|
|
|
|
Во одделните поглавја за примерите, претставени од нас, можете да најдете листа на линкови што можат да послужат како извори на информации за таа личност. Со кликнување на линкот во долу зададената табела можете да стигнете до тие листи на линкови. Подолу на оваа страна можете да најдете други линкови што ќе Ве одведат во веб-страни, кои се интересни за целиот тематски комплекс „Примери“.
Oфицијална веб-страна на Комитетот за доделување на Нобеловата награда: http://www.nobel.se/peace/index.html Покрај статутите на комитетот за Нобелова награда и текстовите за историјатот на доделувањето на Нобеловата награда за мир, на оваа веб-страна можете да најдете, пред сẻ, Листа на добитници за периодот 1901-2000. За секоја личност или институција на располагање стои по една слика и основни информации. До оваа листа ќе стигнете преку, малку сокриениот линк "лауреати" горе во банерот на страната.
Aпел на носителите на Нобеловата награда за мир: http://www.nobelweb.org Сите носители на Нобелова награда, кои се сẻ уште живи, го потпишаа апелот "Меѓународна деценија за култура на мирот и ненасилството за децата во светот" и помогнаа во зајакнувањето на неговото значење, што меѓу другото се увидува и во тоа што Обединетите нации донесоа резолуција како одговор на тој апел. Обете - текстот на апелот како и значењето на резолуцијата на ОН се наоаат на оваа веб-страна. Покрај ова, можете да се информирате за историјатот на оваа кампања и да добиете можност да учествувате во неа.
PeaceJam претставува меѓународен образовен
проект во кој учествуваат лично голем број носители на Нобеловата награда за мир.
Целта и пристапот на овој проект стануваат јасни ако се погледне т.н.
"Mission Statement" на оваа веб-страна: "PeaceJam is an
international education program built around leading Nobel Peace Laureates who
work personally with youth to pass on the spirit, skills and wisdom they embody.
The goal of PeaceJam is to inspire a new generation of peacemakers who will
transform their local communities, themselves and the world."
Norbert's Bookmarks for a Better World: http://www.dfg-vk.de/english/vorbilder.htm На оваа веб-страна станува збор за воодушевувачка збирка од линкови, која во меѓувреме содржи повеќе од 20.000 линкови. Класифицирани според категории (мир, екологија, човекови права итн.) дадена е листа на линкови за личности-примери. Покрај личностите презентирани во рамките на овој тематски комплекс од Д@далос, можете да најдете линкови за илјадници други примери од сите можни земји и области, навистина корисна појдовна очка при пребарувања на интернет! Уживајте во сурфањето!!
|
|
Теми: Човекови
права I Примери I Демократиија I Партии I Европа
I Глобализација I Обединети
нации I
Одржливост
|