Документ 4
Нагоре Документ 1 Документ 2 Документ 3 Документ 4 Документ 5 Документ 6 Документ 7 Документ 8 Документ 9 Документ 10 Дијаграм 1 Дијаграм 2


 

 

Човекови права

(Доколку сакате да го меморирате целиот текст или одделни делови на Вашиот компјутер заради понатамошна употреба, селектирајте го целиот текст со "Strg + A" односно селектирајте го саканиот дел со глувчето и притиснете "Strg + C". Потоа можете да ја отворите програмата за текстуална обработка, на пр. Microsoft Word и да го внесете селектираниот текст со наредбата "Strg + V")

Dokument 4

"Декларација на човековите и граѓанските права" на Францускиот Национален собор

(26. август 1789 год.)

"Бидејќи претставниците на францускиот народ, ангажирани како Национален собор одмерија дека незнаењето, заборавањето или непочитувањето на човековите права се единствените причини за јавната несреќа и расипаноста на владите, донесовме одлука да ги изложиме природните, неоттуѓиви и свети права на луѓето во една свечена изјава, со цел оваа изјава постојано да биде пред очите на сите членови од општеството и да ги потсетува на нивните права и обврски; со цел дејностите на законодавната и извршната власт во секој момент да бидат споредени со конечната цел на секоја политичка организација, со што истите ќе бидат повеќе почитувани; со цел барањата на граѓаните засновани на едноставни и неоспорливи принципи секогаш да се ориентираат кон одржување на Уставот и општата благосостојба.

Како последица на тоа, Националниот собор, сега и под заштита на Сẻвишниот ги признава и објавува следниве човекови и граѓански права:

Erklдrung der Menschen- und Bьrgerrechte in der Franzцsischen Revolution

Член 1: Луѓето од раѓање се и остануваат слободни и еднакви по правата. Социјалните разлики можат да се засноваат само на заедничката корист.

Член 2: Целта на секое политичко поврзување е одржување на природните и неоттуѓиви човекови права. Тие права се слобода, сопственост, сигурност и отпор против потиснување.

Член 3: Потеклото на секоја сувереност, на крајот на краиштата, почива во нацијата. Ниедно тело, ниедна индивидуа не смее да применува сила која не потекнува од нацијата.

Член 4: Слободата се состои во тоа да се смее да се прави сẻ она што не му штети на некој друг. Така, примената на природните права на секој човек ги поседува само границите, со кои на останатите членови од општеството им обезбедува уживање на истите права. Овие граници може да бидат утврдени со Закон.

Член 5: Само Законот има право да забрани дејства што се штетни за општеството. Сẻ она што не е забрането со Закон, не може да се забрани и никој не смее да биде принуден да го прави она што Законот не го заповеда.

(...)

Член 7: Секој човек може да биде обвинет, уапсен и затворен само во случаи и форми пропишани со Закон. Оние кои издаваат, изготвуваат или извршуваат неосновани наредби треба да бидат казнети. Сепак, секој граѓанин кој ќе биде фатен или повикан на суд согласно Законот, мора веднаш да се покори. Доколку дава отпор може да биде казнет.

Член 8: Законот треба да утврдува само такви казни што се воочливо безусловно нужни. И никој не смее да биде казнет врз основа на Закон, што не бил донесен, објавен или применлив пред извршување на делото.

Член 9: Бидејќи секој човек се смета за невин сẻ додека не биде прогласен за виновен, а доколку неговото апсење се увиди за неизбежно, треба секоја грубост, која не е потребна за да се обезбеди личноста на секој, да биде строго забранета со Закон.

Член 10: Никој не смее да биде вознемируван заради своето мислење, па и кога се работи за религија, сẻ додека изјавувањето на истото не го попречува законски утврдениот јавен ред.

Член 11: Слободното соопштување на мисли и мислења претставува едно од највредните човекови права. Значи, секој граѓанин може слободно да пишува, говори, печати, условувајќи го ова со одговорност за злоупотреба на таа слобода во случаи определени со Закон.

Член 12: Обезбедувањето на човековите и граѓанските права бара оружена сила. Таа оружена сила е ангажирана за доброто на сите, а не за посебна корист на оние, на кои им е доверена.

(...)

Член 14: Сите граѓани имаат право, самите или преку нивните пратеници да ја утврдат, слободно да ја одобрат, испитаат употребата и висината кај потребата од јавни давачки и да ги утврдат прибирањето и времетраењето.

Член 15: Општеството има право да бара поднесување сметка за управувањето на секој јавен службеник.

Член 16: Општество, во кое гаранцијата на правата не е обезбедена и не е утврдена распределбата на власта, нема Устав.

Член 17: Бидејќи сопственоста е неповредливо и свето право, не може никому да му биде одземено ако законски утврдената, јавна потреба очигледно не го бара тоа, а под услов на правично и претходно обештетување."

[Почеток на страна]    [Почетна страна Човекови права]    [Преглед-дијаграм]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.