|
|
|
| Преглед на објаснетите поими:
Поимот „просветителство“ го означува
преовладувачкото духовно движење на европската интелигенција од 18 век. Негова
карактеристика е довербата во разумот како одлучувачки извор на сето сознание,
ориентација на човековото дело и мерило на сите вредности. Во 1784 год. Кант во
својот спис „Што е просветителсто?“ го дефинира како „излез на човекот од
незрелоста за која е самиот тој виновен“.
Во разумното размислување и дејствување утврдено од разумот просветителите ја
гледале гаранцијата за постојано напредување на човештвото во владеењето на
природните сили како и донесување на праведен социјален поредок. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
(англ., „пречки и рамнотежи“): принципот што се наоѓа во основата на уставот на претседателската демократија на САД, според кој во рамките на системот на Поделба на власта деловите од државната власт мораат да бидат отприлика подеднакво силни, значи во рамнотежа, се ограничени, за да може на тој начин да спречи злоупотреба на државната моќ. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
(од лат. executio = изведување, спроведување): дел од државната власт формиран и извршуван од страна на владата (= "извршна" или "спроведувачка" власт), наречен така, бидејќи почивајќи врз принципот на поделба на власта во изградбата на правната држава има за задача да ги извршува т.е. спроведува политичките одлуки донесени од страна на легислативата (на „законодавната власт“). Притоа, владата има функција да донесува одлуки во рамките на уставот и врз основа на законите да ја води државата; управата треба да го спроведува тоа во реалност. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
(лат. foedus, „сојуз“): собирање на повеќе држави во една заедничка влада, при што на одделни членови им е оставена голема мера на самоуправа. Притоа се прави разлика меѓу сојуз на држави и сојузна држава. Заедничка карактеристика на сите федеративни идеи и принципот, да се зачува самостојноста на секој еден член и истовремено да се обврзе за дејности за општото добро, според сопствените можности (принцип на субсидијарност). (...) Теоретски, федерализмот беше заснован во Франција од Монтескје и Прудон. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Договарање на членови од едно општество за нивни соживот; повеќепати тематизирано како чисто теоретски сфатено образложение и оправдување на државата и општеството, пред сẻ во учењето за природното право (Августин, Тома Аквински). Нагонот за спокојство во човековата природа води до државно единство, а консензусот на членовите на општеството до соодветен ред во организацијата. Во „Левијатан“ Хобс гледа само една страна на човековата природа, заснована врз неговата претпоставка на меѓусебно уништување. Пуфендорф, наспроти ова, ги оформи обете страни на општествениот договор (слично и Монтескје), додека Русо, конечно, со разликувањето на општата и посебната волја најде формула што почива на првиот тип, дека секој се слуша самиот себеси, кога го следи законот во државата што е донесен со негова согласност; по пренесувањето на неговите права, образложени како природни права, на државата, човекот ги добива истите назад од државата во вид на граѓански права. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Доставувањето на нацрт-закон во парламентот, заедно со барањето поднесениот нацрт (предлог-закон) да се разгледува и донесе. Правото на законска иницијатива (иницијативно право) во конститутивните монархии на 19 век по правило го поседувал само монархот, во претседателската демократија само членовите на парламентот, додека во парламентарната демократија членовите на парламентот и владата. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Делба на власта, поделба на функциите на
државната власт во законодавна, извршна и судска власт (легислатива,
егзекутива,
јурисдикција) со барање, извршувањето на овие фукции да не биде обединето на
ниедно место. Овој принцип веќе бил објавен од страна на Џ. Лок
("Two treatises on government" 1690) и пред сẻ од Де Монтескје ("De l'esprit des lois" 1748)
во борбата против апсолутистичката држава и важи за основа и на модерната држава.
Со пренесувањето на функциите на парламентот, владата и јавните службеници како
и на независни судии треба да се одржи примената на државната власт преку
меѓусебни контроли во рамнотежа (балансирање на власта), а со тоа да се овозможи
и заштитата на граѓаните од произволни мешања на државата. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
(грч., учење за идеите): учење за социјалната и политичката реалност или развојот на општеството со барањето за општа важност. Донекаде е блиска со замена на религија (на пр. верата во напредокот), а може да се издигне, како во марксизмот-ленинизмот, до општа светска и историска објава во врска со некое идно, безмалку религиозно очекување за лечење. Општо: теоретски образложена политичка претстава т.е. убедување. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
(франц. législatif = законодавно, од лат. legem latum = донесен, направен еден закон): оној дел од државната власт, кој за задача го има законодавството (законодавна власт). Функцијата на легислативата е, значи, да се воспоствува право, тоа значи да се изработуваат и донесуваат нови закони, да се изменат, дополнат или да се стават надвор од сила веќе постоечки закони. Во една правна држава, која се заснова на принципот на поделба на власта легислативата се врши од страна на парламентот; тој е легислаторот, кој со своето законодавство ги донесува темелните политички одлуки, кои егзекутивата треба да ги извршува т.е. спроведува. Бидејќи легислативата во една демократија се наоѓа во рацете на пратеникот, кој е избран од народот, важи за дел од државната власт со највисок ранг. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
(лат. legitimus = правно): правноста на
државното владеење. Еден државен поредок и неговото спроведување се легитимни
ако се совпаѓаат со претставите за правото и праведноста како и на етичките
вредности и норми што се наоѓаат во основата на овие, кои во човековото
општество, во кое владее државата, тие се општо признати како темелни. Секој
државен поредок има потреба од оправдување (легитимитет, легитимирање), ако сака
засекогаш да ја спроведува и одржи својата власт со една минимална мера на
согласност на водените граѓани, а не само со физички или психички притисок или
дури и терор. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Посебен тип на репрезентативен систем и на парламентаризам, кој се карактеризира со следниве обележја: 1. тесна поврзаност на владата (егзекутива) и парламентот (легислатива); 2. компатибилност (споивост) на владината служба и пратеничкиот мандат, т.е. шефот на владата и министерот спаѓаат по правило истовремено на партијата/ите во мнозинство како пратеници; 3. политичка одговорност на владата кон парламентот, кој може да ја отповика владата со изгласување на недоверба; 4. право на владата да го распушти парламентот и распише нови избори. Што се однесува до главниот критериум, парламентарната одговорност, таа е инкорпорирана како барање во гласањето на недоберба кон владата, шефот на владата или некој од одделните министри, потоа во форма на одбивање на некој закон, со чие приложување владата го поврзала прашањето на доверба или, пак, како одбивање на гласањето за доверба. Ако на владата и побегне довербата, тогаш таа треба да се повлече, но до формирањето на новата влада носена од некое парламентарно мнозинство, таа продолжува со својот мандат на водечка влада. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Уставен систем, во кој парламентот, избран од народот, влијае и го контролира формирањето на политичката волја. Притоа под парламентот, во принцип, потпаѓа законодавството (легислативата). Во надредениот поим „парламентаризам“ спаѓаат различни типови на владеење, на пр. претседателскиот систем (како во САД) и парламентарниот систем (како во Велика Британија и Сојузна Република Германија). [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Според разбирањето на западните демократии плурализмот е формата на уредување на нивните општества. Притоа се поаѓа од мноштво на слободно формирани политички, економски, религиозни, етнички и други групи на интереси, кои се наоѓаат во меѓусебна конкуренција и се борат за политичко и општествено влијание. Во основата на плуралистиката теорија се наоѓа претпоставката дека овој процес не се извршува во вид на некоја несредена борба со сите средства, туку во вид на конструктивно делување што се заснова на компромиси, со цел за добивање на задоволувачки резултат за сите. Притоа не се претпоставува дека ваквиот процес е природно управуван и води до утописка хармонија, туку од државата се очекува да изнајде недостатоци во таквиот конкуретнски систем и да се зафати со нив за да ги регулира (на пр. со давање поддршка на посебно слаби групи). [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Претседателскиот систем, републиканска форма на владеење, која на претседателот како прв човек во државата му ги дава одлучувачките права за креирање на политиката. Додека во западно-европскиот уставен систем, кој произлегува од конституционализмот, на претседателот му се дава првично репрезентативна позиција (претходно одземање на правата на монарсите), уставот на САД, на пр., на претседателот му придава значителна моќ, но во врска со тоа добива и релативно краток период за мандат. Претседателот на САД е првиот човек на државата и шеф на владата, врховен командант и ја има власта кон надвор. Независен е од парламентот (нема парламентарен систем) и не формира влада во вистинска смисла на зборот, туку назначува државни секретари како советници, кои исто така може да ги отпушти. Друг тип е развиен во Франција во времето на Ш. Де Гол (уставот од 1958), пред сẻ во врска со плебисцитарни одлуки (исто како кај Наполеон I и Наполеон III). Во обата случаи парламентот е во позадина, а егзекутивата е во голема мера во посед на законодавна власт. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Во една правна држава изградена врз принципот на поделба на власта јурисдикцијата е задача на судовите и во неа активните, независни и само на законот подложни, судии (...); во рамките на, со закон регулираните, надлежности и во законски регулирана постапка (спор) ја практикуваат судската власт или јурисдикцијата (од лат. ius = право, dicere = говори), затоа е наречена и судска власт или јудикатива (од лат. iudex = судија, iudicatio = судско испитување, одлука). [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Наспроти плебисцитарната, репрезентативната
демократија е онаа форма на демократска држава, во која политички активните
граѓани уччествуваат во формирањето на политичка волја примарно или исклучиво
преку парламентарни избори. Репрезентативниот систем поаѓа од принципиелното
размислување дека политичкото дејствување на мноштво луѓе е возможно само тогаш
кога поединците (репрезентантите или пратениците) „однапред ќе добијат задача
или полномошно за заедничка работа за нивните налогодавци и да се обврзат со
своето колективно одлучување“ (K. Левенштајн). Се носи од страна на органи, кои (според
теоријата) делуваат во име, но без обврзувачки налог од народот (слободен мандат). [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Волја на некое одредено законодавство или некоја друга државна одлука, која е земена од парламентот и е ставена на одлучување кај народот. Волјата на народот е предвидена во различни устави. За да се дојде до саканата одлука одреден процент на населението со право на глас преку потпис треба да се искажат позитивно во одреден период. [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Одлука на народот, што ќе каже одлука на оние оние со право на глас (= право на бирање) по прашања од законодавството (исто и избори). [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
Според принципот на народен суверенитет, сета власт произлегува од народот. Секое спроведување на власта на државата, според тоа, треба да е легитимирано од народот на таа држава. Принципот на сувереност на народот не бара да се донесуваат политички одлуки непосредно од страна на народот, на пример преку одлука на народот. Тој само бара, сите носители на одлуки во државата да му бидат благодарни на народот за нивната позиција, кои се ангажирани или непосредно од народот преку избори (на пр. пратениците во парламентот) или посредно, од претставници избрани од народот (на пр. парламентарна влада или државните службеници поставени од неа). [Почеток на страна] [назад кон прегледот]
[делумно извадок од: Bundeszentrale für politische Bildung: Parlamentarische Demokratie 1, Informationen zur politischen Bildung Nr. 227, 1993 und Bertelsmann Discovery Lexikon 1997 (Сојузна централа за политичко образование: Парламентарна демократија 1, Информации за политичкото образование бр. 227, 1993]
|
|
Теми: Човекови
права I Примери I Демократиија I Партии I Европа
I Глобализација I Обединети
нации I
Одржливост
|