|
|
|
|
Преку кликнување на линкот што Ве интересира стигнувате до разговорите за страната, а оттаму директно до онлајн-понудата на соодветната организација.
Amnesty International: http://www.amnesty.orgМногу меѓународни невладини организации т.н. INGOs (International Non-Governmental Organizations), рано ја согледале можноста за користење на Интернет во нивната работа и располагаат со примерна онлајн-понуда. Ова посебно важи за Amnesty International (AI), една од оние организации што се оддале на борбата за човекови права. Мотото на AI ја појаснува задачата и целта на организацијата: "working to protect human rights worldwide". Со линкот "За AI" од хоризонталното навигационо мени се доаѓа до краток текст каде се наброени организацијата и тежиштето во работата. AI располага со околу еден милион членови во 162 држави, тоа значи дека со полно право може да се означи за глобална организација. Главни задачи се "campaigns to free all prisoners of conscience; ensure fair and prompt trials for political prisoners; abolish the death penalty, torture and other cruel treatment of prisoners". Понатаму во главата "За AI" се наоѓаат линкови со поопширни информации околу работата на организацијата, помеѓу другото и за:
Секако дека на веб-страната се наоѓаат и, во меѓувреме познатите и во целиот свет почитуваните извештаи за човековите права од AI за една цела група на земји. Овде се придодаваат страни со позадински информации за актуелни кризни региони и повици за учество на тековни кампањи и акции. Токму во ова интерактивно подрачје се наоѓа привлечноста на медиумот Интернет за работата на организациите како AI. Преку глобалниот медиум Интернет се прави обид за сензибилизирање и мобилизирање на јавноста во целиот свет.
Human Rights Library: http://www1.umn.edu/humanrts/Секој што бара документи и материјали на тема Човекови права не може да ја одмине Human Rights Library при Унивезитетот во Минесота. Линковите од воведната страна водат, помеѓу другото, до следниве мошне опширни области:
Исто така преку насловот Human Rights Search Engines", на линкот Search for documents on multiple human rights sites" се доаѓа до формулар што нуди извонредни, мошне диференцирани можности за пребарување и со тоа до мноштво на други извори. Сẻ на сẻ, се работи за вистинско наоѓалиште на најразлични материјали и документи на тема Човекови права што можете да си ги замислите.
Human Rights Watch: http://www.hrw.orgОрганизацијата Human Rights Watch основана 1978 година под името "Helsinki Watch" се посветува, како и Amnesty International, на меѓународната заштита на човековите права. Поделена е на пет регионални единици за различните светски региони и три специјални тематски отсеци за оружје, правата на децата и правата на жените. Целите на оваа организација се дадени на сајтот (линк "About Human Rights Watch") во резимирана форма на следниов начин:
Онлајн-понудата, помеѓу другото, опфаќа:
Мошне успешна е и една карта на светот, каде може да се кликне на која било земја и на тој начин да се дојде до извештаите за соодветната земја. Тука исто така станува јасно колку информативната понуда на Human Rights Watch е во истовреме и опширна.
OneWorld: http://www.oneworld.netКај One World Online станува збор за Интернет понудата на британскиот One World Broadcasting Trust, која има за цел понудување информации за глобални теми. За таа цел Интернетот секако ги нуди идеалните предиспозиции, заради што 1995 год. започна изградувањето на One World Online. На оваа прекрасна страна, која во меѓувреме се здоби со многу награди затоа што, имајќи го предвид времето потребно за повикување на почетната страна, била изработена една посебна страна ("awards cabinet"), целта на онлајн-понудата, во кратки црти, е дадена на следниов начин ("about us: background"): "OneWorld is dedicated to promoting human rights and sustainable development by harnessing the democratic potential of the Internet. (...) Our aim is to bear witness to the injustice and to help people shed whatever light they can on it. (...) Bringing issues into the light, we believe, is a first step towards positive change." Покрај привлечниот Layout и успешниот веб-дизајн треба да се истакне и иновативната структура на понудата, што впрочем во моментов се користи од страна на околу 250.000 читатели месечно. Се работи за "Supersite", кој опфаќа пристап и заеднички можности за пребарување со понудите на, во меѓувреме, над 100 партнер-организации. Покрај пребарувачката машина, пристапот до саканите информации е олеснет со постоењето на индекс на земји како и постоењето на тематски индекс. Една друга специфичност се содржи во фактот што е изготвен дел за деца и млади ("next.gen"). Благодарение на извонредните можности за пребарување што покрај понудата на OneWorld ги содржат и онлајн-понудите на огромниот број на партнер-организации, се работи за примерен извор на информации што содржи доволно материјал и за најиздржливиот сурфер. [Почеток на страна]
Обединети Нации: http://www.un.orgВо централните цели на Светската организација спаѓа и реализацијата на Човековите права. Затоа истата беше основана по злосторствата и стравовите на Втората светска војна. Во 1948 год. таа ја донесе "Општата декларација на човековите права" и во годините што следуваа понатаму го развиваше и усоврши инструментариумот за заштита на човековите права.
Организацијата за помош на деца UNICEF: http://www.unicef.orgUNICEF спаѓа во посебните организации на Обединетите нации. Нејзината онлајн-понуда на овој образовен сервер ќе биде опширно презентирана во рамките на продлабочената тема "Правата на децата" на посебна UNICEF-страна. Секако можете да најдете цела редица извонредно подготвени информации на тема "Правата на децата", но и широка понуда за "Човекови права" исто така. Веб-страната располага со посебен дел за деца и млади: Voices of Youth (VoY), што сигурно вреди да се посети. Покрај тоа има многу информации и материјали за наставници, каде спаѓа и еден интерактивен дел во кој виртуелно може да се сретнат наставници од целиот свет: Teachers Talking About Learning. [Почеток на страна]
UNESCO: http://www.unesco.orgНа страната на оваа посебна организација на Обединетите нации за образование, воспитување, наука и комуникација може исто така да се најдат опширни информации на тема "Човекови права", а посебно за "Меѓународна година на културата на мирот", за каква е прогласена годината 2000. Посебно интересна е соодветната декларација како и Manifesto 2000, што може да биде потпишана онлајн: http://www2.unesco.org/manifesto2000/default.asp.
UNHCHR: http://www.unhchr.chВисокиот комесар на Обединетите нации за човекови права ги координира бројните активности на Светската организација во доменот на човековите права". Онлајн-понудата, помеѓу другото, содржи листа со инструменти на меѓународната заштита на човековите права.
Совет на Европа: http://www.coe.int
Опширната онлајн-понуда нуди мноштво информации на тема "Човекови права", тема на која е посветено посебно поглавје - "Human Rights Web": http://www.humanrights.coe.int.
[Почеток на страна] [Основен курс 1] [Преглед-дијаграм]
|
|
Теми: Човекови
права I Примери I Демократиија I Партии I Европа
I Глобализација I Обединети
нации I
Одржливост
|