Основен курс 4
Нагоре Maтеријали Основен курс 2 Основен курс 3 Основен курс 4 Основен курс 5


 

Здруженија
Партии
Медиуми
Дијаграм
Скандали

 

Дeмократија

Основен курс 4: Што спаѓа во едно демократско општество?

Откако во Основен курс 1 за задравме на прашањето "Што е демократија?", во Основен курс 2 го разгледавме развојот на демократијата од нејзиното потекло во античка Грција пред 2500 години и откако во Основен курс 3 стана збор за елементите на демократската држава: влада, парламент, опозиција, правна држава, поделба на власта, сега би сакале да се осврнеме кон демократското општество.

Притоа мораме да запаметиме дека секако во една демократија не може точно да се поделат државата и општеството, обете заеднички делуваат при постојаниот обид за приближување кон идеалот за демократија. И покрај тоа, постојат централни делови на модерната демократија, кои повеќе можат да му се припишат на општествениот домен.

Тука спаѓаат т.н. „интермедијарни“ организации, кои стојат меѓу граѓаните и државата и ги поврзуваат едните со другото. Во суштина се работи за партии, здруженија и медиуми.

Сите три за неизбежни за демократијата. Како интермедијарен систем меѓу народот и уставните органи. Што значи тоа конкретно? Кои функции ги исполнуваат партиите, здруженијата и медиумите во еден демократски политички систем? Во Основниот курс 4 ќе стане збор за ова прашање.

Пoлитичките партии, како дел на интермедијарниот систем и централен дел на секоја демократија се толку важни што им посветивме голем тематски комплекс (...кон тематскиот комплекс Партии). Во раммките на овој основен курс можете да најдете само неколку базични информации за задачите на партиите. Ако сакате попродлабочено да се занимавате со оваа тема, посетете го тeматскиот комплекс Партии.

Партии и здруженија:

Посредниците при формирањето на политичката волја

Односот избирач-избран не може да се определи на тој начин како граѓанинот да има да го даде само својот глас, а сето друго како да му го препушта на претставникот, кој е избран од него. Еден поглед кон политичкото секојдневние на западните демократии ќе убеди секого набргу дека едно такво карактеризирање не е соодветно за улогата на избирачот. Политичкото соодлучување на поединецот понатаму постои, и предвид се земаат партии и здруженија, граѓански иницијативи и социјални движења, во кои поединецот може да соработува. Како во работниот и стопанскиот живот во едно модерно индустриско општество организираните групи и во политиката се одлучувачко средство за да се ослободи поединецот од неговата „бесвесна“ состојба и беспомошност и да го направи активен член во едно сложено општество. Партиите и здруженијата, граѓанските иницијативи и социјални движења бараат да влијаат директно или индиректно врз јавното мнение во насока на убедувањата и интересите претставени од нив, да им ги презентираат своите желби и грижи на владите и парламентите или да им одземат задачи на државните служби и да ги реализираат во сопствена режија.

... кон текстот за здруженија во политичкиот систем
... кон текстот за партии во политичкиот систем

[од: Валдемар Бесон/Готхард Јаспер, Das Leitbild der modernen Demokratie. Bauelemente einer freiheitlichen Staatsordnung, BpB Bonn 1990 (Водечката слика на модерната демократија. Компоненти на слободното државно уредување)]

Освен тоа, во рамките на Основниот курс 4 на располагање стојат Teкстови и материјали за демократското општество:

Teкст за улогата на Meдиумите и јавното мнение во политичкиот систем.

Schaubild

Дијаграм, каде се наведени најважните обележја на партиите и здруженијата и се појаснуваат разликите.

Presseartikel

Статија од весник за скандали во демократијата.

[Почеток на страна]

 

Теми:  > Веб 2.0 <  I Човекови права  I  Примери  I  Демократиија  I  Партии  I  Европа  I  Глобализација  I  Обединети нации  I  Одржливост

Методи:    Политичка дидактика    II    Педагогија на мирот    II    Методи

     

Оваа онлајн-понуда за политичко образование беше развиена од agora-wissen, Друштвото за пренесување знаење за нови медиуми и политичко образование од Штутгарт (GbR). За прашања или забелешки обратете се до нас.