Ганди
Нагоре Ганди Туту М. Л. Кинг Peace People Рабин Р. Менчу Тереза Бонхефер


 

Живот
Цитати
Бекграунд
Материјали
Листа на линкови

 

Примери

Maхатма Ганди се вбројува во најфасцинантните личности на 20 век. Неговиот ненасилен пристап против дискриминацијата во Јужна Африка и Индија прават, тој заедно со неговото учење да бидат, најважните примери на човештвото. Бил инспирација за голем број луѓе, меѓу нив и американскиот борец за граѓански права Maртин Лутер Кинг. Во најтемните поглавја од историјатот на доделувањето на Нобеловата нагрда за мир спаѓа и фактот дека комитетот не можел да се пробие со идејата за доделување на оваа награда на Ганди. Следниов текст е посветен на делото на Ганди во Индија. Следнава табела дава информација за тоа, што друго може да се најде во овој дел:

Живот и дело: еден опширен текст е посветен на животот и делото на Ганди во Јужна Африка и Индија.

Цитати: во овој дел можете да најдете цитати од Ганди, меѓу другото за темите ненасилство, граѓанска непослушност и морал.

Бекграунд: историјата на Јужна Африка и Индија го формираат бекграундот за делото на Ганди.

Maтеријали: во овој дел се собрани цитати и текстови за Ганди, меѓу другото од Maртин Лутер Кинг.

Листа на линкови: на оваа страна се опишани одбрани извори на информации за Ганди на интернет, со цел за олеснување на пребарувањето.

Цитат

Мразам привилегии и монополи. Го одбивам сето она што не може да биде поделено со народните маси.

[Maхатма Ганди]

[Почеток на страна]

Делото на Ганди во Индија

Индија пред 15 август 1947 год.

Неколку статистички податоци за британска Индија пред 15 август 1947 год. веднаш ја расветлуваат состојбата во која се нашол Ганди по своето враќање: 410 милиони жители, од кои 281 милиони хиндуси, 115 милиони муслимани, 7 милиони христијани и  6 милиони сикх стоеја наспроти 150.000 Англичани. Хиндусите беа поделени во 3.000 касти и поткасти, од нив околу 70 милиони беа „недопирливи“ и потомци на староседелците. Под британска управа беа 310 милиони жители, кои живееја на две третини од вкупната територија. Една третина од земјата со околу 100 милиони жители беа поделени во 565 држави-кнежества; постоеја 15 јазика и 845 дијалекти. Како препрека на патот кон независноста се наоѓаа 85% аналфабети и неопислива беда (...).

[Други информации за историјата на Индија можете да најдете на страната Индија.]

Ганди постепено се здоби со силна поддршка од индискиот народ

Кога Ганди се врати во Индија започна со презентирање на своите идеи во јавноста. Граѓанскиот отпор против неограничената власт на Англија се докажа со Солениот марш од 1930 год., со кој државниот монопол за сол беше скршен, со што на индијците им беше создадено стопанско олеснување. Од суштинска важност за Ганди беше, сепак, тоа што неговите сограѓани учеа да го победат военото надвладување на Британците со посилна морална моќ. И додека најпрво обидите за спроведување на ненасилна власт врз послушноста на масите, Ганди постепено стекнуваше силна поддршка кај индискиот народ и ја засили неговата национална свест.

Тој го славеше едноставниот живот и го воздигна разбојот како симбол на таквиот начин на живеење

Патот на Ганди го довел назад до изворите на сила во религијата. Огорчено се бореше против индустријализацијата и се обиде да се огради себеси и своите сограѓани од западната мисла и начинот на живеење. Тој го славеше едноставниот живот, во кој тој врежа вегетаријански начин на живот, лекување со билки и хигиена. Тој го воздигна разбојот како симбол на таквиот начин на живеење и им вети на Индијците, дека ќе воведе индустрија во селата преку ткаење на штофови како и дека ќе започне војна против англиската текстилна индустрија. Одвреме-навреме на почетокот на своите јавни излагања тој седнуваше со својот разбој за да може да врбува за својата идеја на тој начин.

Помирувањето на хиндуските касти со „недопирливите“ беше очигледно цел на Ганди, цел која, сепак, не успеа да ја оствари. Причината за тоа беше можеби фактот што тој на „недопирливите“ им даде предлог да изнајдат начин да кажат „Да“ за својот живот во обесправеност и несигурност. И додека со мотото "пост до смрт", со кој успеа да ги појасни своите барања и ги зближи хиндусите и париите, истото не му успеа со хиндусите и муслиманите. Припадниците на неговата посебна религиозна заедница му ја откажаа верноста, со што дојде до зголемување на крвавите судири меѓу закараните групи. Кога на 15 август 1947 год. независноста на Индија беше конечно прогласена, во исто време дојде и до поделба на Индија и Пакистан.

Со голема загриженост гледаше како се караат посебните групи

Гандиевата позиција на ненасилство останува наследство. Притоа не смее да се заборави дека преку едностраниот начин на живот и "враќањето кон едноставниот живот" ги преминал барањата на времето и со тоа истовремено им стоел на патот на политичките одлуки на едно зрело државотворство.

Крајот на Ганди е драматичен. На 30 јануари 1948 год. кога индискиот поет Тагоре му ја дал титулата „Махатма“ (голема душа), беше убиен со истрели од пиштол. Цел живот се бореше за политика на ненасилство. Со големи грижи гледаше како пред и по објавувањето на независноста одделните групи се караа и напаѓаа. Тој се обиде да посредува и повика на збратимување на религиите. Десет дена пред неговата смрт дојде до експозија на бомба на еден имот во моментот кога Ганди одржуваше собир за молитва. Како да ја претчувствувал смртта, Ганди неколку дена пред атентатот рече: "Ако умрам од куршум на некој лудак, тоа ќе го сторам со насмевка. Во мене нема да се појави лутина. Бог мора да биде во моето срце и на моите усни, а едно морате да ми ветите: ако такво нешто се случи, не плачете. Мојата служба кон човештвото не ја извршував по нечија молба, така што не можам ниту да ја предадам по нечија молба. Таков сум каков што Бог ме сакал и дејствувам онака како што тој ме упатува. Дозволете му да го прави она што тој го сака од мене. Ако сака, нека ме убие. Јас верувам дека дејствувам онака како што тој ми наредува."

Веста за неговата смрт предизвика големо жалење во целиот свет. Обединетите нации ги спуштија своите знамиња. Од Ватикан до Кремљ се искажа сочувство. Ганди ќе остане голем пример на овој свет.

[Извадок од: Герхард Цимерман, Sie widerstanden, Neukirchen-Vluyn 1995, 49ff. (Тие пружаа отпор)]

[Почеток на страна]

"Богатите имаат премногу непотребни нешта додека милиони живеат на работ на гладта. Ако секој ја ограничи својата сопственост на она што му е потребно, тогаш никој не би живеел во беда и сите би биле задоволни."

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.