, општеството и политиката, како што е скицирано во следниот текст:

„Од конференцијата за животна средина и развој на Обединетите нации во Рио де Жанеиро, летото 1992 год. поимот „Sustainable Development“ ... стана водечки поим во доменот на политиката на животна средина во целиот свет. (…) Во него за политиката на животна средина може да се забележат знаци на надеж, бидејќи интегрираното набљудување на еколошки, економски и социјални проблеми ја прави јасна меѓусебната поврзаност, во која еколошките проблеми мораат да се постават, ако се сака да се решат стручно и на социјално прифатлив начин. (…) Неопходни се значајни барања за промени во економската, социјалната и политичката сфера.

Во економската сфера мора да се воведат нови форми на стопанисување што го земаат предвид факторот природа како друг производен фактор, на пр. во пресметувањето на цените. Притоа не се поставува само прашањето како ова може да се обезбеди во конкретен случај - преку политичко-административно управување и/или самообврзување на економијата, туку се спори и за тоа колку е голема способноста за прилагодување на економијата на еден светски пазар што оперира децентрализирано, кога чекорите на патот кон одржлив развој не се усогласуваат меѓусебно на меѓународен план, а и не можат да се усогласат.

Во социјалната сфера се поставуваат сосем нови барања кон приципот и праксата на праведна распределба, и тоа на троен план: со оглед на фактот дека водечката слика на одржливиот развој потекнува од развојно-политичката дискусија, најпрво е засегната распределбата на можностите за развој во рамките на проблематиката Север-Југ. Како второ, се работи за внатрешно-општествена социјална подносливост на една еколошка модернизација, која ќе се појави не само со нови шанси, туку и со многу нови оптоварувања. Како може да се обезбеди дека животните, работните и потрошувачките можности донекаде ќе бидат праведно распределени?

Како трето, досега наведените проблемски области ќе бидат проширени со она што се нарекува „интергенеративна правда во распределбата“. Интересите на идните генерации мораат да се земат предвид во распределбата на можностите, која се случува денес, тоа значи нашето општество мора да се ориентира кон факторот дека нашата сегашност претставува неотповикливо минато во иднината, за чии можности се решава и денес.

Најодлучувачкото прашање се однесува на подготвеноста на општеството, на економијата и на секој поединец, да ги прифати овие големи барања во своето однесување, стиловите на производство, потрошувачка и конечно на живеење и конкретно да се впушти во нив. Тоа значи дека најважните барања за промени се поставуваат во политичката сфера:

Со формулирањето на целите за одржлив развој на постојниот политички систем, кој е програмиран на краткорочен изборен успех и се ориентира кон постојано зголемување на благосостојбата заради одржување на власта, му се заканува опасност од принципиелно преголемо оптоварување. Токму при реализацијата на такви цели се покажува значителна потреба од политички промени, бидејќи ориентации кон нови вредности и соодветни стилови на живеење ниту можат политички да се заклучат ниту административно да се уредат, туку можат да се пренесат само преку комуникација. Оттаму во дискусијата за реализацијата на водечката слика „одржлив развој“  владее истомисленост за тоа дека подобрената вклученост на граѓаните... претставува нужен предуслов за успехот на оваа идеја. (...)

Тоа значи дека и формулирањето на целта како и обврзувачкото спроведување на целите имаат потреба од сосема нова „структура на дијалог“. Таа има за претпоставка подговеност на одговорните во политиката и општеството да ја изработат дефиницијата на целите како и чекорите за реализација во еден отворен процес заедно со ангажирани поединци, групи и здруженија. (...)

Една политика на одржливост бара од секој поединец восприемање одговорност, секој ден и преку себе, што може да успее кога поединецот ќе увиди дека сопствените интереси се вклучени во интересите на заедницата. Оттаму идејата за одржливост присилува кон квалитативен скок во вклученоста на граѓаните и, на крајот, во модернизацијата на демократијата.

Повеќе не се работи за партиципација во политички или административно иницирани планирања, одлуки и мерки, туку за самосвесно и соодговорно учество во „советување за заеднички работи“ (Аристотел), во креирачката задача на политиката.

Тоа значи дека општествено-граѓанските актери мораат да преземат посебна одговорност за политичкото спроведување на политика на одржливост, што, пак, со себе повлекува структурни, институционални и финансиски последици.“

[од: Хорст Цилесен, Од политиката на животна средина кон политиката на одржливост. Концептот на одржлив развој како приод за модернизација; од: Политика и историјата на времето 50/1998, стр. 3-5 и 8 (Horst Zilleßen, Von der Umweltpolitik zur Politik der Nachhaltigkeit. Das Konzept der nachhaltigen Entwicklung als Modernisierungsansatz; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 50/1998, S. 3-5 u. 8)]

Одржливоста е едностава, но истовремено и комплицирана. Од една страна ние интуитивно разбираме, за што станува збор: Не се коле кравата, од која сакаме утре пак млеко,“ вели една народна поговорка. Но, од друга страна ни паѓа тешко да си претставиме едно сосем одржливо општество. Практично сé би морало да се измени, но и ние самите.

„Многу зависи од тоа дали ќе успееме да го изостриме поимот и да ја развиеме идејата, значи да го ставиме во игра целиот нејзин спектар и полн потенцијал. Одржливоста е далеку повеќе од технократски нацрт-табла за интелигентно управување со менаџментот на ресурси, повеќе од поим од ретортата на Club of Rome, Светската банка и ООН. Идејата добива залет веднаш штом се восприема како нов цивилизациски нацрт, како нов нацрт, кој, пак, е вкоренет во нашите традиции и во човековата психа. Традицијата и иновацијата не мораат да бидат спротиставени. Заедничката залиха на вредности, идеи и соништа е важен културен ресурс“.

[од: Улрих Гробер, Идејата за одржливост како цивилизациски нацрт; во: Од политиката и историјата на времето 24/2001, стр. 3, онлајн верзија (Ulrich Grober, Die Idee der Nachhaltigkeit als zivilisatorischer Entwurf; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 24/2001, S. 3, Online-Version)]

 

Најчесто користената дефиниција за „одржлив развој“ потекнува од Лестер Браун, основоположникот на Worldwatch Institute. Таа е тематизирана во извештајот „Our Common Future“ на Брунтланд комисијата:

"Sustainable development is development that meets the needs of the present without compromising the ability of future generations to meet their own needs."

[World Commission on Environment and Development (WCED), Our Common Future, Oxford 1987, p. 43]

 

Оваа дефиниција на „одржливиот развој“ е општо прифатена, но не кажува многу. Затоа славниот научник Фритјоф Капра ја предложува следнава операционализација:

„Клучот за една функционирачка дефиниција за еколошка одржливост е сознанието дека не мораме од темел да пронаоѓаме одржливи човекови заедници, туку мораме да ги имитираме од примерот на екосистемите на природата, тоа се одржливите заедници на растенија, животни и микроорганизми.

Како што видовме, најнагласената карактеристика на домаќинството во земјата е иманентната способност за одржување живот. Оттаму, една одржлива човекова заедница е така поставена што нејзините начини на живот, исто како и нејзините претприемачки, економски и физички структури и технологии не пречат на иманентната способност на природата да одржува живот.

Одржливите заедници ги развиваат своите животни мостри со текот на времето во постојана интеракција со други човечки и нечовечки живи системи. Притоа одржливоста не значи дека работите не се менуваат. Таа не претставува статична состојба, туку динамичен процес на коеволуција“.

[од: Фритјоф Капра: Сокриени меѓузависности. Да мислиме и дејствуваме во мрежа - во Економија, наука и општество, Берн и др. 2002, стр. 298 (Fritjof Capra, Verborgene Zusammenhänge. Vernetzt denken und handeln - in Wirtschaft, Politik, Wissenschaft und Gesellschaft, Bern u.a. 2002, S. 298)]

 

„Дебатата за одржлив развој со своја иднина има за цел општествен консензус за нови развојни цели надвор од западниот цивилизациски модел што се потпира на индустриски пораст, заборавање на природата и фантазии за технолошка спроводливост, во оваа перспектива се работи за развојот на една иновативна, идно насочена водечка слика на општествен развој во смисла на една регулативна идеја, како на пример и демократија, слобода, правда и сл.“.

[од: Томас Јегер/Михаел Шварц, Социјално-еколошкиот иновациски потенцијал на одржлив, идно насочен развој на претприемачко и локално ниво; во: Од политиката и историјата на времето 50/1998, Бон, стр. 23 (Thomas Jäger/Michael Schwarz, Das sozial-ökologische Innovationspotential einer nachhaltigen, zukunftsfähigen Entwicklung auf betrieblicher und kommunaler Ebene; in: Aus Politik und Zeitgeschichte 50/1998, Bonn, S. 23)]

 

Образование за одржлив развој“ претставува “не само проширување на образованието за животна средина со социјални и економски аспекти..., туку [би требало] да е силен врзувачки материјал меѓу политичкото образование, глобалното учење, образованието за животна средина или здравственото воспитување“.

[Вили Линдер, Високи барања; во: животна средина и образование 3/2004, стр. 3 (Hohe Ansprüche; in: umwelt & bildung 3/2004, S. 3)]


„Цел на ... декадата на ОН ... е да се поврзат многуте иницијативи од политичкото образование до образованието за животна средина, од глобалното учење до воспитувањето за мир во образование за одржлив развој“.

[Јоханес Чапка; цитат според: еколог мрежен весник 3/2004 „Да учиме да живееме одржливост“; во: животна средина и образование 3/2004 (ökolog Netzwerkzeitung 3/2004 "Nachhaltigkeit leben (und) lernen"; in: umwelt & bildung 3/2004)]





... понатаму кон основен курс 2: Како да дејствувам одржливо?

[Автор: Рагнар Милер]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I  Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.