ะๅ๗ํ่๊
อเใ๎๐ๅ ย๎โๅไ ะๅ๗ํ่๊ ฯ๐ๅใ๋ๅไ ั๎ไ๐ๆ่ํเ ห่๑๒เ ํเ ๋่ํ๊๎โ่


 

 

Примери

Речник за тематскиот комплекс Примери

Преглед на објаснетите поими:

Aхимза 

Арафат, Јасер

Aшрам

Декларацијата на Балфур

Бен Гурион, Дејвид

Бота, Луис

(Војната на) Бурите

Картер, Џими

Дајан, Моше

Доти

Дијаспора

Данок од три фунти

Аферата Драјфус

Брачни закони

Ганди, Индира

Генерал Ј. Х. Смутс

Гокхале

Гујарати

Хагана

Харијан

Херцл, Теодор

Хиндуизам

ИНЦ

Индиго

Систем на касти  

Кибуз

Kисинџер, Хенри

Лон-работници

Ликуд-блокот

Maхатма

Maсакрот од Aмритсар

Moнтфорд-реформите

Насер, Гамал Абд ел-

Натал

Нехру

Слободната држава Оранје

Париа

Перез, Шимон

ПЛО

Закон за регистрација

Законот на Роулет

Рускин, Џон

Садат, Aнвар ес-

Сатиаграха

Шамир, Ицак

Шарон, Ариел

Сик

Султанат

Толстој

Трансваал

Вајцман, Езер

Ционизам

Востанието на Зулу

[Почеток на страна]

Aхимза - поштедување на сето она што е живо. Почитување на сите животни видови. Ганди ја споредил Ахимза со христијанската љубов кон ближниот, при што Ахимза опфаќа повеќе отколку само љубов кон ближниот. Освен тоа, од принципот на Ахимза Ганди го извлекол и заклучокот дека љубов кон ближниот значи и да се прифати лош третман од страна на другите луѓе, омаловажувања и удари, без притоа да се мразат истите или да дојде до освета. И овој принцип Ганди го нашол во Библијата. Ако некој те удри по десниот образ, дај му да те удри и по левиот (види ги и цитатите на Ганди).

Aрафат, Јасер - aрапски политичар, роден 1929 год. во Ерусалим; основач и водач на палестинската подземна организација Aл-фатах, од 1969 год. претседател на ПЛО; од 1989 год. претседател на државата Палестина прокламирана во 1988 год од ПЛО; 1994 год. ја добил Нобеловата награда за мир заедно со Перез и Рабин; 1996 год. е избран за претседател на палестинскиот автономен совет.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon, 1997]

Aшрам - хиндуистички: просторија за одржување настава со ученици.

Декларацијата од Балфур - признавање на "национална татковина" во Палестина на Евреите од британскиот министер за надворешни работи лорд Балфур од 02.11.1917 год.; ова признавање било дадено во спротивност со истовременото барање на Арапите против Турците.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon, 1997]

[Почеток на страна]

Бeн Гурион, Дејвид - израелски политичар (Maпаи), роден 1886 год. во Плоњск, Полска, умрел 1973 год. во Тел Авив; од 1906 год. во Палестина, 1915–1917 год. протеруван од Турците; коосновач и водач на Хистадрут и Мапаи; 1935–1948 год. претседател на Jewish Agency for Palestine; 1948–1953 год. прв премиер и министер за одбрана, 1955–1963 год. повторно премиер. По своето повлекување од Мапаи 1965 год. формирал нова партија Рафи (1965 год.) и се држел настрана во 1969 год., кога оваа партија коалицирала со Мапаи. Во 1970 год. Бен Гурион го откажа својот Кнесет-мандат за да им се посвети на своите мемоари.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

Бoта, Луис (1862-1919) - јужноафрикански генерал и политичар; од 1900 год. Бота бил наредник во војската на Трансваал во војната на Бурите. По поразот 1902 год. успешно се ангажирал за смирување со Британците. 1910 год. станал прв премиер на Јужноафриканската унија (види исто така и Историјата на Јужна Африка).

[Почеток на страна]

(Војната на) Бурите - наследници на белците, кои од 1653 год. се населувале во Јужна Африка, пред сẻ од Холандија и Германија. Бурите, всушност, отсекогаш се сметале за вистинските господари на Јужна Африка. Со Британците, кои подоцна дошле како трговци со Јужна Африка, поставувајќи го истовремено истото барање за господарење во Јужна Африка, во периодот 1899-1902 год. доведе до војната на Бурите. Велика Британија сакаше да ги освои државите на Бурите, Tрансваал и слободната држава Оранје заради природните богатства. Британците победија, но по кратко време повторно ги ставија државите под една управа. Многу Бури поседувале големи имоти и поддржувачи на Апартхејдот (види исто така и  Историја на Јужна Африка).

Картер, Џејмс Ерл (Џими) - политичар од САД (Демократска партија), роден 1924 год. во Плеинс, Џорџија, фармер, 1971–1975 год. гувернер на Џорџија, 1977–1981 год. 39-ти претседател на САД. Џими Картер беше посредник во мирот меѓу Египет и Израел и со СССР ја склучи спогодбата SALT-II.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

Дајан, Moсхе - израелски политичар и офицер, роден 1915 год. во Кибуз, Деганиа, умрел  1981 год. во Тел Авив; до 1977 год. припаѓал на социјалдемократските групации (до 1964 год. Мапаи, до 1968 год. Рафи, потоа во работничката партија), потоа не бил член на ниедна партија; рано станал член на јидските одбранбени групи во Палестина; 1953–1958 год. шеф на Генералштабот, 1959–1964 год. министер за земјоделство, 1967–1974 год. министер за одбрана, 1977–1979 министер за надворешни работи; 1981 год. ја формирал партијата Телем.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Доти - индиска облека; едноставна шамија што се носи слично како престилка.

Дијаспора - (грч., "распрсканост"), области, во кои живеат распрскани религиозни малцинства.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

Данок на три фунти - многу Индијци дошле во Јужна Африка како евтина работна сила. Добивале дозвола за престој само ако поседувале договор за работен однос. Контактите биле ограничени на само неколку години, а во текот на тие години работникот немал речиси никакви права. Ако сакал да даде отказ, морал да плати „данок за глава“, кој чинел три фунти, сума што не можел да ја плати ниеден работник, бидејќи платите им биле за неколкупати пониски. Значи, работниците биле подобри робови (погледнете исто така и на страната историјата на Јужна Африка).

Аферата Драјфус - Алфред Драјфус (1859-1935), француски офицер со еврејско потекло, во 1894 год. бил осуден за предавство заради лажирани документи на доживотно депортирање. Писателот Емил Зола со објавувањето на своето дело "J'accuse" („Осудениот“, 1898), во кое остро ја напаѓа владата, ја иницираше аферата Драјфус, која доведе до тешки судири и заживување на антисемитизмот. Во 1899 Драјфус беше осуден на 10 години затвор, но и помилуван откако случајот беше повторно разгледуван. Во 1906 год. беше ослободен од тужбите и рехабилитиран.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Брачни закони - брачните закони беа воведени 1913 во Јужна Африка. Според нив, се признаваат само христијанските бракови, кои биле склучени во присуство на матичар. Хиндуистичките и исламските бракови склучени во Индија повеќе не беа признавани. Со тоа индиските жени го загубија својот статус. Можеле да бидат само сакани девојки. Со тоа се создадоа проблеми при влезот и кај дозволите за престој, бидејќи жените се трпеле како жени само во брак. Освен ова, тие во своите очи ја загубија и почитта. Децата од таквите бракови го загубија својот статус исто така. Тоа имаше за последица што истите беа сметани за нелегитимна генерација и не смееја, на пр., да бидат наследници (погледнете ја исто така и страната историјата на Јужна Африка).

Ганди, Индира (1917-1984) - ќерка и блиска соработничка на Нехру. Се ангажираше како политичар, а 1964-66 беше министер за информации, 1966-77 и од 1980 па сẻ до својата смрт беше премиер на Индија (погледнете ја исто така и страната историјата на Индија).

Генерал Јан Христијан  Смутс - советник на претседателот на Републиката на Бурите, Tрансваал, Паул Кригер. Во војната на Бурите тој беше наредник на Кап-Бурите. Подоцна повеќепати беше претседател на Јужноафриканската унија (погледнете ја исто така и страната историјата на Јужна Африка).

[Почеток на страна]

Гокхале, Кришна Гопал - член на индискиот национален конгрес формиран 1885 год. Бил еден од најважните политички водачи на Индија во борбата за слобода и пријател на Ганди (погледнете ја исто така и страната животот на Ганди).

Гујарати - јазик, т.е. дијалект што се говори во кнежеството Гујарат, о кое е роден Ганди.

Хагана – (хебр, "заштита"), 1920 основана ционистичка воена подземна организација во Палестина, која требало да ги заштити Евреите од арапските напади. Хагана била потчинета на Хистадрут, но соработувала и со палестинските Евреи што не припаѓале на оваа организација на работници и на тој начин стана претходник на израелската армија. Хагана била делумно оставана недопрена, но делумно и била прогонувана од страна на британските мандатарски власти.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Харијан - види парија

Херцл, Teoдoр - австриски писател и ционист, роден 1860 во Будимпешта, умрел 1904 во Едлах, Холандија (неговото тело било пренесено во Ерусалим во 1949 год.); кореспондент од Париз за виенскиот весник "Neuen Freien Presse" од 1891 до 1896. Под импресија на процесот Драјфус се залагал за формирање на еврејска држава и даде поттик за формирање на политички ционизам. Во 1897 го повика првиот Конгрес на ционистите во Базел.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

Хиндуизам - религија кон која припаѓаат над 650 милиони луѓе, пред сẻ од Индија. Хиндуизмот се оформил уште во периодот околу 100 год. п.н.е. - 1000 од н.е., од голем број  секти на религиите на доцните Веди. Нема догматско учење. И до ден денес хиндуизмот е класифициран во многу секти. Но, за сите постојат неколку заеднички принципи. Сите хиндуси веруваат во повторното раѓање на човекот. Во основа, според ваквата претстава, секој човек може да биде роден повторно во форма на друго живо суштество. Целта се состои во тоа, преку водење на добар живот да се избегне овој круг на постојано повторно раѓање. Бидејќи хиндусите веруваат во тоа дека можат повторно да се родат во форма на секое живо суштество, тие се однесуваат кон секое суштество со почит, принципот на Aхимза. Оттаму и сите строги верници-хиндуисти се вегетаријанци. Од хиндуизмот произлегува и системот на касти. Кастата е утврдена со самото раѓање и не може да биде изменета во текот на животот.

[Почеток на страна]

Индиго/индиго сино - индигото е една од најстарите и, порано мошне важните, бои. Се добива од ластарка од индиго.

ИНЦ (индиски национален конгрес) - ИНЦ бил основан 1885 год. како претставништво на индиското население во земјата окупирана од Британците. По 1920 год., а под водство на Ганди, ИНЦ се измени во масовна партија, која од стекнувањето на независноста на Индија е застапена во речиси сите влади (погледнете ја исто така и страната историјата на Индија).

Систем на касти - системот на касти произлегува од хиндуизмот и со него се врши поделба на народот на четири класи: браманци/свештеници, ксатригас/воини, ваишиу/селани и шудрас/слуги. Во зависност од сојузната држава овие класи се поткласифицираат во преку 1000 касти. Кон ниедна каста не припаѓаат парија или харијан/недопирливите (наспроти аријан - племството), кои не се дел од горенаведените класификации. Пониските касти и оние кои не припаѓаат на ниту една каста се сẻ уште нецелосно прифатени од општеството и најчесто живеат во огромна беда.

[Почеток на страна]

Kибуз – (мн. кибузим; хебр. "собир") населено место во Израел; здружување по сопствена волја, со заедничка сопственост, производство и труд како и заеднички институции на потрошувачка и водење на животот; без приватна сопственост и такви дејности. Кибузот се грижи за обезбедување на живеалиште, храна, облека, грижа за децата и сите други услуги како и за приватните потреби. Суштинска разлика со колективизмот во комунистичките земјји претставува апсолутната слободна волја за приклучување или напуштање. Првиот кибуз бил Деганија (1909). Денес постојат околу 250 кибузи со над 110.000 жители. Кибузи најчесто работат во доменот на земјоделството, и тоа на економски (тешки земјишта) и политички гранични состојби (села во кои има војска). Многумина од нив се активни и во индустријата како и во работа со странство.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

Лон-работници - многу Индијци дошле во Јужна Африка како ефтина работна сила. Тие страдале под дискриминацијата на Бурите или Британците. Додека трговците, со оглед на своето богатство, можеле сẻ уште да водат релативно пријатен живот, лон-работниците работеле под незамисливи услови. Добивале дозвола за работа само доколку поседувале договор за работен однос. Договорите биле ограничени на мал број години, а и во тој период работниците немале речиси никакви права. Ако сакале да дадат отказ, морале да платат „данок по глава од три фунти“, износ што не можел да биде платен од никој, бидејќи нивната плата била многупати пониска. Работеле најчесто во јами, живееле во гета, кои биле толку нечисти што се јавувале епидемии. Уживале само малку подобар углед од робовите.

[Почеток на страна]

Kисинџер, Хенри - политичар од САД со германско потекло, роден 1923 во Фирт, од 1938 во САД; професор по политички науки на Харвард. Kисинџер работел како советник на повеќе влади на САД по однос на прашања од доменот на стратегијата и разоружуваањето; 1969–1975 бил советник за безбедност на претседателот Никсон, 1973–1977 министер за надворешни работи; меѓу другото, тој ги водел преговорите за приближување кон Кина, завршувањето на виетнамската војна и војната на Блискиот исток. Во 1973, заедно со Ле Дук То, ја доби Нобеловата награда за мир.
[Изваок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

Ликуд-блокот - израелска група од партии формирана во 1973 год.; се состои, воглавно, од Гахал и три помали партии на десницата. Ликуд-блокот има заедничка  кандидатска листа, заедничка програма и претставува одделно партиско струење во Кнесетот.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Maхaтмa – "голема душа"; второто име на Ганди, кое му било доделено од народот како почесно име.

Maсакрот во Aмритсар - Aмритсар е град во државата Пунџаб, во близина на границата до Пакистан. Во 1919 илјадници Индијци се собрале на еден плоштад во Амритсар со цел за одржување на мирни демонстрации. Британската армија ги запоседнала сите пристапи кон плоштадот и пукала во толпата без да избира. Имаше голем број мртви и повредени. Генералот, кој давал притоа наредби, во текот на испитувањето изјавил дека неговата цел се состоела во тоа да ги убие сите Идијци. Не бил казнет, туку излегол од службата по наредба на комисијата за испитување на случајот. Овој масакр предизвика бес во цела Индија.

[Почеток на страна]

Реформите на Moнтфорд - овие реформи требаше 1918 год. на Индијците од провинциите да им обезбедат делумно учество во владата. Заради одолговлекување на реформите дојде до немири (погледнете ја исто така и страната историјата на Индија).

Насер, Гамал Абд ел - египетски офицер и политичар, роден 1918 год. во Бени Мор, Асиут, умрел 1970 год. во Каиро; коорганизатор на тајниот националистички сојуз на слободните офицери. По државниот удар на комитетот на слободните офицери од 1952 год. против Фарук тој станал член на револуционерниот совет, а во јуни 1953 год. и заменик премиер. Во ноември 1954 го урна генералот A. M. Нагиб и го презеде мандатот на претседател на државата; во 1956 го припои Суецкиот канал кон државата и со тоа ја предизвика Суецката криза. Како признаен водач на панарабизмот тој беше една од најсилните фигури на Третиот свет. По поразот во „Шестдневната војна“ од јуни 1967 год. ги презеде мандатите и на премиерот и на генерланиот секретар на државната партија Арапска социјалистичка унија (АСУ).
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Натал - провинција на исток од Јужна Африка, која била британска кронколонија до 1910. Местото Дурбан се наоѓа во Натал.

Нехру, Џавахарлал (1889-1964) - близок пријател, ученик и соборец на Ганди. Меѓу 1929 и 1936 бил претседател на ИНЦ, а 1947-1964 првиот премиер на Индија (погледнете ја исто така и страната историјата на Индија).

Слободната држава Оранје - јужноафриканска провинција, била основана 1854 год. како "Втора слободна република на Бурите".

[Почеток на страна]

Парија - оние што не припаѓаа кон ниедна каста, недопирливи. Тие го формираат најнискиот слој на индиското општество. Ним не им биле, а и сега не им се достапни многу области од јавниот живот. Така, на пр. тие не смеат да црпат вода од слеските бунари, бидејќи соселаните се плашат дека со тоа ќе станат нечисти. Ганди се залагаше за луѓето што не припаѓаат на кастите и истите ги нарекол „божји деца“.

Перез, Шимон - израелски политичар (работничка партија), роден 1923 во Волошин, Белорусија; од 1934 во Палестина, 1969–1974 на различни позиции во министерствата, 1974–1977 министер за одбрана, 1977–1992 и 1995 претседател на работничката партија, 1984–1986 и 1995/96 премиер, 1986–1988 и 1992–1995 министер за надворешни работи, 1988–1990 министер за финансии; во 1994 год., заедно со J. Aрафат и Ј. Рабин ја доби Нобеловата награда за мир.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

ПЛО - кратенка за „Palestine Liberation Organization“, „Oрганизација за ослободување на Палестина", организација формирана 1964 год., која се стреми за создавање на независна арапска држава на местото на поранешната британска окупациона зона Палестина и која се подразбира себеси како легитимен претставник на интересите на Палестинците. Програмата на ПЛО, "Палестинскиот национален договор" од 1968 год., ја окарактеризира декларацијата на Балфур за „неважечка и ништовна“, а поделбата на Палестина од 1947 год. како и создавањето на државата Израел за "целосно илегално", а оружената борба за "единствен пат за ослободување на Палестина". Оттука, како цел на ПЛО се пројави отстранувањето на Израел.
ПЛО претставува асоцијација на бројни групи со различна ориентација. Најсилната група, Ал Фатах е ограничена на целта за национална независност, додека други групи, на пр. Народниот фронт за ослободување на Палестина (PFLP) и ДЕмократскиот народен фронт за ослободување на Палестина (PDFLP) прокламираат социо-револуционерни цели. Централното раководство може да спроведува само ограничен авторитет. Активните членови, кои во основа се регрутираат од бегалските логори, се нарекуваат федаин ("подготвени за жртвување"). Под водство на A. Шукеири (1964–1969) и И. Хамоуда (1967–1969) ПЛО беше практично алатка на египетската политика. Во 1969 год. J. Aрафат, водачот на Ал Фатах го презеде раководството во извршниот комитет. Оттогаш ПЛО се здоби со одреден степен на независност наспроти арапските држави. Во 1974 год., на една конференција во Рабат тие ја признаа за единствен претставник на палестинците. ПЛО беше и сẻ уште е финансисрана од страна на повеќе арапски земји.
ПЛО не успеа во тоа, со помош на планираната „оружена народна револуција“ да ги ослободи окупираните подрачја од страна на Израел од 1967 год. Не ни сакаше да изведува воени акции против Израел. Нејзините активности се сведуваа на терористички напади, честопати врз цивили како и на акции во странство против лица, кои не се наоѓаа во никаква врска со тој проблем (киднапирања на авиони, киднапирање). Ваквите потфати беа подоцна официјално одбиени од страна на раководството. Во 1974 ПЛО доби статус на набљудувач при Обединетите нации.
Најважното подрачје на оперирање на ПЛО беше најпрво Јордан. Во 1970/71 дојде до конфликт меѓу неа и владата што доведе до борби, кои наликуваа на војна, а заврши со прогонување на борбените сојузи на ПЛО надвор од земјата. Тогаш ПЛО го префрли своето поле на дејствување во Либан. Во југот на земјата таа си создаде база за оперирање што беше неависна од либанската влада, од каде преземаше акции против Северот на Израел. Во граѓанската војна во Либан од 1975/76 год. таа се насочи против христијанската полиција, при што мораше да подлегне на големи загуби. Во 1982 Израел преку воени акции принуди повлекување на поголеми сојузи на ПЛО до Бејрут. Централата на ПЛО беше пренесена во Тунис. Во палестинското востаничко движење (интифада), кое започна во 1987 год. во окупираните територии ПЛО не играше водечка улога. Делови од нејзиното раководство постепено отстапуваа од своите максимални барања. Во 1988 ПЛО прокламираше една држава „Палестина“ со недефинирани граници, а за нејзин претседател беше избран Арафат; истовремено таа индиректно го призна правото на постоење на Израел. После тајните преговори ПЛО и Израел во 1993 год., како прв чекор во рамките на едно опширно регулирање на мирот, дојдоа до спогодба за повлекување на израелските трупи од Џерихо и појасот Газа како и за прифаќање на делумна автономија на Палестина во овие области. Раководството на ПЛО се обврза да ги избрише сите членови од својата програма што беа насочени против Израел. Палестински групи ја сузбија политиката на разбирање. Од 1994 год. се воведе ограничена палестинска самоуправа и истовремено повлекување на израелските трупи, најпрво во Газа и Џерихо, а потоа и во други градови. Во 1996 год. во палестинскиот автономен совет се одржаа избори со кои се зајакна насоката на Арафат, а самиот тој беше избран за претседател на Советот.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Закон за регистрација - 1907 год. во Јужна Африка беше воведен закон за регистрација. Според него секој Индиец требаше да се регистрира под некоја ознака со своите отпечатоци од прстите. Потоа ќе добиеше пријава, која мораше секогаш да ја носи со себе. Во случај на непрописно дејство се закануваше прогонување во Индија (погледнете ја исто така и страната историјата на Индија).

Законот на Роулет или Rowlett bill - наречен според името на неговиот автор, судијата Роулет; во делови на Индија беше наметната посебна регулатива со која доколку некој што бил осомничен за политички казниво дело можел да биде осуден без поведување на спор. На тој начин не постоеја фер судски процеси, ниту правна држава.

[Почеток на страна]

Раскин, Џон (1819-1900) - британски писател, уметнички критичар и социофилозоф. Неговото дело "Unto this Last" длабоко го воодушеви Ганди и влијаеше врз неговите претстави за еден општествен поредок, кон кој треба да се стремиме, нешто што беше практикувано на неговите фарми и во Aшрам. Но, и акции од типот на кампањата „разбој“  потекнуваат од овие претстави.

Садат, Анвар ес (1918-1981) - египетски политичар, офицер, коосновач (покрај Г.A. Насер и A. Aмер) на тајниот сојуз на слободните офицери; по државниот удар од 1952 год. се наоѓа на високи служби. Како следбеник на Насер 1970 год. стана претседател на држава. Садат го олабави диктаторскиот режим, го водеше Египет во „октомвриската војна“ во 1973 год, ја ослободи земјата од тесната поврзаност со Советскиот сојуз и 1979 склучи мир со Израел. Во 1978, заедно со М. Бегин ја доби Нобеловата награда за мир. Садат беше жртва на еден атентат, кој беше извршен врз него од страна на противниците на помирувањето со Израел.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Сатиаграха - Зборот Сатиаграха е воведен од страна на Ганди. Тој беше на мнение дека гујаратскиот израз за пружање на пасивен отпор непрецизно го прикажува неговиот метод на борба ( инаку станува збор за јазик на кнежеството Гујарат, од каде Ганди потекнува), бидејќи пасивниот отпор е оружје на слабите и асоцира на насилство. Затоа во својот весник, „Indian Opinion“, тој распиша конкурс за именување на своето движење. Така бил изнајден овој поим што се состои од зборовите „Sat“ (вистина) и „Agraha“ (јачина). Под поимот „Сатиаграха“ Ганди ја подразбирал силата пто се раѓа од потрагата по вистината, љубовта и ненасилството. Подоцна под овој поим се подразбирало движењето на Ганди, движење што се бореше за правата без употреба на сила. Ганди ја развил и практикувал оваа форма на пружање отпор во Јужна Африка, а ја употреби и во Индија исто така. Најпознатата кампања на сатиаграха беше солениот марш од 1930 год. (погледнете ги и цитатите од Ганди, сатиаграха и солениот марш).

[Почеток на страна]

Шамир, Ицак - израелски политичар (черут), роден 1914 год. во Руциној (Полска); правник; од 1935 год. во Палестина; од 1937 член на еврејските подземни организации (на Irgun Zvai Leumi, подоцна и на Lechi); подоцна бил активен во израелската тајна служба; 1977–1980 претседател на кнесетот; 1980–1983 министер за надворешни работи; 1983/84 премиер на „десна“ коалиција; 1984–1986 министер за надворешни работи и заменик-премиер, 1986–1992 повторно премиер.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

Шарон, Aриел - израелски офицер и политичар (Ликуд), роден 1928 год. во близина на Тел Авив; 1973 год., во текот на „октомвриската војна“ го преминал Суецкиот канал; 1977–1981 министер за земјоделство, 1981–1983 министер за одбрана, 1984–1990 министер за трговија и индустрија, 1990–1992 за градежништво; од 1996 год. министер за инфраструктура и урбанизам.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Сикх - приврзаници на индиска религиозна заедница, чија религија претставува синтеза на од хиндуизам и Ислам. Под водство на Гобид Синг (умрел 1708 год.) сикх стана милитантна заедница, која во 18 век беше подложена на тешки прогонства со воени сплетки. Малата држава Пунџаб беше создадена во 1966 год. само заради сикх. Во годините 1983/84 Сикх побараа автономија за нивниот дел од територијата на целата држава. Дојде до крвави пресметки. Во 1984 Инира Ганди беш убиена од еден сикх што за последица имаше бројни освети.

Султанат - територија на владеење на еден султан (арап. = владеење, моќ). Султан претставува владетелска титула, која се употребува од 11 век во исламските земји.

Толстој, Лев Николаевич (1828-1910) - познат руски писател од племско потекло. Се поставуваше прахристијански и критички кон општеството и се залагаше за ненасилство. На постара возраст се раздели од семејството и поседот за да го заврши својот живот во аскеза. Неговите најпознати дела се "Војна и мир" и "Aна Каренина". Ганди беше воодушевен од него, дури и една од неговите фарми ја именува по него "Толстој-фарма", а делумно одржуваа контакт и преку писма. Но, делото на Толстој што изврши најголемо влијание врз Ганди беше "Господовото царство во тебе".

[Почеток на страна]

Tрансваал - во 1884 формирана како самостојна република на Бурите преку спојување на повеќе мали држави на Бурите; располага со природни ресурси како дијаманти, злато, платина и уран; главен град беше Преторија.

Вајцман, Eзер - внук на К. Вајцман, израелски офицер и политичар (до 1980 черут, подоцна член на Работничката партија), роден 1924 год. во Тел Авив; 1958–1966 шеф на воено воздухопловство, 1966–1969 заменик-шеф на Генералштабот; 1969/70 министер за сообраќај, 1977–1980 министер за одбрана, придонесе во значителна мера за склучување на израелско-палестинскиот мировен договор од 1979 год.; 1988–1990 министер за наука; од 1993 претседател на држава.
[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]

[Почеток на страна]

Ционизам - национално еврејско движење што почива на меѓународна основа и кое се стремеше кон решавање на т.н. еврејско прашање преку формирање на т.е. обновување на еврејска држава во Палестина. Ционизмот се заснова на три базични претпоставки: 1. еврејството претставува еден народ, а не само една религиозна заедница; затоа еврејското прашање претставува прашање од национална природа. 2. антисемитизмот и, следствено, прогонството на Евреите се постојана и насекаде присутна опасност за Евреите. 3. Палестина ("земјата Израел") била и е татковина на еврејскиот народ.
Идејата за формирање на посебна еврејска држава и преселбата во Палестина била претставувана од Мозес Хес ("Рим и Ерусалим" 1862) и Лео Пинскер ("Автоеманципација" 1882). Од 1880 дојде до првите поголеми преселби. Организираниот политички ционизам го формирал претходникот Teoдор Херцл со својот програмски спис "Правата на Евреите" (1896) и со, од негова страна, повиканиот прв конгрес на ционистите од 1897 год. Таму основаната ционистичка организација како цел го прокламирала создавањето на една "јавно-правно обезбедена институција" за еврејскиот народ во Палестина.
Херцл направи безуспешен обид да ги придобие турскиот султан и европските владетели и политичари за плановите на ционизмот. Пред почетокот секое доселување потребно е да се побараат политички гаранции за еврејските територии и правата на еврејската популација. Кон ваквиот "политичко-дипломатски ционизам" се сопостави мошне скоро еден "практичен ционизам", кој веднаш се заангажира за оформување на населби во Палестина, постигнувајќи ги со тоа и своите први успеси (на пр. 1909 год. формирањето на Тел Авив како еврејски град). Најважниот претставник на овој "практичен ционизам" беше Хаим Вајцман. Во текот на Првата светска војна тој од Британците успеа да ја добие Балфур-Декларацијата. Со оваа декларација британската влада се обврза да дава поддршка на целите на ционизмот во Палестина. Декларацијата беше од сомнителна природа, бидејќи Велика Британија истовремено на Арапите им ја вети земјата, но во 1922 год. таа земја стана составен дел од мандатот на заедницата на народите, со кој на Велика Британија и беше пренесен мандат врз Палестина. Овој мандат содржеше и формирање на една "еврејска национална татковина", со што се создаде основата за понатамошно населувањe на ционисти.
Во ционизмот уште рано се оформија различни партии. "Пионерскиот ционизам" во најголема мера практикуван од страна на доселениците од Источна Европа, носеше во себе социјалистички црти; еден од водечките претставници беше Дејвид Бен-Гјурион. Покрај ова, постоеше и една граѓанско-либерална и религиозна насока. Во 20-тите Владимир Јаботински го формираше ционистичкиот ревизионизам, кој ја одиваше Вајцмановата политика на умереност и соработка со Велика Британија, го исфрли поимот "домашна територија" и отворено се стремеше кон неодложно формирање на држава. Од овие групации, меѓу кои имаше и многу нијансирања и премини (на пр. по однос на ставот кон Арапите) произлегоа денешните израелски партии.
Со формирањето на државата Израел во 1948 целта на ционизмот беше постигната, иако постоеше закана и самото постоење на еврејската држава. Ционистичката организација посои и понатаму. Својата главна задача таа ја гледа во унапредување на поврзувањето на Евреите од целиот свет и одржувањето на Израел.

[Почеток на страна]

Востанието на Зулу - 1906 год. во Натал дојде до востание на Зулу што доведе до насилни судири со Британците. Индијците беа ангажирани како санитетски персонал од страна на Британците.

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.