Права на децата
Нагоре Дијаграм Права на децата Права на жените


 

Документи
Текстови
UNICEF
Линкови
Дијаграм

 

Човекови права

Правата на децата

Продлабочена тема: Правата на децата

Децата имаат посебна потреба од заштита. Во односот со нив, така се вели човек го покажува своето вистинско лице. Тоа важи за возрасните исто како и за општествата и државите. Децата отсекогаш биле злоупотребувани и искористувани. Тоа претсавува посебно тежок прекрчок против човековите права.

Затоа Обединетите нации уште од своите почетоци се зафатија со ова. Една година по формирањето на Светската организација, Генералното собрание на Обединетите нации од 11 декември 1946 год. ја создаде организацијата за помош на деца UNICEF.

Logo UNICEF

Oрганизацијата UNICEF и нејзината прекрасна понуда на Интернет Ви ја презентираме на на посебна страна во продлабочената тема („Организација за помош на деца UNICEF").

Со оглед вра масивното влијание на животните можности и повредата на правата на децата на 20 ноември 1959 год. како прв чекор се донесе "Декларацијата за правата на детето". Оттогаш 20. ноември е ден на правата на децата. Во преамбулата на оваа декларација стои упатувачката реченица:

"Човештвото им должи на децата сẻ што може да им обезбеди".

На документ-страните за продлабочената тема „Правата на децата“ под дoкумент 1 се наоѓаат принципите на „Декларацијата за правата на децата" од 1959 год.

20 години подоцна, 1979 год., во „годината на детето", се рашири предлогот, оваа декларација, која ја имаше само вредноста на препораката, за проширување на кое ќе биде меѓународно обврзувачки. 10 години подоцна, после мачни преговори,  Генералното собрание на Обединетите нации можеше да ја донесе Конвенцијата за правата на децата. Оваа Конвенција, која во меѓувреме е потпишана од преку 180 држави, можете да ја најдете на нашите документ-страници во целост (и на англиски јазик) како и во скратена верзија.

10 Jahre Kinderrechtskonvention

„Koнвенцијата за правата на децата" е најчесто ратификуваниот документ за човекови права во целиот свет, сепак, реализацијата се наоѓа уште на бебешки нозе. По повод 10-годишниот јубилеум на Конвенцијата од 1999 год. многу организации активни во доменот на заштитата на децата рекапитулираа: Што беше остварено и пред сẻ: каде се наоѓаат дефицитите во остварувањето на правата на децата? Извадоци од некои од овие текстови можете да ги најдете во рамките на продлабочената тема на Web-страната.

[Почеток на страна]

Покрај веќе наведените материјали, во дoкументите ќе најдете:

bullet

дијаграм "Децата имаат права"

bullet

една страна слики и цитати за оваа тема

bullet

коментирана страна со линкови

bullet

редица текстови и статии од печатот.

Уште две прашања ќе бидат дискутирани:

Што вели Конвенцијата за децата на Обединетите нации?

Вистинскиот текст на Конвенцијата стои на располагање на нашите документ-страници на повеќе јазици. Графички преглед дава  дијаграмот „Децата имаат права". Правата, во преглед, може да се резимираат во 10 точки:

1. сите деца и млади ги имаат истите права. Ниедно дете ниту млад човек не може да биде оштетен заради својот пол, боја на кожа, јазикот или религијата.

2. децата и младите имаат право на најголем можен степен на здравје како и здравствена заштита и медицинска нега.

3. децата и младите имаат право на бесплатно основно образование. Освен тоа треба да им биде овозможена посета на училишта на повисок степен.

4. децата и младите имаат право на рекреација, слободно време, игра и учество на културни и уметнички активности.

5. децата и младите имаат право да се информираат, слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат слушнати.

6. децата и младите имаат право на  добро воспитување. Нивните родители или други воспитувачи не смеат да употребат сила, злоставување и злоупотребата е забранета.

7. децата и младите имаат право да добијат посебна помош и заштита во војна и при бегство.

8. децата и младите имаат право да бидат заштитени од експлоатирачка работа и сексуална злоупотреба.

9. децата и младите имаат право да живеат со своите родители и да го одржуваат контактот со двата родитела, ако тие живеат одделно.

10. децата и младите што се хендикепирани, имаат право на посебна поддршка и унапредување, како и активно учество во општествениот живот.

[Извадок од: terre des hommes, „Kinderrechte. Mach mit!" (terre des hommes, „Правата на децата. Соделувај!")]

[Почеток на страна]

Зошто се потребни специјални права на деца?

Често се поставува прашањето од која причина, дополнително кон човековите права, се потребни договори за специјалните права на децата, посебно се укажува на барањето на мајка и дете на посебна помош и поддршка веќе во Универзалната декларација на човековите права од 1948 год. Таму,на пр. во член 25, став 2 се вели: „сите деца, брачни и вонбрачни, уживаат подеднаква социјална заштита". И воопшто: децата се луѓе, значи сите човекови права важат и за децата.

Искуството за жал покажува дека токму децата се подложуваат на оптоварувачки состојби и судбини. Речиси и да немаат лоби. Доволни би биле неколку примери за непроменетата катастрофалната состојба на децата:

Kindsoldat

bullet

над 2 милиони деца ги изгубиле своите животи во војни во последните 10 години.

bullet

10 милиони деца од целиот свет како тешки воени последици носат тешки психички последици.

bullet

30 милиони деца живеат во воени подрачја.

bullet

во 26 земји од светот како војници се ангажираат деца на возраст под 15 години.

[Извор: H.-M. GroЯe-Oetringhaus (1999 год.), Kinder im Krieg — Kinder gegen den Krieg, Mьlheim an der Ruhr (Децата во војна, децата против војната)]

Ако понатаму се размисли за тоа, дека безброј деца се погодени од глад, недостаток на медицинска нега, сексуално злоставување, користење на деца како работна сила и многу други работи, станува јасно дека е потребно да се начнат, дополнително кон „Универзалната декларација на човековите права", поточно и обврзувајќи се кон специфичните потреби на децата и младите, за да се биде правичен кон проблемот, дека децата се потчинети на возрасните, поекогаш дури и подложени. Значи, се работи за тоа да се положи сметка на посебната потреба од заштита на децата со дополнителен документ.

aus einer Spenderzeitung von terre des hommes

[Извадок од весник на прилозите од terre des hommes]

[Почеток на страна]    [Почетна страна Човекови права]    [Преглед-дијаграм]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.