1
  1


 

  2
  3
  4
  5

 

Партии

Преглед на секвенците од основниот курс:

Основен курс 1 Што е партија?
Основен курс 2 Какви типови на партии постојат?
Основен курс 3 Кои функции ги исполнуваат партиите?
Основен курс 4 Како изгледаат партиските системи?
Основен курс 5 Со кои проблеми се соочува партиската демократија?

[Почеток на страна]

Основен курс 1: Што е партија?

Пред да започнеме да се занимаваме со различните типови на парти во Основен курс 2 , пред да ги погледнеме функциите на партиите во модерната демократија (Основен курс 3) и пред да фрлиме поглед врз различните партиски системи (Основен курс 4) како и врз проблемите на партиската демократија (Основен курс 5), најпрво се поставува прашањето: Што е, всушност, партија? Една минимална дефиниција би можела да изгледа вака:

Партија претставува група на граѓани, кои се истомисленици, кои за цел си поставиле спроведување на заедничките политички претстави.

[Рајнер-Oлаф Шулце; од: Pipers Wrterbuch zur Politik (Речникот на Пипер за политиката)]

Нешто подетални се следниве две дефиниции:

Партиите се слободни спојувања на граѓани, кои даваат програмски предлози за решавање на политички проблеми и поставуваат кандидати за парламентарни мандати и владини служби со цел, по успешниот избор да ја реализираат својата програма во реалноста.

[Валдемар Бесон/Готхард Јаспер, Das Leitbild der modernen Demokratie, Bonn BpB 1990 (Водечката слика на модерната демократија, Бон, Сојузна централа за политичко образование)]

Партиите се здруженија на граѓани, кои трајно или во подолг временски период (...) влијаат врз формирањето на политичката волја и сакаат да учествуваат (...) во претставувањето на народот, ако според нивната сẻвкупна слика на фактичките односи, посебно според опсегот и цврстината на нивната организација, бројот на членови и нивното презентирање во јавноста можат да понудат доволно гаранција за сериозноста на нивните поставени цели (...).

[Германски закон за партиите од 1967, 2 став 1]

Во овие дефиниции се веќе содржани неколку важни критериуми што сe карактеристични за партиите. Не игра никаква улога тоа што некоја организација се означува како партија. И идеолошката насока, т.е. програмата не е одлучувачка за тоа, дали некоја организација претставува партија или не. Следниов текст дава резиме на критериумите:

Што прави една организација да биде партија?

Критериуми

bulletЕдна партија треба да има влијание врз формирањето на политичката волја. таа се стреми кон влијание врз целата политика. Кообликувањето во формирањето на политичката волја е насочено кон подолг временски период како и поголема област. Според ова, не е доволно ако некое политичко здружение е активно исклучиво во комуналниот сектор (...).
bulletEдна партија мора да остави впечаток дека има волја за редовно учество на политичкото репрезентирање на народот. Тука таа се разликува од здруженијата, кои не сносат политичка одговорност за сите области, или од граѓанските иницијативи, кои имаат само ограничено политичко влијание, но не сакаат да преземат политички служби. Но ова не мора да значи дека партијата ќе добие мандати во парламентите (...).
bulletВажно е да има самостојна организација како според опсегот така и во поглед на трајноста. Една организација што се формира само за изборите, располага во исто толку мала мера со статусот на партија како и некоја група што влече корист од организацискиот апарат на некое друго здружение.
bulletЕдна партија претставува здружение на граѓани. Принципот на поединечно членство треба да ја спречи злоупотребата на партијата од страна на некое здружение. Бројот на членовите не смее да биде под одредена граница за да остане воочлива сериозноста на целите како и можностите за успех.
bulletЕдно политичко здружение, кое сака да биде признато како партија, треба да сака да истапи во јавност. Оној што се плаши од светлото на јавноста и е скришно активен, тој не ги исполнува условите за политичка партија.

[Уве Бакес/Екхард Јесе; од: Informationen zur politischen Bildung 207, Parteiendemokratie, BpB 1996 (Информации за политичко образование 207, Партиска демократија, Сојузна централа за политичко образование 1996)]

[Почеток на страна]

Во речникот се наоѓаат дополнително и неколку други забелешки за историјатот на настанокот на партиите и типовите на партии, со кои ќе се занимаваме во следниот основен курс:

Дефиниција од речник: Партија

[лат. pars, дел, насока], општо, спој на луѓе со иста или слична политичка, социјална, економска волја и убедување со цел за создавање на влијание во животот во државата. Во таа смисла партиите постоеле како повеќе или помалку лабаво формирање на групи во градовите-држави во старо време и во републикански Рим како и во политичките и религиозни движења од 16 и 17 век.
Развојот на модерните партии како цврсти тела беше, во основа земено, процес од 18 и 19 век, кој беше под силно влијание на примерот на англискиот политички живот, каде во 18 век се формирале Торис и Вигс како релативно цврсти партии, кои во затворен круг заземале ставови за одредени политички прашања и го презедоа водењето на државата (двопартиски систем). Поостро одделени партиски групи се формираа во борбите за незавосност на Америка и во Француската револуција, потоа во движењата за германскиот устав, Vormrz (...).
Цел на една партија или група на сродни партии е да го добие мнозинството во парламентот (коалициони партии, партија на мнозинството), а со тоа да го добие политички надвладувачкото влијание; нејзини противници во парламентот се опозиционите партии, кои биле победени во изборната битка. Наизменичната игра на партиите претставува една од основните претпоставки на модерното уставно живеење, посебно на парламентарниот систем. Секаде, каде една партија треба да биде отелотворение на вистинската волја на народот (како малцинство или мнозинство) или се смета за елита, доаѓа до еднопартиски систем (на пр. во диктатурата).
(...) Иако партиите спаѓаат во темелните елементи на уставното живеење, во најголем број држави тие, сепак, не се уставно признаени, бидејќи пратениците, според уставното право, важат за претставници на народот, а не на некоја одредена партија. дури во уставот на Сојузна Република Германија и донекаде и во Велика Британија тие се формално признаени.
Партиската типологија се ориентира кон критериумите: организација, политички цели, структурата на членови и политичката функција. Типови на партии утврдени според организацијата се на пр.: локални партии, кадровски партии и мас-партии. Поставувањето на целите за партиите со убедување, партиите на интереси и програмските партии е одлучувачко за типологијата, додека кај народните и класните партии одлучувачка е членската структура. Во зависност од нејзината функционална улога во одредени политички системи се прави разлика меѓу државни и демократски партии. Во реалноста честопати се среќаваат мешавини на партиите. Ова посебно важи за демократските системи (...).

[од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.