Основен курс 1
Нагоре Основен курс 1 Преглед Содржина Хронологија Листа на линкови


 

Основен курс 2
Основен курс 3
Основен курс 4
Основен курс 5
Дел за наставници

 

Човекови права

Преглед на секвенците од основниот курс

Покрај тоа, тематскиот комплекс "Човекови права" опфаќа и дидактички дел за наставниците, во кој се начнати основни прашања од воспитувањето на човековите права  (Дел за наставници). Овде ќе пронајдете и конкретни идеи и предлози за наставата на тема "Човекови права" во училиште (Идеи).

Основен курс 1: Што значи поимот "Човекови права"?

"Сите луѓе, со самото свое раѓање се слободни и еднакви по достоинство и права" — вака започнува член 1 од "Универзалната декларација на човековите права". За нас тоа значи дека сите ние од своето раѓање поседуваме одредени права што се нарекуваат "човекови права". Човековите права му се припишуваат на секој човек со самото негово постоење како човек и се неоттуѓиви; тоа значи дека не можат никому да му бидат одземени. Следниве текстови се две типични дефиниции за човекови права онака како што можеме да ги најдеме во лексикони.

Дефиниции во лексикони

1) „Со човекови права се означуваат правата што и се припишуваат на индивидуата за заштита од мешање на државата, права што на поединецот му се дадени со самото негово постоење како човек, кои во секој случај се задржуваат и не можат да бидат ограничени од државата. Од времето на борбата против апсолутизмот потекнува нивното означување како „вродени" и „неотуѓиви" права.
(...) Во сржта на човековите и основните права спаѓаат човековото достоинство, правото на развивање на личноста, еднаквост пред Законот и рамноправност, право на религија и совест, слобода на мислење, слобода на печат, информирање и учење, слобода на собирање и здружување, слободоумие, слобода на занимање и работа, неповредливост на живеалиштето, гаранција на сопственост и право на наследство, право на азил и петиција како и правни прашања, пред сẻ гаранцијата против неоправдано апсење (...)."

[Извадок од: Wichard Woyke (Hrsg.), Handwцrterbuch Internationale Politik, Bonn 1994]

2) „Поимот ‚Човекови права‘ во политичка јазична употреба во целина ја означува сẻвкупноста на оние барања на слобода што поединецот смее да ги постави врз основа на неговото постоење како човек и кои мораат да бидат правно обезбедени од етички причини од една заедница. Во таа смисла станува збор за ‘природни’, ‘преддржавни’, ‘вродени’ или ‘неотуѓиви’ права, со чие почитување и обезбедување се легитимира некоја политичка заедница (...)."

[Извадок од: Bertelsmann Discovery Lexikon]

ОД КАДЕ?

Во следниве поглавја сакаме да го продлабочиме прашањето за тоа од каде доаѓа идејата за човековите права и како таа идеја се развивала. Ќе видиме дека се работи за идеја за која се дискутира веќе преку 2000 години и дека многу важни документи го маркираат патот на човековите права како крупни чекори (Основен курс 2: Како се развивале човековите права?). Притоа ќе имаме можност да читаме извадоци од најважните документи. Во рамките на продлабочените теми за светскиот етос и за поимот на човековото достоинство исто така ќе видиме дека идејата за човековите права не е насекаде прифатена без ограничувања. Универзалноста на овие неоттуѓиви права секогаш се доведува во прашање.

ШТО?

Надоврзувајќи се на горенаведеното конкретно ќе ги разгледаме правата што ги поседува секој од нас. Како изгледаат тие поединечно? За што всушност станува збор кога се говори за човекови права? Овде треба да си го поставиме и прашањето: Во што е разликата помеѓу човековите права и основните права? (Основен курс 3: Какви видови на човекови права постојат?). Во рамките на една опширна продлабочена тема се осврнуваме кон правата на децата:Што се детски права и зошто се потребни?

КОЈ?

Ако нẻ ограбат на улица се обраќаме во полиција. Таа го бара крадецот и го доведува пред суд, каде истиот треба да биде казнет заради прекршување на законите. Ние го добиваме назад она што е наше. Но, кој е надлежен за повреда на човековите права? Кој врши надзор над моите права? Ова се проблематични прашања. При давањето одговор на истото ќе се соочиме од една страна со Обединетите нации, сојуз на практично сите држави од светот (Основен курс 4: Кој врши надзор над моите права?), а од друга страна со таканаречените МНВО (меѓународни невладини организации), кои во глобални рамки се активни во заштитата на човековите права.

Skulptur

[Скулптура пред седиштето на Обединетите нации во Њу Јорк]

Дека ни е потребен судија како што се Обединетите нации ќе стане јасно во последниот дел од нашиот основен курс, каде се осврнуваме на избрани примери за повреди на човековите права (Основен курс 5: Повреди на човековите права). Насекаде во светот се појавуваат повреди на човековите права. Тоа ни покажува дека со „Општото појаснување на човековите права" се формулирани правата на секој човек, но дека тоа е само почетокот. Сега се работи за тоа истите да се спроведат — насекаде и засекогаш.

Идеи за наставата ќе најдете во Делот за наставници!

[Почеток на страна]    [Почетна страна Човекови права]    [Слика за преглед]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.