. .
. . Peace People .


 





 

Примери

Д-р Maртин Лутер Кинг помладиот спаѓа во најголемите личности на 20 век. Неговата успешна ненасилна борба против дискриминацијата на црнците во САД ја водеше инспириран од идеите и методите на Ганди. Во 1964 тој ја доби Нобеловата награда за мир. Следниов текст ги скицира суштинските станици во животот и делото на Кинг, кој, како и Ганди, беше жртва на еден атентат. Што друго може да се најде во ова поглавје, прикажано е на следнава табела:

Живот и дело: ќе ги најдете најважните страници од животот на Мартин Лутер Кинг, во вид на листа и поврзани со линкови со други делови од поглавејто како и со беграунд информации.

Цитати и говори: покрај една мала збирка од цитати, во ова поглајве можете да најдете два од најславните говори на Кинг, а можете и да го слушнете за проба и ако го симнете.

Бекграунд: покрај кратка хронологија за движењето за граѓански права ова поглавје нуди и централни бекграунд информации за подобро разбирање на делото на Мартин Лутер Кинг.

Maтеријали: ова поглавје ги собира текстовите за Kинг, посебно еден текст од проф. Х. Гросе за значењето на Мартин Лутер Кинг за нас денес, што безусловно морате да го погледнете.

Листа на линкови: на оваа страна се опишани одбрани извори на информации на интернет за Мартин Лутер Кинг, со цел за да Ви го олесни пребарувањето.

Цитат

"Темнината не може да истера темнина; само светлината го може тоа. Омразата не може да истера омраза; само љубовта го може тоа."
[д-р Maртин Лутер Кинг помладиот]

[Почеток на страна]

Победа на ненасилството Мартин Лутер Кинг (1929-1968)

На 15 јануари 1929 год., на проповедникот на баптистите Џејмс Кинг и неговата жена во Атланта, во државата Џорџија, им се роди син. Според обичајот во земјата тој како име го добива името на некоја примерна личност: Мартин Лутер. (...)

Не можеше ни да предвиди дека овој град ќе му биде одлучувачка пресвртница во неговиот живот

Мартин Лутер имаше право да посетува училиште, а потоа и да студира. Амбициозно се подготвуваше за животот. Кога после своето сјајно завршување на студиите можеше да избира меѓу две сосем изгледни позиции, тој се одлучи да прифати работно место во Монтгомери. Не можеше ни да предвиди дека овој град ќе му биде одлучувачка пресвртница во неговиот живот.
Moнтгомери, главниот град на Алабама, кој се наоѓа во јужните држави на САД, во тоа време патеше од растечките расни прогонства. Младиот поп на баптистичката црква беше сведок на постојани мачења, на кои беа изложени членовите на неговата заедница.
Во оваа состојба Кинг не дојде неподготвен. Во текот на неговите студии честопати ги набљудуваше проблемите на црнците во земјата. Размислуваше и по однос на структурни промени, кои ги сметаше за повеќе од нужни за соживотот во земјата. Скапоцени упатства доби од животот и делото на Ганди. Сẻ повеќе стигнувапе до заклучокот дека насилството би предизвикало само ново насилство. Ненасилството како средство за постигнување на траен успех, сẻ повеќе му се чинеше како единствениот употреблив пат за решавање на општествените проблеми и во Америка. Кинг притоа, од гледна точка на учењето, се повика на Исус. За практичната изведба тој се послужи со методите на Ганди.

[Почеток на страна]

Црнечкото население се одлучи на бојкот во едно омнибус-општество

Соочувањето дојде мошне бргу. На 1 декември 1955 год. во Монтгомери речиси секојдневно се случуваше истата приказна. Во еден од бројните автобуси, кои тој ден ги возеа рабитниците од нивните работни места кон дома, седеше Роза Паркс, везачка во една стоковна куќа. Беше изморена од работата, дремеше. Откако беше зафатен делот од автобусот резервиран за белци, возачот побара од неколку црнци да им дадат неколку седишта на располагање на белците, да појдат назад и да стојат за време на возењето. Тројца црнци го послушаа; очигледно веќе се беа навикнале на ваква состојба. Но, Роза Паркинс беше премногу уморна. Тивко, но одлучно го одби барањето на возачот. Возачот на авобусот повика полиција. Полицијата ја надгледуваше патничката и изготви пријава. И тоа е секојдневно. Овојпат ваквата случка го разбранува вниманието. Црнечкото население донесе одлука за бојкот на друштвото на омнибуси, за конечно да ги остварат своите права. Дојде до голем собир. Мнозинството од присутните се изјаснија за штрајк. Претседателот на граѓанската иницијатива беше младиот баптистички поп, д-р Мартин Лутер Кинг. Тој предложи ненасилно спроведување на штрајкот.

На 21 декември 1956 год. црнците повторно се возеа со автобуси во Монтгомери

Денес е интересно да се чита за тоа како граѓаните-црнци на Монтгомери немаа проблеми да се снајдат без автобуси: пеш или со велосипеди; со комбиња или сопствени автомобили ги одржуваа најпотребните линии. Добра година подоцна падна одлуката на Врховниот суд во полза на штрајкувачкото движење. На 21 декември 1956 год. црнците за првпат повторно се возеа со автобуси во Монтгомери. Но, сега без дискриминирачките ограничувања од претходните години.
Maртин Лутер Кинг потполно се стави во функција на својата задача како претседател. Кога за време на штрајкот врз неговата куќа беше фрлена бомба, со што беше во опасност животот на неговото семејство, големи кругови од црнечкото население повикаа на оружена пресметка. Кинг и вети на разлутената маса: Не можеме да го решиме овој проблем, ако на силата одговориме со сила.

[Почеток на страна]

Тој го споредуваше уставот и изјавата за независност со непокриен чек

Кинг беше повикуван насекаде на демонстрации, предавања и проповеди. Тој неуморно ја восприеми својата задача, ги смируваше слушателите и ја јакнеше нивната свест за потребите на ненасилниот отпор. Победата во Монтгомери му да де храброст на движењето за граѓански права. Сега беше важно да не се застане на половина пат, туку да се бараат правата на црнечкото население и во земјата. Во август 1963 се стигна до врвот со ненасилниот марш кон Вашингтон. Стотици илјади ја следеа поканата. Се собраа од ведро небо. Maртин Лутер Кинг одржа говор во текот на оваа единствена демонстрација, која во Америка остави одржлив впечаток. Тој го спореди уставот и изјавата за независност со чек, кој во поглед на црнечкото население во Америка досега не е реализиран, туку на кој има печат без покритие. Но, ние одбиваме да веруваме дека банката на правдата е во банкрот. Со повикот Freedom now (...) тој предизвика полициска бруталност, одбивање на правото за пристап до јавните институции, ограничување на слободоумноста, расна поделба и лишување од изборното право. Својот говор го заврши со зборовите веќе познати низ целиот свет: Имам еден сон дека еден ден на високите ридови на Џорџија синовите на поранешните поседници на робови ќе седат заедно со нас на масата на братството. Имам еден сон дека еден ден дури и државата Мисисипи во која владее неправедноста и своето опстојување го води со оганот на угнетувањето, ќе се промени во оаза на слободата и праведноста. Имам еден сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во еден народ, во кој човек не се третира според бојата на кожата, туку според тоа,што нивниот карактер направил од нив. Тоа е нашата надеж. А јас сум уверен дека ќе се вратам на Југ, со, да, со верувањето дека планината на очајот ќе ја преобраиме во карпа на надежта."

[комплетниот текст од славниот говор можете да го најдете во делот Цитати и говори: Имам еден сон]

[Почеток на страна]

Третата победа Мартин Лутер Кинг повеќе не ја доживеа

(...) Движењето за граѓански права со времето укажуваше на успеси. Законот за граѓански права од 1964 уредува дека институциите, кои нудат јадења, сместување, забава или бензин не смеат да извршуваат никаква дискриминација. Секој што може да докаже шест години школување ги поседува образовните претпоставки да учествува на избори. Се забранува секаква дискриминација во доменот на работата и вработувањето.
Во 1965 со еден друг закон на црнците од јужните држави им се даде можност за засилено учество на избори. Третата победа Кинг не ја доживеа. На 10 април 1968 беше прифатен предлог-закон со кој се прокламираше завршување на дискриминацијата при продажба на живеалишта и при давање на живеалишта под закуп.

Светот беше потресен од веста дека д-р Мартин Лутер Кинг падна како жртва на атентат

Светот во зголемена мера ги забележуваше состојбите во Америка. Тој беше удостоен со доделувањето на Нобеловата награда за мир. Кога Мартин Лутер Кинг учествуваше во Стокхолм на доделувањето на наградите со својата сопруга Корсета, тие посетија повеќе европски градови, врбувајќи притоа за движењето за граѓански права и идеите за ненасилство.
На 4 април 1968 год. светот беше потресен од веста дека д-р Мартин Лутер Кинг падна како жртва на атентат. Отиде на еден голем собир за граѓански права. Испади на полицијата против обоените ѓубраџии повлече облаци на хоризонтот. Кинг сметаше на тоа дека еден ден може да биде погоден од насилна смрт. Сепак, тоа не можеше да го спречи да се залага за своите почитувани сограѓани. Беше убеден во тоа дека еден ден е можно совладувањето на секаков вид расна дискриминација.
Со Мартин Лутер Кинг умре принципот на ненасилство. Да се верува дека тоа сẻ уште може да се спаси, би било самозалажување. Овие тешки зборови ги запиша еден новинар по убиството. Прирастот на воени судири се чини дека му дава право на овој суд. Што би се случило кога барањето за ненасилство би стивнало? Идејата за ненасилство не смее да умре.

[извадок од: Герхард Цимерман, Sie widerstanden, Нојкирхен-Флујн 1995, 55ff. (Тие дадоа отпор)]

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.