|
|
|
|
Преглед на објаснетите поими:
Поимот просветителство го
означува преовладувачкото духовно движење на европската интелигенција од
18
век. Нејзина карактеристика е довербата
како одлучувачки извор на сето сознание, како ориентација на човековото делување
и мерило за сите вредности.
Во 1784 Кант во својот напис "Што
е просветителство?" го дефинираше просветителството
како
"излез на човекот од неговата незрелост, за која е самиот
виновен".
Во разумното мислење и дејствување одредено од разумот
просветителите ја гледале гаранцијата за постојано
напредување на човештвото во совладувањето на природните сили, како доведувањето на
праведен социјален ред. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
(англ., "тешкотии и рамнотежи"): принцип што се наоѓа посебно во основата на уставот на претседателска демократија во САД, следствено во системот на Поделба на власта одделните државни власти треба да бидат некаде еднакво силни, значи еднакво вредни, за да можат меѓусебно да си ја отежнуваат, ограничуваат и на тој начин да ја спречат злоупотребата на државната власт. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
(од лат. executio = извршува, спроведување): делот од државната власт составен и реализиран од владата и управата. Наречен е егзекутива или егзекутивна власт (= "извршна" или "спроведувачка" власт), бидејќи правната држава, која се гради врз принципот на Поделба на власта има за задача, да ги изршува т.е. спроведува политичките темелни одлуки донесени од Легислативата ("законодавната власт"). Притоа државата има функција, во уставни рамки и врз основа на законите да донесува политички одлуки и да ја води државата; управата треба да истите да ги спроведе во политичката стварност. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
(латински foedus, "сојуз"): собирање на повеќе држави во една заедничка влада, при што на одделни членови им е доделена голема мера на самоуправа. Притоа се прави разлика сојуз на држави и сојузна држава. Заедничката карактеристика на сите федеративни идеи е принципот да се заштити самостојноста на секој еден член и истовремено да обврзува кон услуги според сопствените можности за општото добро (принцип на субзидијарност). (...) Teoретски, федерализмот бил образложен во Франција од Монтескје и Прудон. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Договор на членови од едно општество за нивниот заеднички живот; како чисто теоретско образложение и оправданост на општеството и државата, разгледување, пред сẻ, во учењето на природното право (Aвгустин, Тома Аквински). Нагонот за друштвеност во човековата природа спаѓа во државната единица и консензусот на членовите на општеството за соодветно организаторско уредување. Во "Левијатан" Хобс, образложено со неговата претпоставка за човекова природа, која е насочена кон заедничко уништување, на само една страна го гледал општеството што се потчинува на државата. Наспроти ова, Пуфендорф ги оформил обете страни на општествениот договор (слично како Монтескје), сẻ додека Русо конечно преку разликувањето на општата и посебната волја не најде формула, која беше формирана врз првата, дека секој се покорува на самиот себеси, ако го следи државниот закон, кој бил донесен со негова согласност; по пренесувањето на неговите права на државата преку природното право човекот истите ги добива назад од државата во вид на граѓански права. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Донесување на нацрт-закон во парламентот, поврзано со налогот, да се разгледува нему приложениот нацрт-закон (законска основа) и да се донесе одлука за него. Правото на законска иницијатива (право на иницијатива) во конститутивните монархии од 19. век по правило поседувал само монархот, во претседателска демократијата само членовите на парламентот, во парламентарните демократии членовите на парламентот и владата. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Поделба на власта,
поделба на функциите на државната власт во законодавна, извршна и
правна власт (лeгислатива,
егзекутива,
јурисдикција) со барањето,
дека извршувњето на овие функции не може да се поврзе на едно
место. Овој принцип бил објавен уште од Џ. Лок
("Two treatises on government" 1690) и, пред сẻ, К.
дe
Moнтескје ("De l'esprit des lois" 1748)
во борбата против апсолутистичката држава и важи за основа и на
модерната уставна држава. Со
пренесувањето на функциите на парламентот, владата и службениците, како и на
независни судии примената на државната власт треба со
меѓусебни контроли да се одржува во рамнотежа (баланс
на власта) и на тој начин да се овозможи заштита на
граѓаните од произволни мешања на државата. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
(грч., учење за идеите): учење за социјалната и политичката стварност или развојот на општеството со барање за општа важност. Тоа учење може да биде блиско и до заменување на религија (на пример: вербата во напредок) или имаат повисок статус како во марксизмот-ленинизмот како општа светска и историска декларација во врска со идно, речиси религиозно очекување за заздравување. Општо: поврзана теоретски образложена политичка претстава односно убедување. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
(франц. législatif = законодавно, од лат. legem latum = донесување, правање на закон): оној дел од државната власт, што за задача го има законодавството (законодавна власт). Значи, функцијата на легислативата е да поставува право, да изработува и донесува нови закони, да ги изменува, дополнува или става надвор од сила постоечки. Во една правна држава изградена врз принципот на Поделба на власта легислативта ја има парламентот; тоа е легислаторот и преку неговото законодавство донесува темелни одлуки, кои егзекутивата треба да ги изврши т.е. спроведе. Бидејќи легислативата во една демократија се наоѓа во рацете на пратениците избрани од народот, таа важи за дел од државната власт со највисок ранг. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
(лат. legitimus =
законито): Законитоста на државното
владеење. Eден државен и
владејачки поредок и негово спроведување е легитимно, ако истото се совпаѓа со
претставите за право и праведност и етичките вредности и норми, што се наоѓаат
во негова основа, и кои се истовремено признати како темелни во човековата
заедница, во која државата ја спроведува власта. Секој државен владејачки
поредок има потреба од оправданост (легитимираност, легитимитет), ако сака
долготрајно да опстои неговата владејачка моќ со една минимална мера на негово
прифаќање од страна на граѓаните, со кои се владее, а не само со физички или
психички притисок или терор. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Посебен тип на појава на репрезентативниот систем и на пaрламентаризмот, кој се карактеризира со следново: 1. тесната поврзаност меѓу влада (егзекутива) и парламент (лeгислатива); 2. компатибилност (договорливост) на владината служба и пратенилки мандат, тоа значи владиниот шеф и министрите по правило спаѓаат како пратеници истовремено на фракцијата/ите на мнозинството ; 3. политичка одговорност на владата кон парламентот, кој може да ја отповика владата со гласање на недоверба; 4. право на владата да го распушти парламентот и да распишува нови избори. Што се однесува до главниот критериум, парламентарната одговорност, гласањето на недоверба кон владата, премиерот или одделен министер може да биде воведено како барање за прекор, одбивање на законот, врз основа на што владата го поврзала прашањето на доверба или како одбивање на вотумот за доверба. Ако на владата не и се искаже доверба, таа треба да се повлече, но сẻ до формирањето на нова влада донесена од парламентарно мнозинство таа го исполнува понатаму својот мандат како водечка влада. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Уставен систем, во кој парламентот избран од народот влијае или има контрола врз формирањето на волјата во државата. Притоа во принцип на парламентот му подлежат законодавството (лeгислатива). Во надредениот поим „парламентаризам“ спаѓаат различни типови на влада, на пр. претседателскиот систем (како во САД) и парламентарниот систем (како во Велика Британија и Сојузна Република Германија). [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Според разбирањето на западните демократии плурализмот претставува форма на уредување во нивните општества. Притоа се поаѓа од мноштвото слободно формирани политички, економски, религиозни, етнички и други групи на интереси, кои се наоѓаат во меѓусебна конкуренција и се борат за политичко и општествено влијание. Во основата на плуралистичката теорија се наоѓа претпоставката дека овој процес не се спроведува во вид на несредена борба со сите средства, туку во вид на конструктивно збиднување, кое се заснова на компромиси со цел за задоволувачки резултат за сите. Притоа, сепак, не се зема претпоставката дека овој процес природно се управува самиот себеси и води до утописка хармонија, туку се очекува од државата да ги претчувствува недостатоците во овој систем на конкуренција и да се зафати со нив, регулирајќи ги (на пр. преку поддршка на посебно слаби групи). [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Претседателски систем, републиканска форма на влада, која на претседателот како водач на државата му доделува одлучувачки права за политичко креирање. Додека западноевропскиот уставен систем, кој произлегува од конституционализмот на претседателот му припишува првично репрезентативна позиција (претходно одземање на правата на монархот), уставот на САД на пр. на претседателот му признава значителна мера на власт, но како последица на тоа соодносно кратко го одмерила неговиот мандат. Претседателот на САД е главен државник и владин шеф, врховен командант и ја поседува надворешната власт. Независен е од парламентот (не постои парламентарен систем) и не формира влада во вистинска смисла, туку назначува државни секретари за советници, кои исто така може и да ги отпушти. Друг вид разви Франција во времето на Ш. де Гол (устав од 1958), пред сẻ во врска со плебисцитарните одлуки (како уште од времето на Наполеон I и Наполеон III). Во обата случаи парламентот се повлекува во позадина, а егзекутивата во значителна мера ја поседува законодавната власт. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Во една правна држава изградена врз принципот на поделба на власта јурисдикцијата претставува задача на судовите и во нив активните и само на законот подредените судии (...); тие, во рамките на својот законски регулиран делокруг на надлежности и со законски регулирана постапка (процес) ја спроведуваат правноговорната власт или јурисдикцијата (од ius = право, dicere = зборува), па оттаму е и наречено судска власт или јудикатива (лат. iudex = судија, iudicatio = судско испитување, одлука). [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
За разлика од плебисцитарната,
репрезентативната демократија е онаа демократска форма на држава во која првично
политички активниот граѓанин или исклучиво преку парламентарни избори учествува
во формирањето на политичката волја. Репрезентативниот систем поаѓа од
принципиелната размисла дека политичкото делување на многу луѓе е возможно само
кога поединци (репрезентатнтите или парламентарците) "однапред
ќе добијат
налог или полномошно право заеднички да делуваат за своите налогодавци и да ги
обврзуваат со нивните колективни одлуки" (K. Lевенштајн). Се носи од
страна на органи,
кои (според теоријата) делуваат во име, но не со обврзувачки налог,
на народот (слободен
мандат). [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Волја на некое одредено законодавство или некоја друга државна одлука која е земна од парламентот и е ставена на одлучување кај народот. Волјата на народот е предвидена во различни устави. За да се дојде до саканата одлука одреден процент на населението со право на глас преку потпис треба да се искажат позитивно во одреден период. [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Одлука по законодавни пршања од страна на народот, тоа значи од сите со право на глас (= право на избор; исто и избори). [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
Според принципот на народен сувренитет власта поаѓа од народот. Секое државно спроведување на власта, според тоа, мора да е легитимирано од народот на државата. Принципот на народен суверенитет не бара непосредно да се донесуваат политички одлуки од народот, како на пр. плебисцит. Само бара, сите државни носители на одлуки конечно да му бидат благодарни на народот, или непосредно преку народни избори (на пр. пратениците во парламентот) или посредно со ангажирање на репрезентатни избрани од народот (на пр. парламентарната влада или јавната служба поставена од неа). [Почеток на страна] [Назад кон прегледот]
[делумно извадок од: Bundeszentrale für politische Bildung: Parlamentarische Demokratie 1, Informationen zur politischen Bildung Nr. 227, 1993 und Bertelsmann Discovery Lexikon 1997 (Сојузна централа за политичко образование, информации за политичкото образование бр. 227, 1993 и Bertelsmann Discovery Lexikon 1997]
|
|
Теми: Човекови
права I Примери I Демократиија I Партии I Европа
I Глобализација I Обединети
нации I
Одржливост
|